Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел. Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, ...
Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лек. Според официјалните податоци на Централна банка на Албанија, едно евро сега се менува за 94,3 леки, што е најниско ниво досега. Од почетокот на годинава, вредноста на еврото се намалила за 2,6 отсто во однос на албанскиот лек, додека во споредба со истиот период минатата година, 3,8 отсто. -Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од ...
За 36,9 проценти се зголемиле приходите од туризмот во Грција во периодот од јануари до април годинава, а пораст има и на бројот на посетители, кои биле за 27,1 отсто повеќе споредбено со истиот период лани, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Приходите од туризмот за Грција за првите четири месеци од годинава достигнале 2,79 милијарди евра, пораст од речиси 37 проценти, што се должи како на ...
Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички ...
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...
Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусијата „Од диплома до вработување – како високото образование да одговори на барањата на економијата“. Панелот е во организација на Балканскиот институт за регионална соработка, во соработка со партнерските организации Форум за разумни политики и Институт за општествени и хуманистички науки Скопје, во рамки на проектот „Застапување за ...
Од институциите на ниво на државата, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, со скоро 40% има кај Народниот правобранител. Најниска од 12,73% има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35% од вработените се Македонци, 26,03% Албанци а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од 3% покажуваат новите податоци од Извештајот од Регистарот за вработени во јавниот сектор за ...
Растот на цените на храната и трошоците за живот повторно се во фокусот на јавноста, откако Владата најави нови активности насочени кон проверка на цените во маркетите и заштита на потрошувачите. Премиерот Христијан Мицкоски упати порака до трговските синџири, производителите и дистрибутерите да реагираат со намалување на цените на основните производи, посочувајќи дека граѓаните подолг период го носат товарот од зголемените трошоци. ...
Актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и мирот ќе бидат во фокусот на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и ...
Дипломатските контакти меѓу Соединетите Американски Држави и Иран продолжуваат, а претставници на двете страни одржуваат разговори на техничко ниво во Швајцарија. Иако Вашингтон и Техеран различно ги толкуваат досегашните чекори, американски официјални лица оценуваат дека постои напредок во насока на можен договор. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс посочи дека разговорите покажуваат знаци на приближување и дека експертските тимови ќе ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со вода кај дел од корисниците во општина Центар. Причина за прекинот се работни активности за изведување водоводен приклучок со профил Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ број 14. Без вода ќе останат жителите од улица „Владимир Назор“, како и дел од корисниците на улица „Кумровец“. Прекинот во водоснабдувањето започнува од 09:30 часот и ќе трае ...
Нова промена на цените на нафтените деривати стапува на сила, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на горивата. Најголемо поевтинување има кај дизел горивото, кое се намалува за 7 денари по литар. Со новата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар. Пониски цени ќе има и кај бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари и сега ќе чини 84 денари за литар, ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и ...
Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на ...
Албанските иселеници испраќаат сè повеќе пари дома. Само во периодот јануари-март оваа година, дознаките, според Централна банка на Албанија, достигнале 274 милиони евра, што е зголемување од девет отсто споредено со првиот квартал минатата година. -Дознаките од странство остануваат еден од најважните извори на приход за албанската економија. Нивниот раст, според банката, е забележан во овој период и преку формални канали и во готово. ...
Високи претставници на САД и на Иран постигнаа согласност за склучување конечен мировен договор во рок од 60 дена и за воспоставување посебен механизам насочен кон прекин на војната во Либан, соопшти пакистанската новинска агенција АПП, пренесува БТА. Договорот беше постигнат по завршувањето на првиот круг разговори за рамката на Меморандумот за разбирање. Во преговорите учествуваа претставници на Иран, САД и на двете земји посредници – ...
Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем. Станува збор за активност во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: ...
Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани.Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм.Проценките, ...
Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“. Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ ...
АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за поддршка на институциите задолжени за заштита и спасување и за подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција. Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони Air Tractor на Дирекцијата за заштита и ...
Владата на Србија издвои 209,72 милиони динари (околу 1,8 милиони евра) од тековната буџетска резерва за Републичката изборна комисија (РИК), според одлука објавена во Службен весник. Во документот потпишан од првиот потпретседател на Владата и министер за финансии, Синиша Мали, се наведува дека тие пари се одобрени „со цел да се обезбедат недостасувачките средства потребни за набавка на материјали за посебни намени“. Средствата наменети за ...
Додека цената на бакарот на Лондонската берза достигна 13.600 долари за тон, Македонија сè уште нема донесено конечна одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“, кој располага со потврден потенцијал за производство на овој критичен минерал. Според геолошките проценки, рудникот би можел да произведува најмалку 10.000 тони бакар годишно во период од 23 години. Освен извозните ефекти, проектот би генерирал приходи и за државниот буџет ...
Претставништво на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија (CCPIT), во кој се повеќе од 300.000 компании-членки, ќе биде отворено во Србија и тоа претставништво со своите активности ќе го опфати целиот регион, соопшти српската Стопанска комора. CCPIT е најголемата институција на Кина за поддршка на меѓународната трговија и инвестиции, со ограничен број претставништва во странство, „кои се отвораат исклучиво на стратешки важни ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот ...
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање. За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. ...
Во Скопје утре свечено ќе биде отворена дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и искуства за актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, ...