Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Пробната фаза на државниот систем за електронско фактурирање се одвива успешно во реални услови и веќе дава опипливи резултати, што ја потврдува подготвеноста на деловните субјекти за новиот модел на дигитално издавање фактури, објави денеска Управата за јавни приходи. До овој момент, за учество во тестирањето се пријавиле 148 компании, од кои 57 успешно се евидентирале во системот. Меѓу нив, 15 компании активно го користат системот и ...
Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 75 денари за литар. Цената ...
Домашниот пазар е мал, а чашата македонско вино сè почесто се „пие“ надвор од земјата. Токму затоа винскиот сектор во Македонија со години живее со силна зависност од извозот, модел што донесе стабилни приходи во одредени периоди, но и сериозна ранливост кога глобалните пазари ќе се залулаат. Годишно се извезуваат меѓу 64 и 66 милиони литри вино. Флуктуациите и падот на извезените количини во одредени години ја откриваат слабата точка на ...
Платежната агенција продолжи тековно да функционира. Не можам да кажам кога ќе има нови ИПАРД повици, но знам дека веќе се работи на подготовка на документација за акредитирање нови мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. На брифинг со новинарите, Трипуновски информира дека идниот месец ќе замине на средба во Брисел која е веќе најавена. -Во однос на воочените забелешки од Брисел, не ...
Општина Струга ги повикува сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и другите бизниси што работат во областа на туризмот и угостителството за учество на Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој ќе се одржи од 19 до 22 овој месец. Заинтересираните, како што наведува општинската прес-сужба, да достават промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга, најдоцна до 17 февруари. – ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати приближно 60 кубни метри мешан комунален отпад од три помали диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи 32 ...
Британскиот премиер Кир Стармер размислува за суштинско зголемување на воените расходи на земјата, открива Би-Би-Си. Според извештаите, неговите соработници сега ги анализираат предлозите за постигнување на целта од издвојување три проценти од БДП за одбрана пред крајот на актуелниот парламентарен мандат, кој може да се протега до 2029 година. Владата во Лондон разгледува можност за порано исполнување на постоечките цели за одбранбени ...
Комуналните инспектори и комуналните редари на Општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени. Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период. На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а ...
Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на ...
Советот на јавни обвинители утре треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење. Владата на седница на 3 ...
Падот на цената на Bitcoin во последниот период повторно ја отвори дебатата дали крипто-пазарот влегува во т.н. „криптозима“ – долг период на стагнација, ниски цени и намален интерес од инвеститорите. Сепак, дел од аналитичарите сметаат дека моменталното поевтинување не е доволен показател дека започнал нов циклус на долготраен пад. Според нив, актуелната состојба повеќе наликува на класична пазарна корекција по силниот раст во претходните ...
Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ ...
Претставници на транспортните компании од земјите на Балканот соопштија дека нивните барања не биле прифатени од страна на институциите во Брисел, по што најавија можни протести и блокади на граничните премини и пристаништата во регионот. Превозниците реагираат на, како што велат, нерамноправниот третман и ограничувањата што ги трпат при транспорт на стоки кон земјите членки на Европска Унија. Тие посочуваат дека новите регулативи и ...
Досега необјавени фотографии за кои се верува дека се од последните моменти пред егзекуцијата на 200 Грци политички затвореници на стрелиштето во атинската населба Кесариани од нацистичките окупаторски сили на 1 Мај 1944 година, биле ставени на продажба на онлајн платформата за купување и продавање производи „eBay“, јави дописничката на МИА од Атина. Фотографиите во Грција ги објави Фејсбук групата „Архиви од Грција во Втората светска ...
Цената на златото на меѓународните пазари денеска се движи околу 135 евра за грам, задржувајќи се на релативно високо ниво поради зголемената побарувачка за сигурни инвестиции и внимателноста на инвеститорите во услови на глобална економска неизвесност. Златото традиционално се смета за „безбедно засолниште“ во периоди на инфлација, политички тензии или нестабилност на финансиските пазари. Во последниот период, движењата на цената се под ...
Поради зголемените врнежи од дожд и топењето на снегот во повисоките предели, постои опасност од излевање на реките Вардар и Треска, предупредуваат надлежните служби. Нивото на водостојот е во пораст, особено во деловите каде што коритата се потесни и каде има насобрано нанос и отпад. Граѓаните кои живеат во близина на реките се повикуваат на зголемена претпазливост, а се препорачува и внимателно движење по кејовите, мостовите и земјените ...
Цените на суровата нафта на светските берзи бележат пад втора недела по ред, под притисок на намалените геополитички тензии и сигналите за стабилна понуда на глобалниот пазар. Аналитичарите посочуваат дека инвеститорите во моментов се помалку загрижени за можни прекини во снабдувањето, што придонесува кон намалување на ценовниот притисок. Дополнителен фактор е и умерената побарувачка, особено од големите економии, каде економскиот раст се ...
Без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе останат корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информира ЕВН Македонија АД денеска без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци (Општина Бутел), од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково (Општина Ѓорче Петров) и од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улиците со бр. 1 и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Како што соопшти АМСМ слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на Плетвар и Пресека. АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на нивната средба во Белата куќа на 11 февруари, постигнаа договор за напори за ограничување на продажбата на иранска нафта кон Кина, според информации објавени од порталот „Аксиос“, кој се повикува на извори кои сакаат да останат анонимни. „Се согласивме да извршиме максимален притисок врз Иран со полна сила, на пример, врз продажбата на иранска нафта во ...
Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го отвори својот Фонд за ликвидност во евра за поширока, глобална примена. Целта е да се поттикне меѓународната позиција на единствената европска валута. Преку REPO линиите, централните банки можат да обезбедат евро средства од ЕЦБ по поволни финансиски услови. Овој досегашен систем беше достапен за ограничена група земји, претежно во Источна Европа. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, го опиша ...
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство. Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.лв/ Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува ...
Иран е подготвен да разговара за компромиси во врска со својата нуклеарна програма со цел да се постигне договор со САД, доколку Вашингтон е подготвен да разговара за укинување на санкциите против Техеран, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи. Во интервју за Би-Би-Си од Техеран, што беше емитувано денеска, тој рече дека топката „е во дворот на САД за да докажат дека сакаат да постигнат договор“. „Ако се ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оствари средба со министрите за надворешни работи од Групата седум (Г7), на маргините на Минхенската безбедносна конференција, со кои разговараше за актуелните конфликти што го загрозуваат мирот и стабилноста во Африка, Европа и Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот. Тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на Г7, која ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Франција, ...
Дирекцијата за јавни приходи ги потсетува обврзниците на данок, жители на земјава кои во текот на 2025 година оствариле приходи од работа во странство, дека се приближува рокот за поднесување на електронска пресметка и доставување на релевантни докази за реализираните приходи. Според информациите од УЈП, сите физички лица што во 2025 година добиле плата или друг вид приход од странство се обврзани до 31 март 2026 година да поднесат пресметка ...
Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, денеска изјави дека нема да има намалување на субвенциите, но дека предност ќе имаат сточарите кои главно живеат од земјоделство. Тој ова го кажа по ритуалот на кастрење на лозјето во Кавадарци, во чест на Свети Трифун, светецот-заштитник на лозарите и винарите. На прашање од новинар во врска со информациите дека годинава субвенции ќе добиваат лозари со повеќе од пет декари лозје, министерот ...
Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, најави дека во текот на следната седмица ќе стави потпис на одобрението за финансиска помош од Европската Унија за Украина, во висина од 90 милијарди евра. Таа го опиша овој договор како постигнат „со невидена брзина“. За време на својот говор на Минхенската безбедносна конференција, Мецола подвлече дека Европската Унија продолжува со ангажманот во врска со одговорот на руската агресија ...
Македонскиот пазар доби нова димензија во дермокозметиката. Вчеравечер, во присуство на бројни гости и истакнати личности од јавниот живот, свечено беа лансирани брендовите Fillerina и Crescina – иновативни решенија што ги поместуваат границите на неинвазивната нега на кожа и коса. Брендовите се дел од портфолиото на реномираната швајцарска компанија Labo Suisse, основана во Базел во 1986 година, присутна во 57 земји и препознатлива по ...
Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и ...
Податоците од Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), откриваат дека македонските работници генерираат повеќе од двојно поголема економска вредност од износот што го добиваат како надоместок. Според индикаторот за бруто-домашен производ по час работа, продуктивноста во Македонија достигнува околу 34 американски долари за час, надминувајќи го светскиот просек од 23,27 долари. ...