Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Летните здравствени центри, кои беа активни на албанскиот брег и туристичките места од 1 јуни до 30 септември, пружиле помош на над 83.000 туристи. Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија ги соопшти податоците, според кои повеќе од 83.800 туристи кои ги одбрале албанското крајбрежје и туристичките региони, добиле услуги во овие центри, од кои 30 проценти биле странски државјани. Според Министерството, 36-те сезонски ...
Откако пред извесно време спречија пратка од 8 тони црвени пиперки од Албанија, хрватските власти одново сопреа уште еден албански производ на границата. Овој пат, станува збор за крем (паста) од фстаци, за кој се утврди дека содржи високо ниво на токсин, кој е опасен по здравјето. “Според известувањето објавено на Европскиот систем за предупредување за храна, РАСФФ, пратката од Албанија била запрена на хрватската граница на 8 септември, откако ...
Цените на нафтата денес забележаа пораст откако ОПЕК+ најави скромно покачување на продукцијата од 137.000 барели дневно во ноември, намалувајќи дел од стравувањата за преголема понуда. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент се искачија за 1,6 проценти, достигнувајќи 65,58 долари за барел во текот на европското тргување, додека фјучерсите за сурова нафта ВТИ бележат раст од 1,7 проценти, со вредност од 61,89 долари. ОПЕК и неговите партнери ...
Општина Штип објави Јавен повик за доделување на наградата „8 Ноември“ за 2025 година. Оваа награда, како што е наведено во денешното известување од Општина Штип, се доделува традиционално како симбол на почит за извонредни остварувања и придонес во прогресот и промоцијата на градот. Во соопштението се елаборираат условите за учество на Јавниот повик, прецизирајќи кој може да предложи кандидат и под кои околности. „Признанието е наменето за ...
Европската комисија изрази позитивна оцена за второто барање на Бугарија за исплата на финансиски средства во рамките на Механизмот за закрепнување и издржливост (РРФ). Сепак, утврдено е дека едно барање, кое се однесува на телото за борба против корупцијата, не е реализирано. Поради ова, ЕК одлучи да одобри само делумна исплата на поддршката, изјави денес портпаролот на ЕК за кохезија и реформи, Мачеј Берестецки. „Станува збор за постапка за ...
Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци. Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението ,,Јас сум Жена”- организација која има за цел да им помогне на жените да изградат силни професионални мрежи и да добијат менторство од искусни лидери и Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени. Трите соговорнички – жени со силна визија и резултати зад себе – разговараа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на Фејсбук дека Русија продолжува со набавка на туѓи делови за изработка на оружје. Тој подвлече дека Украина очекува системско решение од средбата на координаторите за санкции на Г-7, чие одржување е закажано за оваа седмица. Во масовниот напад врз Украина ноќта помеѓу 4 и 5 октомври, Русија употреби 549 системи за оружје, што содржеа 102,785 компоненти, изработени од компании од САД, Кина, ...
Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери, овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и да примаат плаќања ...
Телеком го проширува своето семејство уреди со вештачка интелигенција (AI уреди) со нов модел, AI-phone Pro кој ќе биде достапен од 20 октомври во Македонија. Моделот Pro, има моќна поддршка од вештачка интелигенција со помошникот Perplexity и интеграција на Picsart во камерата. Покрај тоа, тој се одликува со подобар хардвер, проширени функции и висока Еко-оценка. Со AI-phone Pro, AI-phone и AI-tablet, Телеком ја прави вештачката интелигенција ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас објави дека се повлекува од функцијата пратеник на левичарската партија Сириза, информираше државната телевизија ЕРТ. Во соопштение објавено на платформата Икс, Ципрас истакна дека ја напушта грчката законодавна институција, но не и политиката. Тој ја соопштил одлуката и во писмо до претседателот на Парламентот, Никитас Какламанис. Како причина за заминувањето, Ципрас ја посочува желбата да се посвети на ...
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, министерот за правда, Игор Филков, и претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, официјално потпишаа Меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е да се зголеми продуктивноста во работењето и да се оптимизираат ресурсите на Фондот на ПИОМ, да се обезбеди конзистентна примена на Законот за извршување и да се гарантира транспарентност на целиот процес. ...
Државните челници од Западен Балкан, вклучувајќи ја и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денес ќе присуствуваат на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“ во Драч. Главни теми на дискусија на оваа средба ќе бидат европската иднина на Западен Балкан, ЕУ планот за економски прогрес на регионот, политиките за млади и емиграцијата на стручен кадар, како и регионалната соработка и безбедност. Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка ...
Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес започна извршувањето на уплатата на надоместоците од социјална, детска и граѓанска заштита за септември 2025 година. Примателите на финансиски надоместоци кои поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да повлечат средства од банкоматите и да ги употребуваат парите за плаќање без готовина во трговските објекти или преку електронско и мобилно банкарство. “За ...
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, изврши инспекција на бродот Чое Хјон, најновиот воен брод со маса од 5,000 тони, кој, според неговите зборови, е дизајниран да “казнува непријателски провокации”, објавија денес локалните државни медиуми. Бродот Чое Хјон, кој Пјонгјанг го претстави во април, претставува прв разурнувач во земјата од ваков калибар, опремен со нуклеарни ракети. Создавањето на Чое Хјон е “јасна демонстрација на развојот на ...
Поради минатонеделниот настан со забележани дронови над воената база „Елзенборн“, Белгија планира некои од стратегиите за одбрана од беспилотни летала, предвидени за 2026 година, да ги примени уште во текот на оваа година, објави белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен. „Ситуацијата е итна. Ќе го поднесам овој предлог до Владата во рок од две недели“, изјави Франкен. Според него, премногу време е веќе изгубено, и затоа мора да се ...
Сезоната на Нобеловата награда за 2025 година свечено започна со објавувањето на првото признание, она за физиологија или медицина. Наградата им беше доделена на научниците Мери Е. Брунков и Фред Рамсдел од САД и Шимон Сакагучи од Јапонија. Тие го добиваат ова значајно признание за нивните револуционерни откритија поврзани со периферната имунолошка толеранција, која го штити имунолошкиот систем од оштетување на сопственото тело. Нивната работа ...
Ненадејно, почувствувавме жесток потрес и земјата, заедно со домот, затреперија. Се слушна силна детонација. Помисливме дека е сеизмички потрес. Излегов надвор и тогаш го видов вистинскиот размер на настанот. Целиот тој дел од сообраќајницата беше разнесен, а парчиња од коловозот беа расфрлани насекаде. Потоа се отвори кратер. Дошло до оштетување на цевката под висок притисок. “Овде, асфалтот на оваа улица е само неколку сантиметри, а огромни и ...
Земјите што воведуваат јасна и предвидлива регулатива за криптовалутите бележат побрз пазарен раст и повисока доверба кај корисниците, покажуваат новите податоци на „The 2025 Global Adoption Index“ (Глобален индекс на прифаќање за 2025 година). Според извештајот, регулацијата не е кочница, туку е мотор на иновациите, односно создава рамка што овозможува сигурна, одговорна и долгорочна употреба на криптовалутите. Јасните правила поттикнуваат ...
До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е испратено соопштение дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, еден македонски граѓанин, роден во 1986 година во Кочани, го загубил својот живот. Според податоците од словенечката полиција, роднините на починатиот се веќе информирани, а случајот го истражува Одделот за криминалистичка полиција, известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Амбасадата на ...
Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од ...
dm drogerie markt го одбележа Светскиот ден на животните во Градскиот парк во Скопје, со изложба на фотографии од кученца, и на кој ја претстави донацијата на живеалишта за миленици на четири локални прифатилишта за кучиња во Македонија во износ од над 600.000 денари. Настанот се одржа во просторот пред кафулето Central Park и на едно место ги собра сопствениците на миленици, љубителите на животни, стручен ветеринар и многу случајни минувачи кои ...
Од 10 до 12 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе оживее со боите, мирисите и енергијата на Есенскиот базар. На едно место ќе се сретнат 20 талентирани современи занаетчии, кои ќе се претстават со уникатни креации – од еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, преку дрвени садови и украси, епоксидни уникати и рачно насликана керамика, до ароматични свеќи и природна козметика. Есенскиот базар – „Креативна есен во срцето ...
Префрлени се парични средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски. Според неговите зборови, овој потег следуваше по еднонеделните ...
Биткоинот повторно е во центарот на вниманието на светските финансиски пазари. На 5 октомври криптовалутата достигна ново историско ниво, надминувајќи ја границата од 125.000 американски долари. Според аналитичарите, силниот раст е резултат на зголемени приливи во Bitcoin ETF-ови, што укажува на поголем интерес од институционалните инвеститори. Дополнително, инвеститорите бараат „сигурни засолништа“ поради несигурноста околу доларот и ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, тврди дека Унгарија не би требало да го прифати еврото како валута, бидејќи смета дека Европската унија “се распаѓа”. Во разговор за економскиот портал „EconomX“, Орбан нагласи дека моменталната каматна стапка на централната банка, која изнесува 6,5 проценти, е “повисока отколку што би можела да биде”. Тој предвиде дека намалувањето на каматните стапки ќе се случи “побавно отколку што би сакале”, ...
Прекин на електрична енергија се случи во рускиот град Белгород и околните области минатата ноќ, откако регионалната енергетска инфраструктура беше оштетена при украински напади, потврди гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, пренесува „Еуромајдан прес“. Белгород, административниот центар на регионот кој граничи со Украина, е дом на повеќе од 320.000 жители. Овој напад следи по сè почестата шема на украински напади врз руската енергетска и ...
Останува уште малку време до затворањето на пријавите за NLB Podgorica Millennium Run, маратонски спектакл кој од 7 до 9 ноември ќе го претвори главниот град на Црна Гора во спортски епицентар на регионот. И оваа година, во организација на Multisport академијата Mayer, нè очекува вистинско спортско доживување кое ќе ги собере и професионалците и рекреативците од повеќе од 40 земји во светот. Затоа не ја пропуштајте шансата да си обезбедите ...
Аеродромот во норвешката престолнина, Осло, утрово за кратко ги суспендираше приземјувањата, поради извештаи за забележани беспилотни летала во околината. Повеќе дојдовни летови беа пренасочени или ставени во мирување, откако пилот на норвешка воздухопловна компанија, околу полноќ, ја извести полицијата дека смета оти видел три до пет дронови додека се доближувал до аеродромот. Норвешките медиуми пренесоа дека не постои потврда за присуство на ...
Денес во Клубот на пратеници ќе се одржи презентација на 12 закони од сферата на здравството. На настанот ќе бидат претставени експертски предлози, гледишта и сугестии доставени од стручната јавност, со цел подобрување на здравствениот систем. Според најавите, пред почетокот на презентацијата, министерот за здравство, Азир Алиу, ќе даде изјава за медиумите. Како што е наведено во изворната објава: “изјава за медиумите ќе даде министерот за ...