Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, ...
Цените на нафтата се намалија во азиската трговија денеска додека инвеститорите го проценуваат ризикот од прекини во снабдувањето откако Иран одржа воено поморски вежби во Ормутскиот теснец непосредно пред планираните преговори со САД за нуклеарната програма подоцна во текот на денот, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за типот Брент, кој е референтен за Европа, паднаа за 0,47 проценти, или 32 центи, на 68,33 долари за барел ...
Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој. Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, ...
Јануари беше четвртиот последователен месец на пад за крипто-пазарот, при што вкупната пазарна капитализација се намали за 1,0%. Падот во голема мера беше поттикнат од макроекономска неизвесност, вклучувајќи тензии околу царини, застој во работата на американската влада и промени во раководството на Федералните резерви. Дополнителен притисок донесоа и одливите од spot ETF-и, кои во периодот од средината до крајот на јануари надминаа 1,5 ...
На Собранието одржано денеска, Грчката бизнис асоцијација го реизбра Арис Влахос за претседател на Асоцијацијата. За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава: Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group, Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy Group Илијас Тсукалас од ЕДС, членка на PPC Group, Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп, ...
Авиобилетите за овие две нови дестинации – Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија) се веќе пуштени во продажба на веб – страницата на Wizz Air. За резервации, ве молиме посетете ја веб страницата на авиокомпанијата. Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во ...
Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Како што информира ЈП „Македонија пат“, сите патни правци во државата се проодни. Од 07.50 часот поради врнежи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран за „последиците од непостигнувањето договор“ во разговорите меѓу САД и Иран оваа недела во Женева. „Ќе учествувам во овие преговори, директно“, рече американскиот претседател пред претставници на медиумите, во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, додека патуваше за Вашингтон. „Тие сакаат да склучат договор (…) Не мислам дека сакаат да ги сносат последиците од непостигнувањето ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денска од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат дел од ул. 19 во нас. Илинден, од 08:30 до 14:00 часот и дел од корисниците од улиците 95, 100, 101, 102 и 103 во населба Волково, информира РЦУК Скопје. Електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе немаат и дел од корисниците на ул. Јустинијан Први во с. Драчево (делот од Маркет – Вајота кон с. Студеничани), а од 09:00 до 14:00 часот дел од ...
Претседателот на Русија, Володимир Зеленски синоќа изјави дека според разузнавачки податоци Русија подготвува нови напади врз украинската енергетска инфраструктура. – Разузнавачките извештаи покажуваат дека Русија подготвува понатамошни масовни напади врз енергетската инфраструктура, па затоа мора да се осигураме дека сите системи за воздушна одбрана се правилно распоредени – наведе Зеленски во вечерното обраќање до нацијата. Тој додаде дека ...
Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор кои се опфатени во најновиот Регистер за 2024 та година, 72,59% се етнички Македонци, 21,39% етнички Албанци, 2,07% се Турци а останатите заедници се застапени со помалку од 2 %, пишува Порталб. Во Регистарот на вработени во Јавниот сектор за 2024 та се нотира и укинувањето на “Балансерот“ од страна на Уставен суд. “Почнувајќи од 2015 година, секоја институција во јавниот сектор изготвува ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) вечерва со свеченост во Македонска опера и балет ќе го одбележи јубилејот – 80 години од своето основање. Како што соопштуваат од ЗНМ, во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, како и Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли идејата за операција за соборување на режимот во Хавана. – Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп. На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“. ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес од 11 часот ќе ги блокира влезовите на Владата, засилувајќи го притисокот за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за останатите плати. Од ССМ порачуваат дека ова е последна предупредувачка блокада пред можен масовен протест и 24-часовен генерален штрајк. Блокадата ќе се реализира со по 21 синдикалец на секој влез – бројка што, според претседателот Слободан Трендафилов, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Од 05.40 часот поради врнежи од ...
Панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. – Настанот ќе даде преглед колку земјите од Западен Балкан трошат на државна помош, дискусија за заедничките предизвици и разгледување на регионалните пристапи за унапредување на транспарентноста и ...
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме ...
„Почина син ми“, со овие зборови Роза Илиоска ја сподели најтешката вест – дека заврши потрагата по нејзиниот син, прилепчанецот Виктор Илиоски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајдено лице без знаци на живот. Станува збор за В.И. (40) од Прилеп. Од Итната медицинска помош била констатирана ...
Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за ...
Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Република Грција официјално склучи договори со американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“. Овие спогодби им доделуваат ексклузивни права за барање и извлекување на јаглеводороди во подморските региони лоцирани јужно од Крит и јужно од Пелопонез. Оваа информација беше пренесена од дописничката на МИА од Атина. Премиерот Мицотакис истакна дека четирите блока наменети за ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре од 11 часот ќе ги блокира влезовите на Владата, засилувајќи го притисокот за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра за останатите плати. Од ССМ порачуваат дека ова е последна предупредувачка блокада пред можен масовен протест и 24-часовен генерален штрајк. Блокадата ќе се реализира со по 21 синдикалец на секој влез – бројка што, според претседателот Слободан Трендафилов, е ...
Министерството за земјоделство најавува построги правила и засилени контроли при доделувањето на субвенциите, со цел парите од државната поддршка да завршат кај активните и реалните производители. Според најавите, ќе се воведат подетални проверки на пријавените површини, сточниот фонд и фактичкото производство, како и дополнителни теренски контроли. Од ресорот порачуваат дека целта не е намалување на финансиската поддршка, туку елиминирање ...
Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор – станува дело. Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните, објави вечерва на неговата Фејсбук страница, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави разговори со партнерите оваа недела во Франција, фокусирани на енергетиката, по неколкунеделните масовни прекини на струја поради руските напади. Состанокот во таканаречениот „Рамштајн формат“ ќе ги вклучи земјите од Г7, партнерите од северна Европа и Балтикот, рече тој, пренесе ДПА додавајќи дека Зеленски посебно ги именувал министрите од САД, Канада и Европската Унија. Милиони луѓе ...
Германија и пет други земји од ЕУ имаат за цел побрзо да се движат по клучните политички прашања, вклучително и за тоа како да се хармонизираат правилата на пазарот на капитал, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл. – Сè уште верувам дека темпото што моментално го доживуваме на европско ниво не е соодветно на предизвиците со кои се соочуваме како Европа-рече Клингбајл во Брисел на денешната средба со министрите за финансии ...
Меѓународната EOS Групација е добитник на едно од најрелевантните глобални признанија, златниот медал од EcoVadis во доменот на исполнување на ESG стандардите. Ова глобално признание е потврда за висока свест за животната средина, општествена одговорност и управувачки перформанси, покрај солидните финансиските резултати. Оценувањето на EcoVadis опфаќа повеќе од 150.000 компании во светот, а се базира на строги критериуми од областа на ...
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска од Штип порача дека бизнис секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната. Азески истакна дека Комората со години активно учествува во дијалогот со европските институции, но, како што рече, досега нема доволно слух за предлозите што се доставени. -Формиравме клуб Европа со Европската ...
Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. -Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата ...
Продолжувањето и продлабочувањето на соработката во областа на управувањето со квалитетот на воздухот беа во фокусот на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од таму соопштуваат дека на средбата било констатирано дека во моментот се имплементираат повеќе значајни ...