Тимчо Муцунски, денес во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. Муцунски учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, На состанокот, како што информираат од Министерството, ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се ...

Собранието, на својата пленарна седница која е закажана за денес 18 февруари, се очекува да ги потврди оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска. Веднаш по овие одлуки, како што информираат од Собранието за МИА, ќе започне процедурата за избор на нов претседател на РКЕ и на нов член на ДКСК. Процесот на нивниот избор ...

– На настан во просториите на „Европска куќа“ Скопје, денеска ќе бидат доделени лиценци на нова генерација професионални водичи во планина, обучени согласно меѓународниот стандард на „Union of International Mountain Leader Associations (UIMLA)“. Како што соопштуваат од Унијата на водичи, на настанот ќе бидат доделени лиценци на вкупно 17 кандидати – седум од Северна Македонија и 10 од регионот (Косово, Албанија, Грција и еден кандидат од ...

Без електрична енергија денеска од 08.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ од бр. 19 до крајот на улицата кон Бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар, како и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ) во општина Бутел. Прекин во снабдувањето со струја денеска ќе има и за корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош во ...

Бизнис Клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија денеска во Виница го организира форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. Како што соопшти Стопанска комора, форумот ќе отвори клучна дебата за позиционирањето на македонските компании на единствениот пазар на ЕУ, економските придобивки од европската интеграција и улогата на женското лидерство во градењето конкурентна и извозно ориентирана ...

Годишна конференција на тема „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, Организацијата за развој на Обединетите нации – УНДП, Меѓународната организација на трудот – МОТ и Економскиот факултет – Скопје. На отворањето на конференцијата ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија и ...

Компаниите за дојдовен туризам се од исклучително значење за развојот на туристичкиот еко систем во земјава. Тие носат туристи од странство кои престојуваат во наши хотели, јадат во македонски ресторани, користат такси, туристички водичи, посетуваат музеи, археолошки локалитети, купуваат домашни сувенири. Нивното значење за развојот на туризмот во земјава е огромно. Од успешните договори кои ќе ги направат со странски тур оператори, ...

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2025 година изнесуваат 12,5 милијарди денари, што во однос на истиот период претходната година е зголемување за 15 отсто, информира Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 30,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено ...

Сојузот на синдикатите денеска ја спроведе третата, воедно и последна од најавените блокади на институции. Пред Владата повторно го истакна барањето за измени на Законот за минимална плата, со цел минималецот да достигне 600 евра, а останатите плати да се зголемат за по 100 евра. Од ССМ велат дека оставаат простор за договор до крајот на февруари. Доколку не се постигне согласност, во првата половина на март најавуваат генерален штрајк и ...

Вработените во основните училишта сè уште не ја добиле платата за јануари. Според Независниот синдикат за образование, доцнењето на платите за околу 18.000 вработени е резултат на несериозен пристап од страна на надлежното министерство. Оттаму посочуваат дека ваквата состојба не се случува првпат и дека станува збор за повторувачки проблем, кој го оценуваат како институционална негрижа кон едни од најважните вработени во јавниот сектор. Од ...

Државниот завод за статистика информира дека во четвртото тримесечје од 2025 година вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110.839 кубни метри и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто. Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107.718 кубни метри и бележи зголемување од 11,9 проценти. Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај ...

Европската Унија ќе обезбеди 81,2 милиони евра (96 милиони долари) хуманитарна помош за луѓето погодени од тековниот конфликт во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК). – Цивилите во источниот дел на ДР Конго се заробени меѓу куршумите и гладот – изјави денеска еврокомесарката за управување со кризи, Хаџа Лахбиб, за време на посетата на регионот. – Семејствата бегаат, а преживеаните од насилството се борат да најдат дури и ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). На средбата се дискутираше за принципите на ...

Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем. Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како ...

Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“ за учебната 2025/2026 година, соопшти попладнево од општинската прес-служба. – Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека во врска со системот „Сејф сити“ се оформени четири постапки. Тој истакна дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може брзо да се промени, односно да се приспособи кон одредени правила. “Формирани се четири предмети. Точно е дека ќе се постапува, бидејќи тоа е новина во нашата земја. Постапувањето по тие предмети ќе биде брзо. Не можам предвреме да давам ...

Шпанската влада денеска одобри финансиска помош во вредност од речиси седум милијарди евра за луѓето погодени од бурите што ги погодија регионите Екстремадура и Андалузија во последните недели. Шпанија и Португалија беа погодени од неколку бури од почетокот на годината предизвикувајќи големи штети на инфраструктурата и на посевите и принудувајќи ги властите да евакуираат илјадници луѓе. „Помошта ќе ги компензира штетите на повеќе од 12.400 ...

Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот Телеграм канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше информацијата, пишува Украинска правда. Повикувајќи се на свои извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе започне целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи во сопственост на ...

Цените на производите во вообичаената потрошувачка кошничка за домаќинствата во супермаркетите во Грција и понатаму се пониски во споредба со маркетите во осум земји од Европската Унија, односно во Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија, Романија и Бугарија, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА ...

Од Асоцијацијата Макам-транс велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата Стратегија за визна либерализација на Европската унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од дел од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на што ...

Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, Даниела Димовска, престојува во работна посета на Загреб, Република Хрватска, каде реализира низа билатерални средби и активности насочени кон продлабочување на регионалната соработка во областа на иновациите, поддршката на малите и средни претпријатија и развојот на современи технолошки екосистеми. Во рамките на посетата беше потпишан Меморандум за ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за разбирање со CFS Media & Advisory DOO, во чиј состав е вклучен порталот Balkan Green Energy News и регионалната конференција Београдски енергетски форум. Со потпишувањето на Меморандумот се воспоставува рамка за поддршка за унапредување на енергетската транзиција, инвестициите и зелената економија, како и за зајакнување на регионалната ...

Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. ...

Без вода за пиење во моментов се дел од улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што информираа од претпријатието, причината е уличен дефект на водоводна цевка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Без вода за пиење во моментов се дел од улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт, соопштија попладнево од Јавното претпријатие ...

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 27-та седница го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси е потребно унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за ...

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел. Нашата фискална политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст. Овие цели не се спротивставени, туку се меѓусебно поврзани – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во обраќањето на панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, ...

Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, ...

Цените на нафтата се намалија во азиската трговија денеска додека инвеститорите го проценуваат ризикот од прекини во снабдувањето откако Иран одржа воено поморски вежби во Ормутскиот теснец непосредно пред планираните преговори со САД за нуклеарната програма подоцна во текот на денот, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за типот Брент, кој е референтен за Европа, паднаа за 0,47 проценти, или 32 центи, на 68,33 долари за барел ...

Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој. Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, ...

Јануари беше четвртиот последователен месец на пад за крипто-пазарот, при што вкупната пазарна капитализација се намали за 1,0%. Падот во голема мера беше поттикнат од макроекономска неизвесност, вклучувајќи тензии околу царини, застој во работата на американската влада и промени во раководството на Федералните резерви. Дополнителен притисок донесоа и одливите од spot ETF-и, кои во периодот од средината до крајот на јануари надминаа 1,5 ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
88%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Злато

144593.23