Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Светскиот пазар на храна повторно се соочува со силен ценовен притисок, откако во јули цените на дел од клучните земјоделски производи достигнаа највисоко ниво во последните три и пол години. Врз пазарите влијаат екстремните температури, сушите и пожарите, но и нарушувањата во трговските текови предизвикани од воените конфликти. Според индексот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), цените на храната во јули ...
Полската економија продолжува да расте и да зазема сè поважна позиција во рамките на Европската Унија. Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Полска во 2025 година се искачила на шестото место меѓу најголемите економии во ЕУ, мерено според номиналниот бруто домашен производ. Полскиот БДП по тековни цени минатата година достигнал 922,9 милијарди евра, што претставува околу 4,9 проценти од вкупното економско производство на Унијата. ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека засега е подготвен да го зголеми економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива, нагласувајќи дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „со половина сили“. Во денешното интервју за Аксиос Трамп не презентираше нови воени закани „ниту изрази гнев“ затоа што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно отворање на Ормуската ...
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), Македонија напредува од 24-то на 16-то ...
Од 7 август во Црна Гора се применуваат построги правила за сообраќајните прекршоци, со значително повисоки парични казни и построги мерки за најопасните однесувања на патиштата. Измените на Законот за безбедност на сообраќајот опфаќаат низа прекршоци – од пребрзо возење и управување под дејство на алкохол или дрога, до минување на црвено светло, возење без дозвола и користење нерегистрирани или неисправни автомобили. Казните особено растат ...
Високите температури го зголемуваат ризикот од шумски пожари и пожари на отворено во повеќе региони низ земјава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредуваат дека особено критична е состојбата во централниот, јужниот и источниот дел од Македонија, каде условите се погодни за брзо разгорување и ширење на огнот. Според податоците од системот МКФФИС, со растот на дневните температури се зголемува и индексот за опасност од пожари. ...
Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатите 24 часа на територијата на Македонија, од кои два и натаму се активни. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Во моментов активен е пожарот во Горно Лисиче, на територијата на Општина Аеродром. Огнот зафатил ниска вегетација, дрвја и насад со пченка. Активен пожар е регистриран и на излезот од ...
Голем пожар од вчера попладне ја зафати депонијата за комунален отпад во близина на Крива Паланка, а екипите на терен повеќе од 12 часа непрекинато работат на негово локализирање и ставање под контрола. Од Општина Крива Паланка информираат дека во справувањето со огнената стихија се вклучени сите расположливи ресурси. На терен се екипите на ЈП „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, со потребната механизација. ...
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. Според најновите показатели ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Цената на златото во петокот забележа значителен раст на светските пазари, продолжувајќи го позитивното движење и во последниот период. Според достапните податоци за перформансите на златото изразени во американски долари, неговата вредност е зголемена за 100,97 долари, што претставува дневен раст од 2,38 отсто. Позитивниот тренд е забележлив и на месечно ниво. Во последните 30 дена, златото бележи раст од 109,36 долари, односно 2,65 отсто. ...
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат ...
Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за ...
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на улица „Пере Тошев“, соопшти ЈП Водовод и Kанализација-Скопје. Прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 80 мм на ул.„Пере Тошев“ бр.22. Како што информира ЈП Водовод и Kанализација-Скопје прекинот е од 10:35 часот до завршување на работите. Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на улица „Пере Тошев“, соопшти ЈП Водовод и Kанализација-Скопје. Прекинот ...
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави утрово шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко. „Последиците од непријателскиот напад се регистрирани на три локации во округот Бровар. За жал, загинаа три лица, меѓу кои и едно дете. Уште три лица се повредени, меѓу кои и едно дете“, рече Ткаченко на Телеграм, ...
Триесет и шестото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес ќе се одржи денеска со почеток во 10.30 часот во големата сала за состаноци на Советот на Град Скопје. На дневен ред на Генералното собрание е носење на повеќе одлуки: Одлука за прием на нови членки во, Одлука за доделување на највисокото семакедонско признание – почесната титула Македонски сенатор, Одлука за доделување на највисокото семакедонско одликување – Големо сонце ...
Зголемен број возила е регистриран на патиштата надвор од градските средини, а поради засилената фреквенција има и кратки задржувања на дел од граничните премини. Според информациите објавени од „Скопје1.мк“, сообраќајот на државните патишта во моментов се одвива без поголеми проблеми и коловозите се суви. Сепак, зголемениот број возила е особено забележлив на главните патни правци. На граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути за ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се регистрирани во ...
Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја Шпанија објави дека мерките ќе ...
Центарот за климатски промени денеска организира Соларен саем, што ќе се одржи од 10 до 13 часот на Градскиот плоштад во Кичево. Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер-граѓанин кој произведува и троши ...
Граѓаните во јули годинава имале нешто повисоки трошоци за живот во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Годишниот раст изнесува 2,3 проценти, но месечната динамика покажува дека ценовните движења во текот на јули биле релативно умерени. Најголемиот годишен раст е регистриран кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците, каде што трошоците се зголемиле за 9,5 проценти. ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...
Состојбата со пациентите во Гостивар во последните 24 часа е значително помирна, а бројот на лица кои побарале медицинска помош поради стомачни тегоби е во опаѓање. Во болницата и натаму има пациенти со симптоми како болки во стомакот, дијареја и општа слабост, но најголем дел по прегледот биле пуштени на домашно лекување. Според податоците од гостиварската болница, медицинска помош на инфективното одделение побарале 11 пациенти, додека на ...
Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и ...
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. – Отворањето на овој сегмент го ...
Шпанија упати остро предупредување до Италија, барајќи Рим најдоцна до 9 август да ги укине привремените гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Шпанија. Во спротивно, шпанската Влада најави дека ќе одговори со реципрочни мерки, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Италија на 1 август повторно воведе контроли на патниците што доаѓаат од Шпанија, привремено отстапувајќи од правилата на Шенген-зоната, со образложение дека ...
Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВЛЕН што МИА го пренесува интегрално. Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи ...
Незадоволството кај производителите на ајварка од Струмичко не стивнува. И денес тие останаа на блокадите, барајќи повисока откупна цена за пиперката од прва класа, оценувајќи дека понудените цени не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. Земјоделците инсистираат првата класа ајварка да се откупува по 50 денари за килограм, нагласувајќи дека само таква цена може да обезбеди минимална економска исплатливост на производството. ...