Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На денешен ден во 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе одлука со која беа усвоени новото државно знаме и химната на државата „Денес над Македонија“. Со собраниската одлука беше утврдено знаме со црвена основа и златно-жолто сонце, составено од осум основни и осум споредни сончеви зраци. Овој симбол беше официјалното државно знаме на Република Македонија до октомври 1995 година. По политичките случувања и меѓународните ...
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...
Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540 000 000 ...
Незадоволството кај земјоделците од Пелагонискиот регион повторно расте. Тие бараат итна исплата на средствата што, како што велат, државата им ги должи, предупредувајќи дека рокот за чекање е при крај, а пред нив е новата есенска производна сезона. Земјоделците посочуваат дека без навремена финансиска поддршка ќе биде исклучително тешко да ги обезбедат неопходните средства за подготовка на нивите. Горивото, семето, вештачките ѓубрива и ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Завршени се градежните активности од првата фаза на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Дебарска“ во Битола, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола. Во рамки на досегашните активности е реконструирана делница во должина од 98 метри, а истовремено се обновени и 11 водоводни приклучоци за домаќинствата на оваа улица. Од битолското јавно комунално претпријатие посочуваат дека со завршувањето на првата делница, проектот продолжува ...
Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој. Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во ...
Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили – погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега ...
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...
Жителите, фирмите и деловните објекти во делови од Петровец и Ќојлија денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според известувањето од ЕВН, прекинот е предвиден во периодот од 9 до 12 часот. Како причина се наведуваат активности поврзани со изработка на кабелска спојница, односно работи на изводот од трафостаницата „Макдизел“ и негово приклучување во новата ТС „Макдизел“ ...
Бабец Театарот од Битола одбележа 16 години постоење со два настани: “Чествување на заветот” по повод 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков во НУ Народен Театар Битола и во НУ Центар за култура, беше изведена премиерата на детската претстава “Мајка (magna mater)” авторски проект на Марјан Георгиевски во продукција на Бабец театар. Пред речиси 8.000 години, на македонска почва, во неолитска куќа во Тумба Маџари, покрај огништето — ...
Финансиската конструкција за изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија е затворена. Македонија обезбеди грант од 149,2 милиони евра, како и дополнителни 350 милиони евра преку поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, станува збор за најголемиот грант што досега го добила државата. Средствата од грантот ...
На 10 август во КАМ Маркет Гевгелија и официјално беше поставена 100-та Повратна вендинг машина на Пакомак во земјата. По повод поставувањето на машината, локацијата ја посетија градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер, како и претставници на Пакомак и КАМ Маркет. Новата Повратна вендинг машина (ПВМ) е поставена во самиот маркет, каде што има висока фреквенција на движење на луѓе, а машината е ...
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи синоќа изрекла 60 казни за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол во акциска контрола низ земјава, спроведена синоќа во периодот од 22:00 часот до 04:00 часот утринава. -При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за пет возачи се ...
Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...
Во периодот јануари – јуни 2026 година домашната градежна оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари или 76,5 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Извор: МИА Во ...
Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...
Летната туристичка сезона е во полн ек, а тоа повторно се чувствува на граничниот премин Богородица, каде денеска се создаваат поголеми колони и патниците се соочуваат со подолги задржувања. Според информациите од терен, за преминување на границата кон Грција во моментов се чека околу еден час, поради значително зголемениот број возила и патници. Најголем дел од возилата се упатуваат кон грчките туристички центри, што дополнително го ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...
Цените на благородните метали продолжуваат да привлекуваат внимание на светските пазари. Според последните податоци, златото се тргува по цена од 4.342,44 долари за унца, додека среброто достигна 64,04 долари за унца. Во текот на денот златото бележи минимална промена, со пад од 6,20 долари, односно 0,14 проценти. Сепак, пошироката слика покажува значително посилно движење. За само 30 дена цената на златото е зголемена за 349,57 долари, што ...
Надлежните власти на Гренланд издадоа силно опоменување до американската компанија за нафта „Гренланд енерџи“, која е поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, откако таа донесе опрема за истражно дупчење на копно без потребните дозволи од владата. Според информациите на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд извести дека машините биле истоварени минатиот месец на источниот брег на островот, каде што е ...
Европската Унија прави нов чекор кон подобро искористување на критичните минерални ресурси преку идејата за создавање единствен Центар за критични минерали. Иницијативата доби поддршка од европските геолошки заводи, кои сметаат дека Европа мора да располага со усогласени и прецизни податоци за своите минерални ресурси. Од EuroGeoSurveys предлагаат системот да ги опфати не само членките на ЕУ, туку и соседните држави и земјите-кандидатки. На ...
Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...
Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека ...
Македонската компанија што ги развива и одржува „Мој Термин“ и „Мое здравје“ е првата сертифицирана во земјава и првата во Европа со национален здравствен систем во продукција што го исполнува глобалниот стандард за управување со вештачка интелигенција. Секој граѓанин што закажал преглед преку „Мој Термин“ или пристапил до своите здравствени информации преку „Мое здравје“ веќе користел технологија развиена во Македонија. Оваа македонска ...
Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, ...
Неделното тргување на Македонската берза донесе промет од нешто повеќе од 101 милион денари, при што најголем интерес кај инвеститорите повторно имаше за акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит, соопшти Илирика Инвестментс повиквајќи се на податоците од Македонска берза. Според официјалните берзански податоци, во периодот од 4 до 7 август 2026 година на сите пазарни сегменти бил остварен вкупен промет од 101.005.840,66 денари. Од ...
Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот. Без вода денеска ...
Денот понеделник, 10 август во Македонија повторно ни носи многу топло и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје и околината на ден понеделник, 10 август времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури во Македонија е се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во ...
Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО. Без напојување во ...