Во време на памндемија и економска неизвесност, Капитал Банка продолжува да расте и да ја зацврстува капиталната структура. Банката во овој период е во сериозна фаза на докапитализација со околу пет милиони евра, што ќе и овозможи посилен развој, а во блиска иднина се очекува да добие и проширување на лиценцата за работа со странство. Во интервју за Фактор, претседателот на Управниот одбор на Капитал Банка, Цветан Петринин, открива дека ...

Проекциите на Народната банка, коишто се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции, упатуваат на натамошно постепено закрепнување на македонската економија – за следната година се очекува раст од 3,9%, со што би се достигнало и би се надминало преткризното ниво на економски раст. Сепак, постојат ризици поврзани пред сѐ со натамошниот развој на пандемијата со појавата на новите соеви, што бара внимателно следење на ...

НЛБ Банка од 1 декември 2021 година започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 31 декември 2021 година. Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките. Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Visa Business картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки ...

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. Имено, во периодот од 1 до 31 декември клиентите ќе можат да аплицираат за потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување. ...

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. Објавувањето на анкетата во есента 2021 ...

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. Донацијата е дел од Програмата за финансирање на ...

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав. Со ова атрактивниот потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка уште еднаш потврдува зошто е со најповолни услови на пазарот – отсега може да се обезбеди и со полиса за животно осигурување од Триглав ...

Денес започна петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. Денес, со почеток во 14 часот ќе се одржи презентација на ...

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите. Исклучителноста на предизвиците наметнати од пандемијата и ...

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки. АСО, заклучно со крајот на септември годинава, доби 127 ...

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. „Согласно член 166-б став 1 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 19.11.2021 година од страна на Народната банка е издадено решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна Банка на Северна Македонија, и ...

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. „Ве известуваме дека на ден 23.11.2021 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Петер Зелен да биде ре-именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 03.01.2022 ...

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но ...

Комерцијална банка АД Скопје по 11. пат се најде во друштво на најдобрите FX провајдери во светот, избрани од угледниот меѓународен магазин „Global Finance“. Магазинот, со седиште во Њујорк, ја награди Комерцијална банка за најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Република Северна Македонија за 2022 година. Изборот за најдобар „FX Провајдер“ на финансиските пазари во Северна Македонија е направен врз ...

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. „Се очекува инфлацијата да падне на два отсто следната година, бидејќи проблемите со прекинот на снабдувањето се намалуваат и цените на енергијата паѓаат”, изјави Шнабел за ...

Најслабите средства во кои секако не треба да инвестирате се таканаречените егзотични валути, изјави за агенцијата „Prime“ инвестицискиот стратег на „BKC World of investments“, Александар Бахтин. Оваа валутна класа не се препорачува за купување, освен кога планирате патување во земји како Иран, Венецуела, Авганистан. Валутите на овие земји се несигурни и непрофитабилни средства поради економски и политички проблеми, ...

Еврозоната моментално е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век, велат економистите. Потрошувачките цени во регионот од 19 земји се зголемија за 4,5 отсто во ноември, според просекот од 40 проценки во истражувањето на „Bloomberg“. Сите тие предвидуваа пораст од 4,1 отсто во однос на минатиот месец, што е најбрзо од финансиската криза во 2008 година. Во Германија, најголемата ...

Цените на нафтата денеска се намалија на под 78 долари за барел на меѓународните берзи, поради стравот на трговците дека новиот сој на коронавирусот може да го забави закрепнувањето на економијата и побарувачката на нафта, што би можело а резултира со значителен вишок во понудата. На лондонскиот берза барел нафта попладнево беше повисока за 4,28 долари во однос на претходното затворање и се продаваше за 77,94 долари. На американскиот берза ...

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8 проценти по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар. Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври. Според научниците новиот вид на коронавирусот, што беше откриен во ...

Во однос на сегашната реализација на Буџетот, во делот на приходите од ДДВ, до денеска имаме натфрлање на планот за 26,7 проценти во однос на истиот период лани. Тоа ми дава за право да кажам дека приходите во 2021 година ќе бидат остварени на ниво од 100 проценти, рече заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што истакна Ковачевски осврнувајќи се на буџетските проекции, во 2022 ...

Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува ...

Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И УПРАВУВАЊЕ СО ГОТОВИНА ЛОКАЦИЈА: ДЕЛОВНА ЗГРАДА СКОПЈЕ Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од ...

Имајќи ги во превид препораките и мерките за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец ноември, ...

Оствари ги твоите соништа со најповолниот хипотекарен ненаменски, потрошувачки кредит од Стопанска банка а.д. Битола. Каматната стапка од 4,5% е фиксна за првите пет години. ПРОМОТИВНО до 31.12.2021 година 0,5% провизија за одобрување и ГРАТИС полиса за осигурување за првата година. Доколку кредитот се искористи за рефинансирање на обврски во други банки, нема провизија за одобрување. Рокот на враќање на овој хипотекарен ненаменски кредит е до ...

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на ноемвриските пензии од петок, 26.11.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од утре (26-ти ноември 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец ноември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 26.11.2021 година (петок) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на ...

Најголемата компанија која во Велика Британија одлучи да ја скрати работната недела е банка, со намера да ја подобри психичката и физичката благосостојба на вработените. Британската “Atom bank” одлучи нејзините вработени сега да работат четири дена во неделата без да им ги намалат платите. Медиумите од островот пишуваат дека ова е првата голема компанија која се одлучила на ваков потег. “Atom bank” најави дека за своите ...

Со почеток од 20.11.2021 година активна е нова бонус кампања за корисниците на кредитни картички од Халкбанк А.Д Скопје. Со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на Халкбанк ПОС терминалите во подружнивите на Халк осигурување АД Скопје или онлајн на веб продавницата собирате 5% бонус поени! Собраните поени искористете ги при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. 1 бонус поен е еднаков на 1 денар. Користете ...

Нефункционалните кредити (NPL) во регионот на Централна и Југоисточна Европа изнесуваат 3,2 проценти во првата половина од годината, што е под границата од 5% што Европската банкарско тело ја оцени како висока, покажува најновиот извештај на Виенската иницијатива. Во последните 12 месеци, во однос на крајот на јуни 2020 година, нефункционалните кредити (NPL) се намалени за 7,8 отсто. Македонија се наоѓа на второто место по најголемо ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
95%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
90%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.64
86%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1020
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.76
75%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
9.26
77%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.47
92%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
81%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
72%
1013
Currency

61.625

Currency

52.4864

Currency

70.6304

Currency

34.6542

Currency

37.5876

Currency

66.0354

Currency

7.38697

Currency

0.63847

Currency

0.35105

Currency

0.52596

Currency

1.26145

Currency

0.59233