Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте љубопитни за другите земји и култури ПроКредит Банка вработува: Стручен во оддел за спречување перење пари и финансирање тероризам во Централната Управа во Скопје Потребни вештини/знаење: АПЛИЦИРАЈТЕ! Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на: Mkd.Job@procredit-group.com, не подоцна од 25.01.2022 година. Вашата апликација треба јасно да ...

Сите ние имаме потреби и желби кои налагаат долготрајно одрекување и штедење за кое немаме ни време, ни волја, ни дисциплина. Токму затоа тука се брзите онлајн кредити на ФД Монимакс Финансиско како алатка за брзо и краткорочно кредитирање лесно достапна за сите граѓани. За брз онлајн кредит можете да аплицирате преку вашиот телефон или компјутер во неколку едноставни чекори. Услугата која ја нуди финансиското друштво ФД Монимакс финансиско е ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот празник Бадник, ден пред Божиќ, на 6-ти јануари 2022 година (четврток) ќе работат следните филијали и експозитури: На 7-ми јануари 2022 година (петок), Божиќ, првиот ден на Божиќ, експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат. Во секое време на располагање на клиентите се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK ...

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. Во 2021 година, бевме сведоци на зголемен опсег на регулаторни санкции коишто ги погодија ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 9 (девет) месеци заклучно до 30.09.2021 година од страна на Народната банка, продолжува трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите. Во првите девет месеци од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 273,2 ...

Мој Кредит е ново финансиско друштво кое започнa со работење на 03.01.2022 година. Понудата на Мој Кредит вклучува широк спектар на кредитни услуги кои на граѓаните и микро компаниите на Р.С.Македонија ќе им овозможат ефикасен, брз и лесен пристап до финансиски средства, без сложени и долги процедури за одобрување и тоа во оној момент кога тоа им е најпотребно. Брз потрошувачки кредит, потрошувачки наменски кредит, кредит со хипотека, кредит за ...

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување. И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во ...

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Кредитен референт во експозитура Струмица Потребни квалификации: Избраниот кандидат треба да поседува: Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 10.01.2022 година. Со ...

Централната банка на Русија во јануари ќе започне пилот-проект за трансакции со дигитална рубља, изјави Олга Скоробогатова, првиот заменик-гувернер на Централната банка на Русија. „Прототипот на платформата за дигитална рубља е подготвен. Веднаш по празниците, во јануари, ќе започнеме со пилот проектот од првата фаза со 12 банки“, изјави Скоробогатова. Во првата фаза ќе бидат вклучени кредитните организации и имплементираните ...

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди. Во Северна Македонија, заклучно со 30.09.2021 година издадени се вкупно 2.126.613 платежни картички со ...

Тројца вработени од Комерцијална банка добија благодарници од Македонската банкарска асоцијација за нивниот особен придонес во работата на Aсоцијацијата во 2021 година. Признанието им беше врачено на Бојана Цветковска Панчевска, заменик-претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи при МБА, Љупчо Фармакоски, претседавач на Комисијата за човечки ресурси, и на Спасијка Ефтимоска за нејзиниот придонес во работењето ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од денес (03.01.2022 година), започна со исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва). Со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од денес (03.01.2022 година), а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку шалтер ...

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите. Ова во интервју за националниот сервис МТВ, го изјави гувернерката на ...

Германците во 2021 година дополнително ги зголемија своите заштеди, така што нивното богатство порасна на рекордни 7.700 милијарди евра, соопшти „ДЗ банка”. Економистот на „ДЗ банка”, Михаел Стапел изјави дека главна причина за зголемување на имотот на граѓаните на Германија е повторно рекордното штедење. Стапката на штедење минатата година иако забележа пад во однос на 2020 година, сепак изнесува 15 проценти. Тоа значи ...

Британската филијала на шпанската банка „Santander” по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 трансакциски сметки, што ги изненади сопствениците на сметките на божиќното утро, кои не знаеле кој ги уплатил парите. Вработените во банката се обидуваат да ја исправат грешката и да ги вратат парите, но го отежнува фактот тоа што голем дел од трансакциите се направени на клиенти со трансакциски сметки во други банки. Грешката ...

Македонската берза на хартии од вредност ѝ ја додели на Комерцијална банка наградата „Акција со најголем промет во 2021 година – компании над 50 милиони евра пазарна капитализација“. Со годишните награди што ги воведува Берзата за првпат им се дава јавно признание на компаниите кои во тековната година биле најактивни и најпрепознатливи на домашниот пазар на капитал. Акцијата на Комерцијална банка традиционално е една од ...

Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, по повод новогодишните празници се обрати до граѓаните. Нејзината порака ја пренесуваме во целост: Сите ние влегуваме во 2022 година носејќи го товарот што ни го наметна пандемијата на ковид-19, но верувам и со поголемо искуство, доблест и потврда дека и при најголемите предизвици, умееме да носиме правилни одлуки. Во овие моменти, не може да не им оддадеме почит на здравствените ...

Шпаркасе Банка АД Скопје преку соопштение ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. „По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, г-дин Горан Петревски е именуван за нов независен член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат до 16.11.2024 година. Новоименуваниот член ќе го замени независниот член на Надзорниот одбор, г-ѓа ...

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 3 јануари (понеделник). Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.1.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е ...

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката. „Ве известуваме дека на ден 22.12.2021 година, Г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје поднесе оставка од функцијата во која е наведено дека ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор до 31.12.2021 година” – се вели во ...

Комплетно модернизирана и дигитализирана експозитурата на Комерцијална банка во трговскиот центар Лептокарија во Скопје повторно ги отвори вратите за своите клиенти. Покрај редовното шалтерско работење, отсега за клиентите 24/7 се достапни и дигитални финансиски услуги. Дигиталниот дел е опремен со банкомат за подигање готовина и со најнов дигитален киоск за безготовинско плаќање. Дигиталниот киоск е современо решение со кое Банката им ...

Добитници на првите годишни награди на Македонска берза за 2021 година се: 1. Категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“ 2. Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“ 3. Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“ 4. Категоријата „Членка на годината за 2021 година“ 5. Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2021 ...

НЛБ Банка АД Скопје известува дека реализираше зделка со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана по основ на склучен Договор за субординиран заем на износ од 15 милиони евра. Субординираниот заем се квалификува како дополнителен Tier II капитал за Банката и придонесува за зајакнување на капиталната позиција на НЛБ Банка. Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен сопственик на НЛБ Банка АД Скопје со 86,97% учество во вкупниот број на акции на ...

Девизниот курс со години наназад е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина. Гаранција за тоа е високото ниво на девизни резерви, но и многу други инструменти со коишто располага централната банка за коишто нема да се двоуми да ги употреби во одбрана на курсот, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за ТВ 24. Таа посочува дека стабилниот курс на денарот е најоптималната стратегија соодветна за нашата ...

Влијанието на пандемијата се почувствува во сите сегменти од нашето функционирање, со промени кои најчесто имаа негативен тек. Но, она на кое позитивно влијаеше изминатиот специфичен период е навиката на луѓето за инвестирање и одговорното размислување за иднината. Токму тој позитивен тренд се рефлекрираше во работата на КБ Прво пензиско друштво, компанија која во 2021 година бележи пораст на бројот на членови, и која и покрај сите предизвици, ...

Од првиот ден од 2022 година, Libor, референтната каматна стапка што со децении се користи за одредување на цената на финансиските инструменти, ќе престане да се наплаќа, по светскиот скандал, кога беше откриено дека банките ја местеле во нивна корист. Исклучувањето на Libor значи дека сите инструменти кои ја имаат таа цена во цената ќе мора да се префрлат на алтернативна стапка од почетокот на годината. Хрватската народна банка не очекува ...

Европската инвестициона банка (ЕИБ) продолжува да инвестира во енергетската сигурност на Западен Балкан со обезбедување наинвестициски заем од 28,9 милиони евра за изградбата на делницата во Северна Македонија на гасниот интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција. Оваа инвестиција ќе придонесе за диверзификација на енергетските извори и сигурност на снабдувањето со енергија, обезбедувајќи социоекономски развој и интеграција во ...

Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). „Во периодот јануари – септември петте компании за животно ...

Годинава којашто изминува е година на постепено закрепнување по првиот удар од пандемијата. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка ‒ со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. За 2022 година се проектира раст од 3,9%, со што економијата би го достигнала преткризното ниво, но ризици се уште ...

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. „Ве известуваме дека на ден 07.12.2021 година, г-дин Борут Вујчич, Заменик Претседател на Надзорниот одбор и Претседател на Одборот за ревизија на НЛБ Банка АД Скопје, даде оставка од функциите”, се вели во соопштението на НЛБ Банка АД Скопје. Сегашниот состав на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје го ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
95%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
2.06
90%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.64
86%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1020
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.76
75%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
9.26
77%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.47
92%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
81%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
72%
1013
Currency

61.625

Currency

52.4864

Currency

70.6304

Currency

34.6542

Currency

37.5876

Currency

66.0354

Currency

7.38697

Currency

0.63847

Currency

0.35105

Currency

0.52596

Currency

1.26145

Currency

0.59233