
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат. Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока - да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски ...
На (28.09)полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул"Караорман"во Битола со потврда за привремено одземени предмети од лицето А. А.(41)од Битола беше одзмено патничко моторно возило марка"опел корса" без регидтарски ознаки.Истото беше пријавено на 27.09 во СВР Битола за украдено од страна Б. Б.(48) од с.Подино, О.Могила. Возилото е вратено на сопственикот ,а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по чл. ...
Претрес во битолско, пронајдена дрога На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, врз основа на наредба за претрес од Основен суд - Битола, извршиле претрес во дом во с.Дихово, битолско, сопственост на Ф.Ј.(29) од истото село. При претресот се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дробилка и предмети со остатоци од прашкаста материја, за кои е утврдено дека припаѓаат на неговиот брат В.Ј.(23). ...
БИТОЛА – Момче од Битола на возраст од 24 години вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница, откако било примено со многу висока температура и трески. На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата починало, пренесува nezavisen.mk/ Официјално, директорката на Битолската ...
Во Апелационен суд Битола недостигаат седум судии. Судскиот совет на денешната 455 седница ја разгледа анализата за потребниот број на судии во Врховен, Виш управен и четирите апелациони судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип. Анализата го покажува оптималниот број на судии во секој од судовите за навремено и ажурно постапување, согласно приливот на предмети и ќе биде користена како основа при објавувањето огласи по судови низ државата. ...
По повод 26 септември, европскиот ден на јазиците, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска порачува дека „европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските“. „Јазик преку кој во европската култура, наследство и традиција се вградени делата на нашата фолклорна традиција, но и на нашиот современ македонски израз. Со македонскиот јазик со Европа ги сооделивме и ги споделуваме делата на Конески, Шопов, ...
По низата сообраќајки на патот Битола-Меџитлија од кои едната со смртен исход, битолчани реагираат дека час поскоро мора да се постави сообраќајна сигнализација за да се спречат трагедии. Апелите од битолчани се се' посилни oсoбено од врабоени во „Кромберг и Шуберт“ кои со автомобили одат на работа. „Внимавајте кај клучката за с. Породин на патот Битола - Меџитлија има возвишение од новиот слој на асфалт и е одлично скокче за во шамаците од ...
Наставниот процес, покрај со училиштен прибор, се одвива и дигитално, односно на електронска, или смарт табла. По многу наставни предмети, веќе неколку години, клучниот наставен прибор: тетратка, е веќе заборавена за употреба. Се случува дури и учебник да не се користи, или воопшто да нема по некој наставен предмет, па наставникот изнаоѓа начини како материјалот да го предаде на учениците. Мене, лично, како јазичар, многу ми смета кога учениците ...
Официјално започна со работа нова сензорна соба во склоп на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола. Секое дете ни е важно и затоа овозможуваме еднаков пристап на децата со попреченост до правата и до услугите за секое подеднакво, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за време на посетата на битолскиот Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, каде промовира ...
Средствата ќе бидат исплатени врз основа на Измената и дополнувањето на буџетот, од Програмата за активности во областа на спортот и младите. На овој начин, општина Битола, продолжува да дава поддршка за зголемување на вклученоста на жените и девојчињата во највисоките првенствени лиги, како и да биде поттик за подеднакво финансирање на жените и мажите, момчињата и девојчињата во спортот. Корисниците на средствата, имаат обврска доделените ...
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Јавни работи за работно ангажирање во времетраење од 22 работни дена да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување – Битола. Предвидени се 15 работни позиции. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Јавни работи се предвидува паричен надоместок во висина од 600 денари дневно, бруто износ со вклучени данок ...
Сообраќајот на пругата Скопје -Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. – Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 114 возачи, меѓу кои 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 13 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол,3санкции за непрописно паркирање .Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење... Сообраќајните ...
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со презентација на кинематограферот Лоренс Шер, номиниран за Оскар, кој пред аудиториумот во Битола ќе промовира Shotdeck платформа, како и со работилница која ќе ја одржи Селин Бозон, поранешна претседателка на француското друштво на кинематографери. Попладне во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од студентската и документарната програма, а во НУ Центар ...
ТППЕ Битола во посочениот период со сите свои расположливи средства и човечки ресурси 10 возила и 40 пожарникари од кои некои пожарникари беа и без престан на терен повеќе од 24 до 32 часа, успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери при тоа заштитувајки и спасувајки 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви, без направена материјална штета. 22.09. 2023 Вашарејца-Лознани-Ивањевци Заштитено целосно ...
ТППЕ Битола во посочениот период со сите свои расположливи средства и човечки ресурси 10 возила и 40 пожарникари од кои некои пожарникари беа и без престан на терен повеќе од 24 до 32 часа, успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери при тоа заштитувајки и спасувајки 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета а тоа беа пожарите 22.09. 2023 Вашарејца-Лознани-Ивањевци ...
Во чест на лауреатот и оскаровец Питер Бижу, директор на фотографија и на антологискиот филм „Пинк Флојд: Ѕидот“, синоќа на свечената церемонија на отворање на фестивалот „Браќа Манаки", детскиот хор „Ѕвончиња", кои беше дел од перформансот во режија на Дејан Пројковски, заедно со членови на ЗЏМ, и ја изведоа „Аnother brick in the wall“ и „Time“ од „Пинк Флојд“. Исклучително тешка и одговорна задача имаа „Ѕвончињата" на сцената синоќа. И не е ...
БИТОЛА – „Политичарите треба нас да нѐ молат, времињата се менуваат“. По оваа порака на актерката Лабина Митевска ќе се памети отворањето на годинешното 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Остри стрели и нескриен револт упатија филмаџиите до политичарите на синоќешното свечено отворање на фестивалот што го засени музичко-сценскиот спектакл со битолски печат. Многу емотивен и впечатлив говор одржа Митевска, лауреат на фестивалот додека ...
Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола,денеска (23.09) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело"Предизвикување општа опасност" односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско,В.П.(58) од с. Лознани, битолско А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со австрискиот амбасадор, Мартин Памер, кој гостува во Битола, по повод отворањето на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Амбасадорот Памер и градоначалникот Коњановски, разговараа за повеќе теми, меѓу кои, амбасадорот Памер со своето долгогодишно искуство во областа на културата, посебен акцент стави на зајакнување на културната соработка помеѓу Битола и повеќе австриските ...
Манаки офф и оваа година е програма која ја надополнува фестивалската програма на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и ја поврзува локалната заедница, уметниците, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата обезбедувајќи интерсекторска соработка и интердисциплинарна програма. Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и фестивалот. Вратите на КЦ Магаза се отворени. Започнавме со тридневни ...
Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција. Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник на наградата „Мала камера 300” на нашиот фестивал во 2018 ...
Во последните денови на подрачјето на СВР Битола настанаа неколку пожари на отворен простор како последица од намерно запалени стрништа. СВР Битола апелира до граѓаните на подрачјето на СВР Битола – да не се пали оган на отворен простор; – да не се палат стрништа, земјоделски и други површини; – да не се пали отпад и друг горлив материјал; – да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓаните ...
Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола го одбележаа Меѓународниот ден на мирот 21 Септември. На едукативната работилница организирана од Децата Правобранители и стручната служба, учениците имаа можност да дискутираат и анализираат изреки кои ја докажуваат важноста на мирот, напишаа песна во акростих, научија како се пишува и изговара зборот МИР на повеќе светски јазици. -,,Мирот е единствената битка што вреди да се води,, - Алберт ...
„Општина Битола ги поддржува сите активности: на локалниот совет за безбедност во сообраќајот, советот за превенција од детско претстапништво, како и другите учесници во рамките на Европската недела на мобилност. Тука сме да дадеме поддршка на сите овие настани, затоа што Битола, навистина е желна за вакви настани и манифестации со кои ќе дадеме целосен придонес за безбедност во сообраќајот, поддршка за пешаците и велосипедистите. Во таа насока ...
Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска (22.09) и вчера на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , учениците од сообраќајните единици на основните и средните училишта од Битола ,УКЛО ,преставници од Црвен Крст Битола и останатите пријатели на манифестацијата се реализираа превентивни активност преку симболичното ...
Градоначалникот Тони Коњановски денска ги повикал на средба координаторите на советничките групи, но СДСМ И Поинаку не отишле. На средбата присуствувале координаторите на ВМРО ДПМНЕ, Левица, Коалицијата „Движење одлучно за промени“и ДУИ. Коњановски вели ова било чекор „за да можеме конструктивно да работиме, пред одржувањето на следната седница, наместо да продолжиме да ја оптоваруваме јавноста со нови проблеми и нечие политикантство. -Но, ...
Тројца вработени од општинската администрација на Битола, зеле субвенции од 200 до 450 евра за дограма на последниот Јавен повик на Општина Битола за надоместување на дел од трошоците за набавена нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2023 година. Еден од добитниците е на високо раководно место помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, другиот помлад соработник за културни манифестации и ...
Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола и возврати на повикот на советничката на СДСМ Елена Кромидаровска дека како локален функционер и таа треба да се „заангажира за подобрување на состојбите во Зоолошката, со истиот жар како кога беше опозиционерка и бараше затворање на градината.“ СДСМ вчера на прес побара од градоначалникот Тони Коњановски да ја разреши директорката на Зоолошката во Битола, а потоа посочи и на ...
На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата. -Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки. 44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 ...