Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
„Жално е ова што се случува, посебно од луѓе кои не се компетентни да зборуваат за работата во РЕК Битола и за производството. Луѓе кои еден ден немаат поминато во производство и се на товар на државата, коментираат и шират лажни вести за тоа како функционира РЕК и како работи РЕК“ рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски во интерју за ТВ Тера. https://youtu.be/_QCkga9H2D8 Тој додаде дека одредена група на луѓе излегле пред РЕК Битола и ...
По повод 21 февруари, меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одржаа работилници под наслов „Јас умеам да мислам на англиски, ама не умеам да чувствувам на англиски јазик“ по цитат од познатиот македонски современ драмски писател Горан Стефановски. На работилниците, учениците имаа можност да е запознаат со особеностите на македонскиот јазик наспроти останатите јазици. Учениците интерпретираа поезија на македонски јазик и на англиски јазик. ...
И двата проекти се реализираат со зголемена динамика и имаат за цел подобрување на инфраструктурните услови и зголемување на згрижувачките капацитети за децата од претшколска возраст. Во детската градинка, се работи на водоводната, канализационата мрежа и електричната инсталација, по што ќе следува и соодветно уредување на просторот, кој ќе овозможи згрижување на 80 деца и намалување на долгите листи на чекање. Проектот за реконструкција на ...
Интегрален текст од прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола-портпарол Ангела Здравковска. Почитувани битолчани “евакуацијата” продолжува сега на ред за евакуација дојде и претседателот на локалниот огранок на ЛДП во Битола. Димитар Кузмановски локалниот претседател на ЛДП во Битола од оваа недела е на ново работно место во државната компанија ФОД Битола. Оваа влада, со секој изминат ден е се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа, ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, испрати честитки до сите наградени, посакувајќи им многу нови успеси. Еурофарм Пелистер е екипата на годината, а пионерската екипа на ФК Пелистер најдобра млада екипа. Посебни признанија добија триатлонецот Вања Атанасов, кошаркарката на годината во Македонија, битолчанката Елена Тасевска, боди-билдерот Владе Станковски и уште многу други. Награди за животно дело им беа доделени на ...
Две недели ДПМНЕ ја "распна" министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска дека парите од културата ги дели по партиска основа. Арно, ама, испадна дека еден од проектите кои добија поддршка, за амбасадор ја има сопругата на секретарот на Општина Битола! Или уметницата е од СДС или неопределена што значи секретарот ниту домашните не можи да ги убеди во своите политики! Или, пак, дека ДПМНЕ две недели ширела хистерија без основа! ...
Интегрален текст од прес конференцијата на Лидија Павловска, советник на ВМРО ДПМНЕ во битолскиот Совет. Денес сме пред НУ Завод и Музеј Битола и поднесуваме барање за пристап до информации од јавен карактер. Во духот на транспарентноста и европските вредности како што е и проектотот Smart4You2. По втор пат ја повикуваме директорката да одговори на следните прашања. Кој е проектниот тим од музејот во европскиот проект Smart4You2? Дали ...
Интегрален текст од објавата на градоначалникот Тони Коњановски за проектот Парк. Почитувани граѓани, Со оглед на тоа што Советот на одржаната седница на 12.02.2024, не ја стави на дневен ред предложената точка и не донесе одлука за Измена на Програмата за развојни планови, првата следна можност за измена на Програмата и Планот, ќе биде после завршувањето на парламентарните избори и формирањето на Владата, односно изведбените работи би ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности, со што во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти. Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство, активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата ...
Синот на директорката на ОУ „Климент Охридски“ Битола, Гордана Анастасова, која е и висок партски функционер во ОО на СДСМ Битола е нововработен во Градската библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. Извори од Библиотеката за Апла.мк потврдуваат дека младиот Анастасов од неодмана е вработен како помошник библиотекар со средно образование. На Анастасова и испративме две пораки дали нововработениот во Библиотеката е член на нејзиното ...
Државното музичко училиште од Битола со свечен концерт ќе ја одбележи 77 годишнината од постоењето. Концертот ќе се одржи утре (21 февруари) во Офицерскиот дом во Битола во 19 часот. Оваа година се навршуваат 77 години од постоењето на Државното музичко училиште. За таа цел, веќе втора година по ред Државното музичко училиште го прославува својот јубилеј со Свечен концерт на кој настапуваат професорите на ДМУ, со што ова веќе прераснува во ...
Интегрален текст од прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола Во Битола ЕВАКУАЦИЈАТА на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции. СДС пред заминување не запира да ги понижува битолчани и дрско и безобразно им се оддолжува на своите гласноговорници, кои постојано изнесуваат лаги и манипулации од говорницата во Советот или на прес конференции. СДС, со секој изминат ден се се ...
БИТОЛА – Директорката на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ од Битола, Елена Спасеновска, признава дека патувала службено со пензионерот, поранешен вработен секретар во Домот, Менде Петровски, но тврди дека сѐ било законски. „Независен“ пишуваше деновиве за службените патувања на директорката Спасеновска со пензионерот Петровски во Албанија и Србија со службениот „голф“. Во дел од патувањата сопатници се и други лица. Во одговорот на нашите ...
Еве што ни одговорија од Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола на нашите поставени прашања за службените патувања на директорката Елена Спасеновска и пензионираниот советник Менде Петровски и друг лица во странство со службеното возило „голф“. За исплатата на хонорарите на пензионерот советник и за бугарската донација сместена во Домот. Како што ни го пратија одгворот така го објавуваме. Го побараме во пишана форма, ама не го добивме, ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ...
Една изрека гласи: „Какви родители, такви деца“, па истата оваа изрека, важи и во образование, само што би гласела вака: „Какви наставници, такви ученици“. Прво и основно правило, што мора да си го поставуваме во секоја работа, а јас пишувам за образованието, е дека, мора да бидеме одговорни кон тоа што го работиме, затоа што одиме на работа со некоја цел, односно добиваме платен надоместок за егзистенција и за тоа што го работиме. И тоа, ...
На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола. Одземеното ќе биде вратено на ...
Битолската СДС пак се збуни. Тоа што им е дома го гледаат надвор. Сега виде рушење и бегство на луѓе од ЗОО Битола. Вистината е сосем поинаква. Закупецот на простор во ЗОО Битола не ја прифати киријата предложена од УО на ЗОО, која му се понуди, наместо досегашниот износ кој досега го имаше при што самиот донесе одлука да се исели од локацијата. Јавниот интерес е пред приватниот бизнис и тука нема дилеми. Притоа, тој во вршење на селењето, н ...
Јавното претпријатие Комуналец, денес беше изложено на лажни обвинувања од страна на СДСМ, во кои се повикуваат на злоупотреба на средства и работа на претпријатието за приватни потреби. Во интерес на вистината и транспарентно информирање на јавноста, но и заштита на угледот на претпријатието, во целост ги изнесуваме фактите за случајот за кој се изнесени невистинити информации Во Ценовникот за услуги на ЈП Комуналец Битола донесен од ...
Дали ЈП Комуналец ги прошири дејностите и почна да монтира клими на приватни куќи низ Битола? Дали директорот на ЈП Комуналец ги злоупотребува вработените и возилата за лични цели? Дали вработените од Комуналец пратени на монтажа на клима уредот на сликите се стручни за оваа работа или биле изложени на опасност по здравјето и животот? Дали градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ќе побара одговорност од директорот на ЈП Комуналец за овие ...
На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола. При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Со распишувањето на Парламентарните и Претседателските избори, започна и периодот на постапување на Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на ...
Претседателот на Собранието Јован Митревски ги распиша претседаелските и парламентарните избори на 24 април и 8 мај. ДИК го усвои роковникот според кој кампањата ќе почне 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред изборниот ден. Листите со кандидати за претседател на државата учесниците треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март. Собирањето потписи за претседателските избори почнува на 23 февруари и ќе трае до 8 март. ...
Таа категорично ги отфрли квалификациите за политичко или друг вид на одлучување или влијание на Годишните конкурси и искажа незадоволство за начинот на кој некои корисници и членови на стручните комисии беа јавно жигосувани. „Одбивам политиката да биде дел од културата“, рече Костадиновска-Стојчевска пред новинарите, која осврнувајќи се на составот на стручните комисии кои ги разгледуваа предлог-проектите, потенцираше дека станува збор за ...
„Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца – најголемо достигнување на здравствениот систем е вакцинацијата, затоа ги замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца. Сите деца прво треба да се вакцинирани, па да одат во градинка. ...
Интегрална прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Битола. Дали е точно дека советникот од СДС Борче Корлевски си ја вработи сопругата во ЦСР Битола на место наменето за наш сограѓанин од РОМСКА националност на огласот со број 516/2023? Доколку ова е точно очекуваме веднаш советникот Борче Корлевски да си поднесе неотповиклива оставка заради злоупотреба на јавен оглас наменет за наш сограѓанин од РОМСКА националност на кој му е земено работното ...
Учениците од 12 основни училишта во Општина Битола ќе имаат можност да учествуваат во работилници против врсничко насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминативе денови, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија на активностите на „Крени глас против врсничко насилство“, а денес и Битола. За поефикасна реализација, градоначалникот Тони Коњановски и членката на управниот одбор и директорка во ...
Ги поздравувам сите кои ми го плеткаат името во теории на заговор. Ве разбирам дека кампања терате, ама на грешна врата тропате. Следно кога ќе ми го спомните името, ќе ве тужам... Јас не сум во никакви кавги и трки за пратеник, јасно и гласно споделив со јавноста неодамна, еве и ќе ви повторам бидејќи повторувањето е мајка на знаењето. Инаку моментално се занимавам со организацијата на концертот во чест на Тоше Проески, кој ќе се случи во ...
ИНТЕРВЈУ СО ЈАСНА ДИМИТРОВСКА – ВОКАЛ ВО СОСТАВОТ ROCKESTRA, АВТОР ЛЕОНИД ТАШОВСКИ преземено од https://kultura24.mk/ На 10-ти февруари во НУ Народен театар Битола, ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт “Sweetest Тaboo”, посветен на британската поп дива, Шаде. Концертот не беше само настап, туку патување низ најголемите хитови на дивата, а секоја песна звучеше како едно поглавје во саундтракот на многу животи. Култура24 ...
За ДПМНЕ ништо не е доволно добро ако не е одлично само за нив и нивните партиски послушници. Особено во културата, област која ДПМНЕ со години ја сквернавеше и ја сквернави сеуште преку своите градоначалници. Политичка партија за која алфа и омега во културата е партиската книшка со жолтото лавче не може да коментира уметници, членови на комисии и одлуки на еминентни професионалци. Транспарентната и отчетна постапка за избор на најдобрите ...