
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Бараме од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски час поскоро да ги повика сите релевантни политички партии и граѓански здруженија на јавна дебата каде ќе се дискутираат сите аргументи од двете страни. Битолчани мора да знаат што се случувало околу измената на проектите и плановите поврзани со грантот од Европска Унија за овие проекти. Крајно време е да се засукаат ракавите и сите ние да се вклучиме во вакви ситуации, се со една цел, да им ...
НУ „Завод и Музеј“ – Битола со настанот кој ќе се одржи на 19/10/2023 со почеток во 18:30 часот ја одбележува завршената реконструкција на Пациото во рамките на Smart4You2 проектот со што овој музејски простор го става на располагање на своите сограѓани и посетителите на Битола. Во овој простор за прв пат е поместен и лапидариум кој всушност претставува уште еден нов, изложбен простор, во кој посетителите за прв пат ќе може да видат дел од ...
Тенискиот клуб Чакулески со поддршка од општина Битола по подолг временски период организираат градско првенство во категориите црвен и портокалов тенис. Турнирот ќе се одржи на новите три тениски терени кај Градскиот стадион на 21.10.2023 година, со почеток во 10.00 часот. Организаторот на настанот се надева дека на овој начин повторно ќе се даде акцент на тенисот како спорт, со учество на што поголем број млади тенисери и тенисерки, кои се ...
Го одбележуваме - Меѓународниот ден на градежниците Во пресрет на “Меѓународниот ден на градежниците”, ден кој ја слави генијалноста, посветеноста и извонредноста на оние кои го обликуваат нашиот свет преку изградбата, возбудени сме да ви донесеме специјалната серија интервјуа. Оваа година, нашиот тим во името на компанијата БВ Инженеринг е горд што ве запознава со брилијантните умови и посветените поединци кои беа во првите редови на нашето ...
Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски на својот Фејсбук профил ја коментираше прозивката од СДСМ Битола за проектот вело-патеки -10 години битолчани бараат, протестираат, демонстрираат за велосипедски патеки! Најдовме решение заедно со ЕУ истите да се изградат, ЕУ одобри средства, сè се направи , НО, ете СДСМ одлучи да рече дека не требало. Како и зошто?! Немањето на аргументи, овојпат СДСМ, го заменува со лични навреди на стручните ...
Градоначланикот Тони Коњановски одговори на обвинувањата на СДСМ Битола Битола заслужува велосипедски патеки. Тоа го ветувавме сите за време на политичките кампањи, а денес кога имаме можност да го реализираме овој значаен проект, не само што ја немаме поддршката од СДСМ, туку повторно ги имаме нивните лаги, кои граѓаните ги препознаа уште пред две години, поради што не им ја дадоа поддршката. Додека општината и општинските служби вложуваат ...
Ноќниот клуб „Јагода клуб“ Битола е подготвен да ја отвори својата четврта сезона на 20.10.2023 година. Со новата сезона доаѓаат и нови идеи, нови настапи и уште повеќе незаборавни моменти за сите вас. Јагода Клуб е познат по својата ексклузивна атмосфера, модерен дизајн и најдобрата музика во Битола. Оваа година, ќе направиме уште поголеми промени и ќе имаме неколку изненадувања за нашите верни посетители. Одличниот тим на ди-џеи и различни ...
Интергрално го пренесуваме пресот на советничката од СДСМ Мирјана Ралевска Захариевска одржан пред Основното јавно обвинителство во Битола: „Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, со нивното незаконско делување во моментот, нанесуваат непроценлива штета на Општина Битола и на интересите на граѓаните на Битола. Ова го сториле без претходно да обезбедат донесување на Одлука од Советот на ...
Наградените ученички од Битола на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ во Рим на прием кај претседателот Стево Пендаровски. Посетата се реализираше во неговата резиденција на Водно. Претседателот Пендаровски, на својот фб профил изјави: „Честитки до Ана Радеска за освоеното прво место во својата категорија на меѓународната олимпијада по англиски јазик „HIPPO“ во Рим. Им честитам и на Катја Гогова и Тамара Николовски за пласманот во ...
Во времиња кога стабилноста во Европа е сериозно загрозена од повеќе страни, најсигурниот начин за стабилизација на Регионот е токму целосна интеграција на државите од Западен Балкан во ЕУ, побараа перофесори и други експерти за европски прашања учесници на Катедра „Аденауер 2023“ што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски во Битола“. Тие се осврнаа на војната во Украина, инцидентите во Косово и терористичкиот напад во Брисел. „Самата ...
Анета Павловска, македонската тениска судијка која судеше на Вимблдон и Роланд Гарос и Александра Даскалова од салонот за убавина и лична нега BE BEAUTY BY ALEKSANDRA во Битола ја скратија својата долга коса и ја донираа за перики за децата болни од рак. -Не можеме да го промениме минатото но можеме да ја направиме посветла иднината и да внесеме радост во нечие детско срце, велат битолчанките. Скратените плетенки битолчанките ги испратија кај ...
Анета Павловска, македонската тениска судијка која судеше на Вимблдон и Роланд Гарос и Александра Даскалова од салонот за убавина и лична нега BE BEAUTY BY ALEKSANDRA во Битола ја скратија својата долга коса и ја донираа за перики за децата болни од рак. -Не можеме да го промениме минатото но можеме да ја направиме посветла иднината и да внесеме радост во нечие детско срце, велат битолчанките. Скратените плетенки битолчанките ги испратија кај ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (16.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 83 возачи, меѓу кои 55 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 10 мерки за возење без возачка дозвола,6 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...
Професорот од Техничкото училиште во Битола, а и поранешен гитарист, автор на музика и текстови од песните на „П.С.бенд“, ја изненади македонската музичка и политичка јавност со неговиот нов музички хит „Овде нема правда“. Песната во себе носи силна порака за состојбите во држава. Објавена е вчера и за 24 часа има преку 3600 прегледи на фејсбук. Професорот само најави дека песната ја напиша со повод, но не навлезе подлабоко во образложување на ...
„Нашата грижа, како локална самоуправа за слепите лица и лицата со оштетен вид е секојдневна и се реализира низ повеќе програми, а посебно низ Програмата за социјална заштита. Една од активностите кои се реализирани преку програмата за социјална заштита во последната година е и создавање на услови за пристапност и до самата општина, а со тоа и до општинските услуги преку поставување на 25 табли во општинската зграда сите напишани со Брајово ...
Битолската актерка Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улига на 20 Фестивалот на античка драма Стоби во Велес за улогата Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Н.У. Народен Театар Битола. Вака едногласно одлучи жири комисијата на фестивалот во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург. „Неизмерно сум среќна што во градот на моите ...
Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица -На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистиччка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола. При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други ...
▫️ Хуманитарен базар се одржа денеска во организација на Форумот на жени на СДСМ Битола во рамки на акцијата Розов Октомври, месецот за борба против рак на дојка и подигнувањето на свеста кај жените за навремено откривање. -Хуманоста, солидарноста и помагањето се социјалдемократски, но, пред сè човечки вредности. Да помагаме секогаш кога можеме, во рамки на можностите. Собраните средства ќе бидат донирани на оние на коишто им се најпотребни. ...
Не само што партизанските одреди носеле имиња на Илинденците, туку и самите партизани ги употребувале како свои псевдоними. На пример, Јосиф Јосифовски-Свештарот се нарекувал Ѓорче, Трајан Белев - Гоце, ги има многу такви зашто идеалот им бил слободна Македонија како што ја замислувале на времето борците во Илинденскаото востание. Партизаните се идентификувале со нив и со нивните идеали“, рече Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци од ...
Од декември кога беше отворен Женскиот центар за поддршка на жени и деца жртви на родово-базирано и семејно насилство, па до денес, помош побарале 60 лица, а некои од нив и повеќекратно. „Бележиме над 250 работни часа. Сме пружиле помош и на деца и на мајки. Најчето бараат психолошка поддршка во моментите на одлучување дали да побараат развод и најмногу заштита и психолоошка помош на децата. Свесноста се развива, осовено семејното насилство веќе ...
Амбасадорот и градоначалникот, ги искажаа големите впечатоци од концертот, договарајќи и идна соработка, особено од областа на културата, при што амбасадорот истакна дека, покрај што е голем вљубеник во културата и самиот е музичар. Од двете страни, беше констатирано дека, соработката, уште повеќе ќе биде продлабочена преку збратимување на Битола и Чигасаки, за што со поддршка од Јапонската амбасада, од страна на Општина Битола, изразен е ...
Денеска (12.10.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(25) од Битола. Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на ...
Преземени се сите мерки за стабилно производство на електрична енергија, соопшти генералниот директор на РЕК„Битола“ Пеце Матевски непосредно пред отпочнувањето ан грејната сезона. На денешната пред конференција тој рече дека ремонтите на блоковите 1 и 2 се завршени, а до крајот на месецот сите три блокови ќе бидат во погон. Воедно ископани и откриени с е големи количини на јаглен како во златните времиња на РЕК. Матевкси кој денес на ...
БИТОЛА – Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе го повлече проектот и помошта од 400 илјади евра за Општина Битола за проектот „Smart4You2“ доколку Советот на Општина Битола не најде начин да даде согласност на одлуката за кофинансирање на проектот. Едноставно кажано, ако не се изградат велопатеки нема да се реконструира ни објектот „Парк“. Мнозинството во Советот на вчерашната седница донесе одлука да не се градат велопатеки со европски средства и ...
Делегација на битолскиот огранок на #СДСМ предводена од претседателот, Драган Крајовски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ во центарот на Битола и споменикот на паднатите борци 1941-1945 во село Лавци. Обновените споменици од НОБ ја одразуваат нашата почит за нивното дело и посветеност кон заштита на културното наследство. Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание! Нека ни е честит 11 Октомври, историскиот ...
Од петок стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. За цигарите акцизата ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија. За пурите акцизата ќе изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена. Увозниците на цигари и пури се жалат дека со овие промени се дестимулирало работењето, и се ...
Денес, се одбележуваат 82 години, од еден од најзначајните датуми од македонската историја, кога борците од НОБ го означија почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. По тој повод, во чест на загинатите борци и херои кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија, кај споменикот на НОАВМ, пред Центарот за култура, свежо цвеќе положија: Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ...
Македонското прашање е една исклучително комплексна тема, која никогаш не може целосно да се исцрпи. Кон неа може да се пристапи од повеќе различни аспекти, а сите тие, секако, се поврзани помеѓу себе, вели историчарот м-р Евгениј Литовски, во предговрот на книгата „Улогата на Народна Република Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“, која беше промовирана синоќа во КЦ Магаза во Битола. ...
„Народ задоен со борба за слобода никогаш не умира!“ е пораката на „Споменикот на паднатите борци 1941-1945 “ во село Лавци, Битолско за зачувување на богатата историја на нашата држава и почитување на македонските херои од НОВ. Овој споменик како и „Могилата на непобедените“ во село Могила и спомен обележјето кај Песјобрдце, Прилепско се дел од успешните проекти за превентивна заштита на спомениците од НОВ, на Министерството за култура. Селото ...
Започна реконструкцијата на улицата кај Светонеделските гробишта во должина од 1180 метри, а со соодветна динамика се реконструираат и улицата СТУ 1 во АРМ, каде што завршува и поставувањето на дренажата, а наскоро ќе продолжи изградбата на новата детска градинка. Денес се асфалтираше и мостот на Довлеџик, а до крајот на годината, планирано е да бидат завршени започнатите градежни работи. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при ...