Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата Собранието по скратена постапка да го разгледува и гласа Предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека законските решенија со кои се заобиколуваат системските закони претставуваат висок ризик од корупција. Предлог-законот, кој е на денешниот дневен ред во Собранието, предвидува Градот Скопје да формира посебна фондација ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил со жестоки критики за Предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се создава паралелен систем за управување со културата, додека постојните културни институции остануваат на маргините. Според него, законското решение му дава широки овластувања на градоначалникот на Скопје, предвидува набавки надвор од Законот за јавни набавки и отвора можност за ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со жестока критика удри на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој денеска е на дневен ред во Собранието. Таа напиша дека со законското решение се заобиколуваат правилата за јавни набавки и се отвора простор за неконтролирано трошење на над 20 милиони евра јавни средства преку посебна фондација. Мојсоска обвини дека со законот се концентрираат ...
Кураторката и програмска уредничка на „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, Биљана Тануровска-Ќулавковски, упати отворено писмо до пратениците во Собранието со повик да не го поддржат Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Таа предупредува дека предложеното законско решение овозможува формирање фондација чии набавки би биле изземени од Законот за јавни ...
Само еден ден откако Владата најави ново задолжување преку МЕПСО, М-НАВ и Лотарија, Мицкоски се пофали дека Македонија има повисок економски раст од просекот на Европската Унија. Ако економијата навистина бележи таков раст, тогаш зошто државата од месец во месец бара нови задолжувања, додека граѓаните плаќаат сè поскапа храна, повисоки сметки и живеат со сè понизок животен стандард, прашуваат од Левица. Ако економијата навистина е толку ...
Според законот, не може да се земе и гранција во имот (пет милиони евра) и да биде одземен пасошот. Или едното или другото, ни изјавија од судот во Струга. БИТОЛА – Основниот суд во Струга му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски обвинет за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. Оваа информација за „Независен“ лично ја потврди претседателот на Основниот суд Струга, судијата Вулнет Винца. „Пасошот на обвинетиот ...
Само неколку дена откако Гостивар беше ставен пред ризик од хепатит А, жолтица и други заразни заболувања поради фекално загадената вода, ДПМНЕ објави соопштение во кое се пофали со „историски“ капитални инвестиции во водоснабдување, канализација и пречистителни станици. Во нивното соопштение нема ниту збор за тоа како држава што тврди дека инвестира стотици милиони евра во водната инфраструктура дозволи илјадници граѓани со недели да ...
Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои жените со секундарна дисменореја и болни менструални циклуси имаат право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесува „Вјести“, се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања. Инцијативата за измени во законот ја ...
Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%. Додека беше во опозиција, поскапувањето беше ...
Адвокатот Жаре Стеваноски соопшти дека до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел пријави против претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и општински советник Христијан Тунески, како и против членови на Комисијата за финансирање и буџет и лица поврзани со две здруженија на граѓани. Според Стеваноски, пријавите се однесуваат на сомнежи за судир на интереси, ...
Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ со кој се предлага и основање на Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Но, наместо закон што ќе воспостави највисоки стандарди на транспарентност и отчетност за проект финансиран речиси целосно со јавни средства, пред пратениците се наоѓа текст што отвора бројни дилеми и ...
Граѓаните на Скопје од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за централно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за новите цени на топлинската енергија за сите снабдувачи во главниот град. Најголемото поскапување ќе го почувствуваат корисниците на „ЕСМ Снабдување“, каде цената се зголемува за 5,96 проценти. Според одлуката на РКЕ, повисоки цени ќе важат и за останатите системи за централно греење. За корисниците ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, во расправата по ребалансот на Буџетот за 2026 година оцени дека предложениот ребаланс не претставува развојна политика, туку документ со кој Владата се обидува да ги прикрие пропустите во првичното буџетско планирање преку нови задолжувања и прераспределба на средствата. Тој потсети дека Левица уште при донесувањето на Буџетот предупредувала дека проекциите не се реални и дека ќе резултираат со ...
Бројот на заболени од западнонилска треска во Македонија се зголеми на осум лица, од кои седум случаи се лабораториски потврдени, а еден се води како веројатен, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андоновска, во текот на јули биле регистрирани пет нови случаи, а последниот бил потврден во четвртокот. Од осумте заболени, шест пациенти се од Скопје и Велес. Кај најголемиот дел од нив се ...
Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет, реагираат од Левица. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и СДСМ, не ...
Левица ја обвини Владата дека нема конкретни мерки за справување со растот на цените на основните прехранбени производи и влошувањето на животниот стандард на граѓаните. Од партијата оценуваат дека премиерот Христијан Мицкоски дава само „празни изјави“, додека Министерството за економија, предводено од Бесар Дурмиши, не презема соодветни активности за намалување на скапотијата и заштита на потрошувачите. До кога министерот за економија, ...
Професорката Тамара Јованов смета дека граѓаните не треба однапред да ги изедначуваат сите политички партии, туку да ги оценуваат според нивните политики, принципи и досегашно дејствување. Во објава на социјалните мрежи, таа оценува дека по долгогодишните разочарувања е разбирлив скептицизмот на јавноста, но тврди дека Левица се разликува од останатите политички субјекти затоа што, како што наведува, доследно се спротивставувала на ...
Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Германската развојна банка (KfW) и Општина Гостивар инвестирале повеќе од 7,1 милиони евра за реконструкција на водоводниот систем и модернизација на јавното претпријатие „Комуналец“, но дел од клучната инфраструктура денес не е во функција, објави телевизија „Телма“. Проектот бил вреден 7.132.000 евра, од кои 682.000 евра биле обезбедени од Општина Гостивар и ЈП „Комуналец“, а ...
Во Пекинг е објавена книга, научната монографија „Теорија на писмото: типови, структура и промена“ (文字論:類型、結構及變化) од Игор Радев, која веројатно претставува прво дело од македонски автор напишано на кинески јазик и издадено во Кина. Изданието на над 350 страници беше објавено од страна на реномираната издавачка куќа за научна литература Чжонгхуа шуџју (中华书局) и е поддржано од програмата за издаваштво на Центарот за меѓународна јазична ...
До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на с. Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата и поведување соодветна постапка ...
Денес Собранието ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи амандманската расправа покажа дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку одби речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. Левица поднесе 47 амандмани со кои предложи дел од непродуктивните ...
Опозициската партија Левица обвини дека изградбата на малата хидроцентрала „Кадина Река“, чиј носител на лиценцата е компанијата „Еко Тера“, предизвикала сериозни еколошки последици и го претворила речното корито во „сува и каменеста пустина“. Од партијата тврдат дека компанијата е поврзана со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, поради што бараат итна ревизија на постапката за издавање на лиценцата, проверка на ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена. Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам. Со години добиваме нови рокови, ...
Владата повторно го употребува турското етничко малцинство како украс во пренатрупаната кадровска витрина, додека Турците повторно се сведуваат на статист во претставата во која “нивните“ функционери ги земаат аплаузите, функциите и парите. Мицкоски им понуди министер без ресор како функционер без министерство и причина за постоење, а тие, како да им останало единствено сетилото за мирис на парите, заслепени исклучиво од личниот лукративен ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа ...
Координаторот на секторот финансии при политичката партија Левица, Марјан Димитриев, отвора прашања за работењето на агенцијата за привремени вработувања „Контакт Бизнис Скопје“, посочувајќи дека преку јавни набавки компанијата склучила стотици договори вредни милиони евра. Димитриев тврди дека финансиските извештаи на фирмата откриваат низа нелогичности, особено во однос на структурата на трошоците, каде најголем дел од средствата, според ...
Унгарската компанија „Електробус Икарус“ во заедничка понуда со австриската компанија ЕВН е избрана како најповолен понудувач на вториот повик за набавка на 150 електрични автобуси, од кои 100 се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за други општини во земјава. Според информациите од Министерството, понудата на „Икарус“ и ЕВН изнесува 3.120.956.004 денари без ДДВ, односно околу 50 милиони евра. Цената за еден електричен автобус изнесува ...
Советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Игор Димески, обвини дека мнозинството советници не покажало интерес за одржување вонредна седница посветена на последиците од неодамнешното невреме и обештетувањето на граѓаните. Според него, Законот за заштита и спасување и Методологијата за процена на штети не го препознаваат ветерот како природна непогода, поради што нема законска основа за исплата на штетите, па побара итни законски измени ...
Докторката Даниела Николовска остро реагира на одлуката од системот „Мој Термин“ да се укине можноста програмите што ги користат матичните лекари автоматски да пребаруваат слободни термини за специјалистички прегледи. Таа предупредува дека наместо да се олесни работата на примарното здравство, новата мерка ќе ги врати лекарите на рачно водење списоци и секојдневно пребарување термини, што, според неа, претставува чекор назад во ...
Координаторката на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јованова, обвини дека советниците од ДПМНЕ, ВЛЕН и ДУИ не ја поддржале иницијативата за одржување вонредна седница на која требало да се разгледа обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штети од неодамнешното невреме. Според неа, на иницијативата се потпишале само 12 од вкупно 45 советници, поради што не биле обезбедени потребните 15 потписи за свикување на ...