Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Заменик координаторот на секторот Политичка економија при Левица, Игор Ѓуровски, реагира дека масовното иселување на граѓаните од Македонија во изминатите 35 години е последица на, како што вели, економската девастација, криминалната приватизација, партизацијата на институциите и нефункционалниот систем. Тој оценува дека дел од дијаспората гласа за политички структури кои, според него, се одговорни за состојбите што ги натерале луѓето да ја ...
По видеото на девојката од Куманово кое предизвика големо внимание во јавноста, Мартин Јовановски, преку објава на социјалните мрежи, жестоко реагирашекон институциите кои, според него, потфрлаат во грижата за лицата на кои им е потребна помош. Тој посочува дека реакцијата најверојатно ќе следи само поради виралноста на случајот, а не поради функционален систем кој навремено ги препознава и решава проблемите. Јовановски во својот статус ги ...
Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше одолговлекувањето на постапката пред Уставниот суд во предметот што се однесува на, како што тврди, дискриминацијата кон Левица. Тој оцени дека доколку парламентарна партија со пратеничка група, десетици советници и значителна поддршка од граѓаните не може да добие судска заштита и покрај, како што наведува, констатираните забелешки ...
СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик. Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за една изборна ...
Седницата на Уставниот суд каде се расправаше за поднесената Иницијатива на Левица, покажа дека дел од самопрогласените “истакнати правници“ не успеаја да ја совладаат ни најелементарната лекција од уставното право – дека Уставниот суд не ги штити сопствените суети, туку Уставот. Наместо да ја оценуваат уставноста врз основа на денешната фактичка состојба, тие се сокрија зад одлука донесена во сосема поинакви околности, како да се работи за ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, пратеникот Борислав Крмов ги образложи амандманите на Левица со кои се бараше обезбедување средства за државни откупни центри во Кочани, Свети Николе, Велес, Струмица, со цел да се обезбеди сигурен пласман и фер откупни цени за земјоделците Осврнувајќи се на улогата на државата, Крмов истакна дека земјоделството не смее ...
Во расправата по амандманите на Левица за ребалансот на Буџетот, со кои се бара изградба на јавен станбен фонд и социјални станови, пратеникот Амар Мециновиќ отвори дебата за причините поради кои домувањето станува сѐ понедостапно за младите и семејствата. Мециновиќ посочи дека државата веќе го оданочува имотот, но одбива да го искористи истиот механизам за да ги обесхрабри странските фондови и големите сопственици кои купуваат десетици ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, по амандман на Левица, делумно беше прифатено барањето за дополнителни средства за Националната СОС-линија за жртви на семејно насилство, при што наместо предложените 5 милиони денари, парламентарното мнозинство обезбеди 2 милиони денари. Образложувајќи го амандманот, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, посочи дека Националната СОС-линија е првата точка на контакт за жртвите на ...
Расправата во Собранието по амандманите на Левица кон Ребалансот на Буџетот го отвори едно од најсуштинските прашања за иднината на Македонија – правото на домување. Со четири амандмани, Левица предложи обезбедување средства за изградба на државен станбен фонд и социјални станови, со што државата конечно би започнала да интервенира во пазар кој одамна престана да функционира во интерес на граѓаните, а почна да функционира исклучиво во интерес ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, со кои се бара обезбедување средства за изградба на државни станови и поактивна државна интервенција во станбената политика, се отвори дебата со пратениците на ДПМНЕ. Во своето излагање, пратеникот на Левица м-р Реџеп Исмаил – Хактан посочи дека слободниот пазар одамна не го решава станбеното прашање, туку создава сѐ ...
На амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на Левица, м-р Сашко Јанчев, го образложи амандманот со кој Левица бараше зголемување на средствата за заштита на животната средина, наменети за санација на штетите од шумските пожари и обнова на шумскиот фонд. Јанчев потсети дека од 2021 до 2025 година во Македонија изгореа околу 130.000 хектари шумско и друго земјиште, односно речиси 5% од вкупната територија на ...
„За секое едно семејство вреди овој парламент да се избори за него, а не 100 стана биле малце, 200 стана биле малце. Во ЕУ имате регулација на оваа индустрија, немате регулација на кирии, немате регулација на изградба, немате никаков фонт за социјални станови.“ Реплика на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, кон пратеникот од ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по однос на амандманот за изградба на социјални станови поднесен од Левица кој ДПМНЕ со ...
Германија бележи најголем број корпоративни банкротства во последните повеќе од 20 години, откако речиси 5.000 компании поднесоа барање за несолвентност во вториот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на Институтот за економски истражувања во Хале (IWH). Во периодот од април до јуни, 4.996 компании прогласиле несолвентност, што претставува раст од 9 отсто во однос на претходниот квартал и највисока бројка за втор квартал од 2005 ...
Не е случајно што ДПМНЕ ја прогласи дијаспората за своја единствена црвена линија кога и нивните дебело платени анкети (платени од јавни пари) кои ги користи како доказ за сопствената непобедливост бележат пад на нивната поддршка. Наместо да се соочи со незадоволството што расте дома, Мицкоски политичкиот спас очигледно почна да го бара надвор од државата, велат од Левица Впрочем, тоа што денес го покажуваат дури и нивните анкети не е ...
Релевантноста на предизборните анкети повторно е тема во јавноста, но вреди да се потсетиме на нивните прогнози за претходните локални избори, особено за изборот на градоначалник во Град Скопје. Имено, според анкетите што тогаш ги спроведуваа истите агенции кои и денес изработуваат истражувања за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, беше комотно позиционирана на второто место, зад вмровскиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, а ...
Релевантноста на предизборните анкети повторно е тема во јавноста, но вреди да се потсетиме на нивните прогнози за претходните локални избори, особено за изборот на градоначалник во Град Скопје. Имено, според анкетите што тогаш ги спроведуваа истите агенции кои и денес изработуваат истражувања за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, беше комотно позиционирана на второто место, зад вмровскиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, а ...
Во организација на детско-младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“, вечер и утревечер во Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал. Дводневната манифестација започнува во 19 часот, а влезот е слободен. Во текот на двете фестивалски вечери ќе настапат културно-уметнички друштва и ансамбли од Македонија и Србија, информираше уметничкиот раководител на ДМФА „Срма“, Марјан ...
Петнаесетдневниот фестивал од 14 до 31 јули ќе донесе богата уметничка, научна и едукативна програма, а 56. издание ќе започне со настап на Ningbo Symphony Orchestra од Кина под темата „Точка на поврзување“. Битола од 14 до 31 јули ќе биде центар на светската фолклорна и културна сцена со 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, кој годинава ќе понуди најдолга фестивалска програма во својата ...
Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните. Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела Европа, со убедливо најниска ...
Пишува проф. д-р Димитар Апасиев „Па каква корист имаме ние од судиите, ако тие можат да бидат принудени да се сложат со неправичните барања на власта“? (проф. Ван Кенеген) Нека овде ми биде дозволено, како редовен универзитетски професор по право, стручно да спорам со уставните судии, провоцирајќи ја нивната професионална етика, граѓанска свест и човечка совест – бидејќи, нели: „Она што е личноста за поединецот, тоа е уставот за ...
Во својата најнова колумна, претседателот на Левица и универзитетски професор по право Димитар Апасиев упатува остра критика кон Уставниот суд, оценувајќи дека институцијата наместо да биде чувар на уставноста, дозволува политичка дискриминација и нефер изборни услови. Апасиев го отвора прашањето за суштината на постоењето на Уставниот суд, наведувајќи дека нема да го постави Раселовото прашање „како“ судиите ги носат своите одлуки, туку ...
Во рамки на амандманската расправа за Буџетот, пратениците на Левица поднесоа повеќе амандмани насочени кон заштита на животната средина, природните богатства и унапредување на институциите задолжени за нивно зачувување. Наместо декларативна грижа за природата, Левица предложи конкретни проекти кои ќе придонесат за долгорочна заштита на шумите, планините и јавниот интерес. Еден од амандманите предвидува средства за изградба на Центар за ...
Планираното отворање на четири нови рудници за бакар и злато покажува дека Владата продолжува да ја турка Македонија кон модел на рударска експлоатација на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на државата. Наместо да ги расчисти последиците од децениското загадување и да ги заштити природните богатства, Владата отвора простор за нови еколошки катастрофи. Станува збор за рудници на локалитетите Кадиица кај Пехчево, ...
Став на Донче Мишовски- советник во Советот на Општина Кисела Вода и модератор на Л.О Кисела Вода Повеќе од три децении живееме во постојан циклус на ветувања за подобра иднина, реформи и економски просперитет. Но, кога ќе се направи пресек на резултатите, останува прашањето: дали навистина самите ја креираме сопствената иднина или само ја следиме насоката што ни ја определуваат други преку корумпирани политичари. Македонија со години води ...
Домашното земјоделство се наоѓа во една од најтешките состојби во последните години, велат од Левица, посочувајќи дека на самиот праг на жетвата и бербата, земјоделците се оставени без официјални откупни цени, без навремено исплатени субвенции и без реална институционална заштита. Бошко Бошев, претставник на Левица и лозар, тврди дека лошите политики на новата власт директно го туркаат домашното производство кон пропаст. „Како лозар кој ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Струга, Климе Карамитре, обвини дека предлогот за формирање јавно-приватно претпријатие за третман на бездомни кучиња содржи повеќе спорни елементи кои, како што тврди, „мирисаат на криминал“. Во објава на социјалните мрежи, Карамитре посочи дека градоначалникот не дал одговор на клучните прашања поврзани со проектот, меѓу кои цената за откуп на земјиште, изборот на потенцијалниот инвеститор и ...
Пациенти со трансплантиран бубрег од битолската болница алармирале до Левица дека повеќе од еден месец се оставени без лекот Recormon (еритропоетин), односно без терапија со која нивното здравје е сериозно загрозено. Според информациите што ги соопшти пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, наместо државата да ја обезбеди терапијата што им следува, пациентите се принудени да ја бараат по аптеките во Грција и Косово, трошејќи дополнителни ...
Се сеќавате ли на нашите млади битолчани кои пред само еден месец се вратија со сребрени медали од Светското првенство во куглање од Австрија? На прсти се бројат случаите кога битолски спортисти стигнале до светско првенство, а уште поретки се оние кои се вратиле дома со светски медал. Тоа е успех што се случува еднаш во многу години. Да потенцираме дека токму клубот што ги создаде овие светски вицешампионки, за 2026 година доби само 50.000 ...
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, со интерна порака испратена по електронска пошта рано утрово го запрела најавениот протест на вработените во институцијата, објави Телма. Според телевизијата, пораката била испратена во 7:20 часот, односно два часа пред почетокот на протестот што во организација на репрезентативниот синдикат „Солидарност“ требало да се одржи пред регионалните дирекции на УЈП низ државата. Во ...
На амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, го образложи амандманот со кој се бара враќање на дел од скратените средства за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура во АРМ. Исмаил укажа на апсурдната ситуација во која ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој обезбедил повеќе пари за оружје и НАТО-интеграција, додека во истиот тој Ребаланс се кратат токму средствата за ...