Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Еден месец по силното невреме што го зафати Скопје, делови од Градскиот парк сè уште се со паднати дрвја, висечки гранки и купови исечени дрвја кои не се подигнати, реагира советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска. Таа посочува и дека паркот е пожолтен и исушен, без соодветно наводнување, прашувајќи колку време им е потребно на градските власти за целосно да го расчистат и одржуваат. Нејзиниот статус ви го ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, остро реагира на, како што вели, сведувањето на вредностите и традицијата на Армијата на Република Македонија исклучиво на нејзиното членство во НАТО. Исмаил потсетува дека АРМ е наследник на традицијата на македонските партизани и антифашистичката борба во Втората светска војна, оценувајќи дека таквото историско наследство не смее да биде потиснато од „натовските рамки“. Неговиот статус ви го пренесуваме ...
Германските премиум производители БМВ, Мерцедес-Бенц и Порше со години уживаа речиси недопирлив статус на кинескиот пазар, но денес состојбата драстично се менува под притисок на домашните кинески производители, кои сè поагресивно навлегуваат токму во сегментот некогаш целосно контролиран од европските марки. Со напредни софтверски решенија, богата опрема и далеку поконкурентни цени, кинеските модели веќе не се перцепираат само како поевтина ...
Откако обзнанивме дека вмровската владина постава не го усогласувала студентскиот оброк согласно Закон и дека студентите се ограбени за околу 6,5 милиони евра, Весна Јаневска на ТВ24 реши да понуди една навистина револуционерна одбрана, односно да измисли дека го покачиле! Со мртва сериозност министерката раскажа дека само штом дошле на власт, 140 денари прво станале 147, па потоа биле покачени за уште 20 денари и дека ДПМНЕ, ни помалку ни ...
Лидерот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, предупредува дека состојбата со епидемијата на западно-нилска треска во Скопје е алармантна. Во објава на социјалните мрежи тој посочува дека во изминатите 15 години во Македонија биле регистрирани вкупно пет смртни случаи од оваа заразна болест, додека само во текот на ова лето починале четири пациенти. Апасиев ја обвинува власта за, како што наведува, ненавремена и неефикасна заштита ...
Американецот со палестинско потекло Луј Риди се соочи со еврејски доселеник кој навлезе во неговиот имот во селото Кусра, откако домот му бил опколуван од милитантни доселеници повеќе од недела дена. Инцидентот, снимен ексклузивно од Ројтерс, се случи откако Риди специјално патувал од Охајо за да ја заштити куќата во која растел, додека еврејските доселениците вребаат во опколената зона и се обидуваат да ги избркаат Палестинците за да им го ...
Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...
Да се произведе веќе не е единствениот предизвик за домашните земјоделци. Сè поголем проблем станува како произведеното да се продаде навреме и по цена што ќе ги покрие вложените средства. Додека овошјето и зеленчукот созреваат, а сигурен откуп нема, дел од производителите сè почесто се обидуваат сами да најдат купувачи, нудејќи го родот директно од нивите. Групите за земјоделство и продажба на домашни производи се преплавени со огласи за ...
Левица со жестока критика до Владата поради ширењето на епидемијата од западнонилска треска, посочувајќи дека Македонија, според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), има највисока стапка на регистрирани случаи по глава на жител во Европа. Од партијата тврдат дека раниот здравствен аларм регистриран уште во мај бил игнориран, при што само за неполни два месеца ситуацијата ескалирала до епидемија ...
Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, повеќе од 60% над грчката, над четири ...
„Ер трактор“ на грчката Противпожарна служба вчера паднал во морето додека црпел вода во близина на Астакос, соопштија локалните власти. Пилотот, кој бил единствениот човек во леталото, бил спасен и, според информациите, се наоѓа во добра здравствена состојба. Инцидентот се случил во морскиот простор југоисточно од пристанишниот град Астакос. Пилотот првично бил извлечен од приватен чамец, по што бил преземен од патролно пловило на грчката ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф се исмаева на високите американски функционери Скот Бесент и Пит Хегсет, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го засили притисокот врз Иран. Во објава на социјалната мрежа „X”, Галибаф оцени дека американските претставници не се способни да се справат со ситуацијата, порачувајќи да престанат да очекуваат чудесно решение од нивниот „кловновски“ тим. ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, предупредува дека состојбата во погодените подрачја се влошува и дека се исполнети сите критериуми за прогласување елементарна непогода. Тој повика итно да се свика вонредна седница на Советот и заеднички да се донесе одлука за прогласување на елементарна непогода, оценувајќи дека еднократната парична помош нема да биде доволна за обесштетување на погодените жители. Неговиот ...
Заменик-координаторот на Секторот за политичка економија на Левица, Игор Ѓуровски, во својот фејсбук статус ја критикува функцијата „национален координатор“, посочувајќи дека во државата има осум лица на овие позиции, кои, според него, земаат плата од околу 2.000 евра, додека јавноста нема јасна претстава за нивните конкретни обврски. Како пример го наведува поранешниот министер за култура Зоран Љутков, кој неодамна беше именуван за ...
Владата на Србија денеска предложи зголемување на минималната плата од 1 јануари 2027 година за 9,2 отсто, со што минималецот кај нашиот сосед би пораснал од околу 550 на 600 евра, објави српскиот министер за финансии Синиша Мали. Додека Белград чекори кон 600 евра минимална плата, Владата на ДПМНЕ годинава го зголеми македонскиот минималец на само околу 26.000 денари (околу 420 евра), одбивајќи го континуираното барање на Сојузот на ...
Глобалните цени на храната би можеле значително да пораснат во текот на 2026 година, при што најголем притисок се очекува врз цената на пченицата, што може да доведе и до поскапување на лебот, тестенините и други прехранбени производи. Според проценките на британската фирма за економски анализи Oxford Economics, глобалните цени на храната годинава ќе се зголемат за 11,8 проценти, а во 2027 година се очекува дополнителен раст од 4,8 проценти. ...
Стратешките нафтени резерви на Соединетите Американски Држави се намалија на само 300 милиони барели, најниско ниво во последните 40 години, при што стручњаци предупредуваат дека понатамошното празнење на подземните солени пештери во кои се складира нафтата би можело да ги оштети самите резервоари кои се под ризик од колабирање. Ситуацијата дополнително се влошува со планот на американската администрација да пласира дополнителни 172 милиони ...
Колумна на Емил Јанчески по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија Армијата полни триесет и четири години, а датумот што го носи е осумдесет и три години постар од неа. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, се формирал баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена формација на македонската народноослободителна војска, и токму затоа тој ден стана роденден на АРМ. Луѓето што тргнале од таа планина немале сојуз, ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести денеска почина уште еден пациент кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска, со што бројот на починати од оваа болест во земјава се искачи на четворица. Според директорот на Клиниката, Фадил Цана, моментално се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а на интензивна нега се наоѓаат петмина пациенти со потешка ...
Приносот на американските 30-годишни државни обврзници во понеделникот достигна највисоко ниво во речиси две децении, откако скокна на 5,31%, што дополнително ги зголемува стравувањата на инвеститорите за одржливоста на растечкиот државен долг на САД. Ова е највисоко ниво од јуни 2007 година, а аналитичарите предупредуваат дека приносите би можеле дополнително да пораснат поради комбинацијата на масовно издавање долгорочни обврзници, ...
Јапонскиот јен веќе ja избриша половина од добивката постигната преку заедничката интервенција на американското и јапонското Министерство за финансии, а трговците внимателно ги следат следните потези на властите. Јенот во понеделникот ослабна за 1%, завршувајќи ја сесијата на ниво од 159,29 за долар, што претставуваше најслаб перформанс меѓу валутите на Групата на 10 најразвиени економии, а аналитичарите сега главниот фокус го ставаат на ...
Левица денеска реагираше со обвинување дека Владата на ДПМНЕ спроведува „селективна социјална политика”, покачувајќи ги пензиите заради изборна исплатливост, додека истовремено три години свесно го игнорира законското право на студентите на усогласен субвенциониран оброк. Од партијата истакнуваат дека Владата и Министерството за образование останале тивки по вчерашните обвинувања дека студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра, а ...
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најнизок процент откако е на власт, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена во четиридневен период што заврши во понеделник. Само 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го одобруваат неговото работење во Белата куќа, додека дури 80 отсто од Американците очекуваат американското воено вмешување во Иран да продолжи подолг временски период. Според анкетата, 64 отсто од ...
Светските пазари се соочуваат со драстично намалување на количините на дизел гориво, предизвикано од затворањето на Теснецот Хормуз, воениот конфликт меѓу САД и Иран, како и рускиот извозен ембарго на дизел, што доведе до рекордно високи цени и стравувања од сериозна криза во снабдувањето пред зимскиот период. Експерти предупредуваат дека ситуацијата е „најсериозната дизел криза” во последните децении, а последиците веќе се чувствуваат и во ...
По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во Конфликтот од 2001 при што, во содејство со специјалните единици на МВР, до израз дојдоа нејзиниот суштински белег и намена, а тоа е способноста за сочувување на територијалниот интегритет на Република Македонија. 25 години подоцна, на 34-годишнината од основањето, наместо ...
Руската амбасада во Лондон денеска обвини дека Обединетото Кралство намерно ја ескалира украинската криза, дејствувајќи како соучесник во она што Москва го нарекува терористички напади на Киев, откако британски весник откри дека украинските сили користеле дронови произведени во Британија за далекусежни удари длабоко во руска територија. Во остро соопштение, руската дипломатија предупреди дека Лондон неизбежно ќе сноси последици и ќе „ја ...
Адвокатот и советник од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, преку објава на социјалните мрежи сподели информации дека поднел повеќе пријави по обидот за сечење на заштитен јавор во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп. Пријавите се однесуваат на постапувањето на полициски службеници, условите за безбедност при работа, како и на околностите под кои во недела рано наутро бил направен обидот за сечење на дрвото. Неговиот статус ...
На 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова отиде во Струга и од таму пропагираше флоскули за соживот, обединување и почитување на различностите. Убави зборови, само што правната држава не се мери според пригодните говори на функционерите, туку според тоа дали Уставот и законите важат и таму каде што на власта политички не ѝ одговара да ги види. Самата претседателка во својата објава го пофали ...
Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат. Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира некакви флоскули за усогласувања, а ДПМНЕ, кое ја предложи и изгласа оваа конструкција, денес не може ...
Иран упати ултиматум до Соединетите Американски Држави, барајќи враќање кон сериозна дипломатија и целосно укинување на американската поморска блокада, во спротивно закани со проширување на конфликтот, пренесе Ројтерс. Рокот, кој според извештаите изнесува најмногу неколку недели, до Вашингтон бил пренесен преку посредниците, Пакистан и Катар, при што висок ирански званичник изјави дека Техеран одлучил да премине од одбранбена кон целосно ...