Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Дмитриј Зиков, остро го критикуваше приклучувањето на земјата кон „коалицијата на волонтерите“, оценувајќи дека станува збор за отворено антируски чекор кој не придонесува за мировните напори во Украина. Во коментар за руската новинска агенција ТАСС, Зиков тврди дека Скопје презело сериозни политички обврски во рамки на иницијативата, предупредувајќи дека евентуално распоредување на воени ...

Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови. Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. ...

Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата! Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие. Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да има ниту една ...

Локалниот огранок на Левица во Кавадарци обвини дека актуелната законска можност за намалување на откупната цена на грозјето до 8 отсто претставува дополнителен удар врз лозарите од Тиквешијата. Од партијата тврдат дека одредбата од Законот за вино ги става земјоделците во неповолна положба и ја повикаа власта да ја укине можноста за, како што велат, „казнени намалувања“ на заработката на лозарите. Додека земјоделците од Тиквешијата се ...

Дејан Димовски изнесе сериозни тврдења во врска со состојбата на водоснабдителниот систем во Гостивар, оценувајќи дека актуелната ситуација е последица на занемарување на стручноста во институциите. Во гостување на ТВ24, Димовски изјави дека случувањата во Гостивар претставуваат предупредување за последиците од, како што рече, поставување политички подобни, наместо стручни кадри. „Ова е директна опомена што се случува кога се ...

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, реагираат од Левица. Да се побараат уште шест години од УНЕСКО е признание ...

Советничката на Левица во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, преку објава на Фејсбук упати критика до градоначалникот на Скопје поради промашениотиот промотивен билборд на кој требаше да биде прикажано Скопје. Таа оцени дека наместо да ја признае грешката и да се извини, градоначалникот продолжува со арогантен однос, додавајќи дека случајот е показател за начинот на кој се води главниот град. Ароганцијата е опасна работа, особено кога ќе се ...

ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира процесот. Власт која сака ...

Соопштение на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда): „Криминалниот американски режим, уште еднаш, среде преговори и во заблуда за наводното слабеење на Иран, официјално ја продолжи војната што всушност никогаш навистина не ја завршил. По неколкудневни борби против нашите вооружени сили и откако претрпеа поразителни одговори на агресијата на Трамп, и сфаќајќи дека иранските вооружени сили станале многу посилни отколку на првиот ден од војната, ...

Соопштение на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда): „Криминалниот американски режим, уште еднаш, среде преговори и во заблуда за наводното слабеење на Иран, официјално ја продолжи војната што всушност никогаш навистина не ја завршил. По неколкудневни борби против нашите вооружени сили и откако претрпеа поразителни одговори на агресијата на Трамп, и сфаќајќи дека иранските вооружени сили станале многу посилни отколку на првиот ден од војната, ...

Скопје ја носи престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Орце Ѓорѓиевски, пак, решил таа чест да ја одбележи со билборд на кој речиси ништо не е скопско, историски веродостојно, архитектонски препознатливо и возможно. Со типичната арогантна самоувереност, градоначалникот се пофали дека градот го разубавувал со љубов, внимание и посветеност. Вниманието, очигледно, не стигнало до броењето на нозете на коњот, арките на ...

Најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото претставува тешко обвинение против начинот на кој Мицкоски и ДПМНЕ управуваат со државата. Комисијата не опишува неколку изолирани слабости, туку систем во кој корупцијата останува широко распространета, високопрофилните предмети ретко завршуваат со правосилни пресуди, измените на Кривичниот законик го стеснуваат просторот за гонење, а институцијата задолжена за спречување на ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбите во повеќе македонски градови во периодот на поранешна Југославија и денес, оценувајќи дека животната средина, урбанизмот и културното наследство претрпеле сериозна деградација. Тој ги посочува случаите со загадената вода во Гостивар, проблемите со водоснабдувањето и загадувањето во Тетово, депониите во Дебар и Струга, урбанистичкиот хаос во ...

Пишува: Маја Дургутова член на Сектор Политичка економија при политичката партија Левица Во изминатите неколку години јавноста се навикна да ја поврзува инфлацијата со војните, енергетската криза и нарушените синџири на снабдување. Но, глобалната економија денес се соочува со уште еден фактор кој сè почесто ја обликува цената на животот – климата. Предупредувањата за силен Ел Нињо повторно ја отвораат дебатата дали светот е пред нов ценовен ...

Архитектот Андреа Јанков, обвини дека надлежните не постапиле согласно протоколите за заштита на јавното здравје по наводна контаминација на водоводната мрежа. Во објава на социјлните мрежи, тој посочува дека секој сомнеж за контакт меѓу водоводната и фекалната вода бара итно известување на граѓаните, исклучување на засегнатиот дел од системот, дезинфекција и микробиолошки анализи, оценувајќи дека поставувањето нестручен партиски кадар на ...

По доставено Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое советниците од Левица во Кисела Вода побараа увид во проектната документација за реконструкцијата на улица „Мариовска“, (Теферич), Општина Кисела Вода официјално одговори дека не поседува таква информација. Овој одговор отвора сериозни прашања. Како е можно институција да не поседува проектна документација за реконструкција што е реализирана со јавни средства? Ако ...

Информациите дека преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување. Површинска речна вода не смее непосредно да се вбризгува во мрежа наменета за вода за пиење. Пред воопшто да влезе во системот, таа мора да помине низ соодветен технолошки процес на прочистување, дезинфекција и контрола на нејзината ...

Големи тензии се случувале синоќа во Гостивар за време на акцијата за земање мостри од водата, која била спроведена по наредба на јавен обвинител, откако повеќе од 1.200 граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Според информациите, екипа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) била испратена да земе мостри од повеќе локации, но на терен се соочила со отпор. Како што објавува „Слободен печат“, поголема група луѓе ги спречувала ...

Во рамки на комисиската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратениците од Левица образложија повеќе амандмани насочени кон зголемување на инвестициите во спортот, културата, јавниот сервис и заштитата на културното наследство. Левица предложи зголемување на средствата за Планинарската федерација и Федерацијата на алпинисти на Македонија, посочувајќи дека земјата располага со долгогодишна традиција, клубови со повеќе ...

Едночасовниот пороен дожд што вчера вечер ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола. Според информациите, невремето траело од околу 20:40 до 21:40 часот, а преку Единствениот број за итни повици 112 биле пријавени поплави на улиците „Прилепска“, „Ѓорче Петров“, „Партизанска“, „Крсте Нале“, „Коста Абрашевиќ“, ...

Младиот македонски илустратор и стрип-автор Александар Танчовски на 17 јули (денес) ќе ја отвори својата самостојна изложба „Divine Line“ во Kaldrma Cocktail Bar во Старата скопска чаршија. Отворањето е закажано за 20:00 часот, а влезот е бесплатен. Поставката опфаќа повеќе од 30 дела изработени во различни традиционални техники како молив, мастило и водени бои. Преку своите илустрации, Танчовски ја истражува женската фигура како симбол на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок по пропаѓањето на привременото примирје со Иран, додека аналитичарите предупредуваат дека дополнителната воена ескалација тешко дека ќе го принуди Техеран да ги промени своите позиции, објави „Ројтерс“. Според агенцијата, Трамп се обидува да го ослаби влијанието на Иран врз Ормускиот Теснец и да изврши притисок врз иранското раководство, но досегашните воени акции не ги ...

Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот, реагираат од Левица. Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која години наназад работеше на предметите ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на социјалните мрежи, упати остри критики до Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи низа случаи кои, според неа, ја отсликуваат состојбата во правосудството и институциите. Таа ја коментираше ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“, реакцијата на обвинителката Ленче Ристоска, условната казна за поранешната претседателка на ДКСК, застарувањето на предметот „Тотал“, како и ...

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица со кои се бараше зголемување на средствата за Планинарската федерација на Македонија и Федерацијата на алпинисти на Македонија. Образложувајќи ги амандманите, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, потсети дека Македонија има планинарски и алпинистички клубови со повеќедецениска традиција, спортисти со светски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можна ескалација на конфликтот со Иран, предупредувајќи дека САД би можеле да извршат напади врз клучната и цивилната инфраструктура на земјата доколку Техеран не прифати нови преговори. Иран, пак, возврати дека ќе одговори со широки воени операции низ регионот доколку американските закани бидат реализирани. Во меѓувреме, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека извршила напади врз ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) за 2024 година, констатирајќи сериозни слабости во финансиското управување и работењето на претпријатието. Покрај неповолното мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, ревизорите дадоа и мислење со резерва за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Според ревизорскиот извештај, ПОЦ ...

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска го пречека амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, а на масата за официјалната средба, покрај државните обележја, беше поставено и знаме на Албанија. Според важечката законска рамка, во централните државни институции официјално се истакнува исклучиво државното знаме на Република Македонија. Законот не предвидува употреба на знамиња на етничките заедници во службените простории на ...

Парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на Левица, со кој се бараше обезбедување средства за воспоставување и функционирање на пет центри за жртви на сексуално насилство. Образложувајќи го амандманот, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, потсети дека уште во 2021 година Собранието изгласало закон со кој Министерството за здравство е задолжено да воспостави кризни центри за долготрајна поддршка на жртвите на ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, реагираат од Левица. Очигледно, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија. Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1018
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
5.6
42%
1014
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
46%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.12
32%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
66%
1012
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.47
47%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 30ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
37%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
41%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
42%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
66%
1018
Currency

61.525

Currency

52.7447

Currency

71.7999

Currency

37.5118

Currency

38.1903

Currency

65.9148

Currency

7.83088

Currency

0.62743

Currency

0.33264

Currency

0.52461

Currency

1.0991

Currency

0.55125

Калај

54.61

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Бакар

13.04

Алуминиум

3.23

Родиум

282926.57

Злато

144260.40

Сребро

2154.66

Платина

57871.34

Кобалт

56.29

Паладиум

42213.93

Цинк

0.00