Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Архитектот Андреа Јанков преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики до градоначалникот на Општина Центар, оценувајќи дека усвојувањето на Нацрт-ДУП-от за Водно е спротивно на јавниот интерес и отвора простор за нова бетонизација. Во својата реакција, Јанков тврди дека усогласеноста на планот со Генералниот урбанистички план не го прави добар, предупредува на ризици од ерозија и свлечишта, а одлуката на советниците и поддршката ...
Додека светот сведочи на една од најголемите хуманитарни трагедии, Норвешката фудбалска федерација направи потег што заслужува почит. Приходот од натпреварот против Израел, заедно со дополнителните донации, во вредност од околу 4,5 милиони норвешки круни, е наменет за итна медицинска помош за цивилите во Газа преку „Лекари без граници“. Ова е потсетник дека спортот не е само резултат и натпревар. Тој може да биде глас на солидарноста и ...
Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони ...
Поранешната предметна обвинителка во случајот „Талир 2“, Ленче Ристоска, реагираше по вчерашната ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, оценувајќи дека текот на постапката и донесената одлука оставаат сериозни дилеми и, според неа, ја отежнуваат можноста за конфискација на имотот стекнат од ВМРО-ДПМНЕ. Во својата јавна реакција, Ристоска посочува дека во првата судска постапка, врз основа на истиот доказен материјал, ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески, е обвинет за злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа, откако, според Скопското јавно обвинителство, со години го користел владиниот авион за приватни патувања, неосновано трошел средства од службена картичка и предизвикал милионска штета на буџетот. Според обвинителниот предлог, Мирчески во периодот од 3 јули 2021 до март 2024 ...
Советничката група на Левица во Општина Центар обвини дека советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го изгласале спорниот Нацрт-детален урбанистички план (ДУП) за Водно, со што се отвора можност за нова урбанизација на овој природен простор. Во соопштението, Левица наведува дека на седницата на Советот повторно се покажало дека двете најголеми партии гласаат заедно кога, како што тврдат, се во прашање интересите на градежните компании. Од партијата ...
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување. На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, со иронична видео објава реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој во собраниска расправа го обвини дека поради него младите ја напуштаат Македонија. Како одговор, Мециновиќ објави видео на социјалните мрежи, проследено со пораката: „Морам да паднам од власт, не се издржува веќе! Па да дојдат на власт луѓе како Мицкоски, баш нормални и стабилни – како за премиер!“, алудирајќи на ...
Бугарија нема да биде дел од коалицијата на западни земји кои се залагаат за продолжување на воената и финансиската поддршка за Украина, изјави бугарскиот премиер Румен Радев. Во интервју за бугарската телевизија bTV, Радев нагласи дека Софија смета оти конфликтот треба да се решава по дипломатски пат, а не со продолжување на испораките на оружје. „Не сме дел од коалицијата што се залага за продолжување на финансиската и воената помош за ...
Ослободителната пресуда за Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е директна последица на измените на Кривичниот законик што во 2023 година заеднички ги изгласаа СДСМ и ДПМНЕ. Со тие измени беше изменет членот 353 за злоупотреба на службената положба и овластување, врз кој се темелеше обвинението. Поради примената на поблагиот закон, предметот беше вратен на повторно одлучување и заврши со ослободителна пресуда, реагираат од Левица. „Талир ...
Вишиот кривичен суд во Истанбул издал налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на постапка поврзана со израелската интервенција против хуманитарната флотила „Сумуд“, која превезувала помош за Појасот Газа. Според турските медиуми, судот покренал и постапка за издавање црвена потерница за Нетанјаху и за други лица опфатени со предметот. Во обвинението се наведуваат сериозни кривични дела, меѓу кои злосторства против ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на Левица, со кој се бараше обезбедување средства за воспоставување на 24 шелтер-центри и 8 советувалишта за жртвите на семејно насилство. Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, посочи дека државата има обезбедено само 15% од потребните легла за жртвите на семејно насилство, додека дури 85% од потребните капацитети ...
Став на Виолета Аврамоска-советник во Советот на Општина Охрид Ова е човекот кој го нарекуваме премиер, човекот кој глуми демохристијан, човекот кој глуми дека се залага за многудетни семејства. Со обраќањето во македонското Собрание кон пратеникот Амар Мециновиќ дефинитивно Христијан Мицкоски го проби дното. Ужас, дно на сите дна. Премиере, како прво, немале сите среќа да бидат деца на родители припадници на црвената буржоазија, да си се ...
Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени, и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа! СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен – како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој модел да преживее бидејќи токму тој ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека јавно глумат политички судир, додека, како што тврди, во институциите заеднички носат одлуки. Тој посочи дека на денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ДОМ, изгласале одлука за издавање на дворовите на училиштата, како и ребаланс на буџетот, што, според ...
Советничката група на Левица во Општина Центар соопшти дека гласала против предлог-одлуката за давање под концесија на јавни површини, меѓу кои, како што наведува, се и училишните дворови. Од партијата информираат дека одлуката била изгласана со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но оценуваат дека училишните дворови не треба да се ставаат во функција на, како што велат, приватни и бизнис интереси. „За нас, училишниот двор не е ...
Во јавноста денес се пласираат наслови дека Мицкоски се извинил за инцидентите во Собранието (неалудирајќи на оние коишто самиот ги стори и предизвика). Но, само неколку минути пред тоа, од собраниската говорница, Мицкоски лично одржа говор исполнет со лаги, навреди, омаловажувања, лични дисквалификации кон пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и повторно ги вмешаа семејните прилики на Мециновиќ, реагираат од Левица Само неколку минути пред ...
Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности и слабости во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје, при што е изразено неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година, како и за усогласеноста на работењето со законските прописи. Еден од најзначајните наоди се однесува на ангажирањето работници преку приватни агенции за вработување. Според ревизорскиот извештај, поради тоа ...
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против три девојки, од кои две се малолетнички, поради сомнение дека извршиле кривично дело „насилство“ врз 14-годишно девојче. Според полицијата, осомничените најпрвин ја навредувале и понижувале жртвата, а потоа физички ја нападнале, додека една од нив го снимала целиот инцидент со мобилен телефон. Кривичната пријава е поднесена против 18-годишната П.А. од селото Лојане, општина ...
На собраниската седница за реконструкција на Владата, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, наместо да ѝ се обраќа на власта, им се обрати директно на граѓаните кои две години ги трпат последиците од политиките на ДПМНЕ: „Пред сѐ сакам да се обратам на работниците на Република Македонија кои веќе две години живеат под Влада која сета своја енергија ја посвети за борба против нивните претставници. Влада која две години против синдикатите ги ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, кој успеал да избега од полициска станица во Кочани. Станува збор за лицето кое, според сведочење во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било препознаено како добро познатата криминогена фигура што продавала дрога во клубот, реагираат од Левица. Додека во судската постапка сè повеќе се потврдува сликата за начинот на кој ...
Професорката Тамара Јованов смета дека јавната дебата за воведување една изборна единица со отворени листи често се води врз нереални очекувања за начинот на кој гласаат граѓаните. Според неа, клучниот приоритет е воспоставување една изборна единица, со што секој глас би имал еднаква вредност, додека прашањето дали листите ќе бидат отворени или затворени е од второстепено значење. Јованов изразува и сомнеж дека СДСМ и ДПМНЕ ќе дозволат ...
Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, ја разобличи владината реконструкција како признание за неуспехот на Мицкоски – стерилна претстава со нови министри, зад која продолжуваат старите политики, коалициските пазари и лажниот сјај на властодржците: “Ем ги фалите луѓево што ги разрешувате, ем ги разрешувате!? Јас не можам да ве сфатам. Мислам дека доволен шамар беше тоа што едвај 62 пратеника ви го гласаа Дневниот ред. И тоа ...
На собраниската расправа за реконструкцијата на Владата, додека претседателот на Левица, Димитар Апасиев, говореше за скоро дуплираниот број на загинати работници во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски од своето место континуирано дофрлаше навреди и пцовки, а во текот на говорот и цинично се смееше. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете“, му порача Апасиев од собраниската говорница. Во Македонија речиси и да нема месец без нова ...
На денешната собраниска седница за реконструкција на Владата дојде до тензична атмосфера за време на обраќањето на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој говореше за пораст на смртните случаи на работници на нивните работни места во последните две години. Во текот на неговиот говор, премиерот Христијан Мицкоски се смееше, по што Апасиев јавно го опомена од говорницата. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете“, го опомена ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во расправата за реконструкција на Владата, се осврна на министерството за здравство и потенцираше дека честите кадровски смени не ги решаваат наталожените проблеми во здравствениот систем, кој се соочува со недостиг од лекови, нефункционални институции, кадровски дефицит и партизација: „Денес тука дочекавме да назначиме и трет министер за здравство во две години владеење. Ама лицата со хемофилија ...
Локалниот огранок на Левица во Прилеп излезе со обвинувања за, како што наведува, „скандал со испумпување на милионски средства“, тврдејќи дека општински пари биле доделувани на спортски клубови и здруженија на граѓани поврзани со функционери и советници на ВМРО-ДПМНЕ. Според соопштението на Левица-Прилеп, највисокото раководство на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, предводено од новоизбраниот претседател Тунески, се нашло во ...
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во своето обраќање на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата оцени дека не станува збор за суштински кадровски промени, туку за политички пазар и подготовка за предвремени парламентарни избори. Според него, реконструкцијата не е насочена кон подобрување на работата на институциите, туку кон прераспределба на функциите и коалициски калкулации. „Целиот процес најдобро може да се опише ...
Пред еден месец во Куманово се случил нов случај на брутално меѓуврсничко насилство, кој деновиве стана јавен откако на социјалните мрежи се појави видео од нападот. Снимката, која ја објави серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели, а беше доставена и до „Слободен печат“, прикажува девојче кое е физички нападнато од три други девојчиња. Според информациите, жртвата била удирана со шлаканици и клоци, кубена за коса и ...
Незаконски унапредениот чувар во Македонска навигација, Сашо Славески за кој „Фокус“ во петок објави, а членовите на Управниот одбор заработија кривична пријава е брат на актуелниот гувернер на Народна Банка, Трајко Славески. Членовите на Управниот одбор на М-НАВ заработија кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење и повреда на правата од работен однос. Според документите со кои располага ...