Единствениот државен ПЕТ/КТ, апарат од кој зависи проценката дали малигното заболување се проширило и дали терапијата воопшто делува, со месеци е надвор од функција. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, дел се принудени да одат приватно или во странство и да издвојат околу 1.300 евра, а државата нема ни датум кога услугата повторно ќе биде достапна. Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за одговорност, им остави на ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, ја обвини ДПМНЕ за лицемерие во критиките кон политичките кадри кои, како што вели, со децении ја влечат државата назад. Исмаил посочува 12 високи функционери на ДПМНЕ чии професионални биографии, според него, се сведуваат на низа партиски и државни функции, без работен стаж надвор од политиката и институциите финансирани од државниот буџет. Атакувајќи го ставот на Драган Ковачки за „талогот“, Исмаил ...

Додека граѓаните плаќаат милионски суми за владините партиско-естрадни каравани, ДПМНЕ на официјалното одбележување на 35-годишнината од независноста во Охрид приреди аматеризам од епски размери – на сцената платена со народни пари, наместо македонското знаме, се појави знаме со 12 краци. Толку сериозно си ја сфатиле грижата за македонските симболи што очигледно никој не се сетил дека пред да го пуштат знамето на сцена, треба некој и да го ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше ДПМНЕ за, како што вели, обидот грешката со државното знаме на настанот по повод државната свеченост да се оправда како „уметничка интерпретација“. Исмаил оценува дека станува збор за несериозен однос кон државните симболи, но и кон самата содржина на настаните, кои според него се претвориле во „караван“ на ДПМНЕ за постизборна наплата. Неговиот ...

Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури. Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не се вознемирува со задолжителни прекини, ...

Само неколку месеца откако Левица алармираше за тендер од 1.085.826,56 денари во градинката „Весели Цветови“ доделен на фирма во сопственост на сопругот на в.д. директорката на градинката „8 Март“, наместо институциите да ги расчистат сомнежите, во тек е постапката за избор на директори во двете јавни градинки – ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 Март“. Според информациите со кои располагаме, најверојатно токму досегашните в.д. директорки ќе бидат ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денес побара истрага и итна санација на подрачјето околу градот Госпиќ, откако резултатите од вештачењето во предметот за незаконско депонирање отпад покажале дека земјиштето е загадено, пренесува „Јутарњи“. Милановиќ реагираше откако Службата за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) ги објави резултатите од вештачењето за заштита на животната средина, при што било утврдено ...

Реакција на Политичката партија Левица: Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со ...

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, со кој во Охрид започнаа настаните посветени на 35-годишнината од независноста на Македонија, привлече внимание не само лошата организација на настанот, чија програма доби многу негативни критики и коментари, туку и со дел од визуелниот идентитет на сцената. На стадионот „Билјанини извори“ настапија Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи, а преку музика, театар и поезија беше ...

Пишува Методија Алексов – Активист и борец за работнички права Зарем паднавме на маркетиншкиот трик со столбови??? Убаво се сеќавам на рекламата кога се воведуваше реформата – со триножно столче, исто каков што имаше баба ми на село (Се рекламираше промена во закон (sic!)). Тогаш не убедуваа дека пензискиот систем ќе биде стабилен и оддржлив, оти од тогаш беше јасно дека бројот на пензионери ќе се зголемува а бројот на работници ќе се ...

Секое лето истата приказна – граѓани доаѓаат пред шалтерите и затекнуваат затворени врати, наводно затоа што вработените се на годишен одмор. Реалноста е поинаква: паузите се злоупотребуваат и си се продолжуваат по волја, а едношалтерскиот систем, замислен да им ја олесни работата на луѓето, за граѓаните речиси и да не постои. Наместо на едно место да си ги решат обврските, граѓаните трчаат од шалтер до шалтер, по жешкото време, за документи ...

Кинескиот институт за физика на плазма во Хефеј заврши изработка и успешно тестираше суперспроводлив магнет тежок 582 тони, во облик на прстен – најголемиот некогаш изграден компонент од ваков тип за реактор за нуклеарна фузија. Магнетот, целосно произведен во Кина, претставува клучна пречка надмината во патот кон целта земјата да постигне функционална фузиона енергија до 2030 година – технологија што ветува практично неограничена, чиста ...

Владата на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ руши рекорди во брзи задолжувања. Секоја седмица ново задолжување. На 14 Јули се задолжила Владата, на 29 јули задолжување направи Собранието, денес, со нови обврзници се задолжи Министерството за финансии. Влада на 14 јули 2026 година се задолжи 7 милиони евра од М-НАВ, МЕПСО и Државна Лотарија за надминување на тековни потреби. Собранието на 29 јули ги донесе измените на Законот за задолжување на ...

Работодавачот има законска должност да обезбеди безбедни и здрави услови за работа за сите вработени, што вклучува и заштита од штетни влијанија предизвикани од неповолни микроклиматски услови, како што се екстремно високите температури. Работодавачите имаат јасна и недвосмислена законска обврска да ги заштитат сите работници од ризиците поврзани со работа на високи температури. Оваа обврска вклучува проценка на ризикот, обезбедување ...

Реакција на Политичката партија Левица по изјавата на Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, дека се водат преговори зад затворени врати, за кои од партијата велат дека се за внесување на Бугарите во Уставот: Се подготвува уште едно велепредавство на Република Македонија чија содржина министерот Муцунски одбива да ја открие иако е јасно како ден дека преговори со Софија можат да се водат само со цел внесување на Бугарите во Уставот ...

Македонските власти се необично тивки по ставањето на црна листа на македонските државјани Ваљон Беља и Бекир Халими во Албанија, која ги прогласи за непожелни личности (personae non gratae). Едниот од нив обавувал државни функции и добивал плата од даночните обврзници во Македонија. Официјална реакција од државните институции се’ уште се чека. Засега Министерството за надворешни работи нема никаква официјална реакција ниту барање за ...

Пишува Дејан Димовски, магистриран инженер и Советник во Општина Ѓорче Петров Три месеци наназад централна и југоисточна европа се соочуваат со екстремен сушен период. Намалениот водостој на Дунав сериозно го загрозува нормалното снабдување со електрична енергија. Пред неколку дена Унгарскиот премиер укажа на сериозен проблем со функционирањето и ладењето на нуклерните постројки во најголемиот енергетски капацитет на Унгарија. Н.Е ПАКШ ...

Македонските власти се необично тивки по ставањето на црна листа на македонските државјани Ваљон Беља и Бекир Халими во Албанија, која ги прогласи за непожелни личности (personae non gratae). Едниот од нив обавувал државни функции и добивал плата од даночните обврзници во Македонија. Официјална реакција од државните институции се’ уште се чека. Засега Министерството за надворешни работи нема никаква официјална реакција ниту барање за ...

Температурите кои деновиве достигнуваат 40 степени Целзиусови ги засилија предупредувањата за заштита на здравјето на граѓаните. Додека надлежните институции апелираат на претпазливост поради топлотниот бран, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побара работодавците да преземат дополнителни мерки за заштита на работниците, особено на оние кои работат на отворено и се најизложени на жештините. ССМ бара намалување на работата на отворено ...

Само неколку дена откако Доналд Трамп триумфално го најави „историскиот договор“ за разоружување на Хамас, израелските напади врз Газа не само што не престанаа, туку дополнително се засилија. Јули беше најсмртоносниот месец во Газа оваа година, со 152 убиени луѓе, а од почетокот на таканареченото примирје во октомври 2025 година, вкупниот број на жртви достигна 1.250 убиени и над 4.100 ранети. Ова покажува колку вреди зборот „примирје“ кога ...

Алибаба во понеделникот го претстави својот нов модел на вештачка интелигенција, Qwen3.8-Max, со 2,4 трилиони параметри, најавувајќи дека наредната недела целосно ќе ги отвори неговите тежини за јавно преземање. Истовремено, шангајската компанија MiniMax го отвори кодот на својот нов мултимодален модел MiniMax H3. Наспроти праксата на американските гиганти како OpenAI, Гугл и Антропик, кои сметаат дека сопствените модели треба да останат ...

Реакција на Политичката партија Левица Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци“. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение ...

„Пред точно 34 години – на 4 август 1992 година – Руската Федерација една од првите ја призна Република Македонија како суверена, независна држава под нејзиното уставно име. Со тоа се отвори патот за воспоставување на дипломатски односи меѓу нашите земји“ – стои во соопштението на руската амбасада во земјава објавено денес. Од руската амбасада редовно упатуваат честитки до македонските граѓани, потсетувајки на вековните традиции и врски кои ...

Реакција на Политичката партија Левица по однос на изјавата на Христијан Мицкоски во Пелинце: На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе“, а вината за безнадежноста повторно ја ...

Откако американските вооружени сили спроведоа воена операција во Каракас и го киднапираа легитимниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, Доналд Трамп отворено објави дека САД ќе ја „водат“ земјата додека трае „транзицијата на власта“. Зад параволата за „борба против дрогата“ и „враќање на демократијата“ стои многу постара и попозната цел – контрола над едни од најголемите нафтени резерви во светот. Трамп самиот го призна тоа, ...

Чествувањето на „Илинден“ не помина без политички говори апстрахирани од реалноста. Светогледот на власта за тоа како живеат граѓаните, и она како навистина живеат граѓаните не соодветствуаат ниту најмалку едни со други. Потпретседателот на собранието Милошоски во Крушево зборуваше за грижата за демографијата, создавањето семејства и раѓањето деца како приоритет на актуелната Влада. „Грижата за семејството, особено за мајките и за децата, не ...

Македонија влезе во нов топлотен бран, под влијание на антициклонот „Олаф“ и топла воздушна маса од југ. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе преовладува сончево и екстремно топло време, со дневни температури над 32 степени низ целата земја. Во одделни делови, температурата ќе го надмине прагот од 40 степени Целзиусови, а највисоки вредности се очекуваат кон крајот на неделата и во текот на ...

Повеќе од две децении откако Вашингтон започна интензивна кампања против Боливарската Република Венецуела, новообјавен документ на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) покажува дека американската политика кон Каракас се темелела на сомневања, претпоставки и геополитички интереси, а не на цврсти докази. Во документ насловен Резиме на одбрани разузнавачки извештаи 2004-2020 година за можностите за манипулација со електронското гласање во ...

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почне нови преговори со Иран, и дека ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите ниту кој ќе учествува во нив. Тој на социјалната мрежа „Трут соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи нападот бидејќи постои можност за договор. „Сè беше подготвено. Побараа ...

Пред само неколку дена премиерот Мицкоски најави бактериолошки исправна вода за гостиварчани, но викендов колоните пациенти во гостиварската болница продолжија, помош побарале нови 84 пациенти. „Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе биде бактериолошки исправна. Но, замолувам за трпение, затоа што имаме сериозен пристап и ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1018
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
5.6
42%
1014
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
46%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.12
32%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
66%
1012
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.47
47%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 30ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
37%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
41%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
42%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
66%
1018
Currency

61.525

Currency

52.7447

Currency

71.7999

Currency

37.5118

Currency

38.1903

Currency

65.9148

Currency

7.83088

Currency

0.62743

Currency

0.33264

Currency

0.52461

Currency

1.0991

Currency

0.55125

Бакар

13.04

Сребро

2154.66

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Цинк

0.00

Платина

57871.34

Паладиум

42213.93

Калај

54.61

Рутениум

53852.50

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Злато

144260.40