Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштено во употреба ново мултифункционално спортско игралиште, наменето за спорт и рекреација на младите. Игралиштето симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Македонија. Новиот спортски терен го носи името „Адријан ...

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. ...

Во најновото соопштение публикувано од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а кое всушност е преземен статус од ФБ на пратеникот Бране Петрушевски се зборува за прашањето за платите. Соопштението на партијата, го пренесуваме интегрално: „Факти наместо политички конструкции. За помалку од 2 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ: Минималната плата порасна од 22.567 денари во 2023 на 26.046 денари во 2026, раст од 15,4%. Просечната плата порасна од ...

Тоа утро и тие неколку дена коишто следеа бев сведок на една безрезервна колегијалност, највисока меѓусебна поддршка, соработка и комуникација и доказ дека здравствениот систем навистина може да функционира. Може да функционира со сите свои капацитети. За жал, доказот беше онаа голема трагедија која што не сплоти, но ни отвори простор да научиме многу како треба да се подготвуваме, како треба да комуницираме и функционираме на дневна основа и ...

Република Србија испрати транспортен воен авион со којшто презедовме 17 пациенти за кратко време, кои беа примени на Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја, истакна хирургот Марко Јовиќ од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетскиот клинички центар Србија, во своето обраќање на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година ...

Во Пустец, Мала Преспа, денеска, беа доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни творби на деца учесници на конкурсот „Моите македонски корени“. -Беше навистина прекрасно да ги видиме младите со толку љубов и гордост како зборуваат за своите македонски корени. Токму ова е целта за која вреди да се работи – да се зачува и негува македонскиот идентитет и култура меѓу Македонците во Албанија, изјави, Елена Симонофски, претседателка на ...

Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, утре, без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Од претпријатието посочуваат дека со ...

Тоа утро на 16 март, бевме повикани од шефот на дежурната екипа во нашата Клиника Свети Наум Охридски, пет пластични хирурзи доктор Атанасова, доцент доктор Стевковска, доктор Шапова, и доктор Груев, како и тројца специјализанти доктор Шојлев, доктор Рајковска и доктор Арџанова. Во координација со нашиот директор доктор Настов, е повикан целиот врвен тим на наши анестезиолози, комплетно подготвени нашите операциони сали, нашите ...

Брзата тријажа, навремената проценка на изгорениците и итниот третман биле клучни за згрижувањето на повредените во првите часови по трагедијата во Кочани, истакна директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓорѓиевска на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Во своето обраќање Ѓорѓиевска посочи дека по повикот во ...

На вториот ден од одбележувањето на годишнината од кобната мартовска ноќ, денеска на сцената во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, беше изведена музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“, што го сочинуваат Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи – виолончело. Четворицата настапија со авторска музика и поезија на Виденовиќ. Проектот, според Марко Виденовиќ, е приспособен за ...

Клиничка болница Штип, како најголема регионална болница во источниот дел од државата, го презеде првиот удар по трагедијата во Кочани и во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени, изјави директорот на болницата Влатко Захариев на Меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Захариев истакна дека во првите 60 до 70 минути во болницата пристигнале околу 40 ...

За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. Меѓутоа оваа трагедија и одговорот на оваа трагедија ќе биде нешто што ќе не прати цел живот. Ќе го имаме за цел ...

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен настан во рамките на одбележување на ...

Еколошки ризици постојат и на други локации во земјава. Депонијата со стотици илјади кубни метри јаловина од хром кај поранешниот „Југохром“ со години се посочува како потенцијална опасност за изворот Рашче, од кој Скопје се снабдува со вода за пиење. Ана Чоловиќ Лешоска, биолог од граѓанската организација „Еко-свест“, во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека доколку дојде до загадување со шестовалентен хром, водата од овој извор не ...

По трагедијата во скопско Тафталиџе, жртвите на семејно насилство се охрабрија да пријавуваат. Во Женскиот центар за поддршка од Скопје, деновите по несреќата им стигнале повеќе пријави од вообичаеното. Главниот проблем зошто жените трпат насилство, од Центарот го лоцираат во недостигот на пари и нерешеното станбено прашање. Семејното насилство остава трајни последици и секогаш подобро е да се превенира и пријави навреме, за да не се случат ...

Дури 53 нестандардни диви депонии низ државава се потенцијална еколошка закана за животната средина. Единствената легална е скопска Дрисла, која е на граница на стандардна депонија, а уште една има и во Гевгелија. Проблемот, за кој со децении се чека решение, е резултат на несоодветно управување и негрижа на оние кои треба да стопанисуваат со цврстиот отпад. И во градските средини има отпад кој со години се трупал на повеќе од 2.000 локации – ...

„Животот продолжува, а секој нов ден е нова борба за подобра иднина“. Вака, во една реченица, 36-годишниот кочанчанец Драган Давитковски, еден од повредените, го опишува периодот од несреќата во Пулс до денеска. Тој се бори со лузните, но и со сликите кои го прогонуваат од таа кобна ноќ. Во пожарот изгубил двајца пријатели со кои заедно излегле. Вели дека денеска, во нивна чест, но и во чест на сите кои го загубија животот, учествува на ...

Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за телевизијата „Ен-би-си“, изјави дека, иако иранските власти имаат желба за постигнување договор, тој во моментов не е подготвен на таков чекор, бидејќи понудените услови не се доволно добри. Трамп не откри конкретни детали за преговорите, но рече дека секој иден договор мора да вклучува обврска од страна на Иран за целосно откажување од нуклеарните амбиции. Во однос на безбедноста на ...

На подрачјето на целата држава во текот на вчерашниот ден полициските службеници лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека ...

Триесет и седумгодишен скопјанец вчера пријавил во СВР Скопје дека тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица во подземна гаража на подрачјето на Центар, при што тројца од нив физички го нападнале, а едно лице било вооружено со огнено оружје. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека според пријавата од И.Т. настанот се случил вчера на 14 март околу 19:00 часот, а бил пријавен истиот ден подоцна во 23:00 часот. Во ...

Од Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин оддадоа почит и испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите. Со една од групите на велосипед беше кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов. Од Паркот на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата ја започнуваат новата теренска кампања „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство. Ова денеска го најави министерот Цветан Трипуновски. Во рамки на кампањата, два големи тима ќе посетат повеќе од 30 општини, додека шест помали тимови ...

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДСM делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски. Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДСM. ...

Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски терен, а по тој повод на отварањето на натпреварот присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ- Мирчовска. Министерот за здравство, Алиу истакна дека во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани Владата организира неколку настани, меѓу кои и кошаркарскиот натпревар ...

Во изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се вкупно седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, вчера, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека ...

Секој петок земјоделците ќе можат да разговараат со тимови од Владата кои ќе ги соберат нивните мислења за развој на земјоделството. 120 населени места ќе бидат посетени од шест тимови во речиси сите општини каде што е застапено земјоделското производство. Ова е дел од кампањата на Владата „гласот што го слушаме, македонското е најдобро“. Воедно, во следниот период, министерството најави дека два големи тима ќе посетат повеќе од 30 општини, ...

Македонија за првпат доби Национален план за справување со масовни жртви – документ што треба да овозможи побрза, поорганизирана и координирана реакција на институциите кога во краток рок има голем број повредени и загинати. Планот е усвоен на владина седница на 10 март по предлог на Министерството за здравство, а беше презентиран на меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година ...

Изутринава најстудено е во Берово каде се измерени -5 Целзисуови степени, а најтопло во Виница со измерени 3 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Измерените минимални температури изутринава се од -2 во Mаврови Анови, -1 во Битола, Струмица, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово и Претор, 1 во Велес, Kрушево, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип, 2 во Скопје-Зајчев Рид, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
82%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
2.06
57%
1022
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1017
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.05
96%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1024
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
7.15
82%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
50%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
43%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 2ᴼ
3.13
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
3.6
48%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
80%
1014
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Злато

153002.26

Бакар

12.18

Алуминиум

3.62

Кобалт

45.39

Паладиум

50026.56

Рутениум

53788.20

Калај

51.07

Иридиум

253540.09

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Родиум

326330.08

Цинк

0.00