Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Свети Кирил и Методиј оставија неизбришлива трага во историјата, а ние продолжуваме со нивната мисија да вложуваме во образованието и младите генерации како двигатели на идниот развој на Македонија – нагласува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Честит 24 Мај – Денот на светите браќа Свети Кирил и Методиј. Се поклонуваме со почит и благодарност и ...
Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот но и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина. Држава може да изгради патишта, мостови и фабрики. Но ако не создава образовани генерации, таа гради без темели. Светите Кирил и Методиј тоа го разбирале пред повеќе од единаесет века. Тие знаеле дека народот не се издигнува само со политичка моќ, туку пред сè со духовна зрелост и со просвета. најсилното ...
Кој знае подобро математика? Министерката за финансии или лидерот на СДСМ? Венко Филипче ја прифати поканата на Гордана Димитриеска Кочоска да седнат на заедничка маса за да ја разјаснат вистинската состојба на буџетот. Министерката за финансии се одлучи на овој потег по континуираните напади од СДСМ за состојбата на државната каса. Таа објаснува дека наспроти, како што ги нарече хистеричните прес конференции на опозицијата полни со ...
Детскиот културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни го организира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“ со поддршка на Град Скопје. По седми пат оваа година фестивалот на детска креативност ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници. На фестивалот ќе ...
Приведено е едно лице од беровското село Двориште кај кое биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Лицето е приведено во Струмица ноќеска во 02 часот. – Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е ...
Кога Константин Филозоф – Свети Кирил ја создавал глаголицата, а заедно со својот брат Методиј ја ширел просветителската мисија меѓу Словените, тие не создавале само писмо. Тие создавале можност цели народи да станат рамноправен дел од духовната и културната историја на Европа. Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, на ...
Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. – Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Од Моравската мисија, ...
Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово – ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола, констатирано е дека автобусот ...
Дрога била пронајдена при претрес на велешкото подрачје, по што приведени биле двајца 19-годишници и еден малолетник, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген ...
Рубин Земон ги разобличи Венко Филипче и СДСМ. Неговата кафе средба со Виктор Стојанов, покрај тоа што му ја заврши кратката партиска кариера, ја потврди и соработката на социјалдемократите со Бугарија. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека сите карти излегле на површина, и тоа преку Земон, за кој велат дека е човек на Заев, еден од најблиските луѓе на Филипче и врската на СДСМ со Софија. -Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон ...
Вртоглавици, главоболки, конфузност, дезориентираност, болки во зглобови, во мускули, варијации на притисокот се најчестите проблеми на кои што се жалат граѓаните во изминативе денови. Поради наглите температурни промени најчесто се жалат хроничните болни но не се изоставени и другите пациенти велат лекарите. Додаваат и дека е зголемен бројот на повици кон итната помош на дневно ниво и тоа за десет пати повеќе а најчестите причини се мозочни ...
Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската унија. Граѓаните наскоро ќе можат да разговараат, да испраќаат пораки и да користат интернет во европските земји без високи сметки, односно по домашни тарифи. Од Министерството за дигитална трансформација велат дека Македонија забрзано ги исполнува сите услови за приклучување кон европскиот роаминг-систем и дека државата е меѓу најподготвените во регионот. Клучниот ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 Септември“ ...
Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“. – Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал ...
Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. – Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се ...
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со ...
По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, изразуваме длабока почит кон делото на браќата кои ја поставија основата на словенската писменост, образование и духовна традиција. Нивната визија и просветителска мисија претставуваат трајна вредност и силен темел врз што се гради културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и на сите словенски народи, напиша министерката за финансии, Гордана ...
Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. – Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно ...
Нашата обврска е јасна: да го чуваме македонскиот јазик, да вложуваме во образованието, да веруваме во младите и да се обединиме околу прашањата што се поважни од дневната политика – нагласува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Денеска, во лулката на македонската писменост и духовност – Охрид, со почит и пиетет го чествуваме делото на Светите Кирил и Методиј ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се обрати на свечената академија насловена „Од слово до вечност“ што ќе се одржи во црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Претходно, премиерот Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на кејот во Охрид. Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне ...
Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена ...
Делото на Светите браќа Кирил и Методиј е нашата писменост и нашиот идентитет. Тоа е милениумската црвено-црна нишка со која го чуваме македонскиот јазик како најскапоцен дар со кој, како ретко кој народ, со гордост го носиме знаењето и просветителството. Делото на Светите солунски браќа е нашиот македонски цивилизациски код и најсилниот доказ за нашиот вкоренет идентитет на овие простори. Затоа што писменоста што ни ја дадоа е нашето ...
Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, ...
Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев во честитката по повод ...
Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин Филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел ...
Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и ...
Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот. На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. – Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на ...