Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат, стои во соопштението на ВРЕДИ. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со сопственикот на компанијата „Римин еар“, Раде Ивановски, кој е пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можностите за основна обука на „ер трактори“. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, кои имаат над 300 авиочасови во спортско ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март подигнале и транспортирале 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, а отстранети се и 2 315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош. Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, ...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок. – Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството. Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите ...

Во рамки на работната посета на Вашингтон министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на која ја реафирмирале заедничката определба за силно и долгорочно партнерство. -Остварив билатерална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на ...

Општина Илинден денеска прими значајна хуманитарна донација од општествено одговорната компанија ТАВ Македонија, во рамки на подготовките за традиционалната велигденска акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“. -Донацијата, која содржи прехранбени и хигиенски пакети наменети за социјално ранливите категории граѓани, му беше врачена на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски од генералниот директор на компанијата ТАВ ...

Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница обезбедувајќи првпат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за шесто одделение. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка во согласност со објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование, со кои се интервенира во членовите 10 и 15. Со овие измени ...

Сведоци сме секојдневно дека имаме нарушување на животната средина, загадување на воздухот, водата, почвата. Континуирано во претходниот период имаме издадено неколку ревизорски извештаи во кои укажуваме дека треба да се преземат мерки. Меѓутоа, очигледно дека поголемиот дел од популацијата се уште не можеме да разбереме дека сите сме дел од ова опкружување, дека животната средина ни припаѓа на сите а не само нам и дека и водите и минералните ...

Министерството за култура и туризам соопшти дека по долги години чекање и административни пречки почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија. Постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна ...

Борбата за еднаквост и унапредување на Ромите треба да биде цел на сите фактори во општеството. Ромската заедница е неразделен дел од ова општество, со истото достоинство, со истите права и со истата вредност како и секој друг граѓанин. Меѓутоа, еднаквоста на Ромите не се одразува целосно и во реалноста, тие сè уште се соочуваат со разни препреки или дискриминација во многу сфери од животот – беше посочено на настанот „Од невидливост кон ...

Странското манипулирање и мешање со информации претставува сериозна и растечка закана за демократските процеси, која бара јасна институционална подготвеност, координација и пристап што ја вклучува целата заедница. Ова беше заклучокот од тркалезната маса во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), на која домашни и меѓународни експерти упатија пораки дека борбата против СММИ не е само безбедносно, туку и општествено прашање, и ...

Следува период на променливо облачно и претежно стабилно време. Денес и утре ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Од утре до недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. Следува период на променливо облачно ...

Претрпладнево, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин е испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности. По подигнувањето на знамето, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием ...

Светскиот ден на Ромите не е само ден на одбележување, туку и на потсетување дека вредноста на човечкото достоинство е поголема од сите. Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки за визија и храброст. Затоа нашата визија почнува токму тука – со образование што ќе биде достапно за секое ромско дете. Со училишта во кои нема да постои поделба, туку можност. Со систем што не прави разлика, туку отвора врати – нагласи премиерот Христијан ...

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно поддржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски се обрати на митинг на владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во пресрет на парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април. На митингот во Будимпешта, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го вклучи Трамп преку телефонска врска. Во своето кратко обраќање, Трамп го пофали Орбан и им порача на поддржувачите на неговата партија дека има голема почит кон ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“. „Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите ...

Иранскиот Врховен совет за безбедност денеска објави дека разговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад, откако официјален Техеран преку посредништво на Пакистан достави предлог од 10 точки до Вашингтон, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека разговорите не сигнализираат крај на војната. Иран објави дека разговорите, кои би можеле да траат до 15 дена и би можеле да се продолжат со договор, имаат за цел ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно и ...

Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, ...

Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА, ќе одржи меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“. На отворањето на настанот ќе се обратат Максим Ацевски, главен државен ревизор на Северна Македонија и Бјанка Бретеше, заменик-директор на програмата ОЕЦД-СИГМА. Како што најавија организаторите, настанот ќе ги собере челниците и експертите од врховните ...

Државата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем“ – потенцира директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов во гостување на една од националните телевизии. Тој што одговори на повеќе прашања во врска со состојбата во Фондот и вкупната ситуација со пензискиот систем во земјава. На констатацијата дека Фондот се соочува со проблеми и недостиг на средства тој рече дека без разлика на проблемите пензии ќе има. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница. – Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права – ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, во која наведува дека Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество. – Почитувани сограѓани Роми, нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие Ромите историски и ...

СДСM, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја ...

Демократскиот сојуз (ДС) ги осудува политички мотивираните протести поради наводно скратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница, се вели во соопштението од ДС. Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше ...

Меморандум за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас потпишала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во рамките на официјалната посета на македонската владина делегација на САД. – Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на ...

Во време кога културата сè појасно се афирмира како моќен инструмент за поврзување на народите и градење меѓусебно разбирање, директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митревски. Како што соопшти Пејковски, средбата се одвивала во атмосфера на взаемна почит и конструктивен дијалог, проследена со јасна визија и искрена ...

Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според подносителите, се во спротивност со Уставот и законите. Меѓу иницијативите што се на дневен ред е споpниот дел од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, којшто се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Како што соопшти Министерството, Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во рамки на дијалогот, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 6ᴼ
1.03
46%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.2
75%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.58
96%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
74%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
71%
1013
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
82%
1016
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

3.44

Бакар

12.22

Платина

67516.57

Злато

166450.52

Родиум

324722.54

Калај

49.91

Алуминиум

3.60

Сребро

2840.84

Паладиум

49815.70

Рутениум

55395.74