Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерот за спорт, Борко Ристовски, утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер, каде што зборуваше за постигнатото во претходните неполни две години. Тој истакна дека во овој период биле реконструирани пет спортски сали, а започнала изградбата на уште три нови. Ристовски соопшти дека биле изградени и уредени над 50 спортски игралишта низ државата. Според него, во изминатиот период биле изградени и седум базени. Министерот во емисијата ...
Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), првпат по закрепнувањето од ...
Општина Бутел соопшти дека започна активности за поставување на видео надзор на јавните површини во општината. Во изминатиот период, беа оштетени голем број на детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови. Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Поставувањето на видео надзорот ќе придонесе за намалување на ...
Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. ...
Партијата на пензионери изразува сериозна загриженост за сознанијата кои ги изнесе Агенцијата за храна и ветеринарство, а во врска со манипулациите на одреден број на компании за производство на храна во млечниот и сувомесниот сектор, се вели во соопштението од Партијата на пензионери. Во исто време ја потикнуваме Агенцијата за храна и ветеринарство, во најскоро законско предвидено време официјално да ги соопшти имињата на сите овие компании ...
Со инвестиција од 4,2 милиони евра првпат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената во општините. Ова е најголема поддршка досега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиената – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на работилницата „Планови за одржлива урбана мобилност“. – Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град ...
Со изведување материјални докази, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ има голема определба земјата да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж оти припаѓаме на европското семејство, но повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Сепак, изрази надеж дека „нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат доста ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %. Цените на угостителските услуги во мај ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и топло време. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Заради поголема енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, велат од УХМР. Утринските и дневните температури ќе бидат високи. Дневните ќе достигнат до 35 степени во четврток. Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо ...
Во 2025 година социјална заштита користеле 76 250 лица, од кои 16 743 малолетни и 59 507 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество од 50.3 % имаа услугите на социјалната работа. Од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, пак, најголемо учество од 84.6 % имаа услугите на социјалната заштита. Во 2025 година, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата. – Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и ...
Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Како што информира заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, основната цел на измените на Законот е да се воспостави фискално одржлива рамка ...
Во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година беа потпишани договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на Работилницата посветена на изработка на Планови за ...
Предлогот на Франција и Германија е искрен и реален, којшто забележително нуди една опција на што повеќе интегрирање, но исто така забележливо е дека нуди членство кое не би било полноправно, барем не во овој момент, изјави денеска Антонијо Милошоски потпретседателот на Собранието и претседавач со 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на ...
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски. -Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од кабинетот на ...
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и ...
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Македонија за првпат е избрана за членка на ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Како што информираат од Народна банка, во текот на разговорите била истакната досегашната соработка меѓу Народната ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ. За средбата Мицкоски информираше дека со Беќировиќ размениле мислења за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. „Ваквите средби се добра можност за зајакнување на меѓусебното разбирање и продлабочување на соработката меѓу нашите ...
Дијалогот останува најсилната алатка за постигнување одржливи и избалансирани решенија на пазарот на трудот, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во обраќањето на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Во своето излагање, како што соопштија од Кабинетот на министерот, Дурмиши истакна дека Владата е цврсто посветена на реформите на пазарот на трудот, модернизацијата на трудовото законодавство и ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- ...
Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи ...
Со девет гласови „за“, членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска изгласаа дека Предлог на законот за соодветна и правична застапеност е прифатлив и проследен на понатамошно читање во Собранието. Членовите на Комисијата, исто така, попладнево дадоа поддршка за одржување на јавна расправа по овој Предлог на закон. Пратениците од албанската опозиција на расправата упатија критика дека во ...
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на ...
Размената на добри практики може значително да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор, и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од Сузана Крчмар. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, во фокусот на разговорите биле положбата на Ромите, ...
Во близина на Пула, Хрватска, се урна мал авион. Четворица загинати. Како што пренесуваат хрватските медиуми, загинатите се странски државјани. Првичните информации укажуваат дека авионот полетал од Германија, а летот наводно не бил претходно најавен во Хрватска. Според сведоштва од местото на несреќата, леталото при ударот во земјата се преполовило. Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а истрагата за причините за ...
Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница по спроведената постапка и разгледувањето на кандидатурите за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за оваа позиција го предложи Исмаил Синани. Во Комисијата денеска се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од ...
Поради инсталирање на СКАДА системот за мониторинг на дистрибуција на водата за пиење низ водоводната мрежа во Филтер станицата во текот на вечерните часови можни се прекини или намалувања во снабдувањето со вода пред се во високите зони на градот Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски на денешната прес-конференција истакнаа дека во тек е реализација на еден од најзначајните ...
Со цел поефикасна подготвеност и координација за справување со пожари на отворен простор во претстојната летна сезона, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, одржа два работни состанока со претставници на доброволни противпожарни друштва (ДПД) од земјава.. Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот за заштита и спасување, со цел поефикасно дејствување при ...