Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на отпочнувањето со изградба на канализационен систем за отпадни води во село струшкото село Враништа. На настанот на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицковски, ресорниот министер истакна дека само рамномерен ...
Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците. – По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите ...
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија „BB+“ со стабилен изглед, испраќајќи јасен сигнал за доверба во економските политики на земјата, информираат од Министерството за финансии (МФ). -Во последниот извештај, „Фич“ истакнува дека кредибилните и конзистентни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и поволните показатели за управување во однос на земјите со сличен ...
Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака наша“ во соработка со учениците од средното училиште „Наце Буѓони“ денеска пред Велигден организираа празничен базар на кој понудија рачно изработени продукти. Корисниците имаа прилика да ги покажат не само своите изработки туку и своите способности и капацитети за развој на нивните професионални вештини. Во работилниците на „Порака наша“, корисниците изработуваат ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време. Од општината соопштија дека во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од ...
Општина Маврово и Ростуше, согласно програмските определби на градоначалникот Онер Јакупоски и со поддршка на Советот на општината, воведува еднократна финансиска помош за секое второ и трето а ја зголемена за првородено дете, изјави Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста – Согласно новиот правилник, висината на помошта за првородено дете, што како право се исплаќа од 2018 година, се зголемува и таа сега изнесува 10 ...
Градоначалникот на Берово, Петар Ружински го потпиша договорот со фирмата иизведувач, Фабрика Карпош – Скопје, за изградба на мултифункционална сала, во рамки на Домот на култура „Димитар Беровски“. Новата сала како што информираше беровскиот градоначалник ќе се гради на местото на поранешното кино, во центарот на Берово. -Проектот е во вредност од 115.274.195,00 денари и е финансиран од Владата, преку програмата за инфраструктурни проекти во ...
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека донела План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност. Како што информира УЈП, овој концепт претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација ...
– Во Уставниот суд денеска се одржа Отворен ден за граѓаните, по втор пат, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност и директна комуникација со јавноста. Претседателот на судот, Дарко Костадиновски, како што информираат, остварил средби со десетици граѓани кои пројавиле интерес за работата и надлежностите на институцијата. -Граѓаните се интересираа и бараа информации во врска со предмети од јавен интерес, како и појаснувања за ...
Пред да изгреат првите сончеви зраци, Соња Пикова Рунтева, од Штип, ја продолжува традицијата што ја негува речиси половина век. Во раните утрински часови, таа ги бојадиса велигденските јајца. И оваа година, како и секоја претходна, бојадиса 33 јајца, бројот на годините што ги имал Исус Христос кога бил распнат. Велики Четврток е денот на Тајната вечера и почетокот на Христовото страдање. Јајцето претставува нов живот и надеж, додека црвената ...
Изградбата на сите автопатски делници долж Коридорот 8 се одвива согласно предвидената динамика. Со силни заложби на Владата, изградбата на автопатот Кичево–Охрид, која со децении тапкаше во место, ќе биде реализирана во предвидениот рок и покрај тешкотиите на кои што наишле, посебно во делот на обезбедување средства за довршување на оваа многу важна делница. „Заемот кој што го добивавме од кинеската Ексим банка повеќе не го добиваме, ...
Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решаваат што по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, а повеќе почитување на волјата на луѓето. Од Министерството за здравство откриваат дека со измените се проширува и кругот на живи ...
Дијабетичарите во земјава со месеци се соочуваат со недостиг од лекови, ленти за мерење шеќер и сензори, што сериозно им ја отежнува состојбата. Многумина се принудени да ги купуваат од свој џеб или меѓусебно да позајмуваат. Недостигот од лекови, велат, го зголемува ризикот од компликации кај дијабетичарите и бараат од надлежните да ја забрзаат достапноста. Од Министерството за здравство, пак, велат дека антидијабетната терапија ја има во ...
Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ, со што на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ. Влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија, со цел ...
Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и дел 4 од мајор коритото на Крива Река, финансиран од Владата на Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 27.7 милиони денари, а со истиот е планирана изградба на: пешачки и велосипедски патеки, цветни леи, уредени зелени површини, пешачки мостови, уредени плоштади и простори за одмор и дружење, со ...
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево – Охрид оваа делница ќе стане функционална. – Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Моментно се работат галериите. Имавме мала тешкотија, морам да признам, особено во делот на ...
Од почетокот на годината заклучно до вчера откупени се околу 35 милиони килограми зелка. Откупот се одвива непречено, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на струмичкиот регион. – Ако зборуваме за пролетната, млада зелка од оваа реколта, од крајот на февруари до вчерашниот ден откупени се околу 30.000 тони. Откупот се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на ...
– Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, предизвиците со цената на горивата остануваат и се следат на дневна основа. Истакнува дека Владата се справува прилично стабилно и покрај, како што изјави денеска, историски најголемиот обем на криза. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, потенцира дека имаме доволно резерви, нема најава за какви било ...
Инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните, енергетска стабилност, сајбер безбедност, унапредување и во делот на одбраната. Засилувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД може да донесе само добро за македонските граѓани. Според познавачите квалитетната и блиска соработка меѓу Скопје и Вашингтон ќе биде од корист и за двете страни, со оглед на добропознатата позиција на САД во светските политички текови. -Се ...
Споредба на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата за да се знае дали и колку поскапеле основните прехранбени производи. Премиерот Мицкоски вели дека го задолжил Министерството за економија и труд да изработи анализа, за Владата да ги планира следните чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните. Резултатите од деталното истражување ќе бидат познати по празниците. Во пресрет на Велигден, Државниот пазарен инспекторат ги ...
Македонија рапидно старее – бројот на луѓе со наполнети 80 години од 22.000 колку што е сега, ќе порасне на дури 144.000. Пензискиот систем едвај се одржува, и цело време е во минусно сладо, состојба која може да се влоши со стареењето на нацијата. И не само што старееме, туку и државата веќе пет години нема никаква стратегија за луѓето постари од 65 години. Фрапани податоци од истражувањето на државниот завод за ревизија за периодот од ...
По повеќе од две децении повторно ќе почне да функционира средното полициско училиште. Оние кои сакаат да работат во иднина како полицајци, прво ќе треба да поминат две години во средно училиште, а следните две во полициската академија, која ќе функционира во склоп на центарот за обуки во Идризово. Училиштето ќе започне со работа на 13 мај, а кандидатите ќе треба да исполнуваат повеќе услови, првенствено да се здравствено и психофизички ...
Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено запирање на работите во државниот каменолом поради наводно оштетени куќи, вили и хациенди. Контрадикторни постапки на ореовчани кои завршиле и со изгубен судски спор. Дел од соптвениците на имоти во ова село прават се и се жалат секаде во обид да го блокираат пристапот до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот, дел од Коридорот ...
Родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во текот на судењето ќе слушнат од што точно и како загинаа нивните деца. Овој одговор го добија дел од нив кои изутрината дојдоа во Институтот за судска медицина во Скопје на средба со директорот, Александар Станков. Тој им објаснил дека Институтот не смее да дава никакви податоци за извршените анализи поврзани со нивниот дел од работата во случајот, бидејќи тие анализи се дел од доказната постапка ...
Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски не е во животозагрозувачка состојба. Втор ден како е сместен на Клиниката за нефрологија, поради проблемите кои ги има со бубрезите. Неговата хоспитализација ја одложи седницата пред апелационите судии за 11 мај. Неговиот адвокат бара тој да биде задржан на болничко лекување бидејќи, како што тврди, резултатите на Видевски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Македонија. Во своето обраќање, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ги истакнал клучните надворешнополитички приоритети на државата нагласувајќи ја посветеноста кон ...
Приведен бил радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината ...
На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување – соопшти Министерството за здравство. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица што може да бидат живи донори на органи, олеснување и измена на ...
Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред. Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на ...
Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решваат што со по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, повеќе почитување на волјата на луѓето.Од Министерството за здравство откриваат дека со измените се проширува и кругот на живи донори. ...