Хрватската Влада на денешната седница ќе донесе Одлука за висината на основицата за пресметување плати на државните функционери која ќе се зголеми на 947,18 евра бруто, односно за 83,45 отсто, додека платите на претседателот на државата, Владата и Собранието ќе се зголемат за околу 70 проценти, јавија хрватските медиуми. Основицата за плата на државните функционери во моментов изнесува 516,29 евра, но по седницата на Владата денеска – таа ќе ...

Откривањето на полиовирусот во Појасот Газа е крајно исклучително и дополнително го влошува статусот на окупираната територија како едно од најопасните места во светот за децата, предупреди извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел. Таа изрази загриженост и поради ширење на други заразни болести во Појасот Газа, како што е колерата. – Кога децата се гладни и слаби, нивните тела се многу поранливи и поподложни на овие болести, посочи Расел, ...

Француските власти почнаа голема операција за чистење на компјутери заразени од програма за кибершпионажа која погоди милиони корисници ширум светот. Во пресрет на Олимпијадата, оваа операција покажува дека различни играчи во Франција и во странство се мобилизирани да се борат против сите форми на кибер криминалот, се наведува во соопштението на главниот париски обвинител, Лоре Беку. Таа истакна дека иследниците таргетирале мрежа на ботови ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а ...

Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп. Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија. Сепак, две ...

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто во однос на одлуката од 15 јули. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1 денар за литар. Малопродажната цена на ...

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите. – Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8 Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ...

Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката ...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз. -Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми. Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од ...

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен синоќа изјави дека неколку дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана. Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, ...

Бајден ја донел оваа одлука дури по долга дискусија со двајца негови најблиски соработници, Стив Рикети и Мајк Донилон. Тие го посетија во неговиот дом во Делавер за да го убедат дека по неговиот настап за време на дебатата против Доналд Трамп, нема шанси да го победи републиканскиот кандидат во ноември, пишува Политико. Двајцата му ја пренесоа загриженоста искажана од американските конгресмени, укажаа на забавувањето на протокот на донации и ...

Њујорк тајмс ја одбележи првата четвртина од 21-от век со прилично амбициозен проект – листа од 100-те најважни и највлијателни книги објавени по 2000-та. За таа цел се обратиле до серија познати писатели, критичари, јавни личности кои имаат познавања од квалитетна книжевност. Дел од учесниците кои препорачале по неколку наслови се Стивен Кинг, Бони Гармуш, Клаудија Ранкин, Џејмс Патерсон, Сара Џесика Паркер, Карл Ове Кнаусгард, Елин ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. UV=9 Во Скопје, сончево и многу ...

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково. До овој момент не се загрозени населени места и објекти. ...

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата. Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа ако се освои само половина Америка. Зборувајќи за нападот на ...

„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности, ќе се одржи во главниот град на државава од 23 јули до почетокот на август. Како што денеска информираат „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде ...

Претседателот на САД, Џозеф Бајден е поизолиран од кога било, а многу високи функционери на Белата куќа и демократски претставници сега веруваат дека тој мора да се откаже од својата кампања за втор мандат – и тоа многу брзо. „Следните 72 часа се клучни“, рече синоќа еден демократски гувернер во близок контакт со партиските функционери и соработници. „Ова не може да трае уште долго“. Повеќе извори велат дека некои од главните советници на ...

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела. Како што информираат од ДПМ, за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“; „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“; „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“; „Параглајдери ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намали за 1,50 ...

Продолжува топлотниот бран на Балканот кој трае повеќе од 10 дена. Целиот Балкан и делови од Источна Европа се под топлотен бран од почетокот на јули, а се предвидува дека горештините ќе траат уште две недели, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe (СВЕ). – Ова е историски топлотен бран со дневни температури кои го надминуваат прагот од 40 степени Целзиусови. Најинтензивен е на Балканскиот Полуостров и во Источна Европа. Морињата ...

Бразилските власти почнаа „мега операција“ во Рио де Женеиро, испраќајќи речиси 2.000 воени и цивилни офицери во 10 сиромашни населби за да ја вратат контролата врз областите во кои доминира организираниот криминал. – Безбедносните сили на државната влада се на улица и се борат против криминалните организации кои сакаат да земат граѓани како заложници, изјави гувернерот Клаудио Кастро. Полициски службеници се распоредени во западниот дел на ...

ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8. Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта. ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што ...

Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава на Мицкоски кој вели дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола. Ваквите паушални изјави покажуваат дека воопшто не е загрижен, ниту ја има состојбата под контрола. Наместо да биде дел од кризниот штаб и да се информира за состојбата, тој се обидува си прави партиски прошетки во Охрид за дневни ПР промоции на проекти од времето на СДСМ, реагираат од СДСМ. „Задоцнетата реакција и ...

Пожарот над Радовиш е ставен под контрола, изјави вечерва градоначалникот на градот Ацо Ристов. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека локалните пожарникари ќе дежураат во текот на целата ноќ и нема да дозволат тој да се прошири. -Пожарот во Радовиш е ставен под контрола. Граѓаните да бидат мирни и безбедни. Во текот на ноќта ќе дежураме и мислиме дека до сабајле ќе биде локализиран. Беше напорно, беше ...

На територијата на Макединија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, а во доцните попладневни часови ќе има услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, поизразен во североисточните делови. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) повторно ќе биде висока 10. Утринските температури се движат од 12 во источните планински области до 21 од северозападните преку централни до ...

И денеска сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез во државава не е поразлична од останатите денови. Стотици возила чекаат да ја преминат македонско-српската граница. Според информациите се чека и над 40 минути за влез во Македонија Слична е ситуацијата и на ГП „Богородица“ за излез од Македонија кон Грција. Од АМСМ известуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На обиколницата ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кое, меѓудругото, повикува на разговори со Кина за „мировна конференција“ и обновување на дипломатските односи со Русија, објави германски „Билд“. Весникот наведува дека Орбан изнесол збирна оценка по неодамнешните разговори со лидерите на Украина, Русија, Кина, Турција и поранешниот американски претседател Доналд Трамп за конфликтот во Украина, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
64%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
63%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
57%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.46
85%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1021
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
79%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
44%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
52%
1016
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
52%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
81%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Калај

43.90

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07