
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



LinkSense.mk Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поткопуваат безбедноста и ги ставам европските и американските војници на зголемен ризик, пренесува Гардијан. Тој смета дека секој напад врз западната воена алијанса ќе биде дочекан со обединет и силен одговор. Оваа негова порака доаѓа откако Трамп изјави дека не би штител ниту една земја членка на НАТО ако не си ...
LinkSense.mk Првата дама на САД, Џил Бајден, им порача на донаторите на кампањата дека не знае што се обидувал да добие специјалниот обвинител Роберт Хур кога му предложил на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, да не се сети кога починал неговиот син Бо. „Треба да имаме разбирање за сè и не можам да замислам дека некој ќе се обиде да ја искористи смртта на нашиот син за да добие политички поени“, напиша таа во мејлот до ...
LinkSense.mk Соопштение од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски: Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја ...
LinkSense.mk Бројот на активни корисници на социјалните мрежи се искачи на повеќе од пет милијарди, или околу 62,3 отсто од човештвото, според неодамнешна објавена студија. Бројот се зголеми за 5,6 отсто од минатата година, надминувајќи го растот на светската популација од 0,9 отсто, се вели во извештајот на компанијата за следење медиуми Мелтвотер и агенцијата за социјални медиуми We are Social. Социјална мрежа со најмногу корисници е Фејсбук ...
LinkSense.mk Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи. Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и сабота и недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни ...
LinkSense.mk Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, вели вицепремиерот за економски прашања и потпретседател во СДСМ, Фатмир Битиќи, во синоќешното интервју за ТВ Алсат на прашањето дали би прифатил да биде претседателски кандидат на претстојните избори. Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања и потпретседател на СДСМ Битиќи во интервјуто вели оти добил номинација од значителен дел од ...
LinkSense.mk Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека бил претеран воениот одговор на Израел во Појасот Газа. – Јас навистина се залагам хуманитарната помош да стигне во Газа. Јас сум и за прекин на огнот, за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што поскоро, има многу невини луѓе, многу оние кои гладуваат, кои се во неволја и кои умираат, посочи Бајден. Белата куќа соопшти дека нема да поддржи никакви ...
LinkSense.mk Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален поднесок во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи, рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо. -Се чинеше дека судиите се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и оти се потребни одредени ...
LinkSense.mk Неопходен е парламентарен дијалог меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата, тоа е клучно за ефикасна работа на Собранието, порачаа на денешната средба претседателот на Собранието Јован Митрески и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Прајс Агелер. Според Агелер, независно што во овој предизборен период функционира техничка Влада, во интерес на граѓаните е институциите да бидат ефикасни. Следува исклучително важен период за ...
LinkSense.mk Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на Скопскиот универзитет. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство ...
LinkSense.mk Британскиот принц Вилијам вчера им се врати на должностите по операцијата на неговата сопруга Кејт и веста дека кралот Чарлс Трети боледува од рак, а неговиот помлад брат Хари се враќа во САД откако го посети нивниот татко. Престолонаследникот Вилијам ги одложи планираните ангажмани за да се грижи за своите деца, откако 42-годишната Кејт на 16 јануари беше подложена на операција на абдоменот и помина две недели закрепнувајќи во ...
LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал. Амбасадорот Вал му го честиташе на премиерот Џафери изборот на претседателската позиција во Владата, како и мандатот на новоизбраниот владин состав, а фокус на разговорот на состанокот беа претстојните редовни претседателски и парламентарни избори. Претседателот на Владата, Џафери, ја истакна ...
LinkSense.mk Топлата дождовна сезона во Бразил го засили ширењето на вирусот денга, што ги принуди надлежните здравствени институции да преземат итни мерки и да почнат со масовна вакцинација против болеста што ја пренесуваат комарците. Во првите пет недели од оваа година се регистрирани 364.855 случаи на денга треска, четири пати повеќе отколку во истиот период во 2023 година, соопшти Министерството за здравство на Бразил. Брзото ширење на денга ...
LinkSense.mk Врховниот суд на САД ќе разгледува дали на Доналд Трамп треба да му се забрани да се кандидира за претседател. Судиите ќе проценат дали одлуката на сојузната држава Колорадо да го отстрани Трамп од гласачкото ливче е валидна. Одлуката на судот ќе влијае и на одлуките на другите сојузни држави кои имаат или би сакале да го отстранат името на Трамп од гласачкото ливче пред претседателските избори во 2024 година. Трамп е апсолутен ...
LinkSense.mk Претседателот на САД Џо Бајден, додека раскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол на местото на поранешната канцеларка Ангела Меркел. Тоа беше вторпат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години. Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал доколку ги прочита вестите за луѓе кои упаднале ...
LinkSense.mk Власта на ДУИ и СДСМ потврди дека за набавка на апарати за коцкање ќе плати 12 милиони евра. Во време кога велат дека немаат пари за учебници, за повисоки плати, за подобрување на студентскиот стандард, Груби и екипата предвидуваат 12 милиони евра за апарати за коцкање, непосредно пред изборите – се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Ако се земат предвид и другите набавки на апарати за коцкање, во последните ...
LinkSense.mk Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Како што стои во соопштението, според ...
LinkSense.mk СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го штити нивниот животен страндард. За период од шест години, во кризни периоди, СДСМ во четири наврати ја зголеми минималната плата. Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари. Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари. СДСМ низ социјален дијалог со ...
LinkSense.mk Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи . Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен ...
LinkSense.mk Русија денеска изврши ракетни напади врз Киев и други украински градови за време на утринскиот сообраќаен шпиц, при што загинаа три лица, а беа ранети најмалку десетина, соопштија украинските власти, додавајќи дека нападите предизвикале пожари низ главниот град. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека две лица се убиени во Киев и едно во Миколаев, на југот на земјата. „Уште еден масовен напад врз нашата земја. Шест региони беа ...
LinkSense.mk Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик” и „рибелсус” согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки. Во врска со инсулинот „Ryzodeg”, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се ...
LinkSense.mk Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за euronews.albania изјавил дека претседател на државата може да биде и Албанец само доколку ја има поддршката од сите етникуми. Според него, етнички Албанец не може да биде шеф на државата без гласовите на сите етникуми. „Избран бев благодарение на гласот на сите гласачи од сите етникуми, вклучително и на Македонците кои го сочинуваат најголемиот број во државата, се ...
LinkSense.mk Денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија соопштија дека „за жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин“. Од Министерството за здравство, официјално им одговориле дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – ...
LinkSense.mk Со предлог-законот за рестриктивни мерки на МНР, во изменета форма, што министрите го одобрија на владина седница и го пратија на одлучување во парламентот, се предвидува лице што е на „црна листа“ на властите на САД и Обединетото Кралство да не може да се кандидира ниту да извршува јавна функција, а тоа или правното лице, нема да може ниту да учествува на тендери. Со измените на Законот за рестриктивни мерки се прошируваат целите ...
LinkSense.mk Казахстан, според новиот нацрт-закон, би можел да почне со хируршко отстранување на гениталиите на најлошите престапници педофили, пишува Дејли Мејл. Тоа е најавено после жалбите на пратениците дека системот за хемиска кастрација, еден од најстрогите во светот, не ги одвраќа сторителите на сексуалните престапи над децата. Елнур Бејсенбаев, заменик и извршен секретар на владејачката партија Аманат, рече дека владата е „без кичма“ и ...
LinkSense.mk Групациите во Европскиот парламент (ЕП) кои припаѓаат на националистичката десница и екстремната десница имаат најголеми шанси на претстојните избори за ЕП, оценува денеска „Политико“. Во анализата, порталот наведува дека претстојните избори нема да резултираат со создавање коалиции меѓу десните и левиот центар, кои ја „изградија Европската Унија“ и кои ги држат порадикалните партии на страна, туку предвидува дека следниот состав на ...
LinkSense.mk Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно). Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани. И во Бања Лука компанијата укинува две ...
LinkSense.mk На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради зголемена простата, соопшти вчера Бакингемската палата. Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на рак се работи. Се додава дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување. „Кралот Чарлс одлучи да соопшти дека ...
LinkSense.mk Властите во бразилскиот град Рио де Женеиро прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради појава на Денга треска, само неколку дена пред почетокот на карневалот низ Бразил. И покрај тоа, не се очекува епидемијата да го наруши карневалот, кој официјално почнува во петок навечер и ќе трае до 14 февруари. Градското собрание на Рио де Женеиро најави отворање на 10 центри за нега, центар за итни случаи и распоредување на ...
LinkSense.mk Втора последователна „атмосферска река“ ја погоди вчера Калифорнија, а објавено е и првото предупредување за ветрови со ураганска сила во таа држава.Терминот го опишува систем кој носи огромни количини на влага. Најнаселената американска сојузна држава се подготвува за период на обилни врнежи и прекини на електричната енергија за речиси 800.000 луѓе, а 97% од населението на Калифорнија се соочува со можни поплави. Циклонот бомба ...