LinkSense.mk Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава, нема регистрирано мали сипаници, овие податоци се заклучно со 22 февруари, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Дека е зголемен интересот за вакцинација против пертусис, народски позната како голема или магарешка кашлица, потврди вчера заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на ...

LinkSense.mk Најмалку 23 Палестинци се убиени вчера вечерта во израелско бомбардирање на куќи во централна Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Министерството, исто така, извести дека израелските сили извршиле рација во здравствениот комплекс „Насер“, најголемата функционална болница во Газа, набргу откако од неа се повлекле. Светската здравствена организација вели дека болницата во Кан Јунис, втората по големина во Газа и ...

LinkSense.mk Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ во спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, предвидено е да има над 400 вработени. ...

LinkSense.mk Соединетите Американски Држави од денес воведуваат нови санкции против Русија во акцијата за одбележување на втората годишнина од руската инвазија на Украина, изјави за Ројтерс заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо. Адејемо наведе дека предмет на санкции на оваа акција ќе бидат 500 цели. „Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе биде насочена кон руски воено-индустриски комплекси и компании во трети земји ...

LinkSense.mk Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека претседателот на Украина може да бара сè, но дека Полска не може да му даде сè. Тој додаде дека полската Влада не може многу да направи за блокадата на границата со Украина и го упати на преговори со полските земјоделци, оценувајќи дека неконтролираниот увоз на украинско жито е европски проблем. „За Украинците не може да се каже дека се неблагодарни. Тие се во тешка ситуација. ...

LinkSense.mk Соопштение за јавност Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните. Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други ...

LinkSense.mk Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се ...

LinkSense.mk До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почнува утре. Од ДИК информираат дека тројца од подносителите на изјавите, Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, ќе собираат потписи за кандидатура во ...

LinkSense.mk Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во градскиот парк во Скопје се сретнал со маратонецот Дарио Ивановски, кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој му честитал на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ...

LinkSense.mk Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ. Според ...

LinkSense.mk Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...

LinkSense.mk Стабилното, суво и релативно топло време, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, на некои места и до 17 степени, го поттикнаа пролетното будење на овошките, особено на коскестите видови кои и вообичаено се првите што почнуваат со вегетација. Ова, според агрометеоролозите, особено се однесува на растенијата во јужните делови од земјава и Повардарието. -Ваквите временски услови се ...

LinkSense.mk Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најавува дека нови 140 илјади обрасци за патни исправи пристигнуваат во земјава, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85 илјади обрасци. – Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на пат кон Република Северна Македонија. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една ...

LinkSense.mk Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит. На средбата од страна на соговорниците беа нагласени одличните економски врски што постојат помеѓу двете држави, што се препознава и преку неодамна пројавениот интерес на ...

LinkSense.mk Минатата година во Шпанија се регистрирани 322.075 раѓања, што е најниско ниво откако ваквата статистика почна да се води во 1941 година, соопшти вчера Националниот институт за статистика. Ова е „намалување од два отсто споредено со претходната година“, се вели во соопштението на Националниот институт за статистика. Стапката на наталитет во Шпанија е втора најниска стапка во Европската унија. Според најновите бројки на Евростат од ...

LinkSense.mk Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 5 до нула степени, а во текот на денот од 10 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен ...

LinkSense.mk Соопштение за јавност ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор. ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го ...

LinkSense.mk Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според ЕМС. Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран и во Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, ...

LinkSense.mk Израел денеска го продолжи смртоносното бомбардирање на Газа, додека Вашингтон стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на прекин на огнот на палестинската територија. Глобалните сили, иако настојуваат, досега не успеаја да најдат излез од растечката криза, а ниту напорите за посредување не обезбедија примирје. Агенцијата за храна на ОН вчера соопшти дека морала да ги запре ...

LinkSense.mk Стотици украински војници исчезнаа или се заробени од руски единици за време на нивното хаотично повлекување од градот Авдиевка, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи западни претставници и војници кои се борат за Украина. – Тоа е катастрофална загуба за Киев што може да му нанесе удар на веќе ослабениот морал по минатогодишната неуспешна контраофанзива и смената на главниот командант Валериј Залужни, наведува весникот. ...

LinkSense.mk „Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен“ велат од СДСМ. Порачуваат дека „Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока“. „МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. ...

LinkSense.mk Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова, како што соопшти ЦБК, е еден од директните ефекти на Правилникот за готовинско работење од неговото донесување, „придонесувајќи за ...

LinkSense.mk Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите ...

LinkSense.mk Рускиот министер за земјоделство вчера изјави дека Москва испратила 200.000 тони жито во шест африкански земји, бесплатно, како што во јуни ветил претседателот Владимир Путин. „Русија им даде по 50.000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25.000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја“, реферирал министерот Дмитри Патрушев на средбата со Путин, пренесе Кремљ. Путин го вети житото на состанокот со ...

LinkSense.mk Двегодишниот Картер Далас од Велика Британија стана најмладиот кој стигнал до базниот камп на Монт Еверест. Иако на крајот на планинарењето се качил на грбот на неговиот татко Рос, момчето успешно стигна до кампот лоциран на повеќе од 5.300 метри височина, пишува Дејли Меил. Со него била и неговата мајка Џејд, а целото семејство моментално е на едногодишно патување во Азија, во текот на кое кампот во јужниот дел на Непал им бил една ...

LinkSense.mk Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави повик за учество во втората едногодишна програма за симулирање живот на Марс, наречена „Аналог за испитување на здравјето на екипажот и истражувањата“ (Crew Health and Performance Exploration Analog), позната под кратенката „ЧАПЕА“. Во мисијата „ЧАПЕА 2“, којашто би требало да почне пролетта 2025 година, четворица избрани ќе бидат сместени во 3-Д печатено ...

LinkSense.mk Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ – најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија. Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По ...

LinkSense.mk Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун доби автомобил „за лична употреба“ како подарок од рускиот претседател Владимир Путин. Руското возило им било доставено на помошниците на Ким на 18 февруари, објавија севернокорејските медиуми. Сестрата на Ким „љубезно ѝ укажа на руската страна дека Ким Јонг-ун му се заблагодарува на Путин“, истакнувајќи дека подарокот јасно покажува дека има „посебни лични односи меѓу двајцата лидери“, се ...

LinkSense.mk Грчката министерка за култура Лина Мендони ја критикуваше новата серија на Нетфликс за Александар Македонски. Таа ја опиша продукцијата како содржина со „исклучително слаб квалитет“, и „исполнета со историски неточности“, со што наиде на согласност со тие оценки од повеќе страни. Делот од „Александар: Создавањето на еден бог“ којшто предизвика најмногу негативни реакции е наводната, историски недокажана „романтична врска“ меѓу ...

LinkSense.mk Повеќе од две години откако ја презедоа контролата врз главниот град на Авганистан, Кабул, и ветија дека ќе ја искорени западната декаденција која наводно ја зафати земјата, многу Талибанци прифатија урбан начин на живот, пишува „Вашингтон пост“. Некои за време на викендот ги посетуваат забавните паркови во Кабул, а некои на големите екрани поставени низ градот гледаат крикет. Други на нивните Фејсбук профили објавуваат селфи и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
52%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
57%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.55
45%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
4.47
43%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
33%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
48%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
46%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
56%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75