
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и моментален прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива во Рафа. Блинкен треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со воениот кабинет на Израел, соопшти Стејт департментот. Се очекува највисокиот американски дипломат да ...
Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција. Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, како ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување. Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97. Денвер е бранител на шампионскиот ...
Студено утрo, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени. Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. „Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште еднаш го изрази своето противење на израелската офанзива на Рафа и предупреди дека „присилното преместување на населението би претставувало воено злосторство“. Како што е наведено, за време на разговорот, Макрон ја повтори потребата од „итен и траен прекин на огнот“ во Појасот Газа и ги осуди неодамнешните најави на израелските ...
Француската влада го покрена нивото на тревога од тероризам на највисоко ниво по пукањето во Москва, изјави синоќа премиерот Габриел Атал по состанокот на највисоките безбедносни и одбранбени претставници со претседателот Емануел Макрон. Атал во објава на Х порача дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот во Москва и ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чини дека го поддржува одговорот на Израел на масакрот на Хамас на 7 октомври. „Само лудак или идиот не би реагирал како што реагираше Израел на 7 октомври“, го цитира таблоидот „Израел Хајом“ Трамп во пократка верзија на написот, додека целосното интервју со него ќе биде објавено подоцна денеска. Досега, Трамп не го искажа јасно своето мислење за одговорот на Израел на нападот на Хамас во ...
Високиот суд во Лондон денеска ќе донесе одлука дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД. САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје. Асанж во САД е ...
Руски истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции. Тројца таџикистански безбедносни извори изјавиле дека руските истражители ги испитувале семејствата на осомничените за нападот во Крокус Сити Хол во Москва, во кој загинаа 139 лица, а околу 180 се повредени. Изворите, кои не биле овластени да даваат информации за овој ...
Велика Британија вчера по воздушен пат за прв пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи повеќе помош да влезе во подрачјето разурнато од војната. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, што вклучува вода, ориз, масло, брашно, конзерви со храна и храна за бебиња за цивилите во Газа. Авионот „РАФ А-400М“ полета од Аман за да испорача залихи долж северниот брег на Појасот ...
И покрај обидите на рускиот лидер, Владимир Путин, и руските државни медиуми вината за смртоносниот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“, во Москва, да ја лоцираат врз Украина, протекуваат се повеќе и повеќе детали за џихадистичката група ИС-К, која тврди дека стои зад тоа, пишува Би-Би-Си. ИС-К е кратенка од Исламска држава-Корасан. Тоа е регионален огранок на забранетата терористичка група Исламска држава, која е фокусирана на ...
Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин. За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“. Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во ...
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Првиот земјотрес се случил на југот на Грција нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следел уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Првично било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7 степени според ...
Член на Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите за градоначалник на еден мал град на истокот на земјата, со што донесе нова победа на таа партија од крајната десница. Ролф Вајганд вчера освои 59,4 отсто од гласовите, лесно победувајќи ги другите двајца кандидати во Гросширма, град кој се наоѓа западно од Дрезден. Вајганд е претставник на АфД во покраинскиот парламент на Саксонија. На изборите за градоначалник се кандидираше како ...
Германскиот министер за одбрана во неделата го обвини рускиот претседател, Владимир Путин, дека се обидува да ја „дестабилизира“ Германија, откако Русија на социјалните мрежи објави доверлива размена на информации меѓу двајца германски офицери за испорака на оружје за Украина. „Снимката се користи за дестабилизација и поткопување на ‘единството’ на Германија“, изјави Борис Писториус за новинарите во Берлин. „Очигледно, станува збор за ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека овој викенд би можел да биде отворен поморски хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа, како дел од забрзаните напори на Западот за олеснување на хуманитарната криза во палестинската енклава разурната од војна. „Сега сме многу блиску до отворање на коридорот, се надевам оваа сабота, оваа недела“, рече Фон дер Лајен, кој е во посета на Кипар. „Го лансираме овој кипарски ...
Увозот на оружје во Европа е речиси двојно зголемен во последните пет години, најмногу поради војната во Украина, објави денеска Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Во извештајот на СИПРИ се наведува дека меѓу 2019 и 2023 година увозот на оружје од европските земји се зголемил за 94 отсто во споредба со периодот од 2014 до 2018 година. Податоците на институтот се однесуваат на обемот на испораките на оружје, а не ...
Кендис Овенс, контроверзна конзервативна коментаторка, на социјалната мрежа „Х“ изнесе бизарна теорија за тоа дека Брижит Макрон (70) всушност е родена како маж. Овој лажен заговор првпат го објави француското екстремно десничарско списание „Факти и документи“ (Faits et Documents), откако Емануел Макрон (46) во 2022 година освои втор мандат. Имено, се вели дека француската прва дама всушност е родена како Жан Мишел Троњо, пред да го започне ...
Денеска го претставив мојот предлог за усвојување одлука на Советот на ЕУ за искористување на неочекуваните приходи од руските блокирани средства за поддршка на Украина во нејзината борба за надмоќ, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. – Деведесет проценти ќе бидат распределени преку Европскиот мировен фонд, а 10 отсто преку Буџетот на ЕУ, наведе Борел во објава на Икс. Тој натаму нагласува дека со ...
Лидерите на земјите членки на Европската унија ќе се состанат утре и во петок во Брисел за да разговараат за војната во Украина, судирот во Газа и плановите на Европската комисија за развој на одбранбената индустрија на ЕУ, како и за потенцијалното идно проширување на 27-члениот блок. Собраните премиери и претседатели ќе го разгледуваат планот за купување оружје за Украина со помош на приходите од замрзнатите руски имоти. Предлогот, кој го ...
Со доаѓањето на Доналд Туск на позицијата премиер на Полска, Виктор Орбан го загуби клучниот сојузник во Европската унија со кој може да ги кочи преговорите и да блокира предлози кои не му се по волја и не му се допаѓаат. Но, не мораше долго да остане сам затоа што во задавањето главоболка на Брисел, се чини, му се придружи уште еден европски лидер. Словачкиот премиер, Роберт Фицо, почнува да се однесува како Орбан. Откако спроведе ригорозна ...
Николај Денков поднесе оставка, според планот, после девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата на неговиот коалициски партнер да ја води земјата.Неговото писмо за оставка вчера беше предадено во парламентот, информираа од владата во Софија.Не е сеуште познато кога парламентот ќе гласа за оставката на Денков и владата што тој ја предводеше. „Владата ќе продолжи да работи… додека не се избере нова влада“, рече Денков во ...
На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатури за претседател на државата до Државната изборна комисија (ДИК). Досега четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните поднеле кандидатура до ДИК – актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата на албанската опозиција Вреди. Потписи за ...
Човековото тело постојано ни кажува што се случува во него… Така, без разлика дали тоа се бори со замор, случајни грчеви или недостиг на енергија – сѐ ова се симптоми на недостиг на минерали. Минералите и витамините поттикнуваат разни метаболички функции што го подобруваат метаболизмот, делотворноста на телесната енергија, имунолошкиот систем, квалитетот на живот. Нутриционистката Кристен Ставридис од Лондон смета дека минералите се од витално ...
Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликлиниката во Железара, пренесе Прес24 повикувајќи се на полициски извори. Според се уште непотврдените и неофицијални информации, станува збор за матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал. Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција. Според неофицијалните информации, полициските ...
„Амазон“ и „Хуавеи“ склучија повеќегодишен договор за вкрстени лиценци за патенти со кој се решаваат нерешените судски спорови меѓу двете компании. Имено, компаниите имаа правни несогласувања во врска со користењето на патентите, и на крајот успеаја да постигнат договор благодарение на интензивните дискусии кои обезбедија да се почитуваат интересите на носителите на патенти, но и на оние кои ги спроведуваат. Алан Фан, раководител на Одделот за ...
Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Северна Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во ...
Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши ...
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој ќе се трка за втор мандат на изборите на 24 април ги кани неговите шестмина противкандидати на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април. Како што брифираа денеска од неговиот Изборен штаб идејата за двете мастер дебати е искомуницирана со останатите претседателски кандидати, кои засега не ја отфрлиле, но се чека конечно дали ќе ја ...
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Северна Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава. Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Старк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22-ри избори во Северна Македонија што ОДИХР ...