Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На погребната церемонија на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи во Техеран беа упатени јавни повици за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, додека тој возврати со остри пораки на сметка на Иран, објави Euronews. Пред десетици илјади присутни, говорникот Мохамад Расули праша: „Зошто да не го убиеме човекот што го уби мојот имам и мојот водач?“, по што додаде дека „убиството на Трамп е наша должност“. Неговите зборови ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при посетата на Кавадарци, изјави дека кај дел од политичките партии, кои се свесни за поразот на претстојните парламентарни избори, постои страв и затоа се обидуваат да го блокираат усвојувањето на измените на Изборниот законик, односно го попречуваат процесот државата да ги исполни сите десет индикатори од Реформската агенда. Мицкоски, по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки ...
СДСМ остро ги отфрли обвинувањата дека е против гласањето на дијаспората, нагласувајќи дека се спротивставува на, како што велат, можноста за изборни злоупотреби. Од партијата тврдат дека по блокирањето на предлогот за електронско гласање, власта сега се обидува да воведе гласање по пошта, што според нив отвора простор за манипулации и не обезбедува доволна контрола врз идентитетот на гласачите и тајноста на гласот. СДСМ бара решението за ...
Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски ...
На своето прво Светско првенство кое го следи од телевизиско студио, а не од теренот, Златан Ибрахимовиќ успеа да го направи она што ретко им успева на поранешните фудбалски великани – да стане главната ѕвезда на преносите без воопшто да допре топка. Employee of the month pic.twitter.com/Ru3jMJkB41 — Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) July 3, 2026 Американските медиуми пишуваат дека легендарниот Швеѓанец е најголемото засилување на Fox за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при посетата на Кавадарци, изјави дека кај дел од политичките партии, кои се свесни за поразот на претстојните парламентарни избори, постои страв и затоа се обидуваат да го блокираат усвојувањето на измените на Изборниот законик, односно го попречуваат процесот државата да ги исполни сите десет индикатори од Реформската агенда. Мицкоски, по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки ...
Маж е уапсен под сомнение дека го предизвикал шумскиот пожар што избувна во близина на Солун. Пожарот кој брзо се прошири избувна во саботата вечерта во близина на предградието Ореокастро, соопшти Грчката противпожарна служба, по што жителите на три помали населби северно од Солун добиле наредба за евакуација. Огнот избувнал околу 20:30 часот во клисура во планински предел и брзо се проширил. Потоа се префрлил кон рамничарскиот дел, при што ...
Соединетите Американски Држави се дом на слободата и „крунисување на човечката историја“, изјави претседателот Доналд Трамп синоќа во Вашингтон за време на прославата на 250-годишнината од американската независност, поточно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, што го означи прекинувањето на врските на Тринаесетте колонии со британската круна. Во говорот што беше одложен за неколку часа поради бурите над ...
Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите. Протестот почна во 19 часот, од плоштадот “Скендер бег”, до плоштадот “Народни херои” и пред владата каде се обратија повеќе говорници повторувајќи ги веќе познатите ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Стотици маскирани членови на крајнодесничарската и супремацистичка организација „Патриотски фронт“ маршираа низ улиците на Вашингтон по повод Денот на независноста на САД, носејќи транспаренти, вклучувајќи го и знамето на поранешната Конфедерација, симбол кој често се поврзува со ропство и расизам. Маршот се одржа по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, а според американските медиуми, групата ја предводеше ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Украина нападна неколку електрани во Крим преку ноќта, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на полуостровот окупиран од Русија, објавија каналите на социјалните медиуми. Цели на украинскиот напад во текот на ноќта беа електраните Бахчисарај и Зимино, објави каналот Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно објави прекини на електричната енергија низ Крим како резултат на напади врз енергетската ...
Двата земјотреси што го опустошија северниот дел на Венецуела пред десет дена одзедоа речиси 3.000 животи, според официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни, бројни згради се урнаа и срамнија со земја како кула од карти. ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во Филаделфија со минимални 1-0 го совлада Парагвај во исклучително тежок и борбен осминафинален натпревар. Решавачкиот момент беше пеналот што, по интервенција на ВАР, го реализираше Килијан Мбапе. Парагвајците од самиот почеток се определија за цврста дефанзивна игра. Со петмина во последната линија и агресивен пристап успеваа долго време да ги неутрализираат ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера телефонски со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, соопшти Кремљ, појаснувајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина пред самитот на НАТО во Анкара. „Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 ...
Момче од американската држава Аризона беше прогласено за мртво во одделот за итни случаи на болницата, само за да биде пронајдено неколку часа подоцна во болничката мртовечница како сè уште дише, објавува NBC News. Она што се случи во тој речиси шестчасовен период, како и околностите што доведоа до тоа 18-месечниот Винсент Лоренцо Фиордилино речиси да се удави во базенот, сега е предмет на истрага од страна на Канцеларијата на окружниот ...
Принцот од Велс – Вилијам е познат како фудбалски фан и страстен навивач на клубот Астон Вила, но ова не го наследил од својот татко, кралот Чарлс III. „Апсолутно не. Мојот татко го мрази фудбалот“, рече принцот Вилијам во подкастот „Њу Хајтс Американ“, кој го водеа легендите на американскиот фудбал Тревис и Џејсон Келс. „Моето семејство нема особено долга врска со фудбалот“, додаде Вилијам (44), велејќи дека „само неколкумина од нас ...
Во Истра, во Хрватска е уапсен словачки државјанин (63) под сомнение дека тајно снима голи деца со помош на очила со вградена камера. Мажот е задржан откако службеник за обезбедување го затекна во туристичкиот објект, а полицијата кај него пронајде компромитирачки материјал. Инцидентот се случи завчера околу 16:30 часот, кога службеник за обезбедување во туристички објект во Истра забележа Словак како тајно снима деца. Тој го задржа лицето ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо наложи одржување директни контакти и со Москва и со Киев, нагласувајќи дека малите држави, во услови на глобална криза, мора да спроведуваат прагматична и избалансирана надворешна политика. Toj рече денеска дека одржува директни врски и со рускиот лидер Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека смета оти треба да се води нормален дијалог и со двајцата. „Во ситуација кога ...
Мароканските фудбалери ја совладаа Канада со 3:0 во Хjустон, во осминафиналето на Светското првенство. Со тоа, тие го продолжуваат сонот за повторување на успехот од Катар (полуфинале) и ги урнаа надежите на еден од домаќините на турнирот да ја запише Канада на мапата на светскиот фудбал. Канаѓаните тргнаа во офанзива, но мароканскиот голман Боно (роден во Канада) беше на своето вообичаено високо ниво. Во првото полувреме се случи и ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека попладнево избувна нов пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума. Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на ...
Попладнево избувна пожар во познатото грчко летувалиште на Халкидики, во местото Неа Каликратија. Како што се гледа на снимките што кружат на социјалните мрежи, густ црн чад се издига над местото. На лице место пристигнаа бројни противпожарни екипи, кои се вклучија во акцијата за гаснење на пожарот. До жителите на ова подрачје беше испратена порака преку бројот за итни случаи 112, со повик за претпазливост и подготвеност. Според последните ...
Во Радовиш вчера полициски службеници го лишија од слобода Р.Л.(72). Според пријавеното, завчера вечерта околу 22 часот на ул. „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата е забележано усмртено куче. По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го призна делото, а од него е одземена и ловната пушка „застава м75“ со која го изврши делото, а која ...
Ексклузивна изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната меѓународна и светски реномирана манифестација на аматерски фолклор во Хрватска, беше отворена синоќа во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб по повод 60 години од нејзиното одржување. На отворањето ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека градот Костјантинивка во регионот Доњецк е под руска контрола, опишувајќи го тоа како лага смислена за привлекување медиумско внимание. Во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски иронично го покани Путин да се сретнат во тој град, доколку тој навистина е под руска контрола. „Тоа, се разбира, не е вистина. Тоа е ...
Турција внимателно ги следи обидите на Израел да го наруши преговарачкиот процес меѓу САД и Иран, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во Истанбул по разговорите со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф. „Благодарение на договорот (на САД и Иран), кој беше овозможен благодарение на напорите на Пакистан, светот можеше да воздивне со олеснување. Извештаите на меѓународните медиуми во последните денови ги ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Прокупље (јужна Србија) по наредба на Вишото јавно обвинителство во овој град, уапси маж (41) од околината на Прокупље, поради постоење основи на сомнение дека стори кривично дело – убиство. Се сомнева дека ја повреди мајка си (69) во пределот на вратот со остар предмет во семејната куќа во близина на Прокупље, по што таа почина. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, а ќе биде ...
Зеленортските Острови го завршија својот настап на Светското првенство по тесниот пораз од Аргентина во продолженијата, а искусниот голман Возиња изјави дека неговиот тим може да биде горд на сè што постигнаa на турнирот. По регуларните 90 минути, натпреварот заврши со резултат 1:1. Иако не успеаја да приредат ново изненадување, планетарната сензација на ова Светско првенство, популарно наречени „Сини ајкули“, пружија силен отпор на ...