Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, им рече на членовите на алијансата дека американскиот претседател Доналд Трамп бил во право што извршил притисок врз земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана, да ги модернизираат своите војски и да започнат војна со Иран. – Претседателот на САД беше во право. Едноставно ми се допаѓа човекот. Мислам дека она што го прави за НАТО е одлична вест, рече Руте во интервју за бриселско „Политико“. ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за Европа и нема да започне Трета светска војна. – Русија е преголема и одговорна земја за да стане иницијатор на Трета светска војна, рече Песков, додавајќи дека и САД ги разбираат последиците од таков конфликт, објави Спутник. Песков оцени дека Москва е загрижена за милитаризацијата на европските земји и обидите да ја претстави Русија како непријател, ...

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако денес го победи Чехот Јиржи Лехечка со 6-4, 7-5, 3-6, 7-6 (8-6) за три часа и 25 минути во осминафиналето. Мечот меѓу Зверев и Лехечка започна во понеделник вечерта, но беше прекинат поради „полицискиот час“, односно забраната за јавни собири во Лондон по 23 часот. Зверев водеше со 2-0 во сетови до брејкот, а во третиот сет беше 3-3. Чешкиот тенисер ги ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денес им се заблагодари на граѓаните за учеството во погребната поворка на убиениот водач на Исламската револуција, Али Хамнеи, велејќи дека оние кои извршиле агресија на иранска територија и се одговорни за убиствата на иранските маченици ќе бидат казнети за своите постапки, додека, како што изјави, конечниот чин на одмазда против „арогантните сили“ ќе се постигне со ослободување ...

Серија експлозии го потресоа Дамаск, недалеку од хотелот каде што францускиот претседател Емануел Макрон требаше да престојува за време на официјалната посета на Сирија, објави Ројтерс, повикувајќи се на локален безбедносен службеник. مشاهد من لحظة حدوث الانفجار الثاني جراء عبوات ناسفة بدمشق https://t.co/HxJvWQoz0U pic.twitter.com/ajcjiyR8gd — Omar Alhariri (@omar_alharir) July 7, 2026 „Чад и пламен се издигаа од местото на експлозиите во ...

Петнаесетгодишен малолетник од Нови Пазар загина во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на планината Голија во близина на Никшиќ, јавува РТС. Во несреќата се повредени три лица, од кои едно потешко. Според неофицијални информации, малолетникот испаднал од возилото, кое се превртело. Во моментот на несреќата, во автомобилот имало уште три лица, од кои едно се здобило со тешки повреди. Причината за несреќата засега не е позната. ...

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се пласираше денес во полуфиналето на Вимблдон, откако го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 7-5, 7-6 (7-4), 6-3 за два часа и 37 минути во четвртфиналето. Италијанскиот тенисер го доби првиот сет по брејк во 11-от гем. Двајцата тенисерки направија брејк во вториот сет, а Синер победи во тајбрејкот со 7-4. Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се пласираше денес во полуфиналето на Вимблдон, ...

Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност“, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Битиќи посочи ...

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска по средбата во Собранието за измените и дополнувањата на Изборниот законик на прес-конференција изјави дека денеска двата модели што ги предложила власта за гласање на дијаспората, електронски и поштенски, биле за изборна манипулација. – Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови – рече Тренчевска. Според неа, на Владата ...

За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик. -Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети ...

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денес ги презентираше новите проекти на Алијансата во областите на вселената и надзорот, офанзивните способности и интегрираната воздушна и ракетна одбрана. Зборувајќи за проектите во областа „Вселена и надзор“ на Форумот за одбранбена индустрија во Анкара во рамките на 36-от Самит на шефови на држави и влади на НАТО, Шекеринска нагласи дека вселенските способности станаа клучен дел ...

Нов бран закани со бомби насочени кон јавни институции е пријавен низ цела Бугарија, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводни експлозивни направи, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на земјата. Полицијата започна инспекции на сите погодени локации и спроведува стандардни процедури за справување со закани со бомби, објави Новините. Судницата во Софија беше евакуирана откако беше примена пријава за експлозивна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници, објави NBC. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на Алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби нема да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече тој, е „силна фигура“. „Доколку не се одржал во Турција, каде што мојот ...

Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен, денес беше осудена на затворска казна и забрана за вршење јавна функција откако судот ја прогласи за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент. Според пресудата, таа е осудена на три години затвор, од кои две условни, парична казна од 100.000 евра и забрана за учество во јавниот живот во траење од 45 месеци, од кои 30 условни, објавија француските медиуми. ...

Остануваме цврсто на нашиот став дека на државата и е потребна една изборна единица, но со отворени листи за пратеници и со изборен праг од 5 проценти од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список – истакна во изјава за медиумите координаторката на пратеничката група на „Европски фронт“ и пратеничка на Демократската унија за интеграција, Рина Ајдари, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик. ...

„Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ“, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“ за измените на Изборниот законик, стои во соопштението од Левица. Тој потсети дека 61 пратеник беа присутни во салата, од кој четири или пет на ДУИ, што како што рече ...

Владејачкото мнозинство ќе го прифати секое решение за измените на Изборниот законик што ќе го договорат опозициските партии, доколку биде прифатен принципот дијаспората да може да го оствари своето уставно загарантирано право на глас, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, по денешната средба на политичките партии во Собранието. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, предложиле опозициските ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, ...

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села денеска во изјава за медиумите истакна дека неговата партија околу Изборниот законик се залага за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси. – Ставот на Албанската лига е јасен. За жал, сите граѓани бараат отворени листи. Но, за жал имате политички партии кои сакаат да држат контрола врз пратеници, избор на пратеници и така ...

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани ...

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече ...

Дваесет и тригодишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, објавија грчките медиуми. Според информациите, нејзините родители подолго време не успеале да стапат во контакт со неа, по што близок роднина отишол до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол без знаци на живот, по што веднаш биле известени полицијата и итната медицинска помош. Според грчките медиуми, при првичниот преглед на телото не ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...

Украинските сили за беспилотни системи синоќа погодија осум танкери кои припаѓаат на таканаречената руска флота во сенка во Азовското Море. Нападот го пријави командантот на силите за беспилотни системи, Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува Украинска правда. „Пилотите од единицата Каирос, 414-та посебна бригада „Птици на Маѓар“, пронајдоа и погодија осум танкери на руската „флота во сенка“ во една ноќ. Битката за снабдување со гориво на Крим во ...

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај „еноксапаринот“ се достапни два бренда, кај „надропаринот“ е достапен еден бренд и кај „ривароксабанот“ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап – истакна денеска на прес-конференција во Владата генералниот директор на ...

Телото на Анастасија Березовска, осомничена за учество во обидот за убиство на санкционираниот украински милионер Вадим Јермолаев во Монако, вчера било пронајдено во близина на Киев. Според неофицијални информации, таа била убиена со огнено оружје, објави Украинска правда. Извори од украинските правосудни органи наведуваат дека телото било откриено околу 23 часот по локално време. Истовремено, се наведува дека Березовска престојувала во ...

Европската стратегија за критични минерали отвора нов инвестициски циклус во регионот. Грција најавува изградба и модернизација на пет големи рударски капацитети, со што ќе го зголеми производството на минерали неопходни за европската индустрија и зелената енергетска транзиција. За разлика од ова, Македонија сè уште нема реализирано нов рударски проект повеќе од 40 години. Единствената поголема инвестиција во секторот е проектот „Иловица“, ...

Безбедноста, отчетноста и заштитата на корисниците стануваат едни од најголемите точки на притисок во светот на дигиталните средства, а Binance одговара со бројки што ја ставаат усогласеноста во центарот на своето глобално работење. Компанијата наведува дека денес вложува околу 300 милиони долари годишно во усогласеност, при што речиси еден од секои четири вработени работи на позиции поврзани со оваа област, во време кога индустријата се ...

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во ...

Уставен суд утре ќе ја одржи 18. седница за 2026 година, на чиј дневен ред, покрај другите предмети, е предвидена расправа по иницијативите на политичките партии „Левица“ и „Демократи“ со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање. Како што соопшти Уставниот суд, со иницијативите се оспоруваат членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75