Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Соединетите Американски Држави се простија од Светското првенство по убедливиот пораз од Белгија со 4-1, а нивната елиминација предизвика бројни реакции и потсмев ширум светот. Реакциите следуваа откако ФИФА, по интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ја поништи суспензијата на американската ѕвезда Фоларин Балогун. Потегот предизвика жестоки критики, а многумина оценија дека со тоа е нарушен интегритетот на фудбалот. ...
Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество — тело, мисла и дух — изразено преку специфичниот јазик на лумен принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина делува како ко-автор. Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три ...
Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...
„НОВ топлотен бран веќе се формира над Атлантикот. Според прогнозите, температурите во Португалија и јужна Шпанија ќе достигнат 43 °C оваа недела. Франција и земјите од Бенелукс се подготвуваат за нов топлотен бран, додека делови од централна Азија веќе се пржат на температури над 40 °C“, драматично предупреди регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, д-р Ханс Хенри П. Клуге. Поради оваа итна и сериозна ...
Фудбалската репрезентација на Белгија синоќа ги победи Соединетите Американски Држави со резултат од 4:1 и со тоа се квалификуваше во четвртфиналето на Светското првенство. Овој триумф е уште посладок со оглед на сите неправди и контроверзии што се случија во пресрет на средбата. Ве потсетуваме дека ФИФА го поништи црвениот картон за напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, против нашата репрезентација во осминафиналето. Особениот бес дојде откако ...
Суд во источна Кина осуди поранешен градски службеник на смрт за земање мито од повеќе од 2,2 милијарди јуани (околу 325 милиони долари) во период од 30 години. Јанг Јулин, кој извршувал разни функции во градот Нанџинг од 1993 до 2023 година, беше прогласен за виновен и за проневера, злоупотреба на службена должност и перење пари, при што нелегално стекнатото богатство е едно од најголемите регистрирани во последните години. Yang Youlin, ...
Владата, исто така, ја истакна поддршката на Шпанија за Украина од почетокот на целосната руска инвазија, велејќи дека обезбедила 3,7 милијарди евра (4,2 милијарди долари) помош и обучила повеќе од 9.000 украински војници. Според официјални лица, од јуни 2026 година, Шпанија има најголемо воено распоредување надвор од своите граници на источното крило на НАТО и е меѓу ретките сојузници што водат големи мисии на алијансата, вклучувајќи ја ...
Иранската војска испали најмалку две ракети кон комерцијални бродови што минуваа низ Ормускиот теснец синоќа, изјавија двајца американски функционери за „Аксиос“. Нападите сериозно се закануваат целосно да го поткопаат меморандумот за разбирање потпишан пред помалку од три недели, според кој Иран се согласи да ги прекине сите напади во Ормускиот теснец. Новиот бран насилство на море дојде веднаш по истекот на еднонеделниот договор меѓу САД ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...
Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што ...
Жалбената комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во понеделникот ја одби жалбата на Белгискиот фудбалски сојуз против одлуката за укинување на казната за американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, на кого, и покрај директниот црвен картон добиен во шеснаесетфиналето, му беше дозволено да настапи во осминафиналето против Белгија. Во соопштението се наведува дека Белгискиот фудбалски сојуз немал право на жалба против ...
Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Белгијците во натпреварот од осминафиналето одигран во Сиетл ги совладаа Соединетите Американски Држави со убедливи 4-1. Европската селекција целосно го надигра еден од домаќините на Мундијалот, кому ништо не му помогна ниту тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, ургираше, а ФИФА под негово влијание ја укина суспензијата за напаѓачот Фоларин ...
Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично побарал од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно да го разгледа црвениот картон и суспензијата од еден натпревар на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, што предизвика големи контроверзии на Светското првенство. ФИФА во неделата објави дека Балогун ќе може да настапи на вечерашниот осминафинален натпревар против Белгија. Одлуката предизвика политичка бура и отвори прашања ...
Во пресрет на претстојниот и исклучително важен натпревар од осминафиналето на Светското првенство помеѓу Белгија и Соединетите Американски Држави, Кралскиот белгиски фудбалски сојуз (RBFA) се огласи со остро официјално соопштение во кое директно ја обвини светската фудбалска организација (ФИФА) за нетранспарентност, игнорирање на правилата и фаворизирање на противникот. Во центарот на скандалот е американскиот напаѓач Фоларин Балогун, на ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) упати остри критики кон ФИФА по одлуката на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун да му биде дозволен настап во осминафиналето на Светското првенство, иако во претходниот натпревар заработи црвен картон. Одлуката предизвика бурни реакции во фудбалската јавност, особено по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп наводно интервенирал кај раководството на ФИФА за да биде поништена ...
Денес се потпишува Договор за изградба на нов автопат во Република Македонија, и од утре па натаму, во Република Македонија ќе се градат 6 автопати истовремено, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет. Пренџов истакна дека ребалансот се темели на реален раст, како и реализација на проекти, и подбрување на животниот стандард на граѓаните. „Ребалансот се темели на ...
Палестинската милитантна група Хамас одлучи да го распушти телото кое управуваше со Појасот Газа речиси две децении, соопштија денес претставници на движењето. Владиниот Комитет за вонредни ситуации објави дека неговото раководство поднело оставка и е подготвено целосно да го предаде управувањето на Националниот комитет за администрација на Газа (NCAG), објави Ал Џезира. Во соопштението се вели дека одлуката е донесена во интерес на ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, денес се сретна со група високи функционери на Хезболах, вклучувајќи го и Мохамед Фениш, кои се во Иран за да присуствуваат на погребот на убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Според иранската државна новинска агенција ИРНА, Галибаф нагласи дека улогата на Хезболах во неодамнешната војна претставува историска пресвртница што ги демонстрира блиските врски меѓу Иран и ...
Американската администрација верува дека Украина треба да се придржува до одбранбени тактики, изјави американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. – Администрацијата на Трамп е наклонета кон ставот дека Украинците, додека ние, се разбира, преговараме, треба да одат во дефанзива во најголема можна мера, изјави Венс за новинарите. Тој потсети дека во текот на летото 2023 година, една од главните теми била дали Украина треба да започне голема ...
Американските разузнавачки служби активно ѝ помагаат на Украина да планира напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта, обезбедувајќи информации што им овозможуваат да ги заобиколат системите за воздушна одбрана, пишува британскиот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на високи украински функционери. Според весникот, Вашингтон ѝ обезбедува на украинската страна информации за најповолните рути на летови за беспилотните летала со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Турција оваа недела за самитот на НАТО и веројатно ќе контактира со рускиот претседател Владимир Путин потоа, изјави висок американски функционер. Функционерот, кој побара анонимност, рече дека Трамп ќе се сретне со Зеленски во среда, 8 јули, во Анкара, за да разговараат „како да се стави крај на војната“, објави Ројтерс. ...
НАТО почна да ја зајакнува одбраната на своето источно крило, кое се граничи со Русија, како дел од подготовките за потенцијален воен конфликт, пишува весникот „Политико“. Според ова издание, на европскиот континент е забележлива тенденција за зајакнување на своите источни граници во услови на закана за која земјите веруваат дека Вашингтон повеќе нема да може или да сака да маневрира. Сателитските снимки покажуваат дека Русија веќе собрала ...
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година порача дека предложениот ребаланс ги потврдува погрешните економски проекции на Владата и покажува дека наместо фискална консолидација, државата се движи кон поголем дефицит, повисоко задолжување и дополнително стеснување на фискалниот простор. Тренчевска посочи дека расходите растат значително побрзо од приходите, а разликата ...
Полицијата на подрачјето на Центар ги уапси С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – Лицата се сомничат дека вчера околу 16 часот, предизвикаa пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здоби со повреди, а две противпожарни возила се оштетени, велат од МВР. Полицијата на подрачјето на Центар ги уапси ...
Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како ...
Премиерот Еди Рама одговори со долга порака на социјалните мрежи, обраќајќи им се на демонстрантите во Тирана, кои ги нарекува „Фламингоси“, и коментирајќи ги случувањата, вклучувајќи ги тензиите, политичките повици и судирите со институциите. Во објавата, која е придружена со видео разгледница, Рама ја дели својата порака во неколку категории, обраќајќи се и на оние кои биле деца пред 20 години и на оние кои, според него, се вратиле од ...
Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој се затвора финансиската конструкција за реализација на автопатот. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот порача дека државата, наместо нови ветувања, денес има обезбедени средства, избран изведувач и започната реализација на проектот, најавувајќи дека градежните активности на терен би можеле да стартуваат во наредните ...