Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја оцени како позитивен потег ослободувањето на израелските заложници кои беа во заробеништво на Хамас и изрази надеж дека тоа може да придонесе кон мир во Израел, Газа и поширокиот регион. „Го споделувам чувството на радост со семејствата и со израелскиот народ, бидејќи седум заложници штотуку беа предадени на Црвениот крст,“ напиша Макрон на платформата Икс, по пристигнувањето во Шарм ел Шеик, ...

На 12.10.2025 е пријавено дека околу 14:15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска ...

Актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиерот, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски се овогодишни добитници на престижната државна награда „23 Октомври“. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси, промоцијата на државните приоритети, вредности и ...

Лекарската комора не може да постапи за одземање на лиценцата на доктор Игор Кузмановски, поранешен директор на Клиниката за неврологија, затоа што тој во моментот нема активна лиценца, дознава „Слободен печат“. Неговата лиценца истекла на 15 март 2025 година, а барањето за продолжување го поднел минатата недела. Постапката за лиценцирање сè уште е во процедура. На официјалната страница на Комората, името на Кузмановски не се наоѓа на списокот ...

Американските економисти ги зголемија своите прогнози за економски раст за 2025 и 2026 година, но во исто време предупредија на послаб тренд на раст на вработеноста, според анкета објавена денес од Националното здружение на бизнис економисти (NABE). Според анкетата, американскиот бруто домашен производ (БДП) прилагоден за инфлација треба да порасне за 1,8 проценти во 2025 година, што е значително повисоко од 1,3 проценти што експертите ги ...

Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје. Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна ...

На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини. На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот законик. На 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци. Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални ...

Најмалку 47 лица го загубија животот, а 38 се водат како исчезнати поради поплавите и одроните што ги предизвикаа обилните дождови во повеќе региони на Мексико, соопштија тамошните власти. Според официјалните податоци, околу 260 населени места – најмногу во планинските предели – се целосно отсечени од надворешниот свет. Десетици илјади домови се поплавени и прекриени со кал и наноси. Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум го посети ...

Последните 13 живи заложници кои беа држени од Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, јавуваат израелските медиуми. Претходно денеска беа ослободени седум Израелци, со што по 738 дена заробеништво Хамас повеќе не држи живи заложници во Газа. Некои од ослободените успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките се појавија и на социјалните ...

Во Албанија од денеска стапи во сила привремена забрана за употреба на електрични тротинети, кои властите ги оценија како сериозна опасност и извор на сообраќајни несреќи. Сите лица кои нема да ја почитуваат оваа мерка ризикуваат нивните тротинети да им бидат одземени. Одлуката ја соопштија министерката за внатрешни работи Албана Кочиу и директорот на државната полиција Илир Прода, кои посочија дека забраната е воведена по детална анализа на ...

ФК Сараево донесе одлука западната трибина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ да го носи името на легендарниот пејач на народна музика Халид Бешлиќ, кој почина во вторникот, на 7 октомври. Познато е дека Бешлиќ беше навивач на бордо клубот „На нашиот Халид – пријател и верен навивач. Во име на сите навивачи на Фудбалскиот клуб Сараево, вработените, играчите и Управниот одбор, ти изразуваме длабока благодарност за сè што направи за нашата ...

За време на изминатиот викенд (11/12.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.502 издадени платни налози, 958 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои четири ...

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, вечерва од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе го пречека составот на Казахстан во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство 2026. Овој натпревар има големо значење за избраниците на селекторот, бидејќи со евентуална победа Македонија ќе ги задржи шансите за историски пласман на Мундијалот. Голманот и капитен на репрезентацијата, Столе Димитриевски, на ...

Тажна вест ја потресе јавноста – почина 23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, за кого изминатиов период се собираа средства за лекување. Неговите блиски и пријатели преку социјалните мрежи се простија од него со емотивни објави, исполнети со тага и болка за прерано згаснатиот млад живот. Кристијан се лекуваше во болница во Ријека, Хрватска, каде што водеше тешка битка со карцином на тестис кој метастазирал во главата. И покрај напорите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Израел, каде што на аеродромот го пречекаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на државата Исак Херцог. Трамп пристигна во Израел откако беше постигната првата фаза од примирјето меѓу оваа држава и Хамас, што наговестува дека двегодишната војна конечно би можела да заврши. Во текот на денот, Трамп ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати во израелскиот парламент. ...

Најмалку 42 лица загинаа во автобуска несреќа во планинскиот регион на северна Јужна Африка, соопштија денес локалните власти, пренесува Асошиејтед Прес. Според извештаите, несреќата се случила во недела на автопатот во близина на градот Луис Тричард, околу 400 километри северно од Преторија. Покраинската влада Лимпопо во соопштението наведува дека се верува дека автобусот превезувал државјани на Зимбабве и Малави кои патувале во нивните земји. ...

Утре започнува судскиот процес против сторителите на масакрирањето на коњи и една мазга во скопската Зоолошка градина, соопшти граѓанската организација Анима Мунди. Во соопштението организацијата го опиша настанот како „еден од најмонструозните и најсрамните настани во поновата историја на односот кон животните во нашата земја“ и побара најстрога кривична одговорност за сите инволвирани. Анима Мунди во соопштението тврди дека „овој чин ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од големиот митинг во Струмица порача дека СДСМ не е само партија, туку движење на надежта, еднаквоста и човечноста. „Да го кренеме СДСМ, не само како партија, туку како движење, како сила, како народна надеж. А кога ќе се собере целата таа сила, ќе дојде и победата“, истакна Филипче. Тој додаде дека токму овие вредности , еднаквост, правда и грижа за човековото достоинство , се темелот на ...

Студентка, државјанка на Република Турција, се соочува со кривична пријава за трговија со дрога, откако била фатена како прима авионска пратка од Белгија во која имало психотропни супстанци, лажно декларирани како „нотес“. Според истрагата, царинските инспектори ја следеле пратката, а по налог на јавен обвинител, извршиле претрес во домот во Гостивар каде што престојувала осомничената, токму во моментот кога таа го отворила пакетот и ја извадила ...

Големи поплави предизвикани од обилните дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, оставајќи десетици луѓе заробени во своите возила, објавија локалните власти . Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како порои од каллива вода ги пустошат градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, однесувајќи сè на својот пат. Поради лошите временски услови, шпанската национална метеоролошка агенција ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека отпатува за Израел и Египет за да го одбележи договорот што го постигна меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. „Војната заврши, го разбираш ли тоа?“ Репортер на „Ер Форс Уан“ му посочи на Трамп дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не отишол толку далеку да каже дека војната против Хамас е завршена. „Војната е завршена“, ...

Првите седум заложници беа предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал беа ослободени. Соопштението предизвика возбуда кај собраните на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа што се под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили. После тоа, тие ќе бидат ...

Понеделникот носи космички знак на промена и обнова. Венера влегува во Вага, донесувајќи хармонија во односите, додека Плутон го завршува своето ретроградно движење, поттикнувајќи нè кон длабока лична трансформација. Ова е ден кога вашите емоции и интуиција ќе бидат особено силни благодарение на Месечината во Рак. Не бегајте од она што го чувствувате – дајте си дозвола да чувствувате длабоко и искрено. На почетокот на работната недела, време е ...

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави ...

Родителите на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска го радикализираа својот револт, блокирајќи го кружниот тек кај двојниот мост, еден од најфреквентните сообраќајни јазли во Кочани. Блокадата, која започна околу 15:00 часот, предизвика застој во сообраќајот, а според најавите, се очекува да трае до 16:15 часот. Овој чекор претставува интензивирање на активностите на семејствата, кои со месеци бараат правда и одговорност за ...

Најмалку четири лица се убиени, а 20 други се повредени во масовно пукање што се случи во ресторан во Јужна Каролина околу 1 часот по полноќ во саботата навечер. „По пристигнувањето на местото на настанот, заменик-шерифот пронашол голема група луѓе, од кои некои имале прострелни рани“, соопшти канцеларијата на шерифот. Утврдено е дека во времето на пукањето во зградата имало околу стотина луѓе. „Неколку жртви и сведоци избегале во блиските ...

Под паролата „Први за осуда, последни за почит“, Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест, упатувајќи жестоки обвинувања кон Јавното обвинителство за, како што велат, нечовечкиот третман кон полициските службеници кои се под истрага за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претседателот на синдикатот, Мартин Ефремов, изнесе шокантно тврдење дека обвинител им се обратил на осомничените полицајци со зборовите: „ако вие бевте ...

Едно лице загина, а 18-годишно момче е тешко повредено во директен судир на два автомобили што се случи попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес. Поради несреќата и увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин во двата правци. Според информациите од Итната медицинска помош во Велес, нивна екипа била повикана во 14:20 часот и за десетина минути пристигнала на местото на несреќата, на крстосницата кон село ...

Колективот на Клиниката за неврологија денеска упати јавно писмо со поддршка за нивниот колега, проф. д-р Игор Кузмановски, како одговор на неодамна објавениот „компромитирачки материјал“ со кој, како што велат, се дискредитира неговата личност. Во писмото, тие апелираат на воздржаност во јавниот дискурс и на почит кон човековото достоинство. „Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

15ᴼ / 11ᴼ
3.09
73%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
78%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 6ᴼ
1.03
54%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.78
88%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
88%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
88%
1019
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
90%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
84%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844