Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во петок, каде што се очекува двајцата лидери да разговараат за оружјето за Киев во неговата војна против Русија, првенствено ракети „Томахавк“ со долг дострел. Во разговор со новинарите во Киев, Зеленски рече дека споделил со американскиот претседател „визија“ за тоа колку американски ракети „Томахавк“ ѝ се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за да го одбележи потпишувањето на договорот. Доналд Трамп беше меѓу првите што го потпишаа мировниот договор во Шарм ел Шеик за Газа, по него следеа египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Ова трае веќе 3.000 години, можете ли да верувате? Ова е неверојатен ден за светот“, рече ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека д-р Јован Божиновски е именуван за нов вршител на должност директор на Универзитетската клиника за неврологија, по разрешувањето на д-р Игор Кузмановски. Разрешувањето, како што рече Алиу, следело по објавување на компромитирачко видео на социјалните мрежи, со што бил нарушен угледот на институцијата. Министерството формирало комисија и побарало инспекциски надзор од Лекарската комора и ...
Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес им порача на инвеститорите дека е време да инвестираат во Западен Балкан. „Од вештачка интелигенција до чиста енергија, ги интегрираме нашите индустрии. Затоа мојата порака до инвеститорите денес е: Време е да инвестираат во Западен Балкан. Бидејќи ако го изберете Западен Балкан, ја избирате Европа“, рече таа на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан во Тирана денес. Таа го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика израелскиот претседател да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со обвиненија за корупција. Трамп го упати повикот за време на посетата на израелскиот парламент. Тој го нарече Нетанјаху „еден од најголемите“ воени лидери. Неколку рочишта во судењето на Нетанјаху веќе беа одложени за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Американскиот претседател Доналд Трамп денес пристигна ...
Европската комисија денеска го најави проширувањето на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) во седум земји членки на ЕУ и шест партнерски држави, меѓу кои и Северна Македонија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Инвестицискиот форум во Тирана соопшти дека фабриките за вештачка интелигенција ќе се прошируваат и во Северна Македонија и Србија. „Ќе ги отвориме нашите фабрики за вештачка ...
Насир Гаеми, професор по психијатрија во Медицинскиот центар Тафтс во Бостон, верува дека „најголемата пречка за успех е успехот“. Тој изјави за Psychology Today дека верува оти луѓето кои се чувствуваат удобно на своите работни места можат да престанат да напредуваат и на крајот да се чувствуваат неисполнето, објавува Index.hr. Кога да се направи промена? За луѓето да напредуваат, вели Насир, тие треба да менуваат значајна работа во своите ...
Според Светската здравствена организација, повеќе од 50 проценти од лековите што се продаваат преку интернет низ целиот свет се фалсификувани, а 10 проценти од сите лекови во оптек се лажни, соопшти денес Српската стопанска комора. „Ваквите производи не само што се нелегални, туку претставуваат и сериозна закана за здравјето на пациентите“, изјави Српската стопанска комора, која, заедно со Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија, во ...
Кинескиот хороскоп ги обликува животите и судбините на луѓето повеќе од 2000 години. За разлика од западниот хороскоп, кој се базира на месецот на раѓање, кинескиот хороскоп го одредува знакот врз основа на годината на раѓање. Секоја година е поврзана со едно од 12 животни, а целиот циклус се повторува на секои 12 години. Секој знак носи своја единствена енергија, карактеристики и животна судбина. Сепак, според астролозите, некои знаци се ...
Фалсификувана играчка Labubu се повлекува од европскиот пазар поради ризик од задушување кај децата, како и прекумерни количини на штетни соединенија. Европскиот систем за размена на информации за небезбедни производи на единствениот европски пазар (RAPEX) нареди повлекување од полиците и уништување на лажните кукли од глобално популарниот бренд Labubu. Имено, плишаните кукли во форма на чудовишта со метален прстен можат да предизвикаат ...
Италијанската полиција уапси Албанец во Рим откако во неговата куќа беа пронајдени 200 килограми кокаин во вредност од 16 милиони евра, објавија денес италијанските медиуми. Карабињерите пронајдоа осум вреќи со дрога, пиштол и 30.000 евра во готово во неговата куќа, објави ТВ Раи. Полицијата го забележа сомнителното однесување на 22-годишен Албанец кој се шетал по улицата, а по претресот кај него е пронајдена голема сума пари. Потоа карабињерите ...
Првата роботски асистирана телехирургија во нашиот регион беше извршена денес во Клиничкиот центар на Србија (КЦС), каде што пациентот беше во болница во Белгија, а хирургот кој ја водеше интервенцијата беше во Белград. Благодарение на телемедицината, пациент во Белгија со рак на простата беше опериран од Белград од професорот Алекс Мотри, основач на познатата академија ORSI, светски познат центар за едукација во областа на минимално инвазивната ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги негираше обвинувањата дека Москва се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, на кого му беше одобрен политички азил во Русија. Според рускиот Инфо24, на состанокот со претставници на арапските медиуми, тој нагласил дека поранешниот лидер и неговото семејство се во руската престолнина „исклучиво од хуманитарни причини“. Според министерот за надворешни работи, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го истакна огромното влијание на мега-донаторката Миријам Аделсон врз политиката на САД кон Израел за време на говорот пред израелскиот парламент. Тој се потсети на нејзините посети на Белата куќа со нејзиниот покоен сопруг, казино-могулот Шелдон Аделсон. Шелдон Аделсон, кој почина во 2021 година, ја изгради најголемата казино-империја во светот како раководител на „Лас Вегас Сендс Корп“ и инвестираше голем ...
Потребно е да се изврши притисок врз производителите на компоненти за дронови и ракети во земјите-членки на НАТО кои соработуваат со Русија да престанат да ги испорачуваат на Москва, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Мораме да извршиме притисок врз оние претставници на вашите земји кои продолжуваат да снабдуваат критични компоненти за руски дронови и ракети. Ниту една руска ракета или дрон не може да полета без делови од ...
Со голема тага академската заедница ја прими веста за смртта на професорот Владимир Ортаковски – еден од најистакнатите македонски научници во областа на меѓународното право, дипломатијата и безбедноста. Во објава на социјалните мрежи, професорката Фросина Ременски се прости од својот долгогодишен ментор и колега, опишувајќи го како „врвен истражувач, научник, претпоставен, но пред сè човек со огромно хумано срце – најголем пријател на децата“. ...
Во првата половина од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела меѓу 5,611 и 15,403 денари за киловат-час, во зависност од потрошувачката категорија. Според Државниот завод за статистика, просечната цена изнесувала 7,945 денари за киловат-час, што претставува намалување од 8,7 проценти во однос на второто полугодие од 2024 година. Кај домаќинствата, просечната цена на ...
Денеска трагедијата од Кочани доби уште една жртва – 63-та по ред, соопшти Независниот синдикат на полицијата. Според објавата, починал Владо Петров, кој по заминувањето во пензија бил притворен поради потпишан документ поврзан со паркинг просторот пред дискотеката, во времето кога ја извршувал функцијата главен инспектор за сообраќајни работи. Од Синдикатот наведуваат дека Петров не го издржал притисокот од ситуацијата во која се нашол, ...
Селотејп коалицијата, составена од лични и партиски интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните звуци на една коалиција во распад, соопшти ВРЕДИ. „Едниот бара ‘политички договор’ и се обидува да го копира Али Ахмети, кого треба да го праша: што се случи со писмата испратени низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот делува во паника, ...
Едногодишно дете е во животна опасност во Грција поради сериозни компликации предизвикани од дрога што наводно го пушел неговиот татко. Инцидентот се случил вчера, сабота (11.10), во домот на 27-годишникот во Патисија, каде што полицијата го пронашла детето во несвест. Истражителите откриле дека таткото, кој е од Египет, претходниот ден пушел дрога во присуство на малото девојче, што резултирало со губење на свеста кај детето. Таткото е уапсен, ...
Таксистите од Сараево, кои денеска бесплатно ќе возат до гробиштата Баре, на предното стакло на своите возила поставиле фотографија од Халид Бешлиќ. Сараево е во последни подготовки за погребот на Халид Бешлиќ, кој почина од тешка болест на 72-годишна возраст, во вторник, на 7 октомври. Се очекува околу 30.000 луѓе да пристигнат во главниот град на Босна и Херцеговина за да го испратат „кралот на народната музика“ на неговото последно ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја информира јавноста дека во пресрет на натпреварот против Казахстан, Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот. Навивачите се повикуваат да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на мечот и да ги заземат своите места навреме. Се препорачува пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено, освен за акредитирани возила. Билетите ќе ...
Струшкиот градоначалник Рамис Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична глоба од 2.500 евра за исто дело поврзано со училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга. Исто така, две години условно беше изречено и за Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор со фалсификувани документи. Судечкиот судија Јордан Јованов појасни дека доколку во рок од две години го ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска повика граѓаните масовно да излезат на локалните избори на 19 октомври, за како што рече, брзо да влезат во администрацијата на Град Скопје и да ги решаваат проблемите со кои се соочува градот. Тој ја даде изјавата по средбата со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија во рамките на изборната кампања. „Да влеземе прво во Град Скопје. Од информациите што ги ...
На денешната прес-конференција, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, жестоко ја критикуваше коалицијата ВРЕДИ за нивната поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го тоа како без преседан политички и морален пораз. „Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан: коалиција што се нарекува „албанска“ ја води кампањата за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа со гордост, сервилност и јавно понижување. ВРЕДИ не се бори за ...
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ стапуваат на сила нови намалени цени на горивата. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар и од утре ќе изнесува 73 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 75 денари по литар, исто така со намалување од 1 денар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 68 денари по литар. Намалување од 0,5 денари има и кај екстралесното ...
И покрај тврдењата на обвинетиот Раде Трајковски – Штекли дека има имагинарен учител, дека „во главата му се наоѓаат змии“ и дека го следи албанска мафија и полиција, судечкиот совет одлучи дека тој е психички способен да го следи судењето. Психијатарката Оливера Суботин Поповска го убедила судот дека Штекли има „шизоидни карактеристики на личноста“, но нема психичко растројство кое би го онеспособило, односно е способен да ги разбира и следи ...
Претпладне претежно облачно, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=20°C. P=988hPa. U=76%. V=1m/s. Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со ...
Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова одлука во повторената судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која казните за обвинетите се пониски во споредба со првостепената пресуда од 2022 година. Бојан Јовановски – Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“ и му е определена единствена казна затвор од пет години. Јасна Ерцеговиќ доби две години затвор за „перење пари“, при што во казната се пресметува и времето ...