Повеќе лица се убиени, а други се водат како исчезнати по експлозија во воена фабрика за муниција во Тенеси. Секундарните експлозии ги принудија спасувачите да се вратат од местото на пожарот во „Accurate Energetic Systems“, според канцеларијата на шерифот на округот Хикман. Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, на прес-конференција изјави: „Во овој момент имаме неколку лица кои се водат како исчезнати. Се обидуваме да бидеме свесни за ...

Мечка предизвика паника во супермаркет во централна Јапонија во вторник вечерта, при што беа повредени двајца купувачи. Инцидентот е последен во низата напади што го доведоа бројот на смртни случаи од напади на мечки во земјата на рекордно високо ниво оваа година. Според локалната полиција, мечката висока 1,4 метри прво го преминала паркингот, а потоа влегла во супермаркетот во градот Нумата, околу 130 километри северно од Токио. Еден купувач, ...

Битолското обвинителство поднесе жалба на одлуката на Судот, со која двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ добија куќен притвор. Обвинителството бара мерка затворски притвор, наведувајќи ризик од бегство, особено бидејќи еден од осомничените – бизнисменот Борче Марковски, поседува имот во странство. Меѓу осомничените е и раководител во ПЕ Рудници во РЕК „Битола“. Според обвинението, петмина ...

Прилеп го започна одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание со впечатлива манифестација во која учествуваа околу 1.200 ученици од основни и средни училишта. Учениците на градскиот плоштад го формираа македонското знаме, традиција што се одржува од 2010 година. „Ова е чест и гордост за учениците, а интересот расте секоја година. Планираме догодина да вклучиме уште повеќе млади,“ изјави професорот Златко Думбалоски од ОУ „Добре ...

Порше побарал и добил дозвола од градот Салцбург да ископа приватен тунел под Капуцинерберг. Во 1917 година, на врвот на својата слава, австрискиот писател Стефан Цвајг купил палата позната како Пашингер Шлесл на Капуцинерберг, рид со поглед на Салцбург. Му се допаѓала оваа дискретна вила, која Моцарт еднаш ја посетил, бидејќи била „романтична, непрактична“ и, што е најважно за него, „непристапна за автомобили“. Таму ги напишал своите најпознати ...

Годишната вежба на НАТО за нуклеарно одвраќање, „Steadfast Noon“, ќе се одржи во Холандија почнувајќи од следната недела и во неа ќе учествуваат повеќе од 70 авиони од 14 земји, изјавија претставници на НАТО во петокот. „Оваа вежба испраќа јасен сигнал до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме и одбраниме сите наши сојузници од каква било закана“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во воздухопловната база Фолкел ...

Спасувачите мораа да користат кран и да срушат ѕид од куќа за да извлечат човек од 272 килограми. Операцијата за спасување привлече големо внимание од јавноста. Итната интервенција се случи во Вест Палм Бич, Флорида, кога спасувачите мораа да користат кран и камион за да извлечат човек од 272 килограми од неговиот дом. Сè се случи откако човекот доживеа ненадејна медицинска криза, а поради неговата големина и здравствена состојба, не можеше ниту ...

Белата куќа во петокот го критикуваше доделувањето на Нобеловата награда за мир на лидер на венецуелската опозиција, наместо на претседателот Доналд Трамп, кој силно се залагаше за наградата, велејќи дека Трамп ќе продолжи со своите напори за промовирање на мирот. „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи“, изјави портпаролот на Белата куќа, Стивен Чунг, во изјава за американската ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес во посета на Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот на општината, Александар Стојковски го најави проектот за нови бесплатни WI-FI зони низ државата, со што се става акцент на граѓаните, со тоа што ќе можат да користат бесплатен интернет во овие зони, а првата ваква зона ќе биде токму паркот во Ѓорче Петров. „Поставуваме бесплатни WI-FI зони за граѓаните, Ѓорче Петров е една од ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од јули 2024 година до 09.10.2025 год. во Скопје, со намера да прибави противправна имотна корист за друго лице, со сериозна закана ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија остро реагираше на јавните настапи на дел од адвокатите кои го коментирале обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, оценувајќи дека со своите изјави го нарушуваат угледот на судот и институциите. Во писмо испратено до Адвокатската комора на Република Северна Македонија, јавниот обвинител Љупчо Коцевски посочува дека дел од адвокатите јавно изнесуваат неосновани проценки за текот ...

Шпанската метеоролошка служба Аемет денес издаде црвен метеоролошки аларм за регионите Мурсија и Валенсија, каде што се очекува да наврнат до 180 литри дожд на квадратен метар за 12 часа, јавуваат локалните медиуми. Обилните врнежи од дожд се резултат на бурата Алис, а предупредувањето ќе важи до полноќ по локално време, објави агенцијата Ефе. Во регионот Мурсија, најмногу врнежи се очекуваат во градовите Кампо де Картахена и Мазарон, каде што ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање истакна дека во оваа изборна кампања клучна е суштинската дебата и соочувањето на понудите пред граѓаните. „Јас мислам дека во изборната кампања е поважна дебатата и соочувањето на понудите. Ние не сме исти. Имаме разлики по сите прашања“, изјави Османи, нагласувајќи дека единството треба да се темели на заедничка заштита на клучните национални постулати. ...

Венецијанската комисија на Советот на Европа даде позитивно мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители Денес, во Венеција, се одржа 114-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку право – Венецијанска комисија при Советот на Европа, на која беше усвоено Заедничкото мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители ...

Во август годинава се издадени вкупно 280 одобренија за градење, што претставува зголемување од 1,8 отсто во однос на истиот месец лани. Најголем дел од одобренијата, 179, се за високоградба. Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу одобренија во август биле издадени во Југоисточниот регион (61), следи Полошкиот со 60, а Скопскиот со 46 одобренија. Во рамки на овие проекти, се предвидува изградба на 646 станови. Предвидената ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, составена од жители на општините Аеродром и Гази Баба, соопшти дека долготрајниот труд на членовите конечно дал резултат. На конструктивен состанок со надлежните институции на 8 октомври 2025 година, беше прифатен поголемиот дел од нивните барања, а веќе следниот ден започнаа првите активности за санација на депонијата. Според иницијативата, институциите се обврзале да спроведат неколку конкретни ...

На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното ...

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер го погоди островот Минданао на Филипини, утрово. Епицентарот бил лоциран на 47 километри североисточно од градот Мати, со население од околу 105.000 жители, и на само 6 километри југоисточно од градот Манај, каде живеат околу 20.300 жители. Земјотресот се случил на длабочина од 92 километри, а засега нема официјални информации за жртви или поголема материјална штета. Сепак, локалните власти ги ...

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна. Сите тие претходно биле во ...

На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги ...

По вооружениот напад кој се случи врз него, докторот Зекирја Шаини денеска одржа прес-конференција за јавноста, изразувајќи благодарност за поддршката и храброста од граѓаните, пријателите и медиумите. „Сакам јавно да ја изнесам вистината за инцидентот и да ги разјаснам неточните информации кои се шират преку медиумите и социјалните мрежи. Немам никакви сознанија за мотивите на нападот и немам никакви неразрешени сметки со никого“, истакна ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1. Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со ...

Пред 15 часот синоќа, двајца мажи во Унтеренгстринген, Цирих, влегле во расправија. Во текот на конфликтот, 42-годишен државјанин на Македонија го повредил својот противник со огнено оружје, но повредите биле лесни. Благодарение на брзото пристигнување на неколку полициски патроли, осомничениот сторител бил уапсен на местото без отпор. Лесно повредениот 37-годишен Србин бил прегледан од екипа на итна помош и не било потребно да биде ...

Американката Шелби Мартин шокираше милиони луѓе откако на TikTok откри дека родила бебе тешко дури 5,8 килограми, што е повеќе од просечната тежина на шестмесечно дете! Шелби, која го роди синот Касијан, стана вистинска интернет сензација, а нејзиниот видео-снимок има повеќе од 35 милиони прегледи. Со фотографија од породилиштето, на која се гледа нејзиниот огромен труднички стомак, духовито напиша: „Секоја жена треба да знае: Кога луѓето ...

Кога размислувате за среќна и здрава врска, веројатно се фокусирате на големи нешта како заеднички патувања, вселување или свршување. Но, според TikTok, често токму малите нешта имаат најголемо значење. Токму тоа е основата на вирусната „теорија на нарот“, симпатично име за мали, секојдневни дела на љубезност кои можат многу да значат во врската, пишува Bumble. Ако некогаш сте чистеле нар, знаете дека тоа бара труд. Лушпата е тврда, извадувањето ...

Нумерологијата вели дека 10 октомври се издвојува како многу значаен датум. Тој датум не носи само позитивни промени, туку носи и силни пораки за нови почетоци, духовен раст и можности за трансформација. Датумите кои вклучуваат бројот 10 се посебни сами по себе, а 10.10 е уште посилен поради повторувањето на тој број. Во нумерологијата бројот 10 симболизира совршенство, завршетоци и нови почетоци. Овој датум нè повикува да се ослободиме од ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=20°C. P=990hPa. U=55%. V=3m/s. Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ...

Во врска со вооружениот инцидент во Куманово, во кој беше ранет докторот Зекирја Шахини, денеска до Основното јавно обвинителство Куманово е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице. Исто така, поднесена е пријава и за поттикнување при извршувањето на истото дело против поранешната сопруга на оштетениот. Пријавите се однесуваат на претходно испратени заканувачки пораки и закани. Сепак, индициите за евентуална ...

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо. Таа ја освои наградата за мир поради својата долгорочна борба за демократија и човекови права во Венецуела. Според пишувањата на норвешките медиуми, комитетот за доделување на наградата ја донел својата одлука во понеделник, пред објавувањето на договорот. Во центарот на вниманието на светските медиуми беше желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, тој да биде ...

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, го прегази Југослав Николовски (68), денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и петгодишниот Фатон Нури пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
58%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
33%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.92
70%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
80%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
77%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
88%
1018
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
81%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
89%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
82%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844