Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски, ќе плати парична казна во износ од 500 до 1.000 евра, бидејќи како здравствен работник извршувал медицинска дејност без важечка лиценца за работа, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерот за здравство Азир Алиу го разреши Кузмановски на 10 октомври, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој, во домашна ...
Македонската јавност и регионалната музичка сцена тагуваат по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, еден од фронтмените на дуото ДНК, кој почина на 46-годишна возраст по повеќемесечна борба за живот. Блажев, кој се здоби со тешки повреди во пожарот што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, беше хоспитализиран во приватна клиника во Скопје. И покрај напорите на лекарите, за жал, не успеа да ја добие најтешката животна битка. Веста за ...
Менди Ќура, поранешниот претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, кој сега се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Струга, се сретна со своите поранешни колеги од Комората за да разговара за можностите за заедничка соработка. На средбата, Ќура најави дека ќе воспостави партнерство со приватна компанија за селекција на отпадот во Струга, како дел од напорите за подобра заштита на животната средина. „За ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи се обрати на, како што вели, „апатичните надпартиски негласачи“, објаснувајќи на едноставен начин како функционира македонскиот изборен систем без цензус и според Донтова формула. „Имаш 1.000 гласачи. 900 од нив, со менталитет ’ние не сме партија’, не излегуваат на гласање! Останатите 100 партијаши гласаат и одлучуваат кој ќе биде власт. Ете, така. Толку е просто“, напиша Апасиев. ...
На 14.10.2025 во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице – такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа. Се работи на ...
Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев одбележува една година успешна работа исполнета со радост, посветеност и стотици среќни моменти. Во текот на првата година од функционирањето, овој современ центар за породилна и неонатолошка грижа помогна да се родат 167 бебиња и создаде 167 нови семејства. Во изминатите дванаесет месеци низ Центарот поминаа бројни емотивни приказни – од најмалото бебе родено со тежина од само 1270 грама, до ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска јавно се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, по објавата на фотографии од ресторан во Охрид на кои Црвенковски е во друштво на политички противници. „Можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, изјави Филипче на денешната прес-конференција. На фотографиите, Црвенковски е виден во ресторан со градоначалникот од ...
Вчера, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М.(28) од село Челопек, по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово. Тој бил пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи медицинска помош. По пристигнувањето на полициските службеници, М.М. продолжил со агресивно однесување и физички нападнал еден од нив. Тој е ...
Како дел од политиката на компанијата да ги „третира возрасните корисници како возрасни“, ChatGPT ќе може да создава сексуална содржина откако целосно ќе биде воверен системот за верификација на возраста. „Во декември, кога целосно ќе ја воведеме проверката на возраста и во согласност со принципот ‘третирај ги возрасните корисници како возрасни’, ќе дозволиме и повеќе, како еротика за верификувани возрасни“, напиша Сем Алтман на платформата X. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра. „Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година. Со ...
Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија денес се одржа свечената церемонија на потпишување на Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа. Настанот се одржа во присуство на Н.Е. г-ѓа Сања ...
На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Т.(42) од Охрид кој претходно, во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта. По целосно ...
Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со ...
Претпладне променливо облачно, попладне и во вечерните часови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=20°C. P=987hPa. U=81%. V=1m/s. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се ...
Американскиот Стејт департмент објави на социјалните мрежи фотографија од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со натпис „Претседател Трамп: Претседател на мирот“, на која се наведува дека Трамп завршил осум војни за осум месеци. Меѓу војните што ги завршил, се споменува војната меѓу таканареченото Косово и Србија, за која Трамп тврдеше и претходно, а тој исто така изјави дека ја запрел војната меѓу Албанија и ...
Првпат во 20-годишната историја на Henley Passport Index, американскиот пасош испадна од листата на топ 10 најмоќни пасоши во светот, а Северна Македонија се најде на 42. место, со безвизен пристап до 129 дестинации низ светот. Индексот ја мери „моќта“ на пасошите според бројот на земји во кои нивните државјани можат да патуваат без виза. Според најновите податоци, Сингапур го предводи списокот со 193 дестинации без виза, по него следат Јужна ...
Во рамките на РЕсет платформата на „Реплек“ за добросостојба, под мотото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Сесијата ќе се одржи в сабота, 18 октомври, со почеток во 11.00 часот, во малата сала во СРЦ „Борис Трајковски“. Овојпат платформата добива додадена вредност, бидејќи учесниците, покрај да вежбаат, ќе имаат можност и да прашуваат како дo подобра форма, но и како да ја одржат ...
Жителите на овој град се позадоволни од местото каде што живеат отколку луѓето било каде на друго место во светот. Порталот Time Out пишува дека локалното население секогаш најдобро знае, па затоа, кога одлучиле да ги изберат најсреќните градови во светот, отишле директно до изворот и анкетирале повеќе од 18.000 луѓе за тоа колку високо го оценуваат својот роден град. Учесниците во анкетата ги оценувале своите градови според неколку клучни ...
Најмалку 10 лица загинаа, а 18 беа повредени, од кои некои сериозно, кога танкер за нафта се запали рано утрово додека беше на ремонт во индонезиската покраина Риау, соопшти локалната полиција. Пожарот избувнал на бродот „MT Federal II“ околу 4:00 часот наутро по локално време во бродоградилиштето во градот Батам, изјави локалниот началник на полицијата Заенал Арифин, според Ројтерс. „MT Federal II“ бил закотвен и на ремонт кога се запалил, рече ...
Вулканот Левотоби Лаки-лаки во индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара еруптираше денес, исфрлајќи вулканска пепел до висина од 10 километри, објави Индонезиската агенција за вулканологија. Поради зголемената активност на вулканот, властите го кренаа алармниот систем на највисоко ниво, а десетици жители на селата во непосредна близина се евакуирани од безбедносни причини, објави Ројтерс. Службениците предупредуваат на можноста за вулканска ...
Нема утеха за сопругата на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој вчера ја загуби битката со тешката болест. Нејзините зборови синоќа повторно ја трогнаа јавноста. Под објавата на приватната болница каде што Панчо се лекуваше изминатите месеци, таа напиша емотивна порака исполнета со благодарност и болка: „Вие бевте тие што ми дадовте уште седум месеци — седум месеци во кои можев да го гушкам и да му кажам сè што не успеавме цел живот. Ви ...
Српската „Алта банка“ официјално стана нов сопственик на „Стопанска банка Битола“, откако нејзината понуда беше прифатена од вкупно 262 акционери. Во рамки на трансакцијата, беа продадени 344.420 акции, што претставува 88,09 проценти од вкупниот акционерски капитал на битолската банка. „Алта банка“, со седиште во Белград, понуди 3.777 денари по акција издадена од „Стопанска банка Битола“. За понудата да биде успешна, беше потребно да се продадат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно го одликуваше десничарскиот активист Чарли Кирк со највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал на слободата. Кирк, кој требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата, беше застрелан на универзитетски кампус во Јута на 10 септември годинава. Во негово име наградата ја прими неговата сопруга Ерика Кирк, на свеченост одржана во градината на Белата куќа. Во своето обраќање, ...
Фудбалскиот клуб Пелистер Битола со трогателен гест ќе му оддаде чест на Владимир Блажев – Панчо, човекот кој, како што велат од клубот, уште од првиот ден верувал во сонот за модерен стадион во Битола. Во негова чест, на семафорот на стадионот „Петар Милошевски“ 65 минути ќе стои неговата фотографија, заедно со пораката со која Панчо ја поддржа кампањата за изградба на новиот стадион. Симболиката, како што наведуваат од клубот, е во бројката 65 ...
Oвeн Денот носи многу динамика и можност да ги покажете вашите способности. Сепак, внимавајте да не реагирате пребрзо – една непромислена одлука може да ве врати чекор назад. Средината на денот е поволна за склучување важни договори и состаноци со властите. Емоциите ќе бидат силни, а страстите ќе бидат изразени. Зафатените Овни можат да имаат мал конфликт, но и брзо помирување, додека слободните луѓе можат да доживеат неочекуван флерт со личност ...
Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, ...
Штип утревечер ќе го подигне погледот кон небото за да му оддаде почит на човекот што светеше меѓу нас – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и денеска ја загуби битката за живот. Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе. Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и ...
Многу луѓе во Германија во моментов страдаат од акутни респираторни заболувања. Според најновиот извештај на Институтот Роберт Кох (RKI), водечка биомедицинска истражувачка институција на германската влада, бројот на инфекции во споредба со претходната недела продолжува да расте и се наоѓа на висок ниво. Секоја недела се регистрираат околу 7,5 милиони нови случаи на респираторни заболувања, пишува Дојче веле. Слични симптоми кај корона, грип и ...
На единствениот повикувачки број за итни повици 112 беше добиена пријава од полициски службеник за исчезната жена во Липково, Куманово. По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али. „Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена ...