Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека САД погодиле брод за кој тврдел дека транспортирал дрога во меѓународни води крај брегот на Венецуела. „Согласно моите континуирани овластувања како врховен командант, утрово секретарот за војна нареди смртоносен кинетички удар врз брод поврзан со назначена терористичка организација (DTO) вклучен во трговија со наркотици во зоната на одговорност на Јужната команда на САД – веднаш до брегот ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Ресен порача дека Преспа секогаш била срцето на Македонија не само по убавината, туку по трудот, чесноста и по луѓето што не се откажуваат. Затоа порача тој, како регион кој е симбол на можности да се обединат и ја вратат вредноста назад. „Верувам дека овој пат ќе победи визијата, прогресивноста и љубовта кон татковината. Граѓаните ...
Музичкиот свет е во шок и тага по веста за смртта на Д’Анџело, легендарен соул пејач и автор на хитот „Brown Sugar“. Д’Анџело почина на 51-годишна возраст по долга борба со тешка болест. „Чувствувам голема тага поради смртта на Д’Анџело. Поминавме толку прекрасни моменти. Многу ќе недостасуваш. Почивај во мир, те сакам КРАЛУ“, напиша Ди-Џеј Премиер, кој соработуваше со него уште од 1998 година. Роден во Ричмонд како син на свештеник, Д’Анџело ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше магазинот Time, нарекувајќи ја фотографијата која го придружуваше текстот за потпишувањето на неговиот мирољубив план за Блискиот Исток „најлошата досега“. „Магазинот Time напиша релативно добра сторија за мене, но фотографијата можеби е најлошата досега. Ми ја избришаа косата, а потоа ставија нешто што лебди над мојата глава и изгледа како круна, но многу мала. Навистина чудно! Никогаш не ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во интервју за MSNBC не ги нарече директно постапките на Израел во Газа „геноцид“, но изјави дека тоа е важно и соодветно прашање за дискусија. На прашањето дали се согласува со членови на својата партија кои ги нарекоа настаните во Газа „геноцид“, Харис одговори: „Тоа е правен термин за кој ќе одлучи судот. Но, кога ќе го погледнете бројот на убиени деца, бројот на невини цивили кои загинаа, ...
Ученик од средно училиште во Бедековчина е прободен со нож и е пренесен со хеликоптер во Клиничкиот болнички центар Загреб. Полицијата потврди дека една лице е повредено пред средното училиште во Бедековчина, по што е пренесено во болница. Според информациите, инцидентот наводно се случил за време на одбележувањето на Денот на лебот, кога момчето донело леб, шунка и нож. Додека се шегувало и вртело со торбата, ножот испаднал од торбата и се ...
Со доаѓањето на постудените денови и порано настапувањето на вечерите, многумина по работа се радуваат на топол и заситен оброк. Вечерата за многумина е момент на опуштање и уживање, но она што го јадеме неколку часа пред спиење може значително да влијае на нашето здравје. Бидејќи ноќта варењето се забавува, некои омилени оброци можат да предизвикаат воспаленија, подуеност и зголемување на телесната тежина, предупредува нутриционистката Кезија ...
Грејната сезона во Скопје започна официјално денеска, но според правилата, испораката на топлинска енергија може да започне и порано, односно од 1 октомври, ако прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. До 15 октомври, на веб-страницата на „ЕСМ Снабдување“ секојдневно се објавува дали се исполнети условите за испорака на топлинска ...
Синот на Халид Бешлиќ, Дино, заедно со своите најблиски соработници го посети гробот на својот татко ден по погребот. Гробот на Халид беше полн со венци, цвеќе и пораки. Во понеделникот бројни колеги, пријатели, но и обожаватели на Халид со солзи во очите се простија од него и го испратија на вечен починок. Збогување со омилениот пејач Збогувањето започна со емотивна комеморација во Сараевското Народно театар, каде што се простија пријатели и ...
На енергетската трансформаторска станица која ја поседува бразилската компанија Eletrobras денеска избувнал пожар, што предизвикало прекин на струјата во повеќе сојузни држави на Бразил, соопштија официјални лица, а пренесува Reuters. Инцидентот довел до целосно исклучување на оптоварување од околу 10.000 мегавати (MW) и влијаел на повеќе од милион корисници. Пожар во реакторот Пожарот се случил во реакторот на трансформаторската станица во ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес изрази длабока загриженост за демографските трендови во земјата и повика на конкретна поддршка за семејствата. „Во последните децении, како што знаеме, бевме сведоци на значителен пад на наталитетот во Европа. Ова бара посветеност на промовирање избори на различни нивоа во корист на семејството, поддршка на неговите напори, промовирање на неговите вредности и заштита на неговите потреби ...
Болката по смртта на Владимир Блажев – Панчо од популарното дуо ДНК продолжува да ги тресе неговите најблиски и македонската јавност. По бројните збогувања од колеги, пријатели и јавни личности, сега со емотивна порака се прости и неговата сопруга Маја. „Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил, објавувајќи ја својата неизмерна тага по загубата на сопругот. Панчо и ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку социјалните мрежи упати емотивно соопштение по повод смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на популарното дуо ДНК, кој повеќе од седум месеци се лекуваше во оваа установа. „Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира, денеска на прес-конференција обвини дека вработените во општинската администрација, јавните претпријатија и училиштата трпат закани и притисоци од страна на претставници на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ. Во изминатата недела, десетици граѓани, вработени во општинската администрација и јавните претпријатија, се обратија кај мене и кај ...
Македонската музичка сцена тагува по ненадејната смрт на Владимир Блажев – Панчо, член на познатото дуо ДНК. Веста за неговото заминување остави силен белег меѓу неговите колеги, пријатели и обожаватели, кои преку социјалните мрежи упатуваат потресни пораки на збогување. Меѓу најемотивните беше реакцијата на пејачката Елена Ристеска, која со години беше блиска со Панчо и соработуваше со него на многу музички проекти. „Ах бре Пане, ме скрши на ...
Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, во Институтот за радиологија се појавил технички проблем за време на снимање со магнетна резонанца на пациент кој бил на кислородна поддршка. Надлежните веднаш реагирале и ги презеле сите потребни безбедносни мерки, а пациентот е во стабилна и добра здравствена состојба. Во моментов се работи на отстранување на дефектот на апаратот, додека здравствените услуги за пациентите ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, имал „момент на слабост“, коментирајќи го видеото кое на 10 октомври се појави на социјалните мрежи. На снимката се гледа како Кузмановски, во домашна атмосфера, меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со алузија на кокаин и разговара со друго лице. Министерот за здравство Азир Алиу, неколку часа по објавувањето на ...
Македонската музичка сцена тагува – почина Владимир Блажев – Панчо, пејачот, диџејот и продуцентот кој повеќе од две децении беше дел од аренби дуото „ДНК“, заедно со својот партнер Андреја Ѓорѓиески – Андреј. Панчо ја изгуби битката со последиците од пожарот што избувна на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија повеќе лица, меѓу кои и неговите колеги од бендот. Тој беше меѓу тројцата преживеани од групата ...
Во рамки на официјалната посета на словачкиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Петер Пелегрини. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Најпрво, уште еднаш би сакала да му се заблагодарам на почитуваниот претседател Пелегрини, но исто така и вам за присуството. Нему за извонредната посета. Се работи за потврда на ...
Жена во Делхи истурила врело масло врз својот сопруг кој спиел среде ноќ, а потоа го посипала со чили во прав додека нивната шестмесечна ќерка спиела до нив. Мажот е во критична состојба и е на интензивна нега во болницата Сафдарџунг, објави Индија Тудеј. Инцидентот се случил во областа Мадангир пред 12 дена околу 3:15 часот наутро. Според полицискиот извештај, на ужасниот напад му претходела жестока расправија меѓу двојката, Динеш и Садана, по ...
ЕВРОПСКАТА комисија објави дека ги казнила луксузните модни куќи Gucci, Chloé и Loewe со вкупно 157,4 милиони евра за мешање во политиките за цени на трговците на мало. Gucci мора да плати казна од 119,7 милиони евра, Chloé 19,7 милиони и Loewe 18 милиони евра. Брисел ги намали износите за сите три компании бидејќи соработуваа во истрагата и обезбедија докази. Брендовите со седиште во Италија, Франција и Шпанија нелегално ги одредуваа цените на ...
„Водафон“ соопшти дека вчерашниот масовно затемнување на нивната интернет покриеност не е предизвикан од сајбер напад. Според компанијата, проблемите сега се целосно решени, откако стотици илјади луѓе пријавија прекин на нивните WiFi, 4G и 5G конекции. „Во понеделник попладне, за кратко време, мрежата на „Водафон“ имаше проблем што влијаеше на широкопојасниот интернет, 4G и 5G услугите“, изјави портпаролот на „Водафон“. „Ова беше предизвикано од ...
Претседателотсвото на Босна и Херцеговина денес едногласно одлучи да го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, истакнувајќи ја неговата „посветеност на воспоставување траен мир во Појасот Газа“, пишува klix.ba. Оваа одлука, која претставува прва официјална номинација за претстојниот циклус на доделување на престижната награда, е донесена со консензус на сите тројца членови на Претседателството – Денис ...
Во рамки на групацијата Tessa Group започнува и ново поглавје во енергетиката под брендот – Tessa Energy. Овој чекор не е само промена на имиџот, туку пред се симбол на обединетост, визија и континуиран напредок. Како енергетски столб на групацијата, Tessa Energy е посветена на создавање еколошки, ефикасни и економични решенија кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и чиста животна средина. Водечки “мотор” на Tessa Energy e Energy ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, кое ги обединува семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати длабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој почина по седум месеци борба со последиците од пожарот. „Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во ...
Македонската музичка сцена денес тагува по смртта на Владимир Блажев – Панчо од познатото дуо ДНК, кој почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани. Социјалните мрежи се преплавени со пораки на жал, љубов и благодарност за човекот кој остави длабока трага во македонската музика. Во нивна чест денеска повторно го реобјавуваме последното интервју во кое гостуваат со неговиот колега Андреја, кој беше меѓу загинатите во трагедијата во Кочани ...
Според електронската евиденција на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ), доктор Игор Кузмановски во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680. Истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Република Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од ...
Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници, откако во јавноста се појави видео-снимка со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски. Алиу појасни дека во рамки на Министерството функционираат 12 работни групи кои работат на усогласување и измена на законите поврзани со здравствениот систем, со цел да се избегнат колизии меѓу ...
На 13.10.2025.во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б.. Известен е јавен обвинител и на местото се, ...