Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео-аларм за денешниот ден, 11 октомври 2025 година, поради најава за засилен северен ветер. Како што е прикажано и на објавената карта, поголемиот дел од земјата е означен со жолто ниво на опасност (метео аларм). Најсилниот ветер се очекува долж Повардарието, како и во источните делови на државата. Жолтиот метео-аларм за засилен ветер ги опфаќа регионите околу Куманово, Свети Николе, ...

Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира со двајца пензионирани НБА центри. Таа брзо стана вирална поради разликата во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер (183 см), Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см). Феникс Санс и Бруклин Нетс играа во предсезонски натпревар во Макао, кој заврши со победа на Санс. Девин Букер (пет асистенции, пет украдени топки) и Дилон Брукс постигнаа по 18 поени за Санс, кои победија со ...

Северна Кореја ја прикажа својата „најмоќна“ интерконтинентална балистичка ракета на воена парада на која присуствуваа високи функционери од Русија и Кина, објавија денес државните медиуми во Пјонгјанг. Настанот, кој одбележува 80 години од владеењето на Работничката партија, се случува во време кога лидерот Ким Џонг-ун обезбеди клучна руска поддршка со испраќање илјадници севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили. Дмитриј ...

Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против 63-годишен државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело прикривање. Во вторник, околу 23 часот, полициски службеници забележале автомобил со италијански регистарски таблички и двајца тогаш непознати мажи во близина на возилото на паркингот на трговски центар во областа Нови Загреб. Ги провериле нивните идентитети и возилото. Утврдиле дека станува збор за 63-годишен државјанин ...

Основното јавно обвинителство во Гостивар информира дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издал повеќе наредби и насоки со цел расветлување на грабежот што се случи во Гостивар. Како што соопштија од Обвинителството, преземени се активности за прибирање на докази и утврдување на идентитетот на сторителите. Од Обвинителството најавуваат дека јавноста ќе биде информирана веднаш по утврдување на повеќе детали за настанот и ...

Европа треба да биде поповрзана од кога било во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа за брзи железници што треба да ги поврзе сите главни градови и големите урбани центри. Проектот наречен Европска мрежа за брзи железници, кој е поддржан од здружението CER (Заедница на европски железнички и инфраструктурни компании), наскоро треба да добие официјално одобрение од Европската комисија. Станува збор за ...

БЕЛАТА КУЌА вчера објави меморандум од докторот на Доналд Трамп во кој се сумира посетата на американскиот претседател на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ претходно истиот ден, која вклучуваше бустер доза за COVID-19 и вакцина против грип. Докторот на Трамп, Шон П. Барбарела, во документот од една страница рече дека Трамп „останува во исклучително здравје, демонстрирајќи силни кардиоваскуларни, пулмонални, невролошки и физички ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обнови својата трговска офанзива против Кина, како одмазда за ограничувањата што ги наметна Пекинг врз секторот за стратешки ретки минерали. Трамп вчера напиша на својата мрежа Truth Social дека САД ќе воведат дополнителни 100 проценти царини за кинески стоки, покрај оние што веќе се во сила, најавувајќи дека тие ќе стапат на сила на 1 октомври или порано. „Кина презеде невиден чекор“ „Тукушто е ...

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека компанијата Марковски, блиска до екс претседателот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот претседател Венко Филипче, го олеснила буџетот на државата за 100 милиони денари, а судот доделува куќен притвор на сопственикот, наместо ефективен притвор. „Марковски компани кој сега е фатен на дело за местење на тендер, години наназад во соработка со Заев и Филипче, заработи над 200 милиони евра. Јавноста заслужува одговори, каде ...

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска реагираше на писмото што Јавното обвинителство го упати до Адвокатската комора, велејќи дека тоа го чувствува како „притисок и директен напад врз нејзината слобода на говор и професионална независност“. „Би сакала да го видам Јавното обвинителство со иста таква енергичност да реагира кога е отворено нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета“, ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Таа истакна дека овој празник е потсетник на храброста и пожртвуваноста на генерациите кои ја извојуваа слободата и ја создадоа македонската држава. „На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на ...

На 20 октомври, од 10 до 15 часот, двата македонски аеродроми – Скопје и Охрид – ќе бидат без полетувања и слетувања, поради најавениот штрајк на контролорите на летање. Во тој период ќе работи само еден сектор на контролата на летање, кој ќе овозможи максимум 30 авиони на час да го прелетуваат македонското небо, но без можност за слетување. Вообичаено, бројот на прелети изнесува околу 70 авиони, што значи намалување од речиси 50%. Штрајковите, ...

Пред 84 години со акција на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во земјава во Втората светска војна. Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападнаа телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во ...

Oвeн – Дeнec, пoглeднeтe ce вo oглeдaлo и нacмeвнeтe ce нa вaшиoт oдpaз. Дoзвoлeтe eнepгиjaтa дa вe oбзeмe – нoвo пoзнaнcтвo или cтapи пpиjaтeли ќe внecaт cвeжинa вo вaшиoт живoт. Дoзвoлeтe cи дa вe coвлaдa вoзбyдaтa oд нoвoтo. Биĸ – Дoмaшнaтa aтмocфepa e coвpшeнo мecтo зa coздaвaњe интимeн и peлaĸcиpaчĸи вeчepeн pитyaл. Oвa e вpeмe дa ce oттpгнeтe oд ceĸojднeвниoт cтpec и дa yживaтe вo миp, yдoбнocт и poмaнca. Baшeтo cpцe бapa xapмoниja – ...

Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христa. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на идолите), на што Хaритон му одговори: „Сите ваши богови се бесови, коишто се струполени негде заради гордоста во најкрајната темнина.“ И ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...

Претседателот Трамп ги заостри тарифите и трговските тензии со Кина во петокот. Во објава на Truth Social, претседателот рече дека САД ќе воведат дополнителна царина од 100% за кинеските стоки почнувајќи од 1 ноември 2025 година. Претседателот рече дека потегот е поттикнат од тоа што Кина зазеде „исклучително агресивен“ став во трговијата со најавувањето нови контроли на извозот што ќе стапат на сила следниот месец. Трамп тврди дека потегот ...

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице му е определена мерка притвор. Со ова е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на претходна постапка. ОЈО Битола се уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на ...

Старицата, позната само по презимето Жанг, рекла дека се водела од народното верување дека јадењето живи жаби може да помогне во лекувањето на болката предизвикана од хернија на дискус, објави британскиот Телеграф. Се вели дека во септември побарала од членовите на семејството да ѝ помогнат да ги фати жабите, без да го открие својот вистински план. Ги изела жабите, сите помали од дланка, во два наврати, три првиот ден, а преостанатите пет ...

Фудбалската репрезентација на Македонија го оствари зацртаниот план – ремизираше без голови (0-0) на гостувањето кај Белгија и го задржа првото место во групата од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Дуелот во Брисел беше вистинско тактичко ремек-дело на селекторот Благоја Милевски, налик на легендарното „катанаџо“ против Италија во Палермо. Белгијците доминираа и упатија над 25 удари кон нашиот ...

ЦЕНАТА на какаото на светскиот пазар е речиси преполовена во споредба со април, кога тон достигна цена од 11 илјади долари и сега е околу шест илјади долари по тон. Хрватското здружение на работодавачи наведува дека падот се должи на очекувањата за глобален вишок на суровини, послаба побарувачка и поволни временски услови во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител. Во исто време, додека суровините поевтинуваат, цените на ...

Американскиот водител Џими Кимел го исмеа Доналд Трамп за неговата самопромоција за Нобеловата награда за мир, само неколку часа пред да биде објавено дека лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо победила. Кампањата и реакцијата на Трамп Доналд Трамп тврдеше дека ја заслужува наградата, велејќи дека спречил седум војни. Минатиот месец тој рече: „Сите велат дека треба да ја добијам Нобеловата награда за мир“. Неговите надежи беа ...

Најновата алатка за вештачка интелигенција за претворање на текст во видео на OpenAI, наречена Sora, е преземена повеќе од милион пати за помалку од пет дена, надминувајќи го успехот на ChatGPT кога беше лансирана. Апликацијата, која генерира реалистични десетсекундни видеа врз основа на едноставни текстуални инструкции, моментално е на врвот на американската продавница за апликации на Apple, објавува BBC. Бројките беа објавени на социјалната ...

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, вечерва се огласи на Фејсбук по објавувањето на скандалозното видео на кое, според снимката, се гледа како „шмрка бело“. Тој изрази длабоко жалење и извинување за постапките, нагласувајќи дека настанот се случил пред да ја преземе функцијата директор. „Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирањето на ...

ВРЕМЕ е да забавите и да дозволите животот да ве изненади. Овој викенд носи неочекувани разговори, слатки средби и мали пресврти што можат да ги променат вашите планови, но во добра насока. Ѕвездите поттикнуваат спонтаност, смеа и малку храброст во љубовта. Овен Работа: Во сабота, се појавува можност да преземете улога што долго време ја посакувате, можеби преку понуда од колега или спонтан договор. Во недела, сфаќате дека оваа нова идеја ...

DISCORD, популарна платформа за пораки за гејмери, објави дека фотографии од лични карти на околу 70.000 корисници можеби се протечени во сајбер напад. Платформата, која ја користат повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот, вели дека хакерите не го компромитирале самиот Discord, туку партнерска компанија која ги потврдила возрастите на корисниците, пишува BBC. Корисниците можат да прикачат фотографии од лични документи за да ја потврдат својата ...

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл. “Јасно е дека ...

Екс претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во гостување во емисијата „Политико“ на Инфомакс вечерва изјави дека во неговиот петгодишен мандат од Велика Британија никогаш не било официјално отворено прашањето за прифаќање мигранти во Македонија. „Во моите пет години со мене, од страна на Велика Британија, било кое ниво претставник никогаш не го имало отворено ова прашање. Сум слушал дека на пониски нивоа – во рамки на МВР или меѓу ...

„Секој глас за СДСМ е влог во подобра иднина за Македонија. Затоа ајде заедно, обединети, решителни, сите на едно место, да ја вратиме државата во рацете на народот“, повика Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров. Филипче нагласи дека ова не е време за апатија, туку време да се допре до секој човек кој ја чувствува неправдата од оваа власт. „СДСМ е единствената сила која може да ...

Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата. „Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности. Нашата заложба е правилата и законите да важат за сите подеднакво и управувањето ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
58%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
33%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.92
70%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
80%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
77%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
88%
1018
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
81%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
89%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
82%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844