Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. – Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и ...

Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, регионалната директорка за Западен Балкан, Шиаокинг Ју, извршниот директор Јуџин Ругенаат и раководителката на Канцеларијата на Светската банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межевав. Разговорите ...

Главната расправа за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово. Судењето, кое ќе се води под број К.бр. 1872/25, се очекува да биде едно од најголемите и најкомплексните судски процеси во последните години, имајќи предвид дека предметот опфаќа 37 обвинети и над 250 оштетени лица и семејства на починати во пожарот. Како што ...

Претседателот Доналд Трамп во среда изјави дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува операции во Венецуела, значително зголемувајќи го притисокот на САД врз претседателот Николас Мадуро, поради серијата смртоносни напади врз наводни бродови за шверц на дрога во карипските води покрај брегот на земјата, објави „Вашингтон пост“. Трамп не кажа дали ја овластил ЦИА да го собори Мадуро, потег за кој се залагаа некои од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината регионална турнеја. Сиљановска-Давкова ја оцени посетата како охрабрувачка и поттикнувачка за европската реинтеграција на регионот. Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започна со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска ...

Во Велика Британија е поднесена голема тужба против фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“, во која компанијата се обвинува дека свесно продава бебешка пудра контаминирана со азбест, и покрај тоа што знаела дека е штетна. Тужбата, поднесена од 3.000 луѓе, се базира на интерни документи и научни извештаи кои укажуваат дека „Џонсон и Џонсон“ знаеле уште во 1960-тите дека нивниот талк во прав содржи влакнести форми на талк, вклучувајќи тремолит и ...

Ова се зборовите на Тоше Проески, кои неговите фанови нема да ги заборават и цитати кои секогаш ќе не сеќаваат на него. 1. Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно. 2. Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја ...

Се навршуваат 18 години од смртта на еден од најдобрите македонски пејачи Тоше Проески. Момчето со ангелски глас трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Нова Градишка – Хрватска. На 16 октомври 2007 година, патувајќи од Скопје до Загреб, на автопатот кон главниот хрватски град, неговото возило удри во камион, по што на лице место загина Тоше, а возачот и неговата менаџерка беа полесно повредени. Веста за смртта ја потресе цела ...

Oвeн – Дeнec мoжe дa бидe пpeдизвиĸyвaчĸи дeн зa дoнecyвaњe oдлyĸи aĸo ce двoyмитe. Зa дa гo oлecнитe пpoцecoт, opгaнизиpajтe ja имплeмeнтaциjaтa нa инициjaтиви штo ќe ви дoнecaт нajгoлeми пpидoбивĸи. Πoĸpaj тoa, пpифaтeтe ги ĸpитиĸитe oд вaшитe нajблиcĸи co ĸoнcтpyĸтивeн пpиcтaп, бидejќи тoa мoжe дa ви пoмoгнe дa ce пoдoбpитe. Биĸ – Πpeфpлeтe ce нa peжим нa штeдeњe и дoбpo paзмиcлeтe ĸaĸo дa yпpaвyвaтe co вaшитe финaнcии и бyџeт. Oвa ќe ви ...

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен. ...

Македонската радио-телевизија (МРТ) попладнево не успеа да ги емитува своите централни и вечерни информативни изданија на вестите. Официјалната причина нема, но како што дознава 4NEWS.mk станува збор за технички проблеми. Јавниот сервис попладнево ја остави јавноста без клучните информативни програми кои се темел на нејзината јавна служба. Одложено беше и емитувањето на политичката програма каде требаше да се претстават дел од кандидатите за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Си-Ен-Ен дека ќе размисли да им дозволи на израелските сили да продолжат да се борат во Газа доколку Хамас не го исполни својот дел од договорот за прекин на огнот. „Израел ќе се врати на улиците (на Газа) штом ќе го кажам зборот. Доколку Израел можеше да влезе и да ги уништи, ќе го стореше тоа“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен во краток телефонски разговор кога го прашаа што би се случило ако Хамас ...

Истакнатата шведска активистка Грета Тунберг проговори за нејзиното тешко искушение за време на петдневниот израелски притвор претходно овој месец, по обидот на хуманитарна флотила да достави помош во Газа. Опишувајќи како израелските сили ја тепале, ја клоцале и се заканувале дека ќе ја фрлат во кафез со гас, климатската активистка сподели потресни детали од своето искуство со други шведски учесници во Глобалната флотила Сумуд, чија цел беше да ...

Маратонци трчаат на ултра маратон во чест на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески. Тие тргнаа од Нова Градишка, Хрватска, кон Крушево, во рамките на 18. ултра маратон. По традиција, маратонците ќе бидат пречекани во Крушево со црвени рози, а на Гумење, на вечното почивалиште на големиот музичар и хуманитарец, ќе му оддадат почит. Тоше Проески, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда, останува инспирација за фановите кои го посетуваат ...

Во Келн е откриено ново антитело против вирусот ХИВ. Во лабораторија, тоа покажа способност за спречување на инфекции и неутрализирање на вирусот – дали ова сега е нова надеж во борбата против СИДА-та? Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од најсериозните епидемии во историјата на човештвото. Иако бројот на смртни случаи се намали со текот на времето благодарение на ...

Во центарот на Штип вечерва се одржа скромна, но емотивна церемонија во спомен на музичарот и јавната личност Владимир Блажев попознат како Панчо, кој почина вчера, само 7 месеци по трагедијата во Кочани. Граѓаните се собраа на плоштадот, носејќи свеќи и пораки на спомен на оној кој остави трага во локалната музичка сцена и кај јавноста. Атмосферата беше тивка и почитувачка, со моменти на молчење и сеќавање на неговите дела. Локалните жители ...

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, предупреди Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар. „Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата која нема конкретни проекти и чија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт, поради судирот со градоначалникот, објави во среда германската новинска агенција ДПА. Во вторник, Зеленски му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од една деценија, велејќи дека поседува руски пасош. Труханов го негира обвинението и планира да се жали на одлуката и да остане градоначалник. ...

Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањата на споменик на културата на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки. Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за ...

Веб-страницата на Меѓуградската автобуска станица – Скопје (sas.com.mk) е цел на хакерски напад од поединец или група што се претставува под името „Аргонс“, па така наместо редовната содржина, на страницата е поставено видео кое има заканувачка порака упатена кон македонските власти. Видеото, објавено на платформата Vimeo на 13 октомври во 15:37 часот, прикажува темна позадина и се слуша глас на англиски јазик што најавува „сајбер армагедон“, а ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку ...

Александар Вулин, кој во минатото имал голем број важни позиции во Србија, ги коментираше изјавите дадени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Белград. „Очекувам Европската Унија целосно да се усогласи со политиката на Србија, вклучително и повлекувањето на признавањето на таканареченото Косово, како и итно повлекување на сите одлуки што го кршат Дејтонскиот договор и ги намалуваат ...

Од Левица реагираат на одлуката на Уставниот суд. Тие велат дека Уставниот суд решил да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите. „Според ова контраверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка ...

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на партијата Левица, со која беа оспорени делови од Упатството на АВМУ за радиодифузерите за локалните избори 2025. Судот оцени дека упатството е во согласност со Изборниот законик и дека АВМУ само ја спровела законската одредба од членот 75ѓ, без да ги пречекори своите овластувања. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, порача дека иницијативата е поднесена само два дена пред изборниот ...

Полицијата во Куманово ја пронајде 40-годишната С. С. од селото Ваксинце, општина Липково, потврди денеска Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово. Вчера, нејзиниот 50-годишниот сопруг Б. С. пријавил во полицијата дека сопругата се оддалечила од домот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека пријавата за исчезнувањето стигнала на повикувачкиот број за итни случаи 112, по што, по барање на полицијата, во потрагата биле ангажирани и ...

Кандидатот Сотир Лукровски извршил измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани. Според официјалните податоци од Facebook Page Transparency, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities” – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија. Промената е направена непосредно пред почетокот на кампањата, ...

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК, кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре, 16 октомври, на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот. Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9:00 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10:00 до 12:00 часот, а опелото ќе започне во 12:00 часот. ...

Министерството за здравство соопшти дека по пријава од Клиничката болница во Тетово за напад врз медицински персонал, надлежните институции веднаш презеле соодветни мерки. Според пријавата, 28-годишен маж покажал агресивно однесување и физички нападнал еден од лекарите во болницата. „Министерството за здравство остро ги осудува сите облици на насилство врз здравствените работници и се залага за почитување на нивниот интегритет, достоинство и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
73%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
74%
1012
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
54%
1020
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.51
80%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
84%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
83%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1019
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.79
77%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844