Од вчера наутро (14 август) околу 08:00 часот се губи секоја трага од две лица – Марта Илиќ и Никола Стефановиќ (роден на 23.07.1994) од Богојевце, кај Лесковац. Двајцата патувале на релација Солун – Олимпик бич, каде што требало да пристигнат, но не се пријавиле во сместувањето. Тие се движеле со плав металик „Опел“ со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB. Сите кои имаат каква било информација за нивната локација се замолуваат веднаш да се ...

Рускиот претседател Владимир Путин наводно ќе му претстави на американскиот претседател Доналд Трамп „историски материјали“ на самитот во Алјаска, со кои сака да ја прикаже Украина како вештачка држава, тврди Украинскиот центар за борба против дезинформациите. Според Центарот, како што објави Киев Индепендент, пакетот вклучува географски карти кои се обидуваат да ги оправдаат територијалните претензии на Русија и континуираната воена агресија ...

Во Собранието се подготвува итна пленарна седница за измени на Изборниот законик, со цел да се регулира собирањето потписи за независни кандидатури по распишувањето на локалните избори, пишува „360 степени“. Според информациите, ќе се предложи нов праг од 0,95% од запишаните избирачи во општината или во Град Скопје – минимално понизок од оној што Уставниот суд го укина како неуставен. Зад иницијативата стојат пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства. Ова создава простор за злоупотреби – дел од пријавените ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање ...

Со новата испорака, вкупниот број на лесни оклопни возила JLTV во Армијата се искачи на 67 од планираните 96. Министерот Мисајловски најави дека наскоро се очекува и пристигнување на оклопните возила „Страјкер“, исто така од американско производство, со што значително се зголемуваат одбранбените капацитети и интероперабилноста со НАТО сојузниците. На свечената презентација на новите борбени возила присуствуваше највисокиот државен и воен врв, ...

На денешната седница членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) едногласно ја избраа Цвета Ристовска за заменик-претседател. Нејзиниот мандат е шест месеци, а функцијата ја презема од Билјана Каракашова Шулев на 21 август. Изборот на Ристовска доаѓа откако ДКСК остана без претседател по оставката на Татјана Димитровска. Димитровска се повлече од функцијата откако Обвинителството поднесе обвинителен акт против неа за ...

Обвинителството се премисли, па сега ѝ нуди на кандидатката за градоначалник на Општина Центар да дојде по изборите на распит, ако тоа го чувствувала како притисок. „Во меѓувреме, со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и и даде можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите“, ...

Доналд Трамп штотуку полета од заедничката база Ендрус. Американскиот претседател ќе лета седум часа до Алјаска, каде што ќе седне со Владимир Путин. Доналд Трамп вели дека „нешто ќе се случи“ од неговата средба со Владимир Путин во Алјаска. Американскиот лидер зборува во авионот „Ер Форс Уан“. Трамп додава дека Путин мисли дека тековните напади врз Украина „му даваат сила“, но Трамп вели: „Мислам дека тоа го повредува“. Американскиот лидер вели ...

Вчера објави дека ќе се кандидира за градоначалник на општина Центар, а вечерта полицајци и затропале на врата и ѝ врачиле кривична пријава и покана за распит. Обвинителството вели едното и другото не може да се доведат во релација. Билјана Ивановска која беше претседателка на претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупција вчера објави дека се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општина Центар. Таа рече ...

Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте П. Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи ...

Владата нема да се откаже од европскиот пат. Во врска со предметот на Уставен оформен по иницијативата за укинување на вториот протокол, оттаму велат дека ќе чекаат одлука. „Апсолутно ние никогаш нема да се повлечеме од преговорите со ЕУ, тоа не е цел на оваа Влада, напротив наша цел е да бидеме дел од ЕУ. Околу поднесокот на поранешната пратеничка Поповска таа треба да ви даде одговор, да почекаме Уставниот суд да донесе конечна одлука поврзана ...

Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на Dioptra Optics Urban Concept – модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала. Dioptra Optics, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за прв пат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: Etnia Barcelona – позната по своите автентични ...

Два авиона на авиокомпанијата easyJet се судрија утринава околу 06:30 часот по британско време, додека таксирале на аеродромот во Манчестер, соопшти портпарол на аеродромот. При инцидентот, крилата на двата авиона се закачиле, но нема пријавени повредени патници или членови на екипажот. Патниците од двата лета – еден кон Париз и друг кон Гибралтар – безбедно се симнале од авионите. По кратка суспензија на летовите заради безбедносна проверка, ...

На последната седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки со кои се зајакнува системот за заштита на потрошувачите и се воведуваат нови стандарди за транспарентност, фер практика и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните. Првата одлука предвидува банките да обезбедуваат јасни, точни и навремени информации за сите финансиски производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити. Целта е ...

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и ...

Борбата против шумскиот пожар што избувна во среда во близина на селото Чамлаџа во јужниот округ Мерсин продолжува трет ден по ред, при што речиси 350 пожарникари продолжуваат да го гаснат на копно, а воздушните екипи ја продолжија работата од изгрејсонце, јавува агенцијата Анадолија. Според локалните власти, речиси 1.000 домаќинства се евакуирани поради пожарот, а пламените јазици досега предизвикаа сериозна штета на над 50 куќи во селата ...

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...

Oвeн – Bpeмe e дa ce фoĸycиpaтe нa личнитe цeли. Избeгнyвajтe импyлcивни oдлyĸи, ocoбeнo вo ĸoмyниĸaциjaтa. He ja чyвajтe вaшaтa мyдpocт зa ceбe, тyĸy cпoдeлeтe ги лeĸциитe штo cтe ги нayчилe co cвeтoт. Лyѓeтo мoжaт мнoгy дa нayчaт oд вac. Биĸ – Дeнec ќe ce чyвcтвyвaтe мaлĸy oтcyтнo, дypи и oд лyѓe co ĸoи oбичнo cтe блиcĸи. Oвa нe мopa дa знaчи ништo лoшo, нaпpoтив, oвa e coвpшeнo вpeмe дa ce пoвpзeтe co ceбe нa пoинaĸoв нaчин. Близнaци – ...

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател ...

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. Во деновите од викендотќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во ...

Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа како ги поставуваат чашите по миењето, но постои добра причина зошто експертите советуваат никогаш да не ги превртувате наопаку. Иако многу луѓе ги ставаат чашите наопаку кога мијат садови за да се исцедат, ова е, како што објаснуваат експертите, сосема погрешно бидејќи го оштетува квалитетот и цврстината на чашите. Од научна перспектива, објаснувањето за ова е: „Работ на чашата е најкршливиот дел. Кога ќе ...

Учесниците на вечерниот протест во Нови Сад, кои беа повикани од студентите во блокада и дел од опозицијата, ги нападнаа партиските простории на СНС на Булеварот на ослободувањето. Фрлаа камења, јајца, боја, а беа фрлени и неколку петарди. Хулиганите ги скршија стаклата, влегоа во просториите и однесоа знамиња на Србија, а од објектите беа симнати и камери. Полицијата во моментот не е присутна пред просториите. Минатата вечер исто така беа ...

Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, е пријавен како исчезнат вчера околу 14:00 часот. Во моментот на исчезнувањето, тој бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа, бели патики и носел црн ранец. Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот. Сите информации, дури и најмалите детали, можат да бидат ...

Сериозна несреќа со балон на топол воздух се случи во Фрисланд, во северна Холандија, во која едно лице загина, а пет други беа повредени. Балонот, кој превезуваше 34 патници, одеднаш нагло падна околу 21 часот и силно удри во земјата. Според Кралското холандско воздухопловно здружение, причината беше ненадеен налет на ветер, што предизвика кошот да отскокне и пет лица да паднат. „Балонот на топол воздух нагло падна околу 21 часот и силно удри ...

Денеска (14.08.2025) во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”. Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви. Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од ...

Голем број корисници на Инстаграм од Србија почнаа да пријавуваат проблеми со добро познатата социјална мрежа, наведувајќи дека не можат да пристапат до пораките, како и дека нивниот фид се вчитува побавно. Инстаграм, дел од платформата Мета, продолжи да бележи пријави за проблеми во текот на изминатите 24 часа. На веб-страницата „Downdetector“ се забележува дека бројот на пријави за краткорочен пристап и бавно вчитување од различни земји, ...

Доналд Трамп беше прашан дали Владимир Путин има „цврста рака“ утре. „Па, тој дојде во нашата земја“, одговара Трамп. Тој им кажува на новинарите дека мисли дека Путин „би сакал да види договор“. „Мислам дека ако не бев претседател, тој би ја презел цела Украина, тоа е војна што никогаш не требало да се случи. Ако не бев претседател, според мене, тој многу повеќе би сакал да ја преземе цела Украина, но јас сум претседател и тој нема да се задева ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да се одлучи да одржи посебна прес-конференција, наместо заедничка, по состанокот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, ако состанокот не помине добро. „Ќе одржам прес-конференција. Не знам дали ќе биде заедничка. Дури и не сме разговарале за тоа. Мислам дека би било добро да имаме заедничка, а потоа и посебни“, рече Трамп. „Значи, нешто такво ќе се случи. Или, ако состанокот не ...

Руски државен авион штотуку слета во Алјаска пред утрешната средба Трамп-Путин, објави Flightradar24. Авионот полета од Москва во 7:50 часот по локално време и слета на Меѓународниот аеродром во Анкориџ. Влезе во воздушниот простор на САД околу 5:15 часот по локално време. Според веб-страницата за следење на летови Flightradar24, авионот превезувал руска делегација. Не е јасно дали Путин бил во авионот. The Russian delegation for the meeting ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
22%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
48%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.62
25%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
64%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
37%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
35%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
7.72
100%
1013
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598