
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Валцерот на Штраус ќе патува низ вселената Концертот ќе се одржи во Музејот на применети уметности во Виена под диригентството на Петер Попелка. Програмата вклучува дела инспирирани од вселената, а најзначајниот дел од вечерта ќе биде пренос во реално време на валцерот од Штраус до антената за длабока вселена (ДСА 2) на Европската вселенска агенција во Шпанија, изјави Норберт Кетнер, директорот на виенскиот туристички одбор. По овој пат, ...
Оскар Пјастри синоќешната пол-позиција во Барселона ја претвори во нова победа и креираше 10 бода предност во однос на тимскиот колега Ландо Норис, кој денеска мораше да се задоволи со финиш на второто место. Но што е поважно за двоецот на Мекларен, актуелниот шампион Макс Ферстапен сега има негатива од 49 бода откако имаше еден срамен потег поради кој доби казна од 10 секунди и финишираше како десетти. Во финишот на трката, кога имаше ...
Обвинителството денеска ја повика Арсовска да достави податоци и докази на кои конкретни парцели во Чаир има дивоградби, за да можат да постапуваат. Од Град Скопје, пак, велат дека доказите досега ги објавувале во соопштенија за јавоста. „За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје се пуштени над 15 ...
Изложбата на кавадаречкиот уметник, лани добитник на државно признание, наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на уметноста и културата, е насловена „Рапсодија во чаша полна љубов“. „Самиот наслов на изложбата претставува единство на двата празника, Свети Трифун и Свети Валентин, што се слават на 14 февруари, а всушност ги слават љубовта и виното, ја слават нивната нераскинлива врска што отсекогаш е вечна инспирација за уметниците“, ...
Украина удри по Русија: Загуби од седум милијарди долари Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека Русија претрпела значителни загуби во износ од седум милијарди долари по денешните напади на нејзините воени аеродроми. „Седум милијарди американски долари. Ова е проценетата штета на непријателската стратешка авијација, која беше погодена во склоп на специјалната операција „Пајакова мрежа“ реализирана од СБУ. Погодени се 34% од авионите ...
Израел продолжува со воените операции во Појасот Газа Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа, без да се обѕира на тековните преговори. „Наредив на војската да продолжи со операциите во Газа против сите цели, независно од било какви преговори, и да користи сите потребни средства за заштита на нашите војници, како и за елиминирање на убијците од Хамас,“ истакна Кац. ...
„До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму“, изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски, кој праша дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле ...
„Оваа револуционерна процедура ја водеа нашите ценети интервентни радиолози д-р Филип Ристески, д-р Славица Чалческа, асс. спец. д-р Андреа Нанчева – Богоевска и д-р Ивона Јованоска во соработка со ендокринолозите д-р Радмила Милошевска и д-р Наташа Недеска – Минова, во тесна соработка со познатиот експерт проф. д-р Булент Чекиќ, интервентен радиолог од Анталија, Турција. Во просториите на ГОБ ‘8 Септември’ беше изведено предавање, фантомска ...
Таксистите во Атина, организирани од нивниот синдикат, од 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз. Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку штрајкот, меѓу другото, бараат укинување на обврската за регистрација на нови такси возила само како возила со нулта емисија од 1 јануари 2026 година; бараат одговор од Владата во врска со апликациите за такси услуги; ...
Иако горната фаза на ракетата успеа да стигне до вселената – што не беше случај во претходните два пробни лета – вселенското летало експлодираше при повторното влегување во атмосферата на Земјата. „Како пробниот лет не беше доволно возбудлив, Старшип доживеа брзо и непланирано одвојување“, соопшти компанијата на Маск, Спејсекс, на социјалната мрежа Икс. „Тимовите ќе продолжат да ги разгледуваат податоците и да работат на следниот пробен лет.“ ...
Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека по обидите за внатрешна модернизација на ОПЕКЕПЕ кои не ги ...
Македонските одбојкарки беа многу далеку од нивото на противничките кои не само што победија, туку тоа го направија и преубедливо. Во првиот сет Македонија освои само седум поени. Покажавме мускули во вториот сет во кој освоивме 16 поени, а во третиот последен сет реализиравме само шест поени. Стојовска беше најефикасна во нашата селекција со седум поени. Нареден предизвик на Македонија во Сребрената европска лига е вториот турнир кој ќе го ...
Нико Розберг изрази незадоволство од случката што ја предизвика Макс Ферстапен со Џорџ Расел во завршницата на шпанската Гран при. Според поранешниот шампион, санкцијата била премногу лесна и дека Холанѓанецот требало да биде исклучен. Во последните кругови од шпанската трка имаше голем инцидент меѓу Ферстапен и Расел, што предизвика доста реакции во Ф1 светот. Розберг, некогашниот првак, беше еден од најгласните критичари, осудувајќи го остро ...
Иако горната фаза на ракетата успеа да стигне до вселената – што не беше случај во претходните два пробни лета – вселенското летало експлодираше при повторното влегување во атмосферата на Земјата. „Како пробниот лет не беше доволно возбудлив, Старшип доживеа брзо и непланирано одвојување“, соопшти компанијата на Маск, Спејсекс, на социјалната мрежа Икс. „Тимовите ќе продолжат да ги разгледуваат податоците и да работат на следниот пробен лет.“ ...
СВР Скопје соопшти дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници. -Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти СВР ...
Најавата за новото правило на Оскарите е наречена лудост: Американската академија за филмска уметност и наука објави низа нови правила што ќе важат за следните Оскари, закажани за 15 март 2026 година. Една од главните новости е тоа што сите членови на Академијата ќе мора да ги гледаат сите филмови во категориите за кои гласаат. Досега, тоа беше само препорачано, а гласачите ги избираа категориите за кои сметаа дека имаат доволно знаење, но не ...
Виктор Дулон – Виду е концептор на видеоигри и доаѓа од Бордо, Франција. Работел во многу компании на различни позиции – од 3Д моделирање до предавач на Школата за видео анимации во Бордо. Во неговата кариера има остварено низа соработки со познати продукциски куќи, меѓу кои е и неговиот ангажман, од 2019 до 2022 година, за славните Марвел комикс и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој помеѓу стрипот и видео игра. Инаку, добитник е ...
Тие реагираат дека долго време, некогаш и со месеци чекаат за термин (кој го закажува матичниот лекар) за специјалистички прегледи во дел од клиниките и за радиодијагностика, а кога ќе го „добијат“, поради редици луѓе, чекаат по цел ден за да им биде извршен прегледот, а потоа и за да добијат резултат. Од неколкуте клиники со голем број пациенти за преглед во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се согласни дека достапноста на термините и времето ...
Како што се наведува во соопштението, зафатот е завршен успешно, но за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, велат дека се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата. – Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови. Повеќето известувања од страна на ЈП ...
Африканската држава Мароко има амбиции да организира трка во Формула 1. Постојат извештаи дека планот за креирање на патеката и потребната инфраструктура, со вкупна вредност од 1,2 милијарди долари, доби одобрување. Стефано Доменикали води преговори со три африкански држави за организирање на Гран При. Освен Јужна Африка и Руанда, третата држава кај која се водат дискусии е Мароко. Планот вклучува изградба на патека од „А“ класа, 20 километри ...
Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА. Во Белград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, ...
Вардар имаше одличен старт на мечот, поведе со 6-2 и ја одржуваше таквата предност, на полувремето црвено-црните имаа три гола предност, беше 17-14. Во вториот дел беше исто, Вардар ја чуваше предноста, Пелистер се обидуваше да се доближи, но не успеваше, конечниот резултат беше 31-27. Мечот беше исполнет со многу борба, имаше и тензија на теренот која е вообичаена кога се игра вечното дерби. На трибините двата тима имаа поддршка од своите ...
Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја ...
Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска посочи дека е реновирано и приемното одделение со што овозможени се услови за повеќе шалтери. – Реновирано е одделението за систематски преглед, каде што направивме нова соба со аудиометар, го ставивме во употреба спирометарот и го реновиравме целото одделение. Исто така го реновиравме и приемното одделение, каде што остваривме услови за повеќе шалтери, но и одреден дел којшто ќе биде само за здравствените ...
Во недела, 27-ми април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15-тата епизода од 36-та сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец. Оваа вест ја објави Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е основач на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“. -Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – ...
Тој рече дека средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп мора внимателно да се подготви и дека се потребни резултати за кои може да се разговара на нивно ниво, пренесува РИА Новости. Ушаков во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ на ТВ каналот „Русија 1“ за подготовките за средбата меѓу Путин и Трамп изјави дека нема конкретни договори и нема потврда дека самитот ќе се одржи во 2025 година. Официјалниот претставник на Кремљ додаде дека ...
„Лавот” Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче. На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш. Сила покажување на жена, наместо кај криминалци. Што значи тоа “ќе видиш ти”? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или ќе пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате. ...
Триесет и пет годишниот Макс Фокс по 19 години успеа својата желба да ја реализира, сонот да стане јаве. 19 години се обидувал да застане на сцената на шоуто „Британија има талент“ и да пее пред Сајмон Кауел. Ова му успеа во 2025 година и тоа како дел од публиката. Седејќи во публика, во близина на Сајмон, Макс извикал по него за време на една од паузите и му ја кажал својата приказна. Кауел не верувал дека ваквиот потег на Макс не е претходно ...
Сепак, во соопштението не се наведени клучни детали – не е познато кога ќе биде изградена првата фабрика, кога ќе биде произведена првата ракета или точно за какви видови оружје станува збор. Владата сè уште не назначила лице кое ќе ја преземе функцијата национален директор за вооружување и ќе го води целиот проект. Енди Старт, кој моментално раководи со Агенцијата за одбранбена опрема и поддршка – тело одговорно за воени набавки – привремено ...
Како што се наведува во соопштението, мониторингот опфатил десет точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде биле земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање. Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето било изведено и со ...