Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена ...
Трилатерална конференција посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост и зајакнување на регионалната соработка за одржлив развој ќе се одржи денеска во Скопје. Организатори се Здружението Институт за развој на заедницата, во партнерство со Преда плус фондација и АДРФ (Albanian disability rights foundation) и со поддршка од партнерски организации, а во рамки на регионалната иницијатива „Empowered“, соопштија ...
Во Собранието денеска ќе заседава една комисија - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пред членовите на Комисијата се Предлог-одлуката за одржување јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2024 година и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Издавачката куќа „Или-или“ повторно го објави изданието „Писма“ - дебитантската проза од Игор Исаковски (1970 - 2014). Книгата првпат е објавена во 1991 година во издание на „Книжевна младина на Македонија“. - По 35 години, една од „најскопските“ книги повторно заживува и меѓу новата генерација домашни читатели. По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание со наслов „Совршен поет“, кое издавачката куќа ...
Со гала вечер на Сачуанската оперска група, битолчани заедно со гости од НР Кина низ уметничка програма го прославија доаѓањето на Кинеската лунарна Нова Година. Пред аудиториумот во Битола, амбасадорката на НР Кина, Џианг Сјаојен посочи дека иако во земјава е нешто повеќе од три месеци и веќе се чувствува како дома. -Јас сум трогната од великодушноста и љубезноста на луѓето овде или како што вели кинеската поговорка „Каде што срцето ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои законот за прекин на делумната блокада на финансирањето на федералната Влада. Мерката финансира поголем дел од федералната влада до 30 септември, а обезбедува краткорочно финансирање на Министерството за внатрешна безбедност за две недели. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе го потпише законот штом му биде доставен. Членовите на Конгресот подоцна ќе преговараат за ...
Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража. - Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел. Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража. Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот „за да го смири“ американскиот ...
Денеска Македонија ја зафати постудена воздушна маса од север која донесе претежно облачно време со врнежи од дожд, а на планинските предели снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде количината може да надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра. Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше ...
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб. Како што е наведено во соопштението, Барселона официјално изрази подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, да учествува во почетната фаза од ...
Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...
Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет. Местата за одржување на фудбалските натпревари се движат од стадионот на Њујорк Сити, кој е во изградба и треба да биде завршен во 2027 година, до постојните стадиони во МЛС лигата во Охајо, Тенеси, Мисури и Северна Калифорнија. Натпреварите од ...
Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички. Навивачите на македонскиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – ...
Нема веќе криење. Пензионери, студенти, ученици, невработени и корисници на социјална помош ќе можат легално да работат без да ги загубат пензијата, стипендијата или социјалните права. Со новиот Закон за работно ангажирање се воведуваат електронски процедури и јасна рамка за повремено и сезонско вработување. Се очекува преку 17илјади луѓе да излезат од сивата зона. Досега многумина работеа преку договори или воопшто не беа пријавени, а ...
Угостителите бараат одложување на новиот закон за пушење кој треба да стапи од следниот месец, додека лекарите предупредуваат на штетните последици и бараат што побрзо да се воведат мерки против цигарите. Министерот за економија не прецизираше дали постои реална можност за пролонгирање на примената на законот. Рече дека уште еднаш ќе седне на заедничка маса со угостителите и министерот за здравство, кој е и предлагач на законот. „Ќе имаме ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го преземаа случајот со големата нарко афера во Србија, каде беа запленети пет тони марихуана пренесена од фирмата „АлфаФарм“ регистрирана во Македонија, дознава Телевизија 24. Ќе се истражува дали во Македонија постојат организирани групи поврзани со нарко аферата. Телевизија 24 побара став од ОЈО ГОКК. Оттаму велат дека засега не може да соопштат повеќе детали од ...
Судскиот совет ги проверува наводите за работењето на судијата Ѓоко Ристов, но под лупа ќе биде и целокупната работа во скопска Апелација. Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски изјави дека била извршена контрола на дел од прдметите во кои постапувал Ристов, но засега нема податоци или детектирано пропуст бидејќи се уште се разгледуваат предметите. Камбовски посочи дека неделава ќе бидат завршени извештаите. Александар ...
ДКСК отворила два предмети за антикорупционерката Цвета Ристовска брифираат за ТВ 24 од антикорупциска. Станува збор за предмети од кои во едниот треба да се истражи дали се работи за судир на интереси а другиот за фирма на синовите. Партијата Левица веќе изнесе дел од забелешките и наодите кои ги презентираа во јавноста а повикувајќи се на поднесениот имотен лист од 18.01.2024 во кој фирмата од 2020 та останала не пријавена . Другиот случај ...
Одложено судењето за Вангелица Илијевска, на која и се суди за двојно убиство во семејната куќа во Кратово. Ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата, информираат од кумановскиот Основен суд. ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО - На претходното рочиште судот ја донесе одлуката по барање на обвинителството, со образложение дека новото мислење ќе ги отстрани сите евентуални недоречености, пропусти и можни различни правни ...
ЈСП ќе се модернизира, но кога – сè уште останува непознато. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави набавка на 100 нови автобуси, кои, како што вели, ќе го променат секојдневието на илјадници граѓани што го користат јавниот превоз, но без конкретен датум кога автобусите ќе почнат да сообраќаат низ главниот град. „Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе ...
Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност - Министерството за здравство се огласи на темата извоз на македонски мозоци во САД. Оттаму велат дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал е предмет на ригорозно нормативно регулирање. Министерство за здравство - Законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 наваму законската обврска за чување на ...
На 10 месецов ССМ излегува повторно на улиците со блокади и протести пред институциите кои немаат слух за работникот, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Посочи дека кога веќе нема слух на власта работниците ќе бараат функционерите да си ги намалат платите бидејќи функционерите водат инает со работниците кој едвај преживуваат. Остануваат на ставот 600 евра минимална плата и плус 100 евра за останатите. Ресорниот министер за ...
Европската Комисија и преставнци од Западен Балкан разгледуваат решенија за непречено движење на транспортните работници во шенген зоната. Работна група, ќе ги усогласува ставовоите а една од опциите која се разгледува е возачите на камиони да се најдат во иста категорија со машиновозачите и пилотите, професии за кои важат поинакви правила.. Во очекување на трајно решение, од владата се надеваат дека Европската Комисијата е свесна за ...
Со цел унапредување на судските реформи и приближување кон европските стандарди, во Скопје ќе се одржи конференција „Засилување на ефикасноста и независноста на судството во Северна Македонија“. Фокусот ќе биде ставен на конкретни чекори за подобрување на транспарентноста и дигиталната модернизација на судската мрежа, како дел од Секторската развојна стратегија за правосудството 2024–2028. Конференцијата ќе почне со воведни обраќања на ...
Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. -Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 ...
Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот ...
Државата има побарувања од над 200 милиони евра и тоа од речиси 6 илјади должници. Официјалните податоци велат дека само за даноци и придонеси долгот изнесува близу 200 милиони евра, додека износот на неплатените царински давачки е 3,5 милиони евра. Обврските требало да се подмират до 30 септември, но до крајот од 2025 година не биле регулирани. На последната листа на должници што Управата за јавни приходи ја објави на 9 јануари, посочено е ...
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од полноќ до 20 часот, направени се 508 прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“. Од нив, за надминување на брзината се 454 прекршоци, за поминување на црвено светло 42, а 12 лица возеле нерегистрирано возило. Во Скопје се регистрирани 78 отсто од прекршоците, и тоа за надминување на дозволената брзина 359, за поминување на црвено светло 25 и 10 за нерегистрирани возила. Во Куманово се ...
На ул. „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т. (29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал. При увид, лицето приложило фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување со моторно ...