СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што се наведува во дневниот билтен на МВР, пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги ...

„Се повлеков од принципиелни причини, верувајќи дека е време помладите, но веќе искусни пратеници/пратенички да преземат поголема улога во работата и активностите на пратеничката група“, вели за ТВ 24 Блерим Беџети, по вчерашното повлекување на ЦП во Мала Речица од координатор на ПГ на Европскиот фронт. Беџети потврдува дека пратеничката Рина Ајдари ќе нова координаторка на пратеничката група. Нова заменичка координаторка ќе биде пратеничката ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори. Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија. ...

Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти дека протестите ќе продолжат и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието. - Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, ...

Премиерот Христијан Мицкоски состанокот со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, денеска во Брисел го оцени како „пријателски и прилично продуктивен“, на кој, како што изјави по сребдата „апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции“. На средбата, како што информира Мицкоски, повторно било разговарано за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на ...

Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. - Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за ...

Вработените од „Паркови и зеленило“ очекуваат во текот на денот да ја добијат септемвриската плата и здравствено осигурување. Вакво уверување добиле од директорот на претпријатието. Претседателот на Гранковниот синдикат на државна администрација Горан Ристески во изјава за МИА вели дека оствариле средба со директорот на која им било кажано дека се очекува да бидат префрлени пари од Град Скопје и „Водовод и канализација“ кои ќе бидат наменети за ...

Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, кои се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби се одложува за 12 ноември. Рочиштето, како што информираат од Судот, е отповикано по добиено известување од јавниот обвинител дека не може да присуствува поради здравствени причини, како и известувањето од КПУ Затвор Скопје дека поголем дел од ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со рускиот премиер Михаил Мишустин, кој е во дводневна посета на Кина. - Односите помеѓу Кина и Русија се движат кон развој на повисоко ниво и со поголем квалитет, напредувајќи со сигурност и покрај турбулентното надворешно опкружување, посочи Си на средбата со Мишустин. Тој додаде дека „одржувањето, консолидирањето и развојот на односите помеѓу Кина и Русија е стратешки избор на двете ...

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите. Ова го порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на отворањето на осмата регионална Е-комерц конференција во ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице, информираат од Републичкото јавно обвинителство. Сега починатиот Никола Тимев, како што се вели во соопштението, претходно бил негов ...

Три лица се уапсени за време на судири меѓу белгиската полиција и пропалестински демонстранти на централниот градски плоштад Гроте Маркт во Антверпен. Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, полицијата употребила водени топови и солзавец за да ги принуди демонстрантите да се повлечат од плоштадот Гроте Маркт. Локалните власти на Антверпен воведоа забрана за одржување протести на Гроте Маркт, како и на популарната улица ...

Седум лица загинаа при напад со дрон врз детска болница во Судан, во близина на границата со Чад, соопштија здравствени работници, пренесе ДПА. Според податоците од здружението на суданските лекари, меѓу загинатите има жени и деца, а уште пет лица се повредени. Лекарите за нападот ги обвинуваат паравоените Сили за брза поддршка (СБП). Засегнатата болница се наоѓа на околу 270 километри од градот Фашер во регионот Дарфур. Откако пред една недела ...

Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија. Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд. Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, ...

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор ...

Македонскиот брас квартет денеска ќе одржи концерт во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Концертот претставува дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул насочени кон промоција на македонската музичка уметност, дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам. Македонскиот брас квартет е составен од четворица истакнати музичари – членови на Националната опера и балет: Стојанче ...

Во Собранието денеска ќе се одржи едукативна активност „Имам став!“ за ученици од средните училишта. На настанот, како што информираат од собраниската прес-служба, учесници ќе бидат од СОУ „Ѓорѓи Димитров“ - Скопје. Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на ...

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Крушево, а најмалку во Гевгелија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 - Тополчани, 12 - Прилеп, Битола, 10 - Берово, 8 - Скопје - Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 - Маврови Анови, 6 - Претор, Демир Капија, 5 - Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје - Зајчев Рид, 4 - ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје денеска (вторник) го игра третиот натпревар од АБА 2 лигата. „Металците“ гостуваат кај екипата на Студент од Бања Лука, а двата тима имаа ист скор 1-1 (победа – пораз). - Гостувањето во Бања Лука за нас е едно од клучните во првиот дел од сезоната. Искуството и традицијата се на наша страна и секако влегуваме како фаворити, но тоа треба да се оправда на терен. Мал проблем ќе биде отсуството на неколку ...

Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта. Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“. „Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Идентитески паралели“ на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска. Изложбата е дел од настанот „Уметник во престој“ организиран во рамки на европскиот проект Креарт што се одржува во КИЦ шеста година по ред, а е финансирана од Град Скопје. Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска го претставуваат сопствениот интимистички и длабоко промислен творечки концепт преку неколку ...

Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија на ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е потребна итна и координирана акција за финансирање на основните здравствени системи во голем број земји кои се соочуваат со големи долгови и намалување на меѓународната помош. - Светот се соочува со глобална вонредна состојба во финансирањето на здравството која бара координирана и итна акција, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на состанокот на земјите-членки ...

Францускиот министер за правда Жералд Дарманен денеска соопшти дека наскоро ќе предложи состанок со локалните власти на департманот Об за да се разговара за можноста за повторно отворање на познатиот затвор Клерво, кој беше затворен во 2023 година. Дарманен го посети објектот, поранешен манастир од 12 век што Наполеон Први го претворил во затвор, и во таа прилика рече дека наскоро ќе организира состанок со локалните власти во Париз за „заедно да ...

Српскиот претседател вечерва изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград, но не прецизираше кој би можел да биде целта. Изјавата ја даде за белградска телевизија Прва, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста. „Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана синоќа пресретна и уништи 85 украински дронови. Во соопштението се наведува дека 40 беспилотни летала се пресретнати над територијата на Воронежската област, 20 над областа Нижни Новгородската, 10 над Белгородската област, шест над Курската област, четири над Липецката област, по два дрона биле соборени над Волгоградската област и над територијата на Република Башкортостан, ...

Поради прекинот на работата на американската влада, над 3,2 милиони патници во САД беа погодени од доцнења и откажувања на летови, што произлегува од проблеми со персоналот за контрола на воздушниот сообраќај по затворањето на владата на 1 октомври, информира здружението на авиопревозници. Организацијата „Авиокомпании за Америка, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“ и ...

Повеќе од 700 учесници, ученици од основните и средните училишта, но и студенти, граѓани рекреативци и спортисти, и ветерани се појавија на синоќешната празнична ноќна атлетска трка во Битола. Натпреварувајќи се во 24 категории, во машка и женска конкуренција, учесниците ја продолжија традицијата, стара 67 години, беше истакнато на спортската манифестација организирана во чест на празникот на градот. -Манифестацијата претставува симбол на ...

Општина Битола со збратимените градови денеска го одбележува и слави 4-ти Ноември, денот кога во 1944 година борците од 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и Партизанските одреди во чиј состав биле борците од Седмата битолска бригада го ослободиле градот од окупаторот. Како што е познато, по капитулацијата на Бугарија, во Битола и околината останале само германски воени единици кои се повлекувале кон Грција и Албанија, но по ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Бакар

10.93

Платина

62683.26

Злато

139298.91

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04