Во финалето во Лигата на шампиони на 23 мај во Осло на стадионот „Улевал“ ќе играат фудбалерките на Барселона и Лион. Барселона обезбеди место во финалето откако вечерва го совлада со 4-2 и со вкупен резултат од 5-3 го елиминираше германскиот клуб. Претходно во саботата, фудбалерките на Лион го совладаа на домашен терен бранителот на титулата Арсенал со 3-1 и ја надоместија негативата од 1-2 од првиот натпревар во Лондон. Барселона и Лион ќе ...

Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр Зелински, додека конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80.минута. Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и ...

Германското Министерство за економија денеска објави дека е во контакт со Европската комисија, која е во преговори со Вашингтон, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на автомобили од Европската Унија. „Ќе се координираме тесно во рамките на ЕУ за следните чекори“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се нагласува потребата од заеднички одговор на одлуката на Трамп. Трамп најави ...

Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. Пишувајќи на својата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Вашингтон ги информирал тие земји дека безбедно ќе ги води нивните бродови надвор од блокираните водни патишта „за да можат слободно и способно да ...

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, е во критична состојба во болница, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку американски медиуми, повикувајќи се на портпаролот на Џулијани, Тед Гудман, објавија дека 81-годишникот е на лекување во болница во американската држава Флорида во „критична, но стабилна состојба“. Гудман не даде детали за причината или времетраењето на хоспитализацијата, според „Њујорк тајмс“. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во ерменскиот главен град Ереван. - Неопходни се заеднички напори за зајакнување на дипломатските акции и спречување на какво било слабеење на притисокот врз агресорот. Русија мора да стави крај на оваа војна – изјави тој. Како втор приоритет, Зеленски го истакна искористувањето на европскиот пакет помош за Киев ...

Украински дрон погоди станбена зграда во близина на центарот на Москва рано утрово, изјави градоначалникот на градот, неколку дена пред воената парада на Денот на победата во Русија. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави на Телеграм дека нема повредени. Оштетената зграда, опишана од Киев Индепендент како луксузна висока зграда, се наоѓа во западниот дел од главниот град, каде што се наоѓаат и неколку амбасади. Два други украински дрона беа ...

Утрово времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ...

Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, огледало ...

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу ...

На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа ...

Во Собранието за денеска се најавени седници Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија. На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се расправа за Предлог на закон за младински додаток и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, двата во првио читање. На дневен ред на Комисијата ...

Реки од луѓе низ тесните сокаци, исполнети кафулиња до последно место. Охрид викендов пулсира како во главната туристичка сезона. Иако цените се постојана тема за дебата, се чини дека ништо не може да ги одврати домашните и странските гости од македонскиот бисер. ,,Затоа што се добри забавите,добар провод имаме секогаш тука,добро друштво,се е прекрасно - вели туристка од Србија. ,,Одлично е,убаво е, задоволни сме.Втор пат доаѓаме.Се ни се ...

Мајка ми ја водеше најтешката борба во животот – битката со канцер. Вака, со насолзени очи пред камерата на 24 ја започнува својата животна приказна 25 годишниот студент на општа медицина, Елвин Шакиров. Тој студира на Универзитетот Гоце Делчев, а како насока ја избрал онкологијата, откако неговата мајка, која му била најголема поддршка и инспирација во животот, починала од карцином на дојка на 50-годишна возраст во 2018-та година. Елвин вели ...

На потег се надлежните институции да ја достават потребната документација до министерството за правда за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Што се однесува за Кривичниот суд, оттаму за ТВ 24 велат дека одговориле на барањето на министерството за правда и ги доставиле документите. Основен кривичен суд-Скопје „Сите документи тековно се доставувани, а сега дополнително беше побарано да се извести доколку по некоја од ...

Бугарија влегува во финална фаза за формирање нова влада - Радев ќе биде премиер и ќе одлучи кои ќе бидат министрите. Ова денеска го изјави Антон Кутев од Прогресивна Бугарија, нагласувајки дека роковите се прецизни и целта е владата да биде формирана до крајот на неделата. Антон Кутев пратеник од „Прогресивна Бугарија“: Румен Радев е лицето кое ги доби изборите, тој ќе биде премиер и одлуката- кои ќе бидат министрите, во голема мера ќе биде ...

Со најниско ниво на слобода на говор во последните 25 години, новинарите го одбележуваат Светскиот ден на слободата на медиумите. Само во 2025 година, поради воени конфликти, загинале најмалку 128 новинари и медиумски работници, од кои најмалку 10 жени. Според последниот извештај на Репортери без граници, се алармира за ширење дезинформации, пад на професионалните стандарди, несоодветен однос на политичките актери кон новинарите и намалена ...

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦИВИЛ – Центар за слобода предупредува дека медиумската слобода во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан се трансформира во систем на контрола без формална цензура. Во време кога формално постојат илјадници медиуми, просторот за вистинско, независно новинарство е во фаза на исчезнување. Ова е модел. Наместо отворена репресија, денес доминираат посуптилни механизми: политичко влијание ...

Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, годинава се одбележува во сенка на сериозни глобални предупредувања за драматично влошување на состојбата со новинарството, при што последниот извештај на Репортери без граници покажува дека слободата на медиумите е на најниско ниво во последните 25 години. Во ваков контекст, позицијата на Северна Македонија не е исклучок, туку дел од поширок регионален и светски тренд на ерозија на медиумските ...

Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет ...

Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија, велат од СДСМ. „Нема никаква причина да се чека нова влада. нституциите мора да работат и да постапат веднаш. Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. - Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален ...

Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странство и шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека светот се движи кон, како што рече, најголема енергетска криза во историјата. Тој наведе дека причините се рекордно високите цени на нафтата и глобалните геополитички тензии, додека Европската Унија и Обединетото Кралство, според него, не реагираат соодветно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог од Техеран, но изрази сериозен сомнеж за неговите изгледи бидејќи смета дека Иран сè уште не платил „доволно голема цена“. Според иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда, Техеран испратил нов предлог од 14 точки до САД преку Пакистан. Трамп вели дека очекува да го добие точниот текст на документот, но на социјалните мрежи веќе напиша дека му е ...

Младиот математичар Македон Димитровски постигна историски успех на Германската математичка олимпијада. Тој освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик, а веста ја објави неговиот татко. „Со своите блескави резултати, Мaкедон беше прогласен и во престижната група на ЛАУРЕАТИ — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите! Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, ...

Вчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна површина, две за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати ...

Светскиот ден на слободата на медиумите е воспоставен врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година. Се одбележува од 1993 година, секогаш на 3 мај, а целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските ...

Продолжуваат политичките препукувања меѓу ДУИ и Вреди околу случувањата поврзани со МЕПСО и договорите во енергетскиот сектор, при што двете страни изнесуваат сериозни обвинувања за наводни злоупотреби и штети врз државниот буџет. Од ДУИ обвинуваат дека Вреди, како што наведуваат, „сам ја разоткрил шемата“ поврзана со МЕПСО, посочувајќи дека со нивните изјави дополнително се открива синџир на одлуки што, според партијата, предизвикал штета за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница којшто се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“. Сиљановска-Давкова ќе учествува на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со којашто ќе претседаваат премиерите на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.69
51%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
72%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.89
72%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.12
48%
1021
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.36
57%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.48
91%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.47
48%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.33
46%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
46%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
0.89
65%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
4.29
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29