Кошаркарите на Чаир 2030 вечерва во последниот дуел од 15. коло од МТЕЛ Супер лигата остварија важна победа вкупно шеста во првенството откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 77:76 (22:22; 21:15; 15:19;19:20). Чаир 2030 со оваа победа се изедначи со ист скор на победи и порази (6-9) со екипите на Работнички, Тиквеш и Феникс. Во неизвесна завршница со кошот на Ибраими поведе со поен предност 77:76, но последниот напад гостите од ...

Јапонската олимпијка Кокомо Мурасе го освои златниот медал во дисциплината сноуборд „Биг Аир“ откако во трите настапи успеа да освои 179 поени. Сребрениот медал и припадна на Зои Садовски Синот од Нов Зеланд со 172.25 поени, додека третопласирана и бронзата и припадна на Ју Сеунгеун од Кореја со 171 поен. За Јапонија ова беше втор златен медал на Игрите во Милано Кортина или вкупно седми со што се најуспешни по бројот на освоени медали. ...

Германецот Филип Рајмунд е освојувач на златниот медал на „малата“ скокалница на Игрите во Милано Кортина откако по двата скока со 102 и 106,5 метри успеа да освои вкупно 274.1 поени. Ова за него е најголем успех бидејќи воедно му е прва победа на едно натпреварување. Сребрениот медал му припадна на Полјакот Кацпер Томашик, кој освои 270.7 поени со скоковите со должина од 103 и 107 метри. Организаторите ќе доделат две бронзи за Рен Никаидо од ...

Натпреварувачките на Холандија ги освоија првите две места во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање на ЗОИ Милано Кортина. Најдобар резултат оствари првата фаворитка Јута Лердам, која патеката ја мина за 1:12.31 минута што е нов олимписки рекорд. Второто место и припадна на нејзината сонародничка Фемке Кок, која имаше заостанување од 28 стотинки. Олимписката шампионка од Пекинг јапонската лизгачка Михо Такаги го освои бронзениот медал со ...

Швајцарската скијачка во слободен стил Матилда Гремо победи во дисциплината слоупстајл на Олимписките игри во 2026 година. Нејзиниот најдобар резултат беше 86,96 бодови. Второто место го освои Елин Гу од Кина (86,58). Третото место го освои Канаѓанката Меган Олдхам (76,46). Дваесет и шестгодишната Гремо го освои својот втор златен олимписки медал. Таа освои злато и бронза на Игрите во Пекинг во 2022 година. Воедно Гремо и го донесе второто ...

Украинската влада е подготвена да ги поддржи сопствениците на домови при купување генератори и други извори на енергија во услови на актуелните руски напади врз енергетскиот систем на земјата, јави ДПА. Претседателот Володимир Зеленски ја објави вчера оваа нова енергетска политика, по консултациите со премиерката Јулија Свириденко. Купувањето автономно напојување треба да стане подостапно за здруженијата на сопственици на станбени згради и ...

Европска Унија предложи санкциите против Русија, воведени поради агресијата врз Украина, да бидат проширени на пристаништа во Грузија и Индонезија, каде се тргува со руска нафта. ЕУ предлага со 20-тиот пакет санкции кон Русија да бидат опфатени и пристаништата Кулеви во Грузија и Каримун во Индонезија. Санкциите би значеле дека на компании и на поединци од ЕУ ќе им биде забрането да извршуваат трансакции со тие две пристаништа. Новиот пакет ...

Во Франција вчера почна тримесечна воена вежба. Вежбата „Орион 26“ ќе трае до 30 април, а симулира како една измислена држава се обидува да дестабилизира друга земја со цел да го попречи нејзиното членство во Европска Унија. Во воената вежба учествуваат 12.500 војници, 25 воени бродови, меѓу кои и носачот на авиони „Шарл де Гол“, 140 авиони и хеликоптери, 1.200 дронови, како и вооружени сили од 24 земји, меѓу кои и Јапонија, Швајцарија, ...

САД ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО - во Неапол, Италија и Норфолк, Вирџинија - на европски офицери, изјави вчера воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп европските нации да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од САД, да стане „НАТО предводен од Европа“. Како дел од ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб ...

Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната ...

Собранието денеска ќе ја одржи 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки. На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на закон ...

Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4 991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4 991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од ...

Златко Перински ќе биде нов претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одлучил новиот ИК на партијата на вечерашната прва седница, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од ИК. Перински е актуелен министер за локална самоуправа, а беше и противкандидат на Орце Георгиевски во внатрешната битка за кандидат за градоначалник на Скопје. Перински го водеше и изборниот штаб на Сотир Лукровски во Карпош, една од општините во Скопје на која ...

Андреј Жерновски ќе биде нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Предлогот на Венко Филипче кој вечерва доби поддршка на ИО на СДСМ ќе треба да помине и на ЦО на партијата. Жерновски доаѓа на поџицијата која во минатото ја вршеше Бојан Маричиќ, а која откако Венко Филипче ја презема партијата беше празна. Жерновски е член на ИО на СДСМ кој остана и по колективната оставка на раководството која по историски најголемиот пораз на СДСМ на ...

Каја Шукова е нова претседателка на форумот на женк на СДСМ. Кандидадтката на СДСМ за градоначалник на град Скопје која што не успеа за првпат во историјата на партијата да се пласира во вториот криг и трката за град Скопје ја заврши како петта е новата претседателк на форумот на жени, одлучи вечерва ИО на СДСМ. Шукова е третата функционерка која што Венко Филипче ја враќа на висока партиска пизиција по историски најголемиот пораз на ...

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците - да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија. Од Сојузот на синдикати - најавија дека блокадата пред Парламентот ќе започне во 9 часот на улиците Даме Груев и 11 октомври. Преку блокадата ќе оневозможиме пратениците да ги наплатат и патните трошоци кои надминуваат и ...

Синдикатите при Управата за водење на матични книги бараат 20 посто повисоки плати, велат дека ваквото барање е стари и дека веќе неколку години добиваат ветување но тоа останало само на ветување. Велат дека не разбирливо е како оваа инстутуција долги години е оставена сама да се снаоѓа. Бараат надлежните институции да им го реши проблемот и да добијат 20 повисоки плати. Директорот на Управата за водење на матични книги, Фатон Фазлиу посочи ...

Комбинација на одредени лекови предизвикала компликации кај пациентка со рак на јајници. Промените на лекување на онколошки пациенти не биле соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување, ова денеска го сведочеше доктор Маја Равник, една од вештаците од Словенија на судското рочиште за случајот „Онкологија“ во кој се обвинети поранешниот директор Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување ...

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за зголемување на минималната плата . Собранискиот спикер Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста и одржување на јавниот ред и мир . Африм ...

Охриѓани го поздравуваат поставувањето на системот" сејф сити" и во туристичките центри.Очекуваат истиот да воведе ред особено во екот на туристичката сезона кога велат владее тотален хаос по улиците. И хотелиерите даваат зелено светло за безбеден град со тоа што потенцираат дека сепак во иднина истиот мора да претрпи измени кои ќе донесат поголема толеранција особено за туристите. Според планот ќе има вкупно 40 камери од кои досега поставени ...

Доживотна казна затвор доби Стојанче Зарков – ваква е одуката на Основниот Суд во Штип за 54-годишниот поранешен угостител, кој во семејниот дом брутално ја убил својата 84-годишна мајка. Зарков бил во алкохолизирана состојба кога со остар предмет ја нападнал мајка си и ѝ нанел смртоносна убодна рана. Во оваа зграда позади мене, на осми август минатата година, во два часот по полноќ, Стојанче Зарков или на штипската јавност познат како ...

Наодите од ревизорскиот извештај на Државната ревизија го натера директорот на Службата за општи и заеднички работи да ѝ објасни на јавноста зошто има толку нејаснотии во функционирањето на државната институција. По триесет години нерешен статус за дел од државните имоти започнала постапка за легализација на имот кој државата го има на располагање. Засега, биле легализирани седум вили, вели директорот Томовски. Ивица Томовски-директор на СОЗР ...

Се зголеми бројот на војници заразени со шуга. Кај четворица е откриена болеста, сите се во добра состојба и се на домашно лекување, велат од воено медицинскиот центар откако кон крајот на минатата недела, беа прихавени случаи на шуга во касарната во Велес.. Др. Лариса оранска, епидемиолог во вмц „Досега има четворица, во изолација нема, сите четворица се пратени на домашно лекување. Другите се наоѓаат во единицата и се добри и без симптоми. ...

По еднонеделен молк, органите за прогон конечно проговорија за акцијата канабис. Но, освен тоа дека се запленети над 40 тони марихуана, други детали нема. Од Обвинителството за организиран криминал велат дека заедно со МВР и надлежната комисија од Министерството за здравство работат на расчистување на случајот. Во денешното соопштение велат дека соработуваат и со обвинителството во Србија, разменуваат информации и проверуваат дали двата ...

Швајцарската скијачка во слободен стил Матилда Гремо победи во дисциплината слоупстајл на Олимписките игри во 2026 година. Нејзиниот најдобар резултат беше 86,96 бодови. Второто место го освои Елин Гу од Кина (86,58). Третото место го освои Канаѓанката Меган Олдхам (76,46). Дваесет и шестгодишната Гремо го освои својот втор златен олимписки медал. Таа освои злато и бронза на Игрите во Пекинг во 2022 година. Воедно Гремо и го донесе второто ...

Британскиот принц Вилијам и принцезата Кејт изјавија дека се длабоко вознемирени од откритијата во досиејата поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин. „Можам да потврдам дека принцот и принцезата се длабоко вознемирени од тековните откритија. Нивните мисли се со жртвите и нивните најблиски“, изјави портпаролот на Кенсингтон палатата, канцеларијата на принцот Вилијам и принцезата Кејт. Според е-поштата што се појави меѓу ...

Комбинација на одредени лекови предизвикало компликации кај пациентка со рак на јајници, промените на лекување не биле соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување, ова денеска го изјави доктор Маја Равник, една од вештаците од Словенија на судското рочиште за случајот „Онкологија“ во кој се обвинети поранешниот директор Нино Васев, и двајца други доктори, обвинети за несовесно лекување. Од 51 прегледано медицинско досие на ...

Една недела по објавувањето на случајот со заплена на околу пет тони марихуана во Србија, по што следеше акција во која беа откриени 40 тони дрога и во Македонија, жестоки политички обвинувања меѓу ВМРО‑ДПМНЕ и СДСМ, со најави за тужби и барања за одговорност. СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања: кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Една недела по ...

Скица на стапало, без боја, без потпис од пред повеќе од пет века, нацртана од ренесансниот уметник Микеланџело Буонароти, е продадена за неверојатни 27,2 милиони долари (скоро 23 милиони евра), поставувајќи рекорд на пазарот на уметнички дела. Аукциската куќа „Кристи'с“ го опиша делото како „еден од најретко зачуваните цртежи од еден од најголемите уметници на сите времиња“. Токму оваа реткост, имајќи предвид и дека помалку од 600 цртежи на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.77
85%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
74%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00