Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за здравство е Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка и Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до ...

На енормно високи сметки за струја се жалат граѓани, откако ги добиле фактурите за потрошената енергија во периодот декември/јануари. Сметките покажуваат потрошувачка во третиот блок и суми од неколку десетици илјади денари. Граѓаните велат дека толку струја ниту потрошиле, ниту некогаш им дошла приближна сума за плаќање. Се прашуваат како е можна толкава разлика на износите на фактурите споредено со истиот период лани, кога оттогаш струјата ...

Стан во општина Центар од 83 метри квадратни е продаден за фантастични 246 илјади евра, ова е рекордот постигнат во четвртиот квартал од 2025 година.Математиката вели дека еден квадрат чинел нешто над три илајди евра. Агенцијата за катастар објави и дека во анализираниот период се регистрирани 9.283 трансакции со недвижности, што е за 964 повеќе во споредба со претходниот квартал. Од нив, нешто над шест илјади се купопродажби, а над три илјди ...

Нови политички жртви во аферата епстин. Расте притисокот врз британската влада и врз Кир Страмер да си поднесе оставка откако се појавија документи кои откриваат соработка на британски политичари со осудениот педофил Џефри Епстаин. Од позицијата веќе си заминаа двајца од најблиските соработници на британскиот премиер, директорот за комуникации и поранешниот шеф на кабинет, а опозицијата и дел од лабуристите се погласно прашуваат уште колку ...

Добро утро на сите освен на пратеницит. Блокирано Собрание, сплотени работници. Сојузот на синидикатите на Македонија заедно со работниците денеска два часа ги блокираа двата влезови на законодавниот дом. Целта на блокадата пред Собрание, според ССМ, е пратениците да не може да дојдат со возила на работа и да наплатат патни трошоци но и да се соочат очи во очи со работниците бидејќи веќе две години ја блокираат иницијативата на Синдикатот за ...

Пеш, или со автобус вака народните избраници денеска дојдоа во Собание. Од едната страна на улицата пред парламентот синдикатите на другата пратениците кои тивко преку службениот влез доаѓаа на работа. Ставови во врска со барањата за минималната плата на пратеничките групи и денеска различни. И партиските лидери се огласија . За премиерот Мицкоски протестот на синдикатите бил со политичка позадина а владата направила се што било во нејзина ...

Владата даде зелено светло за проверки во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис. Ова доаѓа откако беше запленета над 40 тони марихуиуана за која што институсциите освен што велат истрагата е во тек, не откриваат никакви детали. За премиерот Христијан Мицкоски, не се исклучува можноста запленетата марихуана да стигне и до 100 тони. Мицкоски потенцира дека во период кога се ...

На пациентка и била дадена терапија која не требало да ја прими бидејќи била во терминална фаза, кога терапијата може да ја влоши состојбата. Во други слуачи онколошката терапија била погрешна дозирана, бидејќи не биле направени целосни проценки за состојбата на пациентот. Со овие сведочења на вештаците од Словенија и денеска продолжи судењето за случајот Онкологија во кој обвинети се поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев ...

Без струја,на свеќи - во ладни соби и без топла вода втор ден на среде испитна сесија се студентите од Студентскиот дом "Никола Карев" од Охрид. Причината три неплатени сметки за струја кон ЕВН. Студентите споделуваат дека револтот кај нив е голем, ладно е, храна нема и не може да се учи. Директорот на домот Жарко Куциноски во изјава за Тв 24 вели дека до крајот на денов очекува проблемот да се реши,од МОН да префрлат пари за да се плати ...

Автономијата на универзитетите останува загарантирана, но највисоките образовни институции ќе имаат обврска за отчетност пред Владата. Ова е ставот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по серијата реакции во јавноста од страна на универзитетската заедница во врска со Предлог-законот за високо образование. Прашањата поврзани со изборот во наставно-научни звања, како и условите за објавување научни трудови во странски ...

Македонија и во 2025 година останува заробена во зоната на висока корупција. Со 40 поени од можни 100, земјата не бележи никакво реално подобрување на Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешенел, иако формално се искачи четири места погоре. Напредокот во рангирањето сепак не е резултат на реформи, туку на падот на други земји што лани биле подобро пласирани. Фактот дека резултатот е идентичен со минатогодишниот јасно ...

Имаше траги, но и докази со елементи за вистинска истрага за откривање на вистината. Но службите потфрлија, атентатот врз Глигоров беше политички сценарио. 30 години од обидот за убиство на првиот врховен командант и претседател - експертите со свои претпостави, но и прашања за можните нарачатели и извршители, дали можело и зошто не бил превениран атентатот. На конференцијата : „Кој и зошто пукаше во обновената македонска држава“ дел од ...

на втори март стартува судењето за деветте полицијаци кои кобниот 16 март биле во дискотеката на смртта Пулс и кои не ја спречиле акитивирање на пиротехниката Тие исто така се обвинети за загрозување на безбедноста и сигурноста како и и останатите 38 обвините на кои веќе им се суди. ОЈО ГОКК ја прекина истрагата за оваа квалификација за 11 полицијаци кои беа осомничени за безбедносниот аскпект на паркинг и сообраќајните протоколи. на втори ...

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со него не се навлегува во автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки. - Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што реков, ние на секој универзитет ќе имаме јавна расправа, со почеток од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денеска одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, на која, како што информираат, биле разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за ...

Без струја, греење и топла вода останаа студентите од Студентскиот дом во Охрид, кои цела ноќ ја поминале со свеќи. Директорот на Студентскиот дом „Никола Карев“ за Телевизија 24 вели дека исклучувањето на струјата е поради неплатени сметки, бидејќи сами не се финансиски моќни да се справат со трошоците. Како што посочува, имаат мал број студенти, а давачките се големи. Тој најавува дека во текот на денешниот ден проблемот ќе биде решен, ...

Состојбите со владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и Реформската агенда беа разгледани денеска на состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. На состанокот на Комитетот посебен акцент е ставен на политичките критериуми и Реформската агенда. -Како ко-претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација дозволете да изразам ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска повторно го поднесе Предлог законот за измена на Законот за минимална плата, откако претходно бил вратен од претседателот на Собранието Африм Гаши поради, како што посочил, технички недостатоци. Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на денешната прес - конференција во Собранието изјави дека очекуваат законот да биде ставен на дневен ред во текот на месецов. Тој кажа дека во следниот ...

Поради појава на магла, видливоста е значително намалена на неколку планински правци. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, кај Крушево до 20 метри и на патниот правец Попова Шапка - село Лисец до 40 метри. -Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема ...

Се очекува Владата денеска на седница да донесе одлука за вршење проверка во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис, како резултат на констатираните неправилности и непочитување на Законот кој ја регулира оваа област во неколку правни субјекти, поради што имаше заплена на 40 тони марихуиуана. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека не ја исклучува можноста количината на запленета ...

Делегација на Владата составена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, делегацијата ќе ...

Собранието на денешната 84. седница ја констатираше оставката на заменик министерот за образование Лулзим Алиу. Алиу на 19 јануари преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Во оставката до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Алиу посочи дека таа доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа и оти во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле. ...

Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период, што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација во регионот. Инаку, температурата на водата во Охридското Езеро денеска ...

Казни во вкупен износ од 1,05 милиони евра изрекла Независната управа за контрола на пазарот и заштита на потрошувачите на три големи супермаркети и две прехранбени компании во Грција, поради прекршување на одредбата за плафон на бруто-профитната маржа кај вкупно 65 производи, јави дописничката на МИА од Атина. Според соопштението на Управата, казнети се супермаркетите Лидл за 26 производи (670.925 евра), Алфа Вита Василопулос за 22 артикли ...

Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат ...

На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека ...

МВР денеска соопшти дека поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај. - Денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот ...

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за настапите на македонската таеквондистка Милијана Релиќ на меѓународната сцена. Таа го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук. Македонската олимпијка продолжува со успесите надвор од земјата. Викендов, Милијана Релиќ го освои третото место и се закити со бронзен медал на еден од најстарите и најреномирани таеквондо турнири во Европа – ...

Спортскиот директор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукреј, изјави дека организацијата не може да ѝ забрани на американската алпска скијачка Линдзи Вон да се натпреварува на Олимписките игри во 2026 година. Според него, оваа одлука ја донесуваат исклучиво спортистите и тренерите. - Им даваме можност на спортистите да тренираат, таа ја тестираше патеката неколку пати и ја покажа својата подготвеност да се натпреварува. Не можеме ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.77
85%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
74%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86