Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Сопственикот на шпанскиот фудбалски второлигаш Андора, Жерар Пике доби суспензија од шест натпревари и забрана од два месеци за вршење на фудбалски активности во Шпанија поради неспортско однесување кон судиите по поразот на неговиот тим од Албасете со 0-1 изминатиот викенд. Пике, кој 14 години го носеше дресот на Барселона, пред осум години заедно со група инвеститори ја купи Андора, која на четири кола до крајот на сезоната во Лига 2 е на ...
Инфлација од околу 4% и раст на Бруто домашниот производ од 3,5%, предивдува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3%, БДП ќе достигне 3,8%. Советот на Народната банка, на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај. Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека евентуалното приближување на Германија до поседување нуклеарно оружје би претставувало несомнен casus belli (повод за војна) и причина за преземање најшироки мерки на руски одговор во рамките на доктрината за нуклеарно одвраќање. Во текст објавен за РТ, Медведев наведе дека таквиот развој на настаните би предизвикал сериозна загриженост не само во Москва ...
Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол. Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите ...
Втор медицински авион за репатријација, кој превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“ (Hondius), денеска слета во Амстердам по итна евакуација од бродот во близина на брегот на Зеленортските Острови (Кабо Верде). Медицинскиот авион утрово слета на аеродромот „Схипхол“, додека двајца претходно евакуирани патници пристигнаа во Амстердам уште синоќа. Во меѓувреме, холандското Министерство за здравство соопшти дека државјанка ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и појава на грмежи, соопшти УХМР. Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и ...
Во овој момент услови за уставни измени нема, постои недостиг на доверба и кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, изјави шефот на дипломатиката Тимчо Муцунски. Во прва официјална посета на Mакедонија е генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. На средбата со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски разговарано за промоцијата на човековите права, владеењето на правото и ...
Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации. Конференцијата ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на која се одржуваат седум панел сесии со ...
Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја. Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија ...
Осум новинари исчезнале или биле убиени во Мексико во текот на 2025 година, соопшти во свој извештај британската организација за заштита на новинарите „Член 19“ (Article 19). Во извештајот Мексико е посочено како земја во Латинска Америка со највисоко ниво на цензура и судски притисоци врз медиумите. „Во 2025 година Мексико регистрира едно исчезнување и седум убиства на новинари, со што повторно е на врвот на регионалната листа“, се наведува ...
Павилјонот на Република Северна Mакедонија на 61. Венециско биенале свечено ќе биде отворен утревечер во 18.30 часот со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?), авторско дело на Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. Претставувањето е целосно поддржано и организирано од Министерството за култура и туризам. Македонскиот павилјон е сместен во ...
Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против Баер Леверкузен (1-1, 2-0), ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова се очекува денеска да го врачи мандатот за составување влада, јави БТА. Во вторникот, по завршувањето на консултациите со парламентарните групи, Јотова соопшти дека мандатот ќе биде врачен на 7 мај во 17 часот. За време на средбите се издвоиле неколку теми што политичките сили ги сметаат за клучни приоритети – буџетот, судските реформи и исплатите од Планот за закрепнување и отпорност. „Најважните ...
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. „Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...
Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и светска кариера, со седиште во Берлин. Критиката го опишува како уметник со ...
Вториот реванш полуфинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Баерн и ПСЖ се очекува со големо внимание, пред сè по извонредниот прв дуел во Париз, каде европскиот првак ПСЖ победи со 5:4. - Може ли луѓето да очекуваат иста игра како минатата недела? Секогаш ќе зависи од двата тима. Ако еден одлучи да направи чекор назад и да се брани повеќе, тогаш може да има некои помирни фази во играта. Во спротивно, нема да има. Тешко е да се замисли дека ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија првиот натпревар од полуфиналето од плеј офот против Пелистер со 80:75 (28:18; 11:17; 18:20; 23:20). Победата значи и водство од 1-0 во добиени натпревари во серијата до две победи. Првакот одлично ја одигра првата четвртина и стигна до водство од 28:18, а во вториот период битолчани одиграа квалитетно во одбраната и примија само 11 поени, па така на полувреме беше 39:35. Во вториот дел Пелистер во ...
Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична дефанзивна игра не му ...
Кошаркарките на Бадел синоќа остварија победа од 71:69 во натпреварот број 3 од финалето од плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Крива Паланка и намалија на 2-1 во победи за Крива Паланка. Триумфот на Бадел беше остварен со кошот на две секунди до крајот на Ива Чoлакоска, која вкупно постигна 16 поени, а во решавачките моменти имаше смирена рака. Претходниот напад гостинките од Крива Паланка за водство не го реализираа, а по ...
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски денеска во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа Croatia Records. На промоцијата, што ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите тековни и идни музички ...
Прволигашките екипи Силекс и Шкендија Тетово изборија пласман во финалето од куп натпреварувањата откако попладнево постигнаа победи во реванш полуфиналните дуели. Во Кратово, Силекс го совлада тимот на второлигашот Охрид со 1:0, а стрелец на голот од пенал беше Дарко Додев во 35.минута. Екипата на Силекс преку Ади Алиќ не искористи пенал во 25.минута, неговиот удар го одбрани Дамјан Серафимов. На првиот дуел во Охрид беше нерешено 1:1. ...
„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, ...
Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епстин и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епстин, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Рачно ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предвиде дека војната во Иран ќе „заврши брзо“ и вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Неговите коментари доаѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ (Axios) објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето. Тој нагласува дека на Србија и се потребни решителни и сериозни ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија денеска со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба, по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела - телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. Обвинителството, во завршен збор, ...
Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во ...
Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на ...