Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош - Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош - Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. - Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми - појасни докторката. Таа информираше и ...

Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увидот на местото на ...

Режисерот и драматург Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст, потврди Драмски театар – Скопје. Со неговото заминување, македонската културна сцена загуби еден од најзначајните и највлијателни театарски творци, чија работа остави длабок белег врз современиот театар во земјата и регионот. Во текот на својата богата кариера, Миленковски реализира повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, поранешна Југославија и Европа. Неговата ...

Без потпис на Левица и со најави дека Димитар Апасиев ќе го блокира законот, власта заедно со ДУИ го поднесе изборниот законик. ТВ 24 го објави текстот според кој се предвидува електронско гласање на дијаспората, процентите за рекламирање 42% за власт и опозиција , по 8%за патенички групи , 5% за пратеници и 3% за вонпарламентарни партии. Левица нави блокада,бидејќи овој закон може да биде блокиран, иако според работната група, претставниците ...

Илјадници граѓани на Софија, синоќа за прв пат протестираа против новата влада на Румен Радев. Бугарите изразија незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Сепак главната причина за прптестите се лоцира во острите критики кон премиерот Радев, поради неговото владеење кое ја оддалечува Бугарија од европскиот пат, а конкретен повод се ...

Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки. Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Дополнетиот предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање, ...

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...

Цената на златото останува под силен притисок на светските пазари, откако падна под психолошката граница од 4.000 долари за унција – најниско ниво во последните седум месеци. Пресметано според актуелниот курс на еврото, оваа вредност одговара на околу 114 евра за грам 24-каратно злато. Во одредени моменти од тргувањето, цената се спушти и до 112-113 евра за грам, но таа постојано се менува во зависност од движењата на доларот и глобалните ...

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во северозападниот дел на Македонија, во близина на Тетово. Според достапните сеизмолошки податоци, потресот се случил во 00:06 часот по локално време (28 јуни во 22:06 UTC). Епицентарот бил на околу 15 километри јужно од Тетово и 40 километри јужно-југоисточно од Призрен, Косово, на длабочина од 5 километри. Земјотресот е со координати 41.8818° северна ...

До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде што огнот зафатил ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата ...

„Градот Тетово има почнато нова процедура за менување на имињата, според прописи и закони што се актуелни и во сила. И тоа менување ќе биде во интерес и на граѓаните и за почитување на благосостојбата во Тетово и другите градови. Постапката ќе биде запазена и Тетово ќе ги врати имињата на улиците и плоштадот“, изјави денеска Беким Сали, генерален секретар на ВЛЕН и прв вицепремиер во Владата, пред настанот со кој Вреди одбележа две години од ...

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе македонски медиуми. Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е ...

САД извршија нови напади врз Иран, по претходниот напад со дрон врз брод под панамско знаме во Ормутскиот теснец. Централната команда на САД соопшти дека погодила повеќе цели низ Иран како директен одговор на „континуираната агресија“ врз комерцијалниот превоз. Како одмазда, иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и беспилотни летала кон американската инфраструктура во Кувајт и Бахреин. По размената на оган, САД ...

Венко Филипче сè уште не знае дали ќе го блокира законот во Собранието. Откако претседателот на СДСМ најави дека партијата ја напушта работната група и најави ваква опција, од неговата партија денеска за ТВ 24 само велат дека допрва ќе го анализирале предлогот, кој мнозинството најавува дека уште утре ќе влезе во Собранието. „Овие денови СДСМ го анализира предлогот, по што органите на партијата ќе дебатираат и ќе донесат конечна одлука“, ...

Владата систематски го уништува пензискиот фонд, обвини денеска СДСМ. Од партијата тврдат дека дупката во ПИОМ е зголемена за 40 проценти, а загрозен е и вториот пензиски столб. Според СДСМ, Владата размислува за негово укинување или сериозно слабеење, така што дел од придонесите кои сега одат во приватните пензиски друштва би се пренасочиле назад во државниот пензиски фонд. Опозициската партија оценува дека ваквите потези ќе ја намалат ...

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе седнат на министерските фотелји но од она што Генералниот секретар на партијата и министер за евоинтеграции Беким Сали го сподели со јавноста е дека одлуката за нив е дефинитивна. Освен правда и култура, Вреди според Сали ќе го задржи и ЕУ ...

Еден клик наместо гласачко ливче за дијаспората, функционерите без право на политичка промоција на службените профили на социјалните мрежи за време на кампањата, нова математика за распределба на милионите за политичките партии и нов праг за независните кандидати. Ова се предлог- измените на Изборниот законик, до кој дојде ТВ24, а утре се очекува да влезат во собраниска процедура по скратена постапка. Според документот, предлог измените треба ...

Ја пријавил за исчезната па ѝ го нашол телото – сопругот и тројца негови пријатели осомничени за убиство на 48-годишна скопјанка. Жената од селото Таор, Општина Зелениково, е пронајдена мртва, а како што соопштија од Обвинителството, приведен е нејзиниот поранешен сопруг како осомничен за убиство. Жената била пријавена за исчезната на 26 јуни, по што биле преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно ...

Во центарот на Скопје: Спомен обележје отворено на 1 јули 1988 година, посветено на мајчинската љубов кон прогонетите и разделени чеда. Оваа фотографија останува архивирана бидејќи истата оваа слика денес е целосно непостоечка на самиот споменик спроти законодавниот дом. 80 години од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78 години од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел. Кироваков Петре, протеран од Егејскиот дел на Македонија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Украина изминатата ноќ ги нападнала руските рафинерии за нафта во Краснодарскиот и Јарославскиот регион. „Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена - околу 300 километри од фронтовската линија. ...

Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само ...

Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, предмет на разговорот била заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...

САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран, како одговор на уште едно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран. Ова синоќа на социјалната мрежа „Трут Соушл“ го објави американскиот претседател Доналд Трамп, откако вчера танкер за нафта беше погоден од граната во Ормуската теснина. „Американските авиони ги ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот Србија, едно семејство, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“. „За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите ...

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1.430, најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останаа без своите домови, соопшти денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, објави Cи-Ен-Ен. Тој додаде дека по двата главни земјотреси што ја погодија Венецуела во средата, земјата била погодена од најмалку 430 последователни потреси. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...

Киев во текот на изминатата ноќ беше цел на руски напади со балистички ракети, во кои беа повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот, објави денеска началникот на полициската управа во Киев, Тимур Ткаченко. „Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот. Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече Ткаченко, пренесува Укринформ. ...

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината – не ги обесхрабрило, туку им е дополнителна мотивација уште погласно и поистрајно да ја бараат правдата. Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07