Македонија, како полноправна членка на НАТО, останува постојана мета на сајбер-закани и дигитални напади. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, откри дека изминатиот викенд бил извршен нов, сериозен и високо софистициран сајбер-напад врз клучната државна интернет-инфраструктура, при што цел биле веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал gov.mk. Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ...

Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег, зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации. Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од ...

Иако релативно малку луѓе надвор од Кина знаат за него, најнаселениот град во светот би можел да биде кинескиот град Гуангжу, кој, според некои проценки, има дури 73 милиони жители. Според Енциклопедија Британика, Гуангжу, главниот град на кинеската покраина Гуангжу, е најнаселената урбана област на планетата. Благодарение на својата стратешка локација, со векови е еден од најважните трговски центри во Кина и важна точка за средба со ...

Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата ...

Низ Европа деновиве помина воз што потсетува на златната ера на легендарниот „Ориент експрес“, а неговото појавување низ балканските градови привлече големо внимание кај граѓаните и туристите. Станува збор за луксузниот „Балкан експлорер“, воз кој нуди уникатно искуство низ Југоисточна Европа, со ентериер и услуга што потсетува на хотел со пет ѕвезди. Заборавете на ладните сендвичи на железничката станица, кафе во пластична чаша и метеж ...

Според истражувањето спроведено од компанијата за истражување на пазарот „Никеи рисрч“ (Nikkei Research), третина од јапонските компании користат или размислуваат за воведување роботи со вештачка интелигенција, при што транспортниот сектор се издвојува како најнапреден. Во анкетата биле опфатени голем број компании во Јапонија, од кои четири проценти веќе активно користат ВИ, а други пет проценти од фирмите планираат нивно воведување во ...

Македонија ќе отвори своја амбасада во Вилнус, Литванија, во потег што се оценува како значаен дипломатски и стратешки исчекор во односите меѓу двете земји. Одлуката на Владата, донесена минатата недела и позитивно прифатена од литванските власти, ја соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, осврнувајќи се на неговата прва официјална билатерална посета на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и членовите на македонската делегација поминале низ вистинска драма на аеродромот во Вилнус, откако непосредно пред нивното полетување бил активиран безбедносен аларм, поради што воздушниот сообраќај над Литванија бил целосно затворен во времетраење од околу час и половина. Информацијата ја откри самиот Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, опишувајќи ја ситуацијата како ...

Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница ...

Австриското правосудство поведе кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево – пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“. ...

Секоја земја, вклучително и Украина, има право и обврска да го брани својот територијален интегритет и независност, но Унгарија очекува унгарското малцинство во Украина да добие основни права пред да отвори нова фаза во односите меѓу двете земји, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, наведувајќи дека ова е клучниот услов на Будимпешта за почеток на преговорите за пристапување меѓу Европската Унија и Украина. “Имаме унгарско ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 22.03.2026 во атарот на с.Горна Душегубица, пријавениот запалил смет во дворното место на неговата куќа, кој се проширил и предизвикал пожар во Шумско-стопанска единица „Стогово-Лопушник”. Надворешната канцеларија за ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 од Кривичниот законик. Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи преку објава на Фејсбук жестоко го критикуваше новото задолжување на државата од 260 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за уште еден доказ за исцрпена фискална позиција, растечки јавен долг и недоволна транспарентност. Во ФБ статусот, Битиќи порача дека ако се расправа за задолжување од 260 милиони евра, тогаш тоа мора да биде со бројки, документи и економска логика, а не со ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и ...

Во буре ископано на територијата на српската општина Инѓија, 60 км северно од Белград, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), полицијата и судски експерти, пронајдено е тело за кое се верува дека му припаѓа на исчезнатиот Александар Нешовиќ Баја. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, како и на ДНК испитување. ВЈТ денеска објави дека истрагата за ...

Соопштение на ВЛЕН: Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати. Европската комисија го потврди ...

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач беше презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ – ЕДИХ и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Директорот на ИНОФЕИТ – ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објасни дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните активности поврзани со ...

Во рамки на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, младите учесници денес активно работеа во пет интерактивни тематски зони, каде преку дискусија, мапирање на предизвици и формулирање конкретни пораки ги претставија своите гледишта за тоа што е потребно за да се изгради доверба, припадност и иднина во Македонија. Форумот, во организација на ХЕРА и НМСМ се одржа во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во ...

Земјите од Европската Унија денеска напладне дадоа зелено светло за одобрување на извештајот на Привремениот извештај за проценка на референтните вредности на Албанија (ИБАР), со што се означува многу важен чекор во процесот на преговори за пристапување. – Според внатрешните процедури на ЕУ, по одобрувањето на ИБАР, досието ќе биде доставено до КОРЕПЕР II, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки, каде што и формално ќе се ...

Не успеа обидот на општинските власти за затворање на нелегалниот пешачки премин во близина на мостот кај Бит Пазар во Скопје. Голем број граѓани и дуќанџии кои работат во близина излегоа на протест за да се спротивстават на затворањето на преминот. Тие на неколку минути го блокираа и сообраќајот на булеварот „Крсте Мисирков“. Бизнисите во близина бараат лесен пристап и пешачки премин со бели линии, а не затворање на преминот. По ова, на ...

Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на ...

Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет”, со што се продлабочува институционалната соработка насочена кон унапредување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. Меморандумот беше потпишан од Градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот ...

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денес оствари одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...

На 20.05.2026 во 10:26 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 08:00 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.96
22%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
3.61
21%
1013
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.52
41%
1016
weather icon

Софија

34ᴼ / 30ᴼ
3.27
36%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.3
26%
1014
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 30ᴼ
0.45
44%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.92
41%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.04
24%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.79
31%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
0.89
43%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 27ᴼ
4.88
85%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9616

Currency

72.228

Currency

37.7163

Currency

38.3849

Currency

66.6833

Currency

7.96748

Currency

0.69095

Currency

0.33258

Currency

0.52536

Currency

1.14702

Currency

0.56035

Алуминиум

3.18

Злато

130535.25

Рутениум

49029.89

Калај

52.95

Родиум

260421.05

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Бакар

12.79

Сребро

1891.04

Платина

52309.26

Паладиум

41378.01

Цинк

0.00