Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми, велат од СДСМ. „Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот дека ...

Министерството за финансии денеска преку соопштение до медиумите потврди дека се прекинати исплатите на средствата од ИПАРД програмата. „РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата“, се вели во соопштението. Од Министерството за финансии додаваат дека ваквата оОдлука „следи по актуелните ...

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судењето продолжува на 24 ноември, со испитување на сведоци предложени од одбраната. Претходно, обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. ...

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат од МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар. Билатералната соработка е на добро ниво, потенцираа двајцата соговорници и ја истакнаа можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји. На средбата вицепремиерот Николоски истакана дека Владата има амбициозна програма во делот на ...

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Она што веднаш по сознанието ...

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари за килограм. Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за ...

На овие избори СДСМ се консолидира, можеби е тоа пребавно, не знам, но факт е дека има консолидација кај нив, порача професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во Центар“ „Нејзиниот пад е помал поради неизленоста кога излесноста би била иста тие би имале 20 – 30 илјади плус гласови. Полека се консолидира во таа смисла, можеби преполека, можеби не може побрзо не знам. Но тоа е друг народ. СДСМ сепак организира еден друг малцински ...

Европската делегација во Скопје ја поздрави одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 програмата сè додека не се разјаснат околностите околу истрагата во Платежната агенција. Истовремено, од таму порачаа дека целта е да се заштитат финансиските интереси на Европската Унија. Ова е одговорот од Делегацијата на ЕУ во Скопје на прашањето на порталот за земјоделство „Зелена берза“, по откривањето на големиот ...

Во рамки на овогодинешниот календар на Националната Федерација на историски возила на Македонија овој викед, 08 и 09.11.2025 год. се одржаа третото и четвртото TSD натпреварување (брзина, спретност и прецизност) со јангтајмери – Авто-слалом натпреварувања, Кичево 3 и 4. Овие натпреварувања се бодуваат за шампионатот на Македонија во Авто-слалом со историски возила за 2025 година. После долги години повторно се почувствува мирисот на бензинот ...

Подобрување на транспортниот систем преку реализација на проектот „Градски воз“, набавка на нови еколошки автобуси и модернизација на инфраструктурата во Скопје биле во фокусот на денешната средба меѓу градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Како што информираат од Град Скопје, на средбата било нагласено дека е неопходен нов и сеопфатен план за трансформација на ...

Апелациониот суд во Париз го прифати барањето за ослободување на екс претседателот на Франција НиколаСаркози, кој беше во затворот „Ла Санте“ во Париз од 21 октомври. Поранешниот претседател на Франција беше ставен под судски надзор. „Судот го прогласува барањето за ослободување за прифатливо и ве става под судски надзор“, рече претседателот на Апелациониот суд. Уверувајќи го судот дека треба да биде ослободен, Саркози му рече на судијата: ...

Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, денеска официјално ја презеде функцијата од својот претходник, Фатмир Дехари. На примопредавањето, Јовановски му се заблагодари на Дехари за долгогодишниот ангажман и придонес во развојот на градот, нагласувајќи дека ќе продолжи со работа во интерес на сите кичевчани. „Со голема чест и чувство на одговорност денеска ја преземам функцијата градоначалник на нашиот град Кичево. Оваа ...

На 09.11.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје. Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa фрлала разни предмети ...

Интегрален текст од прес-конференција на Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ: На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за ...

Вчера, во Скопје се одржа петтиот Социо-еколошки форум во организација на Фондација Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. Форумот, почна со едукативна прошетка низ централното градско подрачје, каде што преку приказни, набљудување и заеднички дискусии се истражуваше јавниот простор. Преку оваа активност, граѓаните го искажуваа своето размислување. Тие велат дека сакаат простор што подеднакво им ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски денеска (10 ноември) на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” се обратија пред новата класа од 31 питомец и 28 слушатели на курсот за офицери кои дадоа свечена заклетва, со што и официјално го започнаа своето воено образование. Претседателката Сиљановска – Давкова порача дека питомците стапуваат во ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го ...

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори” и на влезот на Старата скопска чаршија. „При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена“ наведуваат од општината. Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување. ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција на Обединетите нации. Драстичните кратења на финансирањето и најавеното заминување на САД веќе го потресуваат глобалното јавно здравство, кое и онака е силно погодено по пандемијата, пишува Политико. ...

Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори. Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради поддршката што ја даваат на Дијана Хрка, а можниот датум за следниот голем собир е годишнината од блокадата, 29 ноември, објавува Nova.rs. ...

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски синоќа во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов осврнувајќи се на состојбите во СДСМ оцени дека екс претседателот Стево Пендаровски „роварел“ низ СДСМ. Денес, по повод ваквите тврдења со реакција се јави и самиот Пендаровски. „Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата “Во Центар” во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување: ...

Соопштение за јавност на ВРЕДИ: Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден ...

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди, Весна Писаровиќ, конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што нејзиниот препознатлив глас – симбол на една цела музичка ера – ќе одекне во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика. Во организација на Евентум продукција, македонската публика ќе има ретка можност во живо да ја слушне пејачката чиј репертоар остави ...

Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур – Маркет до ...

Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на ЕУ, но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“. Според истражувањето, младите ја гледаат ЕУ како позитивен пример, но ја ...

Колумната ја пишува: Салим Кадри Керими, историчар – кариерен дипломат во пензија, публицист Пред неколку дена имав прилика да го прочитам текстот на говорот на косовскиот политиколог Садри Рамабаја, одржан на неодамнешниот собир (во Приштина) на претставниците и поддржувачите на една анахрона и контоверзна иницијатива, наречена „Дечанска иницијатива“, која наводно има за цел „враќање на Албанците на Косово кон корените на нивните предци“. ...

Два воза се судриле синоќа во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени десетици патници, соопштија полицијата и словачкиот министер за внатрешни работи. „За среќа нема починати лица“ соопшти словачкиот министер за внатрешни работи. Несреќата се случила во коридорот помеѓу главниот град Братислава и Пезинок, 20 километри североисточно. Новинската веб-страница Aktuality.sk цитираше патник кој го опишал ...

Унгарските железници (MAV) следната година, покрај Будимпешта, ќе го поврзуваат главниот град на Србија со Виена со воз, потврдено е за порталот N1. Долгоочекуваната железничка линија меѓу Белград и Будимпешта, според најновите најави, треба да биде воспоставена напролет 2026 година. Но, тоа не е сè – два воза дневно од Белград, според N1, ќе го продолжат своето патување од унгарската престолнина до Виена . Во спротивна насока, од Виена до ...

Повозрасен маж бил нападнат од мечка околку 10 часот додека собирал печурки крај селото Рилево, општина Долнени. Од нападот човекот се добил тешки повреди, а откако бил забележан од ловџии, бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите потоа бил транспортиран во клиниките во Скопје. Според жителите од населените места во Прилепскиот регион, вклучувајќи ги општините Долнени и Кривогаштани, појавата на мечки e се ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.7
77%
1026
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
77%
1024
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Алуминиум

2.92

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Цинк

3.04

Калај

43.15

Платина

62683.26

Паладиум

53788.20