Сообраќајна несреќа попладнево се случила на влезот во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е повреден пешак откако камион удрил во семафор, објави 4news.mk „Околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода, при што камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, а притоа е повреден еден пешак“, соопштија од МВР. Градските власти информираат ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците на булевар Партизански одреди бр 125-2, општина Карпош; · Од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Шидска кај менувачницата Срна, оштина Ѓорче Петров; · Од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата Тодор Чангов 30 и 38, Аеродром; · Од 11:00 до 13:00 ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на прес-конференција во Пентагон изјави дека САД нема да попуштат во војната со Иран сè додека непријателот не биде целосно поразен. „Нема да попуштиме сè додека непријателот не биде целосно и решително поразен. Но, ќе го сториме тоа според наш распоред и кога ќе одлучиме“, рече Хегсет. Тој одржа прес-конференција во Пентагон заедно со претседателот на Здружениот комитет на началниците на ...

Јохан Вадефул, германскиот министер за надворешни работи, денеска беше засолнат во бункер на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Инцидентот се случи во моментите кога тој се подготвуваше да ја напушти земјата по ненајавената дипломатска посета. Вадефул е првиот европски шеф на дипломатијата кој допатува во Израел по ескалацијата на војната со Иран на 28 февруари. За време на престојот, тој во Ерусалим оствари средба со својот израелски ...

Австралиската авиокомпанија Qantas Airways, скандинавската SAS и Air New Zealand најавија поскапување на авионските билети, обвинувајќи го за тоа наглиот скок на цените на горивото предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток. Цените на авионското гориво, кои пред американско-израелските напади врз Иран изнесуваа околу 85 до 90 американски долари за барел, скокнале на меѓу 150 и 200 долари, соопшти новозеландскиот национален превозник, ...

Сауди Арамко, најголемиот светски извозник на нафта, предупреди дека глобалниот пазар на нафта би можел да биде силно погоден ако војната во Иран продолжи да го нарушува пристапот до Ормутскиот теснец, клучен енергетски превoз. Континуираните нарушувања би можеле да се прошират и да влијаат на авијацијата, земјоделството, автомобилската и другите индустрии, изјави извршниот директор на Арамко, Амин Насер, за време на презентацијата на ...

Министрите за енергетика на земјите од Г7 денеска се откажаа од непосредна одлука за ослободување на стратешките нафтени резерви и побараа од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) да ја процени ситуацијата пред да преземе понатамошни чекори. ИЕА најави вонреден состанок на своите членки за да обезбеди детална процена на можните сценарија. – Сите се подготвени да преземат мерки за стабилизација на пазарот – изјави францускиот министер ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека воената офанзива на Израел против Иран сè уште не е завршена. „Нашата аспирација е да го натераме иранскиот народ да се ослободи од јаремот на тиранијата; на крајот на краиштата, тоа зависи од нив. Но, нема сомнение дека со преземените досегашни акции, им ги кршиме коските – и сè уште не сме завршиле“, рече Нетанјаху за време на посетата на Националниот здравствен команден центар во ...

Иранска хакерска група накратко ја презеде веб-страницата на албанскиот парламент. Објавија порака со закани и тврдења дека поседува интерна комуникација на пратениците. Групата „Татковинска правда“ тврди дека добила пристап до разговорите и преписките на „корумпираните членови на парламентот“ во последните месеци. Во пораката хакерите упатија директни закани кон албанските власти, наведувајќи дека се „многу поблиску отколку што мислат“ и ...

Според Зеленски, украинскиот претседател, Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции и да обезбеди дополнителни ресурси благодарение на флуктуирачките цени на нафтата и гасот. „Детално ги анализираме достапните податоци за намерите на руското раководство да ја искористи ситуацијата околу Иран и евентуалното продолжување на американската воена операција. Всушност, ова е главната ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потврди дека три опремени тимови на украински воени експерти за беспилотни летала неделава пристигнуваат во Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија. Целта на оваа мисија е споделување на уникатното борбено искуство што Украина го стекна соборувајќи илјадници ирански дронови „Шахед“ во изминатите четири години од војната со Русија. , Зеленски откри дека барањето за помош ...

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската ПВО пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната. Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но армијата веќе ...

Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции. Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн. „Можно е намерни ...

Ивица Дачиќ, српскиот министер за внатрешни работи излезе од болница. Тој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија. -Ви благодарам на сите. Би ги замолил сите да го чуваат своето здравје, ќе ја искористам позицијата која ја имам за сите луѓе да ги поттикнам на контрола на личното здравје, напиша Дачиќ во објавата на Инстаграм со која информираше дека излегува од болница. Пред да ја напушти болницата, го посети српскиот ...

На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски ...

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати. Како што е пријавено, откако се договориле, ги ...

25 – годишен албанец П.Ѓ бил донесен со повреди во општата градска болница ,,Св. Наум Охридски” во Скопје. Иако тој пријавил дека повредите се од сообраќајна незгода која се случила пред неколку дена, лекарите утврдиле сепак дека станува збор за прострелна рана. Случајот бил пријавен вчера во 15:13 во СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 25 – годишен албанец П.Ѓ бил донесен со повреди во општата градска болница ...

Двојно убиство се случи во Хрватска. 48 – годишниот Роберт М. ги убил својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99). Потоа го фрлил телото на неговата мајка во септичка јама, а телото на неговата баба било пронајдено во ходникот на куќата. Соседите велат дека претходно бил насилен и имал проблеми. Тој ги претепал својата мајка и баба до смрт со метален предмет. Жените не можеле да се одбранат. Полицијата веднаш го уапсила по ...

Вчера (10.03.2026) во периодот од 09.00 до 14.00 часот, на подрачја на повеќе Сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 12 мерки се ...

Денеска е исплатена дополнителна помош од 20% за носител на семејно – земјоделско стопанство, во вкупен износ од 30.302.543 денари, кон 243 корисници, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуирана поддршка на земјоделците и развојот на земјоделското производство. Денеска е исплатена дополнителна помош од 20% за носител ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до јавноста за внимателност во однос на пораките од синдикалните организации, обвинувајќи дел од нивното раководство за директна поврзаност со опозицијата и политичка манипулација. По повод најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тој истакна дека Владата целосно го почитува Законот за минимална плата, според кој таа наскоро ќе надмине 26.000 денари. Мицкоски нагласи дека ...

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема” на Телма телевизија. Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна ...

Пазарниот инспекторат не констатираше намерно прикривање на залихите на нафта и бензин по извршените над 300 надзори во изминатите неколку дена. Директорот Влатко Стојкоски појасни дека кај триесетина бензински станици бил забележан привремен прекин во работата, но тоа се должело на целосно истрошени залихи, по што точењето продолжувало веднаш по новото танкирање на резервоарите, објави 4news.mk Истовремено, инспекторатот најави нов ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушана д-р Снежана Смичковска во рамки на предметот „Онкологија 2“. Сведокот појасни дека медицинските истории на пациентите секојдневно биле доставувани на потпис кај тогашниот директор Никола Васев, но истакна дека тој не вршел директно влијание врз начинот на кој таа ги лекувала пациентите. Смичковска пред судот изјави дека иако немала личен конфликт со Васев, во последните години не се ...

ССМ најави протест оваа сабота во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје и ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Работниците бараат правда, сигурност и плата со која може да се живее достоинствено. Нема да се повлечеме додека тоа не стане реалност“, истакна Трендафилов, додавајќи дека протестите се легитимен демократски инструмент за притисок кога институциите не реагираат. Од ССМ најавуваат дека синдикалните ...

Нападот врз Иран, според поранешниот македонски претседател Пендаровски, го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика. Вели дека тоа е поради безрезервната поддршка која нашите власти им ја даваат на американската администрација и на секој нејзин потег. „Тоа е поразителен факт“, вели Пендаровски во интервју за БИРН. Тој вели дека не само што една мала држава како Македонија може, туку е и нужно да одигра поинаку. ...

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, посочи дека за усвојување на законот ќе биде неопходен поширок политички консензус меѓу партиите. „Изборниот законик е еден од клучните закони во државата. Неговото усвојување зависи од волјата на политичките партии, па затоа е потребен консензус“, изјави Крмов во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. ...

Габриела Илиевска, претставничка на изборната група „Поинаку“, во гостување во „Ноќно Студио“ на 4ТВ го опиша искуството на независните кандидати во претходните изборни циклуси, потенцирајќи дека нивната активност е насочена кон обезбедување право на фер учество, а не кон финансиска поддршка. „Како претставник на Поинаку, можам да кажам дека имаме три изборни циклуси како независни и бевме едни од првите кои настапија за прв пат во ...

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, изјави дека техничката, односно пржинска влада треба да биде укината, оценувајќи дека станува збор за временско решение кое ја исполнило својата улога. „Нашиот став, кој е вграден и во нашата програма, е дека таа влада треба да се укине. Тоа решение беше донесено за една специфична ситуација која веќе не постои“, изјави Крмов, објави 4news.mk. Според него, ваквите временски политички решенија се ...

Во гостувањето во „Ноќно Студио“ на 4ТВ, Моника Зајкова од Либерално демократската партија (ЛДП) ја потенцираше потребата за суштински реформи во изборниот закон и важноста на воведување на отворени листи. Зајкова истакна дека, според податоците од Министерството за правда, во последните десет години се формирале работни групи за измени на изборниот закон, но тие измени практично никогаш не биле имплементирани, објави 4news.mk „Големите ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
89%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
94%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
54%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
96%
1014
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Родиум

326330.08

Злато

166450.52

Цинк

3.43

Алуминиум

3.56

Паладиум

49675.57

Бакар

12.11

Платина

66680.65

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Калај

50.46

Рутениум

54591.97