Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Од таму велат дека станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. -Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од ...
Сопругата на Мет Дејмон, Лусијана Баросо, имала мозочна аневризма и била оперирана само една недела пред доделувањето на Оскарите во 2024 година. Актерот дури сега откри дека станувало збор за сериозна и застрашувачка здравствена ситуација, поради која двајцата ја пропуштиле церемонијата, иако филмот „Опенхајмер“ во кој тој глумеше, беше еден од најголемите фаворити и таа вечер освои седум статуетки. – Имавме навистина страшна ситуација кога ...
Во новата епизода „Новинарски муабети“ гостува Зорана Гаџовска Спасовска, новинарка со 18 годишно искуство во телевизија, радио и дигитални медиуми. Јавноста ја знае како новинарка на Радио Слободна Европа. По затворањето на македонската редакција на РСЕ, заедно со колегите од таму го основаат „Колегиум“, одлучувајќи се на борба за зачувување на независното и професионално новинарство. Во овој разговор Гаџовска – Спасовска, говори како од ...
Најновите податоци на Народната банка за септември 2026 година откриваат интересна промена во цената на парите на македонскиот банкарски пазар. Додека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се зголеми на 4,94%, каматата на новопримените депозити се намали на 2,70%. Разликата меѓу овие две стапки достигна 2,24 процентни поени, што отвора важно прашање за условите под кои банките прибираат средства и ги пласираат во економијата. ...
Новиот iPhone Duo чини над 2.700 долари, а времето на чекање за испорака достигнува и до неколку месеци; експертите забележуваат: „Тоа е прекрасен прототип, но не е за секого“. Започна продажбата на првиот телефон на Apple со преклопен екран – iPhone Duo. Пазарните аналитичари внимателно следат дали овој уред ќе може да го трансформира пазарот на телефони со преклопен екран – исто како што оригиналниот iPhone своевремено направи револуција на ...
Соединетите Американски Држави се блиску до склучување трговски договор со Канада – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“. – Канада е прекрасна земја, наскоро ќе склучиме договор со неа. Ќе постигнеме одличен договор – рече Трамп. Трамп и канадскиот премиер Марк Карни уште во неделата потврдија дека разговарале за новиот трговски рамковен договор, за кој американскиот претседател истакна ...
Нема закажани натпревари од НБА за вторник, 3 ноември, бидејќи во САД се одржуваат избори за Конгресот. Лигата намерно остави еден слободен ден оваа сезона за да ги охрабри навивачите и пошироката кошаркарска заедница да гласаат. Сите екипи имаат слободна ноќ по понеделник, кога е одиграна цела ноќ на натпревари. Во понеделник, меѓу другите, Лејкерси ги победија Хит со 42 поени и 13 асистенции од Лука Дончиќ. При објавувањето на распоредот за ...
Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на комуналното претпријатие, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на оперативната ефикасност, комуналното претпријатие го збогатува својот возен парк со нови комбинирани товарни возила – патари, кои ќе придонесат за полесно, побрзо и ...
Насловена како „extraORDINARY: Fashion and the Poetics of the Everyday“, изложбата што ќе ја одбележи пролетта 2027 година во Институтот за костими при њујоршкиот музеј „Метрополитен“, наместо на екстравагантните креации и високата мода, ќе стави фокус на секојдневни парчиња што речиси секој ги има во гардеробата – фармерки, бели маици, дуксери, кожни јакни и палта. Идејата е да се покаже како модните дизајнери ги менуваат познатите форми, ...
Добивај вести на Viber МВР објави дека е поднесена кривична пријава против Ј.К (46) од Скопје за „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“ Пријавеното лице било повикано на информативен разговор и привремено му се одземени електронски уред во негова сопственост, а по извршена форензичка анализа врз истиот, се потврдиле наводите од пријавата и од исказот што го дал пријавениот во информативниот ...
Македонскиот прволигаш Башкими објави вечерва дека ќе ја продолжи сезоната во ПМФЛ без услугите на својот најдобар фудбалер Луис Рибеиро. Како што објави кумановскиот прволигаш на социјалните мрежи, 25-годишниот португалски фудбалер ги напушта редовите на Башкими од семејни причини. „Од семејни причини, со билатерален договор и разбирање, играчот и клубот одлучија да ја прекинат соработката. ФК Башкими 1947 изразува благодарност за сè што ...
Гласни гитари, познати рок-хитови, многу аплаузи и енергија што не стивнуваше до крајот на вечерта. Вака изгледаше првото издание на BIZBendovi во Скопје, кое на 26 октомври во Public Room ги собра претставниците на бизнис-заедницата во едно поинакво издание. Настанот, кој веќе има своја традиција во Белград, за првпат се одржа пред македонската публика, носејќи концепт што ги спојува музиката, тимскиот дух и корпоративната култура. На ...
Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена натпреварувачки гејминг, над 150 играчи, четири турнири, публика на чекор од акцијата и многу забава и изненадувања за сите. Во арената ќе се играат четири од најпопуларните натпреварувачки наслови, секој во различен формат и со свој турнирски партнер: -Counter-Strike 2 (тимски 5v5) – поддржан од ASUS -Dota 2 (тимски 5v5) – поддржан ...
Седумгодишно девојче од Босна и Херцеговина и 18-годишен ученик од Лион утрово загинаа во тешка автобуска несреќа што се случила во близина на францускиот град Бур-ан-Брес. Автобусот со 49 патници излетал од патот и удрил во дрвја, пренесуваат босанските медиуми. Во несреќата четворица патници се тешко повредени, од кои двајца се во животна опасност, а уште 25 се здобиле со полесни повреди. Меѓу патниците имало и 15 деца. Multiple Fatalities ...
Google може со години да ги чува вашите пребарувања и други активности, но овие податоци можете да ги прегледате и избришете на страницата „Моја активност“ (My Activity). Google може со години да чува податоци поврзани со вашите пребарувања на интернет и други активности, под услов да се овозможени соодветните поставки. Многу корисници не се свесни колкаво количество информации останува поврзано со нивната сметка; сепак, постои едноставен ...
Новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс, во изминатите две недели бил активно вклучен во индиректни дипломатски контакти со Иран, насочени кон постигнување ново примирје и продолжување на нуклеарните преговори, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, Венс речиси секојдневно комуницирал со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, началникот на Генералштабот на ...
Стара снимка од 2025 година повторно привлече внимание откако Клои Кардашијан ја објави оваа недела. Краткото видео со Кајли и Кендал Џенер од минатата година кое сега предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, Клои Кардашијан годинава го вклучи во роденденската честитка за својата сестра Кендал. На снимката двете сестри се прегрнати и се забавуваат на вечерна прослава, кога Кендал почнува да ѝ повторува на Кајли: – Бакни ме, бакни ...
Покрај промената на селекторската позиција, македонската женска сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман. Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова. - Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им ...
Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар денеска е во официјална посета на Скопје, каде беше пречекан од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Во објава на социјалните мрежи, Муцунски сподели дека му било особено драго да го пречека неговиот колега Бланар и да разговараат за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји и продлабочување на соработката ...
Добивај вести на Viber Министерството за финансии на Македонија планира на 10 ноември да понуди државни хартии од вредност во вкупен износ од 4,8 милијарди денари, односно приближно 78 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка, објави регионалната економска агенција „СиЊуз“ (SeeNews) денеска, 5 ноември. Со новата аукција државата ќе се обиде да обезбеди финансиски средства од домашниот пазар преку продажба на должнички хартии од ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата. Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг. На третото скалило на подиумот се искачи возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој беше речиси две секунди зад ...
Yes for Less е првата македонска платформа која помага да ги најдеш сите информации потребни за поодржлив начин на живот на едно место. И покрај тоа што многу луѓе се обесхрабрени од светските и локалните политики тврдејќи дека ние самите ништо не можеме да промениме, Kате и Сара (Yes for Less) веруваат во една поинаква филозофија. Велат дека иако има одлуки врз кои не можат или е тешко да влијаат, сметаат дека секој од нас индивидуално може ...
Фудбалот во регионот е во длабока криза. Иако играат во најслабата, Конференциска лига белешат очајни резултати. Па така, Хајдук вчера нагости загуби од Линкон. Ако не знаете од каде доаѓа да ви помогнеме-од Гибралтар. Да, од Гибралтар. Ништо подобра не е ни Црвена Звезда. Таа едвај го победи Интер. Но , не славниот италијански клуб, туку од Андора. За среќа нашите екипи предвреме испаднаа од европските купови. Барем да не се резилиме. ...
58 годишниот Џејми Фокс и неговата 27 години помлада девојка Алис Хакстеп го добија своето прво заедничко дете. Магазинот „Пипл“ (People) пренесува дека актерот сега е татко на три деца. За Фокс и Хакстеп – за која се вели дека е поранешна фитнес-инструкторка која се држи подалеку од очите на јавноста – првпат се појавија гласини дека се во врска во август 2022 година. Тогаш таа беше забележана како му дава поддршка на светската премиера на ...
Samsung официјално ја претстави серијата Galaxy S26 дури кон крајот на февруари, а уредите се појавија на пазарот на почетокот на март. Според еден инсајдер, серијата S27 би можела да го поправи овој пропуст. Како што пренесува корисник по име Lanzuk на јужнокорејската платформа Naver, претстојната серија Galaxy S27 би можела да се врати на својот традиционален термин за лансирање – што значи дека би можела да биде претставена во јануари или ...
text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот квартал од оваа година падна на најниско просечно ниво по повеќе од 25 години, извести „Блумберг“. Главна причина за ова намалување на употребата на фосилното гориво за производство на електрична енергија е експанзијата на инвестиции во капацитетите за складирање енергија во батерии. text size Производството на струја од природен гас во Австралија во третиот ...
Печурките одлично се комбинираат со ориз, па се нашиот избор за подготовка на лесни оброци во брзите денови во неделата. Состојки: 1 л пилешки бујон 2 лажици путер 2 лажици маслиново масло 400 грама печурки сув зеленчук и црн бибер 1 среден кромид 1 чешне лук 200 грама ориз 150 мл суво бело вино 40 грама рендан пармезан 2 лажица сецкан магдонос Подготовка: Во поголема тава загрејте половина путер и маслиново масло, додадете печурки исечени на ...
Наместо дозволените 80, возел дури 194 километри на час. Полицијата го фатила со пресретнувач, а 44-годишниот гостиварец завршил во полициска станица. Опасно брзо возење на автопатот Гостивар – Тетово. Возач на „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки бил фатен како вози со неверојатни 194 километри на час, иако на делницата ограничувањето е 80 километри на час. Настанот се случил денеска, 23 октомври, околу 12:05 часот, кога полициските ...
Победата на Демократската партија на американските конгресни избори од 3 ноември 2026 година отвора ново поглавје во глобалната економија. Со преземањето на контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот, демократите добиваат можност да ограничат дел од економските и законодавните иницијативи на претседателот Доналд Трамп. Финансиските пазари веќе реагираа: американските акции пораснаа, доларот ослабе, приносите на државните обврзници се ...
Microsoft наведува дека на компјутери со 8 GB RAM, Windows 11 овозможува до 20 отсто подобра одѕивност и до 40 отсто побрзо извршување на повеќе задачи истовремено (мултитаскинг). Корисниците на компјутери со Windows 11 и 8 GB RAM може да забележат значително подобрување во секојдневното користење. Microsoft ја оптимизираше употребата на меморијата, што значи дека отворањето програми, прелистувањето на интернет и користењето на повеќе ...